Се трага по телото на исчезнатата Данка од Бор

Дискусија во 'Политика и настани' започната од нина122, 26 март 2024.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.532
    Допаѓања:
    62.070
    Пол:
    Женски
    Кога и да ја отворам оваа тема и онаа на Вања желудникот ми се превртува.

    Месеци поминаа, уште не можам да бидам паметна какви изроди постојат на земјава.
     
    На LiquidLuna, st-el, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    257.789
    После снимките од Виена, објавија дека е убиена.
    Мене ми држи дека е убиена и дека има шанси да не го најдат телото, ама еве оставам и еден процент сомнеж оти многу гласно се зборува дека не е убиена. Обично народот не зборува туку така.
    Што знам, како и да е жално за девојчето.
     
    На Herraa, SummerGirl, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.137
    Допаѓања:
    124.490
    Има ли нешто ново?
    Никој -ништо :envy:
     
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    16.834
    Пол:
    Машки
    Интервју со таткото на еден од осомничените, кој беше и во притвор.

     
    Последна измена: 2 август 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    3.380
    Пол:
    Женски
    Зошто сега мајката не ја истресат убаво?
    Зошто се ќути цело време?
    Ќе остават ли така за замре целиот случај?
    Гниди.
     
    На Gosh, SummerGirl, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.137
    Допаѓања:
    124.490
    Го искористи моментот што е трудна да го даде девојчето... се повеќе сум убедена џабе драмата со оние слепцине
    У врнежлив ден трудна у пустелија па уште тргнала да ги шета (facepalm)
     
    На Gosh, SummerGirl, Manako2 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.699
    Пол:
    Женски
    За жал и ова се замачка и никогаш нема да се дознае правата вистина за Данка.
     
    На SummerGirl, Rama, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    3.380
    Пол:
    Женски
    И јас сум убедена дека е така.
    Но, зошто никој ништо не и прави сега? Ај трудна беше, па ради тоа. Ете се породи сега, помина и време... Или и тие што треба да решат случајот се замешани... Друго објаснување немам.
    А тие двајцата од Водовод, уште се во затвор? Што е со нив?
    Мене ми е многу чудно зошто веќе ништо не се пишува, не се зборува за случајов..
     
    На Gosh, SummerGirl, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.852
    Допаѓања:
    129.556
    Пол:
    Женски
    Нема новости освен дека се врши додатно вештачење на снимките од камерите и се очекува подигнување на обвинение.
    Многу се влечат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    1 месец после овој случај во Романија исчезна дете од 4 години исто од дворот од куќата. По 24 часа го најдоа телото на километар одалечено место во грмушка. Сакам да кажам дека со тек на време ќе се заборави и ќе се најде начин да се заташка ама ако беше убиена ќе ја најдеа. Ниту еден доказ нема дека е убиена а претседател на држава (прв пат гледам вакво нешто) излегува на прес и кажува убиена е. При тоа не само што нема докази туку и овие од водовод кои може случајно биле таму на терен или пак од директорот намерно пратени колку да бидат обвинети, се тепани за да дадат признание па дури 2ца и умреа. Детево се си мислам е живо и веќе се заборава на случајов за да не се дознае вистината. Башка мајката и таткото на Данка рекоа дека детенцето од Виена е нивното дете, родители не можат да згрешат.
     
    На Gosh, SummerGirl, Manako2 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    3.380
    Пол:
    Женски
    Како живее мирно? Како спие на вечер?
    И не само таа, сите што се замешани.
    Господ да ги казни, бел ден да не видат.
    Јас уште потајно се надевам дека мајката не е замешена, не можам да си поверувам дека една мајка може тоа да го направи на сопственото дете.
     
    На SummerGirl, Skorpija25 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    7.282
    Пол:
    Женски
    Исто така, мене мистериозно ми е што веќе ја оплакаа нејзините родители. Кога нема тело, по логика и природата на нештата уште се надеваш дека е живо детето. А освен, признание од двајцава, што патем сега од некакви причини, го негираат, нема ни тело, ни доказ дека е убиена. Крвта во колата не е нејзина, ДНК нема, па на кој основ се обвинети. И зошто се чека мајката да се прати на полиграфско тестирање?!
    Случајов ни малку не е сличен со случајот на Вања. Барем тука имаше докази, тело, снимки. Буквално се потребно за обвинение.
    Може јас утре ќе излезам и ќе признаам убиство. Зарем не треба да има некакви цврсти докази?
    Не знам мајката што ја штедат толку. По филмовиве, колку толку верувам дека има вистина, секогаш истрагата прво е насочена према најблиските.
    И двајца пијаници не може такво совршено убиство да извршат затоа што се аматери. Секогаш ќе има некаков пропуст при прикривањето. Никаква ДНК не била најдена ни во домовите на двајцата. Потоа, зошто таткото е на слобода, ако прикривал докази и тело?!

    Зошто се крена толкава медиумска прашина?! Кога веќе сакаш да прикриеш нешто. Кој фактор е мајкава па да ја поштедат?

    Премногу нејаснотии. Ама дека се заборава, не верувам. Нема човек, а со срце и душа, што не му остави белег овој случај.

    Се надевам дека е продадена кај фамилија без деца, сигурно и е подобро отколку кај родител што мисли да продаде дете. Милиони да ми нудат, само преку мене мртва ќе го дадам детето.

    И како може, да даваш вода на друго дете, а си надвор и не гледаш каде ти е другото. Се може да се случи, но еве јас кога излегувам, се трудам максимално постојано погледот да ми биде насочен према своето дете. Значи ти даваш вода од кола, логички е да ја ставиш на дофат, пошо деца се, бараат постојано нешто да јадат и пијат. Сигурно не ја нагурала некаде во ѓепек под куфери. Пошо не ни била со куфери. Меѓувремено колку време даваш вода. Или даваш шише или шише со цуцла, како инаку се дава вода од кола. Колку време е потребно за тоа? Што побогу правела таа жена?
    Еве 1 минута да е, не може повеќе, за 1 минута, не може пијаниците ем да ја удрат со кола, ем да ја пикнат внатре. И зошто би сакале да ја убијат, толку мало дете појма нема да објасни што се случило. Во совршен свет, викаш помош, но бидејќи живееме во ненормален свет, барем да ја оставеле. Ем ќе преживеела, ем и да ги нашле, немаше да им се суди за убиство.

    Прво владата на Србија постапи чудно, целиот случај со пијаниците е чуден, мајката, не знам ни што да кажам, ама во срце ми стои дека некако е највиновна. Таткото секако не бил присутен. Освен ако е некако и тоа договорено.

    Ужас.
     
    На Gosh, Mrs. right, Iva.T и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, во врска со еве да кажеме некаква споредба со случајот на Вања. Затоа што и во двата случаи обвинети како извршители се слични луѓе со сличен ментален и интелектуален склоп. Во случајот со Вања по првите доставени докази и по првите искази и мал притисок се упрпаа и сите до еден се си признаа што е комплетно нормално би рекла кога се работи за аматери убијци/соучесници. Додека овие од Бор "ги мавтаат" со месеци инспекториве и од нив ништо не може да се извади, ептен паметни излегоа па уште ниту еден од нив не попушти да зуцне нешто. Ништо не се дозна, никаков доказ нема, што ми изгледа дека им одговара на надлежните. Кривци си најдоа, секако ќе ги осудат ама дека вакви луѓе непланирано извршиле совршен злочин и никој не попушти са пропее не верувам.
     
    На Gosh, FridaodaMk, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.699
    Пол:
    Женски
    Имаш право, убициве на Вања со месеци планирале па не успеаа да се скријат ги фатија, овие двајца рандом од нигде никаде "направија совршено убиство". Логика никаква нема.
     
    На Gosh, SummerGirl, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Ептен сомнителен случај. Да не грешам душа, ама мајката толку многу ми е сомнителна... Дали свесно го дала девојчето, дали под некакви закани, ама се ми личи дека има некаква вмешаност....
    Девојчето од Виена скроз личеше на Данка, и зошто и тамошните а и Српските власти чекаа неколку денови да докажуваат дали е или не е истото девојче, и тоа ептен штуро докажаа, мислам со едно селфи на двете жени со девојчето во домашна атмосфера, демек мајка и баба и биле.
    Да де, затоа на станица кога беа снимени беа мртви-ладни кон девојчето, никаква блискост и љубов немаше на видеото.

    Како и да е, посакувам да е жива и здрава и дека некаде се грижат за неа како за родено дете....
     
    На Gosh, VDT2906, L.i.n.a.a и 4 други им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.532
    Допаѓања:
    62.070
    Пол:
    Женски
    Што покривал таткото? Можеш ли да споделиш кај прочита тоа?

    Иначе се согласувам со тебе дека е пречудно како двајца пијаници направиле злодело и нема докази. Небаре се платени убијци, а не обични луѓе кои 2 чисти немаат во главата.

    Многу, многу нелогичности.

    Мене и тие комшиите што дале изјава дека ја виделе Данка како сама шета ми се чудни. Да видам две годишно дете само како се шета одма ќе притрчам, ќе побарам родител, нешто ќе направам.
     
    На MarigoldA, Skorpija25, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.413
    Допаѓања:
    20.860
    Пол:
    Женски
    Баш. Да видиш две годишно дете како се движи само и ништо да не направиш.
     
    На SummerGirl и KateKane им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    7.282
    Пол:
    Женски
    Таткото на еден од наводните убијци. Беа притворени заедно со другиот брат кој почина. После извесно време го пуштија од затвор. Беа притворени пошо наводно помагале за криење на телото.

    Иначе и јас не сфаќам ако видиш толкаво детенце да не реагираш. Оперирани од емпатија се тоа. Мене ми се случи во огромна продавница да видам мало детенце, тивко ја бараше мајка му. А немаше никаде возрасен околу него. Намерно се мотав во близина и го посматрав, за да видам дали некој ќе се појави. Не сакав да испадне, дека го земам за раче, па да мислат дека го киднапирам:) За среќа, за некоја минута се појави мајката. Ама тука бев, ако не се појавеше некој за уште некоја минута, ќе реагирав. Ќе го однесев кај продавачките, на разглас да реагираат.
     
    Последна измена: 2 септември 2024
    На SummerGirl, CameliaMiller, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.739
    Допаѓања:
    274.116
    Од старт тоа и неколкумина зборевме. Колку сака нека е село, па БАШ зошто е село запустено, да видам мало детуле како само по асфалт оди, сигурно нема да си продолжам со мешање на манџичката.

    Мешање во туѓ двор треба, само се мешаме за погрешни работи.
     
    На eliesaab, potatoface, MarigoldA и 7 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.365
    Допаѓања:
    108.032
    Пол:
    Женски
    Родителите не ја оплакуваат, они напротив велат дека нема да примаат сочуства додека не се најде тело, дека имаат надеж. Им ги читав интервјуата, велат дека запалиле свеќа за да се помолат да се најде а не да и го осветлат патот до рајот. Дека ми е сумљиво, ми е, ако се сеќавате мајката на оној Пино, дури досадна ама она беше бре гласна ко никој, по цели денови објавуваше и зборуваше, организираше, сама одеше бараше по села и луѓе и мислам дека некаде прочитав дека она прво открила нешто, као селото кај се движеле овие па полицијата го нашла остатокот. Факт, не се сите исти, секој различно тажи и се однесува, ама сепак сметам дека има нешто матно овде.
     
    На eliesaab, VDT2906, L.i.n.a.a и 5 други им се допаѓа ова.