1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам виновна и не знам што да правам!

Дискусија во 'Психологија' започната од Jule55, 31 мај 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    И немој да се јавуваш. Никогаш. Добро е што само на тоа останало.
    Батали го и заборави дека се случило, не е вредно воопшто да го мислиш. Послушај ги советите на девојките тука. :)
     
  2. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12

    девојко ако е многу многу постар од тебе мислам дека треба без двоумење да прекинеш секаков контакт со него. ти си уште дете а како што викаш тој е многу постар од тебе значи не се работи за млад човек туку веќе преминува граници и ако не се лажам снанува збор за педофил така? знаеш што значи тоа?
    ако знаеш без дилема тргнисе од него и мој совет не верувај секому зашто лесно можеш да изгориш ти си во цутот на младоста не ти требаат такви личности. поздрав
     
  3. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Секако дека ве послушав,не се јавувам,ама тешко ми е во ова да поверувам,бидејки кога еднаш се договаравме да се видиме,на крајот рече НЕМОЗАМ. Има некое објаснување за ова??? :?:
    И од тогаш (тоа беше пред 4етри месеци) и од тгаш ништо (иако сакаше да се видиме) само на телзбориме. :(
     
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Абе девојче пред некој ден имаше на КОД за вакви створења за педофили што прелажуваат наивни,млади девојчиња.
    Не си играј со вакви работи тој пред тебе ангел ќе изиграва а којзнае што има во тој болниот ум.Немој да си оделе да се запознаваш,ова не се играчки.Што не се случува во светот,вакви болни створења има на секој чекор,размисли малку што мајка бара возрасен маж да зборува се и сешто со девојче од 14 год?Што има тој воопшто да збоува со млади девојчиња со кои не е во никаква родбинска врска па дури ни фамилијарен пријател?
    Ти уште не си свесна какви луѓе постојат и што може да те снајде!Срце ти се кине?За што кажи ми?за кого?За некој си маж повозрасен од тебе 20 и кусур години?
    Не си играј со сопствен живот и немај си работа со вакви изопачени створења.До утре нека ти се прави фин ти немој да бидеш толку наивна.Во денешно време НЕМАЈ доверба во никој.
    И уште нешто,таа братучедка ти што се гледала со него :x знаат мајка и и татко и за ова? Бог да чува
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Девојче не се залажувај.Не верувај во онаа што сакаш да веруваш.Тој е ПЕДОФИЛ,убаво кажаа девојкиве.Му личи ли на него да зборува со едно девојче од 7 одделение? Па тој може татко да ти биде.Не ли си помислила зошто тој нема девојка на негова возраст како сите нормални луѓе? Си помислила ли зошто тој сади краставици со дечиња? Размисли убаво и ова нека ти биде памет за друг пат.Те разбирам дека неможеш да кажеш на мајка ти.Само фрли ја таа картичка и земи си нова.И во никој случај веќе немој да зборуваш со него.КРАЈЈ.Ти посакувам се најдобро..И сигурно ке си најдеш дечко на твоја возраст.Сега баш таков дечко ти треба.И другарки ке стекнеш,млада си животот е пред тебе.Топрва ке излегуваш и ке се дружиш.
     
  6. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Има објаснување и тоа е просто. Според мене штом викаш дека тој е многу повозрасен од тебе, јас мислам дека има околу 50тина години, и во тој момент едноставно НЕ МОЖЕЛ да се види со тебе (за среќа твоја), бидејќи бил зафатен или со работа, или со сопругата и фамилијата и сл. Немој во таа ситница да бараш оправдување за него, бидејќи едноставно го нема. Во сево ова време тој те залажува и те подготвува, па нели гледаш дека ти наметнал и чувство на вина! Е сега тоа чувство на вина ќе те спречи да го пријавиш или да реагираш кога ќе се обиде да те искористи.
    Ајде размисли што друго би правел тој со тебе, би правел муабет за математика?
    Освести се и биди одлучна не се колбај во неговите мисли, верувај дека се болни и психопатски :^)
     
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Девојките над мене кажаа си исто како и тие и ја би ти препорачала да не се јавуваш веќе, или да ја смениш картичката
    да прашам нешто
    братучедка ти зема од тебе дозвола за да му го даде бројот на тоа говедото??
    Среќно девојко и пиши што си направила
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    А, братучетка ти што те запознала со него, т/е ти го препорачала... колку години има?
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Девојче не ми е јасно како не сфаќате со кого со имате работа. Па 13,14 години сепак не се малку за да знаеш какви намери има тој човек и ако е како што велиш доста постар од тебе сигурно е некој педофил. Не си требала воопшто да разговараш со него, ама добро е што не си направила нешто поозбилно. Прекини контакт, промени број, не ми е јасно зошто досега тоа веќе и не си го направила :^).
    Немој ни под разно да одовлекуваш и да продолжуваш со таа комуникација. Едноставно, откачи го и крај. Не знаеш со кого си имаш работа и какви луѓе постојат во денешно време.
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Јас не се згрозив од ова, се преплашив.
    Читајќи низ што минуваш, не се плашев за тебе, туку за моето дете кое би можело да биде утре во ваква ситуација, не дај боже. И знам дека на било која мајка, детето да и каже нешто вакво, од страв и немоќ ќе го казни,па дури и ќе го удри, плашејќи се дека неможела да го заштити своето дете и истовремено ќе се радува што живо и здраво го гледа. По првичниот шок дека постои некој кој сака да го злоупотреби нејзиното дете, ќе те гушне, ќе ти каже дека секогаш ќе биде покрај тебе и ќе биде со убиена душа, или без нејзе.
    Немој да се плашиш од мајка ти. Не постои некој кој може повеќе да те сака.

    Не дошол да се видите...
    Драго дете, не дошол затоа што ако ти кажал дека има 35, сигурно има 53 год. Се исплашил дека ќе те изгуби, дека ќе се исплашиш и дека ќе нема кој да му ги исполнува сексуалните фантазии , секако телефонски ( да бил кадарен за повеќе, на друго место и со други личности тоа би го правел).
    Посакувам да го видиш. Од далеку да го видиш ... и знам дека и дури само кога ќе имаш претстава како изгледа ќе сватиш колку тие многу повеќе од 10 години +, се вистински многу. (сметам дека ти сега неможеш да сватиш дека тоа што ти кажуваат девојкиве дека НЕ ДЕКА ТИ ОДИ МУАБЕТОТ СО НЕГО , ТУКУ ТОЈ ЗНАЕ ШТО ДА ТИ ЗБОРУВА е најголема вистина, ама секако дека ќе сватиш дека гледајќи го пред себе гледаш човек кој може да ти биде татко)

    Ајде пробај провери податоци за тој негов број.
    Не верувам дека и името му е вистинско.
    И да, чувај ги пораките ... во случај да те присилува да оваа агонија продолжи, ќе имаш црно на бело доказ да го пријавиш.

    Освести се малечка, животот е еден.
     
    На ariela09, Nine25, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    Читам толку многу правилни совети и се чудам како можеш да речеш ми се кине срцето, зарем за тој стар вол кој се обидува за заведе едно младо и наивно девојче. А братучетка ти нема памет штом се гледа со тој, па свесна ли е во какви води влегува. Уште утре мораш да кажеш на мама или тато небитно ниту еден родител не му мисли лошо на своето чедо, ова за братучетка ти обавезно, да не те плашам ама немој да се чудиш ако еден ден ја снема пу пу недај боже. Па зарем не гледате што све се случува , педофили, макроа, дилери на деца или како и да се викаат, зарем не помислуваш дака можеби припаѓа на некои од овие а? Како можеш да речеш дека ти е убаво да разговараш со него, зарем не ти е непријатно за збориш за се*с со некој кој е на возраст колку татко ти или можеби и повеке, не ти се гади? Уф бре за ови не хемиска кастрација туку бесилна треба. Крај краева подобро цел месец без телефон отколку цел живот во трауми и катастрофа. Вразуми се!Ова е за твое добро, се надевам ке бидеш паметна. И сакам утре да пишеш дека си кажала дома за се ова зашто братучетка ти може да настрада.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Како бре се гледа братучедка ти со него?
    Од каде го знае девојката?
    И зошто не си се дружите двете штом сте на иста возраст па сте вмешале ваков болен ум?

    Не си играј играчки девојче, фрли ја картичката и ти и братучеда ти, и кажете за човекот на твоите или на нејзините за добро да го претепаат!

    Вакви примери има еден куп, гледајте вие да бидете светол пример на девојчиња кои се извлекле, а не кои подпаднале во рацете на вакви изопачени умови.

    Нека се моли на Господ за неговата душа, не за твојата.
    Психопат еден!
     
  13. blew

    blew Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ниеден нормален возрасен маж не би барал девојче од 13 години по телефон, затоа што имаа заеднички теми на разговор. Заеднички теми на разговор со 13 годишно девојче неможе да има ни 18 годишен дечко!
    Ова е страшно, јас се згрозив!
    Слушни ме што ќе ти кажам.
    На времето кога уште беше мИРЦ во ек на популарноста, значи ти кажувам за пред 10 години, јас имав 12 тогаш се замуабетив со еден постар, 27 годишен, ова се случуваше во Интернет кафе, значи ретко кој имаше и компјутер дома. Ни тргна муабетот, не се сеќаам сега баш што, ама знам дека доста муабетевме. Јас, дете како дете наивно, му дадов домашен телефонски број, тогаш ретко кој имаше мобилен, камо ли 12 годишно дете. Тој, веднаш ме побарал дома. Среќа се јавила мајка ми, јас сеуште не бев стигната, и го отерала каде што му беше местото.
    Веднаш потоа се чувствував одвратно. Зарем јас, 12 годишна мрсулка најдов да се допишувам со некој 27 годишен и да имам заеднички теми на разговор? Тоа е невозможно! Тие се болни, бегај жити се. И веднаш да ги побараш родителите на братучедка ти која се гледа со него, да им кажеш дека таа е во канџите на педофил, и во секој момент може сешто да и направи.
    Немој да се плашиш, многу лошо може да биде. Само раскажи им, верувај дека еден ден таа благодарна ќе ти биде. Сега сте мали, дури ни сами не сте свесни колку сте мали и лесни за манипулирање и не разбирате каква опасност ви се заканува, сеуште мислите дека се што лета се јаде, не верувате колку злобен и изопачен може да биде овој свет!
    Веднаш спаси ја братучедка ти од канџите на тоа умоболно животно! Немој да се плашиш да им кажеш на нејзините, верувај дека ќе спречиш огромна катастрофа. И имај го на ум тоа дека тој човек не е возможно да има заеднички теми на разговор со тебе. Претпоставувам дека за секс ти зборува, свесна ли си колку си мала? Не е тоа како на филмовите што изгледа. Веднаш реагирајте, пријавете го некаде тој педофил, кажи им дома на твоите, седни ги на искрен разговор, верувај дека ако им кажеш нема да ја изгубат довербата во тебе, туку баш напротив, ќе бидат среќни што си им кажала навреме, може само во момент на афект бурно да изреагираат, ама ќе бидат среќни што ќерка им е доволно созреана да не скрие таква опасност од нив! Кажи им какви муабети ти правел, да знаеш дека и тие ќе ти кажат оти тука станува збор за педофил!

    И те молам, кажи барем за што ти зборува, кои ви се темите на разговор... Нема никој да те осуди овде, немој да се срамиш, не те ни знаеме која си. По тоа со сигурност ќе заклучиме дали се работи за педофил.
     
  14. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Страшно, се згрозив!!!
    Девојче прекини секаков контакт со него и кажи им на твоите родители.Колку и да ти изгледа поинаку, они те сакаат најмногу на свет и ќе те разберат а пред се ќе те заштитат.
    Веднаш реагирај и пријави го така ќе ја заштитиш и братучедкати а и други наивни девојчиња
     
  15. filipsk

    filipsk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Прво и најбитно прекини ги сите контакти со човекот, очигледно е дека се работи за психички пореметена личност (педофил) зошто нормален човек кој е постар од тебе 10 години не би правел муабет и не би ти досаѓал а камоли пак за човек кој веројатно мине и 40 години.. значи никако одговарање на повиците. Друго во најкраток можен рок смени си картичка воопшто да не гледаш негови повици и пораки на твојот број.. значи за тебе од веќе не постои не го знаеш!

    Друго знам дека ти е страв но како малку постар би те советувал да кажеш дома за ова, верувај нема да ти се лутат зошто си им кажала туку може само да ти се лутат зошто не си им кажала. Верувај родителите нема да ти замерат зошто они се единствените луѓе што сигурно ќе ти мислат се најдобро.. ти си нивното чедо и ќе те заштитат па и советуваат - потруди се да бидеш што поблиска со твоите.

    Трето братучеткати има само 15 години а дава твој број на постари луѓе па дури и има контакти со нив, нејкам да помислам но можно е и твојата братучетка да се гледа со човекот поради својата наивност можеби и поради пари.. нејкам ни да помислам на други работи но се е можно па дури и да се уценувана! Значи не само што ти ќе се спасиш мој предлог е да и помогнеш и на неа, а најлесно ќе и помогнеш така што ќе кажеш ти на твоите родители за се ова а они ќе пренесат на нејзините родители и ќе си го решат овој голем и сериозен проблем ..

    Нема потреба да се срамиш, секакви идиоти има по светов.. слободно кажи дома и игнорирај го.
     
  16. Adelcheto

    Adelcheto Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Не мозам да поверувам што се слуцува во овој свет :envy: девојце не си ни свесна која опасност ја носи тој педофил со него како мозе да ти го унисти зивотот не си толку малецка да не мозес да разликувас добро од лошо немој да бараш оправдуванје во него ако не мозеш да и казеш на мајкати овде девојките ти се понудија за помош дај им го нив бројот и ке реагираат кај што треба. како сто гледам имас храброст да разговараш со него а немаш храброст да и казеш на мајкати не мозам да те сватам батали го под итно кога ке ти писе пак врати му со поарака дека ке го пријавиш ако ти досага пак ке видиш дека никогаш нема да ти се јави. Зивотот е пред тебе треба да го дишеш со полни гради :* :* :* те бакнувам за срека
     
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Најлесен начин за да прекинеш да збориш со него (ако не си доволно силна самата) е да го излажеш. Кажи му дека си им кажала на твоите за него и дека сакаат да го запознаат. Ќе видиш дека веќе нема да ти се јави :)
    А за братучетка ти, под итно, ама најитно да превземеш нешто. Или разговарај со неа, или кажи на некој од твоите, овој човек инстант мора да се најде во затвор. Не сакам ни да помислам што се може и направил или ќе и направи. Ако можеш и самата закани му се по телефон, дека ако ве побара и нејзе и тебе уште еднаш, дека ќе го пријавиш. Ако не, еве и ја се пријавувам, дај ми број, ќе му глумам 13год. девојче па ќе го сместам кај што треба.
    И нема потреба толку да си строга спрема себе си. Се случува да сме прелажени, битното е да си ја исправиш грешката и да преминеш преку ова.
     
  18. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Најголемиот проблем е што јас му го дадов бтојот,односно кога се вратив дома ( од гости кај братучртка ми) му пратив порака деко тоа е мој бр и дека кога сака мозе да ми се јави.Незнам со кој памет сум се однесувала тогаш.
    На почетокот кога збореше со братучетка ми на тел јас и го зедов тел и почав да му викам нешто,ама после тоа ми се јави и ми се извини и од тогаш збориме.
    Несакав да казувам за што збориме,ама ке казам. blew,збриме за доброто,за пријателството,за зивотот,за Господ и за некои теми кои не би сакала да ги збориме,за што има ново кај мене,што се случува и др,ама пред два месеци ми поставуваше прашања кои беа ненормални,а и јас го прашав нешто што нетреба. :( И се каам за тоа што сум го прашала.
    А инаку јас колку што знам за него,тој не е зенет и јас сака една моја тетка (брва братучетка е со татко ми),ама она бега од него,и сега вика дека се молел на Господ се да биде добро.А и јас мн пати сум се молела за него.
    А инаку и ми има казано дека има 50,не ме лазе.
    Ама јас од вчера не му се јавувам и не сум зборела со него.
     
  19. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    уфф значи се згрозив од се ова што го прочитав,на мои 20 години ме фати страв а незнам вие 15 годишни како можете да контактирате со него..одвартно,ужасно,страшно останав без зборови.Девојче убаво те посоветуваа девојкиве над мене,не му се јавувај веке на тој незнам ни јас како да го наречам,следи ги советите на девојките,смени го бројот,ако немаш како напрај финта дека си го изгубила и готово ако мислиш дека твоите ке речат па зошто да го менуваш ова она ,најди начин...подобро би било да разговараш со твоите,јас те свакам,си згрешила и ти,си направила работи сто не си требала и сега ти е страв да кажеш дома,се плашиш од реакцијата на твоите..или земи блокирај му го бројот да не може да те бара,постојат опции во телефон да блокираш одреден број освен ако немаш од најобичните телефони.
    тој е педофил,сака само да те злоупотреби,да ти го уништи животот.БЕГАЈ подалеку од него
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Има 50 години? А трча по тетка ти, братучетка ти..?
    Девојче, среќа што пиша тука, и што не му се јавуваш.
    Има 50 години, а се осмелува да збори со тебе, за тие теми на разговор?
    Човекот е тежок педофил.
    Ако си ќерка единица, тогаш сум сигурна дека е постар и од татко ти.
    Збори и со братучетка ти, додека не е доцна!
    Пред некое време, во една тема, некоја форумџика пиша, дека филмов го препорачува на сите тинејџерки. Сум го симнала на 11 јануари, но дури вчера го гледав.
    Се работи за едно девојче, што наполнило 14 години, и се допишува со еден нејзин „врсник“. Збори со него за сите теми, но кога ќе дојде време да се запознае.. Гледа дека тој не е воопшто нејзин врсник..
    Би ти го препорачала да го гледаш, но не знам колку е паметно. Можеби ќе се испаничиш уште повеќе.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.