1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам виновна и не знам што да правам!

Дискусија во 'Психологија' започната од Jule55, 31 мај 2012.

  1. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Здраво феминки!
    Ќе побарам само еден искрен совет од вас,се разбира ако не ви пречам!
    Немам на кој да кажам,немам кој да го прашам за совет,сиурно ќе кажете зборувај со мајка ти,ама ако и кажам на неа нема да ми прости и сигурна сум дека ќе добијам голема казна,а и ќе ја разнишам довербата што ја има спрема мене,бидејки ја лажам...
    Значи вака имам 14 години и немам пријатели.Преку една моја братучетка се запознав,добро уште не сме се запознале,ама по цели денови збориме на тел.И сега проблемот е што е машко и што е доста постар од мене,многу е постар.Ама ние збориме за многу теми,кои што сигурно повеќето од вас не би збореле.Како прво се чувстувам виновна,а како второ малку и ми е страв од него.Ама знам дека ова еден ден ќе се дознае и незнам што би ми направиле мајка ми и татко ми.Би сакала да преќинам да зборам со него,ама неможам.А и порано (пред 2-3 месеци) постојано велеше да се запознаеме,ама јас искрено му кажав дека несакам и од тогаш престана да ме моли за да се запознаеме.Од тогаш само збориме на тел,ама многу ме распрашува и некако ме тера да зборам со него за теми кои несакам,едноставно ми е ужасно! :( :sweat: :sweat:
    Вие што мислите? Да незборам веќе со него?
    Што би направиле вие??
    Ако сакате осудувајте,било каков совет ќе го примам како добронамерен!
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Не му се јавувај, смени го телефонскиот број и избриши го човекот од главата. Самата велиш дека ти е ужасно, зошто сè уште контактираш со него?
     
    На girl.23, cherry91, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Мислам дека не ме разбра добро.Додека разговарам со него ми е супер,ама кога вика дека треба да оди на работа и ми исклучува,јас пак останувам сама и ужасно се чувствувам,и се некои лоши мисли ми се вртат во глава,ама кога пак ќе ми се јави се заборавам!
    Само знае да ми се налути бидејки му викам да престане да збори за тоа и ми се лути и неќе веќе да збориме,затоа неможам ништо да му кажам.
     
  4. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    девојче а колку е постар од тебе? ако е 3-4 години е ок али ако збориме за 10+ години постар мислам дека треба да си размислиш малку. сепак имаш 14 години. тоа што немаш другарки е лесен проблем.. ќе стекнеш пријателства сеуште си мала, животот е пред тебе. велиш дека зборувате за мн теми... најверојатно и за секс... мислам дека треба да го прекинеш контактот со него... смени си број... тоа ти е најпаметно
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Извини, не сум те разбрала добро, ама според ова што го имаш напишано

    сфатив дека не ти е убаво кога зборуваш со него.

    Како и да е, мала си, наивна, човекот те залажува, не те притиска за запознавање затоа што знае дека ти ќе го побараш (како што тргнало), и буквално си игра со тебе. А ти си го идеализираш. Среќа што сте само на тел. разговори, а и нив под итно мора да ги прекинеш. Не го знаеш ни што е, ни кој е, ни каков е, ниту пак што сака од тебе. Дружи се со тинејџери на твоја возраст, прекини секаков контакт со него и заборави го. Колку му се слатки зборовите, толку ќе ти горчи после кога ќе направи нешто што не сакаш.

    Велиш дека немаш пријатели - се наоѓаат - одиш на училиште, имаш слободни активности, курсеви, спортови - секаде може да стекнеш пријатели. Само треба да се опуштиш. И нормално дека мајка ти ќе ти се лути заради контактите со непознатиот... и јас би се лутела да е мое дете во прашање, посебно ако не се знае со каков човек си имаш работа. А мајка - за твое добро мисли.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Види вака, претпоставувам дека те тера да зборувате на тема секс, а ти не сакаш, па ти се лути. Мој совет ти е да прекинеш контакт со него што поскоро! Па побогу, ти си уште дете, нема зошто некој непознат (и постар) маж да те присилува да зборуваш на таа тема со него, за разговор на тема секс ја имаш мајка ти и со неа треба да разговараш, а не со непознати. А и не можеш да знаеш со каков човек си имаш работа, не си го запознала. Постар е од тебе и веројатно поискусен, не дозволувај да те прелаже на нешто, не знаеш какви му се намерите. Претпоставувам дека сака само да те искористи. Затоа, за твое добро, биди претпазлива и прекини контакт со него додека не настанале уште поголеми проблеми.
     
  7. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Не е 10 години туку повеќе,многу повеќе.Добро,ќе се обидам да преќинам да зборам со него,иако ќе биде тешко.За што збориме несакам да кажувам,ама се гледа дека секој може да претпостави. :(
    Несакам одма лошо да помислувате за него,иако може е точно.Искрено незнам што сака,ама вие едно ми кажувате за него,а он друго ми збори. :(
    Јас мислам дека не работи некоја лоша работа.....
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.652
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Нормално дека така ќе мислиш. Знае тој како да ти се претстави во најдобро светло - како што ти реков, те матка, те наведува да му веруваш. Затоа, смени го бројот, избриши го неговиот и немој да контактирате повеќе.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Девојченце, ти немаш никаква вина за ништо и нема потреба да се плашиш од тоа да и кажеш на мајка ти. Ако мајка ти се налути, тоа би било само за да те заштити. И таа била во пубертет, и таа знае дека на тие години паметот и те како си летка. Овој човек ти е интересен, затоа што ти кажува работи, што никој не ти ги кажал, ново нешто ти е, затоа ти е убаво. Башка па и хормоните си имаат улога тука, па често може да се залеташ по нешто лажно, а да си мислиш дека е вистинско. Овој човек, колку и да ти е мил и фин, е грозен. Треба да се засрами што, наместо да си најде своја врсничка, тој си игра со едно малечко девојче, и тој рачуна на тоа дека ти нема да кажеш ништо за него. Да ми дадеш број од него, веднаш би го пријавила. Немој да си згрешиш на себеси, зашто кога ќе се освестиш сама на себе најмногу ќе си лута.
    Убаво те советуваат девојкиве, тргни се од овој човек, овој може само да ти наштети, ништо добро нема да ти донесе. Знам дека сега така тешко ти изгледа да го направиш овој чекор, но еден ден ќе си бидеш горда на себе што не си продолжила да комуницираш со вакви педофили.
    Ако немаш пријатели, еве овде, дружи не извесно време, ќе научиш нешто, ќе се спријателиш, ќе си го пополниш времето наместо да висиш на телефонот. Со време ќе си стекнеш и други пријатели, во школо, дечко...

    И за тие години, иако изгледа невозможно, најмногу може мама да ти помогне. Па макар и лутела, нелутела...особено во ваков случај, како твојов.
     
    На rozy, teddybear, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    По тоа што си го кажала, дефинитивно човекот е ПЕДОФИЛ! Бегај подалеку, не си играј и не му верувај на тоа што ти го кажува, човек на негова возраст треба да си бара жена на соодветна возраст, а не малолетно девојче! Прекини секаков контакт да не си навлечеш беља! Најдобронамерно ти го кажувам ова, зошто уште си мала и не знаеш некои работи.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Девојче, по ова што го кажуваш дефинитивно си имаш работа со педофил, и ти си идеална жртва за него. Тие бараат такви девојчиња кои се мирни, тивки, повлечени кои чувствуваат вина и кои никогаш не би прозбореле за тој проблем. Тој те прочитал дека може од теба да го добие тоа што сака а ти за тоа ќе молчиш и нема да споделиш со никој па дури ни со мајка ти. БЕГАЈ од него дури не те злоставил и не ти го уништи животот. Сведоци сме на вакви случаи не е нешто што не постои. Педофилите најпрвин ветуваа многу, а потоа ќе ти го загорчат животот. Понастрана од него, ти си уште многу мала а тој е дефинитивно педофил. Ако не те остави на мира зборувај со родителите, бидејќи мислам дека не си свесна какво зло ти се заканува.

    Те поздравувам и ти посакувам да успееш во ова.
     
    На blueeparadise и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Чек, чек. Dafuq?
    Таа братучедка ти колкава е? Знае ли воопшто во што те впуштила со типот?
    Трето и најбитно: Свесна ли си дека си мета на педофил?
    Всушност, знаеш ли воопшто што е педофил?
    Педофили ти се умоболни створења, стари доволно за да ти бидат татковци, а имаат сексуални фантазии со тебе т.е. дури и со деца помали од тебе. А ти такво мало, кревко и наивно, си совршена жртва која може да ја излаже, силува и упропасти, па за навек ќе си имаш трауми.
    Зошто му креваш? Ти одговараат муабетите?
    Немој да се лажеш дека некој на таа возраст ти е пријател и дека имате заеднички теми за муабет. Тој многу добро знае што сакаат деца на твоја возраст и истото го користи за да се зближи со вас.
    Да кажеш на твоите под итно. Верувај дека ќе сфатат што е работата и ќе ти помогнат.
    Оти за некој период може да подлегнеш и да настрадаш. И не само ти, и многу други. Дури го имате во рака створењево, удрете таму да го скастрат, мајка му скапана. :@
    На братучед ми пред 2-3 години, вака му се беше закачил еден на Скајп, демек колега на татко му од Ирак, ама среќа овој машко па му се згрозило па се исклучил само, после кога видовме со мајка му одма го пративме кај што не сија сунце, не му текна веќе да се вклучи.
    Не да се петелам, туку од горенаведеново искуство, знам колку само на родителот би му се превртеле цревата и би се преплашил за своето дете, затоа, ако ти е страв да се соочиш, најсериозна сум, прати ми го бројот негов по лична порака, јас лично би се нафатила два-три реда муабет да му кажам, па ќе видиш дали и мене ќе сака да ми биде пријател и дали уште еднаш дали ќе му текне да ти се јави да „другарувате.“ Мала си бре, допрва ќе имаш другарки, мавни го таму, вол умрен.
    Говедо бре. Опинок. Во солна да му ги потопат. |(
     
    На babymama, Calypso, Nine25 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Девојче мое мислење е да не му креваш,смени го бројот под итно. можеби си осамена и се чувствуваш убаво кога ти зборува,но верувај како што ти кажаа и другите девојки тој бара такви жртви како тебе. Повлечени,тивки,добри,кои што се плашат да им кажат на родителите.Сега се прави фин,мил,добар,а всушност е умно болен човек кој што е педофил и има сексуални фантазии за тебе кои што за брзо време ќе сака да ги оствари. Мој совет е веднаш да се тргнеш од него,добро е што само телефонски си имала контакт со него,а не на друг начин. Кажи му дека не сакаш повеќе да разговарате и прекини секаков контакт со него. За пријатели не се секирај ќе си најдиш на твоја возраст и наскоро тој ќе стане само минато. Кажа дека ти е страв да и кажеш на мајка ти, верувај треба да и кажеш бидејќи ти не си направила ништо лошо и таа ќе те разбере и ќе ти ја даде потребната поддршка. Среќно мило :*
     
  14. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Искрено многу ви фала на советиве! :)
    Ни на крај памет не ми ни текна дека мозеби е педофил :?: ..
    Јас не ни верував дека е така бидејки цело време ми казуваше дека е добар,дека многу верува во Господ,дека се моли само на мене да ми биде подобро!
    Инаку calliope братучетка ми има 15 год.
    Од прееска цело време само ми врти без престан,ама не му се јавувам,дури и 8 пораки ми прати ама не се јавувам,иако ми е тешко! :(
    А на мајка ми не и казувам бидејки ке ме казни и ќе ми се лути,сигурно ако и казам ќе ми го земе тел.
    Веќе нема да зборам со него,добро ќе се обидам да не зборам. :(
    Многу ми помогнавте,фала ви! :) :)
     
  15. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Се чувствувам виновна и незнам што да правам!

    Ти си виновна само што не им казуваш на мајка ти и на татко ти,за ништо друго.Не ти треба таков човек.Тој е БОЛЕН!! А за другарки не е проблем,ќе си најдеш,па сега ти се најубавите години,а ти ѓи поминуваш со зборење на тел со ПЕДОФИЛ!
    Остај го,не ти треба таков!!! ќе ти го уништи зивотот,само за секунда,незнаеш таков болен човек се што ќе ти направи!! Ти си НАИВНА!! КАко мозе да се моли на Господ за да ти биде тебе добро?? :x
    Одма преќинувај контакт со него!!
    A всушност колку години има?? 30? :?:
     
  16. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Девојче убаво ти кажаа сите девојки погоре.Не си играј со сопствениот живот,верувај дека таквите како него не бираат начин за да дојдат до следната жртва.Убаво си направила што не му креваш и враќаш на пораките.Доколку си во можност земи си нов број и прекини секаков контакт со него.Немој да си набиеш трауми на овие години.Ти посакувам се најдобро :)
     
  17. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    драга мој совет прекини секаков контакт со него! а мајка ти според мене колку и да е строга мислам дека ќе те свати ако и објасниш дека ти требало само пријател бидејќи нели ни кажа дека немаш пријатели...ти требало некој за разговор и објасни и дека тој настојува да се запознаете...прекини секаков контакт со него...ако анстојува пријавете го в полиција бидејќи оваа раб е навистина сериозна а ти си толку амлечка и може да наседнеш на тие раб...не дај боже да дојдеш во контакт со него....не сакам ни да кажам што би ти се десило...не плаши се само биди искрена со мајка ти и објасни и!
     
  18. Flower20

    Flower20 Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    5
    Девојче,вие сте на различна возраст и сигурно немате заеднички теми!!
    Контакт со него веќе НЕМА!!!
    Ке те уништи за 1 минута,сешто мозее да ти направи,а сигурна сум дека ако казес на родителите многу ке ти помогнат и ке те спасат!!
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    За прв пат пишувам во ваква тема..
    Јас имам само 15 години. И можеби не сум баш достојна за да солам памет и слично.
    Ама според ова што го прочитав, ми се згрози живот.
    Првото нешто што ми падна на памет, и она што највеќе можеби ми остави впечаток..
    Братучетка ти.
    Од каде го знае тој човек? И со неа случајно да не зборувал? Од каде и е неговиот број? Го познава? Знае ли во што те впуштила?
    Колку време зборите 2, 3 месеци?
    Бомбардирав со прашања.
    Подобро смени си број. А таа картичка, фрли си ја.
    На раат ќе си бидеш.
    А вака, не знам колку ќе можеш да одолееш на повиците и пораките.
    Се молел за тебе, за да ти биде подобро? :^) Како може да се моли за тебе, кога воопшто не те познава?
    А што се однесува до пријателите.. Како што сконтав, имаш 14 години, и би требало по некоја логика, сега да си осмо одделние. Не се сеќирај, во средно, сигурно ќе си најдеш некои пријатели, по мерка.
     
  20. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Неее не сум 8-мо,7-мо сум.
    Инаку зборев со него 5 месеци,а инаку незнам од кај се знаат братучетка ми и он,ама знам дека се гледаат!
    Искрено многу се каам за ова,нема да си простам.Уште еднаш ФАЛА за советиве,сега не зборам со него иако ми се ќине срцево,цело време ми твони,ама не се јавувам!