Се трага по телото на исчезнатата Данка од Бор

Дискусија во 'Политика и настани' започната од нина122, 26 март 2024.

  1. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    53.044
    Пол:
    Женски
    Јуле, аман бе, бар ти не извртувај..
    Пишав дека ЈАС би си пресудила. Не знаете да читате или што е проблемов со вас?
    Крива е мајката, како што е крива таа мајка на која девојчето и падна од прозор, како што ќе бидам јас крива што наместо сега да ги гледам децава, да ги чувам, се пишувам овде или вршам други работи.
    Затоа реков на секој може да се случи, не сум јас најмајка, и на мене може, ама факт е дека ќе бидам јас крива доколку им се случи нешти додека јас ги чувам. И крај. Тоа е мое мислење.

    А да и имаше една изјава дека и претходно така имало девојчево направено, мене не ми изгледа ко вистина, дека нели тек проодело, ама ако е вистина, ем знаеш дека ти бега за миг ем го оставаш само..
    Не бе ,не е крива.
     
    На Gosh, Feminka22, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.244
    Допаѓања:
    67.770
    Пол:
    Женски
    Што нема врска? Доволно е да се погледне како општеството гледа на мајка, а како на татко, за најпрости и најглупи работи, мајката прави ручек, тоа и е работа, таткото направил ручек, браво, колку е грижлив, ги чувал таткото децата, браво леле, посветен, мајката по автоматизам тоа го прави, па уште аплауз да не сака.
    И да, немаше татко да е вака остро осуден, ниту под ваква лупа ставен, зошто во такво општество живееме.
    Супер, ги изнел децата, каков татко, па две биле, мал момент на внимание, мажите имаат поинаква перцепција и ете, се случило. Јаден татко како сега ќе живее, за греота.
    Ама мајката, секунда, две, три, пет, колку биле? Секој чекор колку не внимавала, како можела да дозволи. Мајка е ееееееј.
    Ова само покажува до кај сме со гледиштата и колку и да се маваме во гради дека има еднаквост не е така. Очекувањата уште се различни за мајка и за татко.
    Жал ми е многу за женава, знам дека со дете е секунда потребно, до мене беше на кревет и падна се удри од масата, а до мене беше, пред очи. Најлесно е да се плука требало да гледа, кај гледала, што правела, ама само жената си знае кој товар го носи.
     
    На butterfly6223, Skorpija25, MeowMeow и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.390
    Пол:
    Женски
    Не
    Ти го праиш тој муабет. А ако била сама жена бремена со уше 2 деца, шо мајка барала тогаш таму да ги носи? Ако не може да ги допази? Можело нешо врз глава да им падне глеј каква рушевина е. Она за 2 не можела да се погрижи, не па за 3. Ај на едново ќе му даам вода, другото само може. Епа за беља да се деси малце треба
    Ми е гајле дали е трудна или не, дали може или не, неодоговорна е
    И баш ако не може да трча, нема да ги ниси таму, туку у парк
     
    На Erika.greeneyes, Gosh, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  4. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    958
    Ти 4 години (4 години по 365 дена по 3600 минути дневно) си имала работа со психопат кој сама си го одбрала на времето, а сега се оравиш паметна за некоја што 2 минути имала невнимание. Обично овие како тебе што се најгласни, баш на нив им се дешава истата ситуација.
     
    На Космонаут, Stressed Out, vampy.witch и 7 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.244
    Допаѓања:
    67.770
    Пол:
    Женски
    И во парк да ги изнела, бремена жена, со две деца, истрчува едното на улица. Што мајка барала да оди во паркот?
     
    На butterfly6223, MeowMeow, Stephen Amell и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.234
    Допаѓања:
    189.433
    Ништо, само дома да седите со деца, на патос, без мебел, јер може да падне од кауч и да си ја удри главата на масичка.
    Се читате колку сте апсурдни?

    Јас разбирам и гнев и бес и страв...ама не, не постои гаранција на светов дека што и направите нема да се случи беља, не постои начин се да биде под контрола, не сте/сме секој еден од нас, во специјални заштитени капсули и изолирани од останатиот свет, физички и метафизички. Па ко ќе ви текне да го спомнувате бог, нека ви текне дека има и негов антипод- е тој, ни ора, ни копа...
     
    На Skorpija25, Zumbulche, butterfly6223 и 32 други им се допаѓа ова.
  7. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    53.044
    Пол:
    Женски
    Две деца со 1 год разлика да носам некаде сама? Не.
    Мојве еве низ двор и пред куќа сама ги изнесувам, искрено не се осудувам да излезам сама со две деца, со мала разлика, затоа што знам дека максимално не можам да ги гледам двете и дека може да се случи нешто.
    Убаво рекле србите
    Не чачкај мечку.
     
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.566
    Допаѓања:
    62.547
    Пол:
    Женски
    Зошто жената не е виновна ти објаснија други членки и тоа многу убаво, се друго што би рекла е само парафразирање на она што тие го мислат.
    Детето што е во стомакот што е криво? Ниеден, ама апсолутно ниеден медиум не си стави прст на глава да помисли како сиот тој стрес и медиумски линч би влијаел на бебето во стомакот. Што е виновно нероденото бебе?

    Тоа дека мајкава се истресе до гаќи и се измислија триста невистини дека имала 2ца швалери, па бришела пораки, па некој друг бил биолошки татко е толку дегутантно што нема зборови.
     
    На MeowMeow, Oneo, Ugly Duckling и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    10.285
    Пол:
    Женски
    Како бе да не ги изнесам надвор? Па јас сум сама некогаш и по 12 часа, дај да се заклучиме дома само?
    Исто ми се 1 година разлика децата, да ги чуваме у стаклено ѕвоно ако не па?
    Јас ги пазам сосема, ама се слувало да изгубам од вид на лулашки, 1 секунда само, за да ми се поремети целиот ден после за таа 1 секунда.
    На секого ни се случило барем на секунда вакво нешто, тоа не значи дека треба да седиме дома заклучени.
     
    На Skorpija25, Zumbulche, MeowMeow и 16 други им се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Скоро се пожалив дека тешко се допазува тодлер, како полицаец си цело време, добив коментар демек не знаеме бејби пруфинг да правиме.. немаме емпатија сѐ додека не стане прекасно.
    Не сакам ни да помислам на мајката како ѝ е, тука пишуваме стално за модрица или за пуштање во градинка дека имаме грижа на совест а за вакво нешто не знам и јас од кај би нашла сила да издржам.
     
    На Космонаут, Mumoftwo30 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    5.521
    Пол:
    Женски
    Не е тема на разговор ама да се надоврзам на претходниве коментари,еве вчера јас не можев па малата ја прошета мм,на излегување од кола со вратата си ги потфатила прстите додека маж ми ја затворал предната врата,ете тоа е една секунда а цел ден се јадеше тој и му беше жал зошто нели крв и протече од прстот па и ставал ханзапласт... Така да од стрнаа за други најлесно е да кажуваме и да окривуваме ,баш испаѓа само дома да се затвориме и така сигурно ништо не ќе ни се случи.
     
    На Zumbulche, MeowMeow и Skyler им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.399
    Допаѓања:
    27.336
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ја кривиме мајката, на секого може да му се случи.
    Но треба и да се пази кога се оди сама некаде со деца. Во овој случај, ете мајката може имала некоја работа таму во колибата ама стварно нема потреба да се влечкат и деца на таква депонија.
    Јас многу пазам кога сум сама со децата, ги носам например на лулашки кај шо нема улица ептен блиску и гледам да е местото со луѓе. Тука во моја близина има голем парк ама паркот е во шума и таму не се осудувам сама со децата, едино и маж ми ако е со нас па да одиме.
    Или кога се има некоја работа да се заврши во град, сама не одам ако знам дека треба некое време да одвојам да ја завршам таа работа, па макар и 5 минути биле.
     
    На Gosh, Mrs. right, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.626
    Допаѓања:
    212.732
    Пол:
    Женски
    Многу ја отеравте со обвинувања.Најлесно е да се рече таа е крива,по дифолт секогаш е така,само таа,добро сноси дел,ама...Дете колку и да пазиш и над него да си,не се допазува кога ќе чукне,,зол час,,што би се рекло.Ете крива е што во ,,недојдија,,ги однесе децата,цел живот нема да си прости.Но...сите ја распнаа на крст како да не е распната од моментот кога го снема малецкото.Најлесно и нај едноставно е секогаш жената,мајката за се да е крива.Не дека нема мајки монструми има,ама не значи дека и оваа е.Не е ни расчистено се како било.Нивното кажување е ја удриле со колата,а што доколку не е така.Можно е на монструмиве да им текнало само да ја пикнат во кола,та ни кочење ни удар нити ништо да не се слушни.Така кажале,така им одговара до некаде за нивниот изопачен ум.Белким стручни лица ќе успеат да дешифрираат колку и на каков начин нивниот мозок работи и какви злодела е способен да смисли.
     
    На butterfly6223, MeowMeow, elenaa0805 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    221.675
    Пол:
    Женски
    Веќе неколку дена ги читам порталите како блиц се со цел за некоја сериозна информација и не можам да поверувам кој и со каков памет свест и осет ги пишува тие наслови, за делот со швалерите и се останато што ми е испод совест јас да ги сеќавам сега тука што се не пишале додека ниту имале некакви докази ниту ништо апсолутно ништо да се измислува дегутатни наслови и прикаски додека целата фамилија буквално доживува смрт, ѓаол, и више од тоа, нема зборови да се опише што доживуваат.
    За пари?
    Треба да се тужат под итно вакви тралалајки од портали, реални шоуа, работат испод секоја чест совест и осет а не треба да биде така. Законски не треба, не смеат да пишуваат што им текне, направија од целата оваа најмострузна ситуција филм телевиза презента. Голема срамота.
     
    На IRBBB, KateKane, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Не знам ја дете што проодува на 22 месеци. Навистина. Моите околу година проодеа, стабилни беа после еден месец. Сите другарчиња нивни слично, максимум до 15 месеци да не се опушти некое. Сигурно има пример, ама ретки се. Најчесто до 1,5 година проодуваат. Како тоа била нестабилна во одот на 22/23 месеци? Официјално е? Или како швалерите, трговија со деца и кој ти не небулози што се пишаа тука. Еве моето е 20 месеци, не оди, туку трча. Баш го посматрам повеќе периодов ради случајов, за 15 секунди трча од еден до друг крај на паркот. Тоа видеото што се постираше за рутата на девојчето малиот за 10 секунди ќе ја истрча и нема ни да се сврти да ме бара. Тек па маче ако брка. Не се сите деца исти, некои се ептен пргави. Но, никаде не прочитав официјално дека Данка само што проодела и била нестабилна. И да е така патот со падни стани можела да го изоди, ама јебига треба да имаш животно искуство за да увидиш некои работи, па да коментираш. Ауу заборавив, форум е па кој што сака може да пише де. Чекај да го земам каменот, ама на каде да го фрлам?

    До мајките (најмајки очигледно) на кои нема шанси никогаш и во никој случај да им се случи ова - ќе ви препорачам да си плукнете под прозорот зш ѓа’олот нит ора нит копа.
     
    На Luna91, MeowMeow, potatoface и 17 други им се допаѓа ова.
  16. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    7.234
    Феминке, немам ништо против тебе ама дај олади од темата и престани да изигруваш детектив.
    Само едно ќе ти кажам. Да не си во кожа на мајката.
     
    На Luna91, MeowMeow, potatoface и 17 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.224
    Допаѓања:
    258.677
    Не ти извртувам, еве и ти како мајка е себично тоа да го мислеш оти себично е другото дете да го оставеш без мајка.
    За вториот коментар, јас би рекла дека за жал познавам вакви родители што децата ги лишат од се и сешто заради некои ирационални стравови и неорганизираност.
    Секој ден гледам мајки и со по три деца како шетаат. Не те осудувам, ама ако ти не можеш, други можат. И нормално е тоа. Затоа доста ја анализирате ситуацијата на мајката, постапката. Не е виновна. Ама за жал она никогаш нема да си прости што дала вода на син и.
     
    На MeowMeow, potatoface, SofiMar_ и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Женски
    Има нешто ново?
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.224
    Допаѓања:
    258.677
    Ти сериозно треба да оладеш малку и да се прибереш. Да не бидам превулгарна, ама нема разлика од тебе и ај да си преќутам. Не и било гајле што била трудна.
    Деноноќно пишуваш за совест, емпатија, а ти се читаш ли што пишуваш?
    Срамота.
     
    На Golden, MeowMeow, potatoface и 28 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.785
    Пол:
    Машки
    Во никој случај не може да се обвини мајката според исходот на случајов. Дека жената ќе има последици, ќе осеќа вина, грижа на совест и сè тоа - секако, како и секој нормален, здраворазумен човек. Ќе осеќа и таткото што ги оставил сами, соседите што не реагирале додека имале шанса, а имале, за некоја година и братчето може ќе се обвинува иако било немоќно.

    Премногу идеализираме на форумов. Само кренете глава и погледнете надвор. Реалноста е дали 35% од она тука.

    Трагедија може секому да се случи, само Бог да нè чува сите. Децата не може вечно да ги чувате, колку и да сакате. Ќе пораснат, ќе почнат сами да излегуваат, сами да возат точак, мотор, ќе дојде ден и за кола. Мислите секогаш ќе знаете каде се или што прават? Пак ќе речам, не дај Боже, за лошо малку треба.
     
    На Skorpija25, Luna91, MeowMeow и 22 други им се допаѓа ова.