1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се трага по телото на исчезнатата Данка од Бор

Дискусија во 'Политика и настани' започната од нина122, 26 март 2024.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    13.510
    Пол:
    Женски
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    90.536
    Пол:
    Женски
    Вучиќ си има свои контролирани медиуми,така да во право си .
    И не само што десет дена лажеа ,а имале траг за овие двајца, мајката ги кажала веднаш дека ги видела,па и таткото.
    Им биле на сослушување и полиграф.
    Во е*ано село во кое живеат десет души десет дена истрага водеа.

    Во меѓувреме нивните медиуми
    Ги распнаа со осудување,швалери, што гуглала мајката , двете романки итн а овие баксузи од политичари и полиција имале траг уште на полиграфот со овие двајца .
    Е сега го нема телото.
    Полицијава не може да извлече од двајца шупоглавци кај е детево закопано?
    Абе нека се самоутепаат.
    Сега нема ни да го најдат, животни го имаат разнесено.
    Греота за родителиве,за мајкава,ниту еднаш не помислив дека го продала и сл.
    Ја направија нискоморална со двајца швалери,дека барала гранични премини и ослободување од кривична одговорнот.
    Голема неправда.
    Греота е женава што и направија идиотските медиуми српски.Ненормални.
     
    На Skorpija25, MinnieM, cinnamonn и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    10.541
    Пол:
    Женски
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Плус на толку полиција, кучиња, хеликоптери, новинари 24/7, овие се вратиле да го преместат и никој не ги виде.
     
    На Konfetka, Anaroz1, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Ај нека ми појасни некој
    Овие двајца монструми се тие што предходно се зборуваше дека биле 'швалери' на мајката? Што биле на полиграф?
    И за колата не ми е јасно, нели само една кола на камери се виде, таа на соседот? Или ја нешто не сфаќам како што треба?
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.398
    Допаѓања:
    90.536
    Пол:
    Женски
    Така е.
    До некаде е и во право народов што не верува и смета дека се овие двајца жртвени јарци.
    Еве сега се појавил и човек кој тврди дека негова слика по грешка споделиле медиумиве ,а со име на еден од убијциве.
    Треба дебело да ги тужи.
    IMG_9709.png
     
    На Feminka22 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.624
    Пол:
    Женски
    На полиграф биле 15ина луѓе. Меѓу нив двајца блиски на мајката, кои може да се роднини.
    На камера ја виделе секоја кола што поминала, само за Пунтото се знаеше јавно.
     
    На Biljarkata и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    @L.i.n.a.a Не се тие со кои комуницирала мајката.

    Таа снимка што ние т.е јавноста ја виде е само една снимка. А имале соберено снимки од многу повеќе камери.

    Нормално, нема нам да ни ги пуштаат додека трае истрагата. Тие двајца уште на почетокот на еден начин биле осомничени.
     
    На Splendor., Anaroz1, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    22.669
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, сакам да не е вистина...
    Сериозно!
    Тооолку ми е неверно, како лош кошмар.
    Искрено не можам да ја заборавам Вања, сега и Данка...

    Дечар сум и јас, имам една ќерка, се бориме за уште едно.
    Никогаш не сум сакала најобични тепачки, насилство.
    Од мала сериозно, сум викала а мамо нели можело вака да биде...така да биде.
    Е така сум и сега на 36, не можам да прифатам кога нешто вакво ќе се деси.
    Ај да не идам офф топик.
     
    На sani99, H.VAGA и Mnik им се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.887
    Допаѓања:
    12.011
    Пол:
    Женски
    Се изнапишале уште многу страници, јас сега го читам твојов коментар.
    Вака како поткрепа ми дојде. Фала ти.
    Мислам дека те имам читано, имаш студирано психологија ако добро имам сфатено.
    Убаво кажа. Секој засебно имаме живот и не можеме да дозволиме да нѝ влијаат надворешни случки за кои не сме засегнати, во нашите одлуки во општото секојдневие.
    Тоа го велевме со сопругот прееска, дека голем дел од ваквите случки се користи да се внесе голем страв кај населението.
    Па како иначе ќе се шири анксиозност и ќе се прави паника итн.
    А јас сум подложна на тоа.
    За Вања од страв една недела бев нефункционална, плус дека кај нас беше случајот, дома што се вели.

    Тоа што рече за глобално ниво...така е, ако застанеш и се гризиш и грижиш за секое од нив, тешко тебе ќе биде.
    Ми се случувало да мислам колку гадости има во светов, пример во овој момент таму некаде кој што зошто трпи некоја неправда или болка причинета од друг... иии ќе забегав ако продолжев.
    Не, сопственото ментално здравје е кревко и ранливо, а многу важно да се сочува.
    Психолошка поддршка многу значи, макар и вака виртуелно.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, Kate Rina 93 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.822
    Допаѓања:
    274.943
    Точно, затоа и е пречудно што на "отворено поле" детево во земја пропаѓа.

    Тие информации беа дадени јавно, а постојано слушаме за родители кои намерно си ги повредуваат децата, а во едно мислење наназад, да не го барам, напишав дека посебно ако не е ништо виновна жената, нема зошто јавно да коментира што било за истрага во тек. И мислам дека полицијата намерно ја стави на "клада" и дека и таа свесно тоа го прифатила, за да спречи психопативе да уништуваат докази.

    Во секој случај, малце за несреќа треба. И ништо од ова немаше да биде вака, се' уште да верувавме дека it takes a village to raise a child, односно ако видиш тодлер сам на улица, не си продолжуваш по пат, бараш родител, пример. И куп други ситуации каде алертноста на тие што не се виновни туку се сведоци треба да е на малце повисоко ниво.

    Како што комшиите на таа што го оставила бебето дома и отишла на одмор, свесни биле дека не е прв пат, ама не изреагирале никако оти нели, да не се мешаат.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, Splendor. и 9 други им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сфатив од пресот имало двајца очевидци.
    И двајцата дале изјава во полиција дека го виделе девојчето како се движи само по улицата.


    И прво што ми падна на памет па како не им било чудно мало дете да се шета сама низ улица?


    Еве јас на излез од работа, мајката внатре во аптека, детенцето- не повеќе од 4-5 години си игра со лизгачката врата отвори затвори дека на сензор, и во еден момент вратата се затвора и не се отвара ( т.е. се отвара само со притискање на копче ама однадвор.).
    Детево остана надвор на сред паркинг, а мајкава внатре во аптека без да има појма дека детево и е надвор....
    И како што поминував само му дофрлив а сега како ќе влезеш кај мама?
    Земав му го притиснав копчето да му се отвори вратата да влезе. Мајкава не ме ни изрегистрира.

    Не знам што да кажам освен дека после се, излегува дека во секоја ситуација дека треба секогаш прво на памет да ни е најнегативното што може да се случи па на тој начин да сме претпазливи и да се заштитиме.
     
    На *Amethyst*, MinnieM, elenaa0805 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.822
    Допаѓања:
    274.943
    Јасно ми е, пред неколку дена едно само отшета на булеваров, поголемко, би рекла 4-5 години. Се случува, невнимание е, секунда е, ама барем јас мислам дека на сите нас е должност да се грижиме за светов околу нас, па ако видам толку мало дете било каде само, ќе застанам и ќе побарам родител.

    .
    .
    .

    И слободно зборете "не сте мајки па не знаете", баш тие муабети и ставови водат до тоа сите на своја страна да си ја вртат главата и вашето дете да не е нивна работа. Мене лично ме заболе која мајка што мисли, ако видам дете што мислам дека е во опасност ќе реагирам, 100 пати нека не е мое. Прво ми е мене и на сите нас сограѓанин, после е нечие дете. Не е растение, не е имот, жив човек е и сите сме колективно должни кон него.

    И секако дека и мајки наназад пишуваа дека не им е јасно, еве ни мене немајка уште не ми е јасно како во 2 минути во тој даден простор може да исчезне. Уште мислам (а и луѓе подобро запознаени со темата исчезнати деца) мислат дека се повеќе од 2 минути. Не е ни важно тоа сега, само малце бидете реални, не е светица што од раце у трговски и' го грабнале детето.

    Тројца најмалце ја виделе жива како оди по улица. Збориме за дете од нецели 2 години. Не е баш брзо у одењето.

    И не е спорен фактот дека жената засекогаш ќе се јаде и да не си и' во кожа.
     
    На *Amethyst*, Annath, Lollipop_123 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    7.568
    Пол:
    Женски
    Моите првични сомнежи беа насочени према мајката, водена од морето на шпекулации и лажни вести. Искрено жалам за се она што го имав напишано. Единствено можеме поука да извлечеме, дека мало дете кога е надвор не смееш ни за секунда да го испуштиш. Се случуваат моменти на невнимателност, за среќа најголемиот број завршуваат со среќен крај, но мал процент може да резултира и со вакви фаталности.

    Многу нелогичности има во случајот. Кога веќе ја прегазиле, не ми е јасно зошто само не си заминале.
    Зарем никој не слушнал плачење од дете или тресок со кола.
    Медиумите направија покољ од информации.
    Не знам веќе ни на што да верувам и што да мислам.

    Но, да ти текне две годишно дете, кое го удираш со кола, да го давиш и фрлиш во депонија, не е монструозно, не знам ни како да го опишам, туку ѕверско, ладнокрвно, животинско и психопатско однесување.

    Постоиш и чекориш само две години на Земјава и некој ѕверски те убива и те фрла како мрша во ѓубре. Возрасните не ги заслужуваат децата. Нека почива во мир, жално што нема веќе да дува свеќички, нешто што секое дете треба безгрижно да го прави.

    Боли за дете премногу. Ништо лошо не направи, невино мало штурче кое беше однесено на погрешно место, во погрешно време и заврши во погрешни раце.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Биле на терен и го барале чупето, оделе на работа се нормално едниот има внука колку Данка...;(
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.219
    Допаѓања:
    189.373
    Абе појма немаме каква е конфигурацијата на терен. Не дека е дете брзо или споро, за секунда може да го снема зад грмушка и слично. И ко ќе видиш го нема, влагаш во паника, немаш појма кај да бараш, се вртиш во круг. Значи, не знаеме и небитно е сега. Тие што го виделе и не го застанале се слабата карика во системот:doh:.
     
    На MinnieM, MeowMeow, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.932
    Допаѓања:
    8.502
    Во пресот, самата полиција изјави дека и ним мајката им била првично сомнителна. Не било само медумска фама.

    Најпрво поради тоа што дошла на имот на кој со години не доаѓала. Понатаму веќе расчистиле.

    Воедно, никаде не беше прецизирано дека биле во прашање 2 минути невнимание.

    Пак ќе речам, ниту била случката одма пред дворот. За да не се вртиме во круг зошто не слушнала, видела и сл.

    Казната за невниманието е за жал многу поголема од таа на убијците.
     
    На Konfetka, Cka, MarigoldA и 5 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.930
    Допаѓања:
    123.192
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена јас одамна мислев дека е мртво дететво ама не сакав да пишувам. Сепак надеж..
    Најмногу заради упорното копање и пребарување на теренот. Живо дете не најдоа, значи...
    За овие двајцава.. не знам што да кажам. Немам коментар. Ма монструм за нив е комплимент да се каже..
    Мислам дека порано знаеле.. ама знаете како велат, додека нема тело нема ни дело. Тешки се овие работи.. многу тешки.
    @JoyJoy потпишувам секој збор од постот погоре. Премногу сме отруени од џрна хроника, заборавивме да се радуваме. А трагедии имало и ќе има.
    Тоа е.
     
    На Konfetka, Stressed Out, Anaroz1 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.210
    Допаѓања:
    258.576
    Полека ќе се одјавам од темата оти ја доживувам премногу болно, а друго што излишно е да коментираме понатаму.

    На крајот, се виде дека како луѓе потфрливме пак. Две лица виделе мало бебе како шета само по улица и не реагирале. Исто е и со бебето во Америка, слушале како плаче, ама не реагирале.
    Тој момент ми е многу поболен од ударот оти можела да биде спасена.

    Србиве од друга страна го допреа дното. Медиумите, ТикТок, се полни со шпекулации, навреди, теории. И се уште пишуваат.

    Мајкава не знам дали некогаш ќе си прости. Не е виновна за ништо, за жал нејзиното невнимание го плати на најлош начин. Се надевам само дека заедно со сопругот ќе успеат некако да го надминат ова и да живеат за синчето и бебето кое го очекуваат.

    Тажно. Денес нема некој кој не заплача, кој не тагува.
    Криви сме за овој трул систем, за ова општество во кое се претвараме во нелуѓе.
    И не знам до кога вака.

    Нека почива во мир, ангел мал.
     
    На Skorpija25, Ahoy, MeowMeow и 20 други им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    13.510
    Пол:
    Женски
    Телото уште не е најдено..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.