1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам виновна и не знам што да правам!

Дискусија во 'Психологија' започната од Jule55, 31 мај 2012.

  1. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Од вашиве зборови многу се изплашив и се подзамислив.Имам уште еден број и сега тој го користам,иако мн сакам да збориме! :(
    Многу ме испалшивте со ова што ми го кажавте,и сега немам храброст да му се јавам иако сакам! :(
    И се јавив на братучетка ми и кажав да не се гледа со него,да не зборат и ми се смееше,јас викам дека е за во лудница (иако не мислам така),а она ми вика дека јас сум и ми се налути,неќе да збори со мене,е сега и со неа се скарав! :( ;(
    Elennaa не сум единица,имам уште една сестра,ама она има 7 год,а татко ми не е стар,млад е ,во февруари наполни 38 год.
     
  2. blew

    blew Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Немој да му се јавуваш.
    Значи не татко, него тој тебе може дедо да ти биде! Веднаш кажи дома дека братучедка ти се гледа со него! Гледаш дека и тетка ви која е постара бега од него, што барате вие да контактирате? Веднаш под итно кажи за братучедка ти дете немој да се плашиш, тој може да ја силува некаде! Неможе да има нешто полошо од тоа! Подобро е да се спречи отколку да се лечи, може ќе и се налутат нејзините родители во моментот, ама за некое време ќе заборават, спаси го девојчето, премногу сте мали немојте да забегате во секакви води!
    И не само педофил, мене тој ми стои дека е од некоја друга христијанска вера, од оние што ептен забегуваат по тие работи, незнам како да ви објаснам, можеби му е задача да заведува мали деца и да ги вметнува во нивната Црква (Протестантска, Адвентистичка, незнам какви други ги има). Чим толку многу се молел, ти зборувал за Господ и за верата, за пријателството, мислам дека се обидувал да те инфилтрира во тие води, а ако влезеш таму излегување многу тешко!
    Веднаш да прекинеш со контакт, и веднаш да кажеш дома за братучедка ти! Девојчето може да настрада, а не е ни свесно за тоа.
     
  3. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Даа од друга вера е,ама незнам колку е точно,он така ми кажа,а дали е точно нз
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Тогаш се е јасно, бегај што можеш подалеку од него.
    Или ако ти е полесно, ако си поблиска, можеш да зборуваш со тетка ти, на таа што и се пуштал. Она можеби ќе те сфати поубаво.
    А за братучетка ти. Подобро кажи на твоите, или нејзините!
    Верувај, подобро е да не ти збори, но барем да го спречиш тој гад, одколку после да ти биде криво, што не си преземала ништо, и да биде касно.
    Она ќе ти биде љута, тоа сигурно. Но, што побрзо, тоа подобро за нејзе!
    Среќа што не си се видела со него, и што ти го знае само бројот.
    Доколку не збориш повеќе со него, мислам дека нема место за паника. Единствено братучетка ти нешто ако не каже..
     
  5. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Не се плаши миличка, на време реагираш и бараш совети! :hai: За да ти опишам колку може да е сериозна работата ќе ти кажам што и се случи на сестра ми баш на твоја возраст, 7 одделение!
    Моите на работа а јас во градинка и она сама дома вратена од училиште, почнал да и се јавува некој човек кој се претставувал како пријател на татко ми, баш во време кога знае дека сестра ми е сама! И правел прво забавни муабети и сестра ми тинејџерка и било интересно па така секој ден се слушале (можеби месец-два), после почнал да и прави чудни муабети од типот врски, секс и слично.... Човекот дознал каде живееме и еден ден и заѕвонел на врата додека е сама!!!! :sweat: Среќа сестра ми не отворила, се освестила и исплашила па се јавила кај татко ми, а тој одма викнал полиција и тргнал кон дома! Човекот го начекале како чека пред врата, го привеле во станица и изел невиден ќотек од полицајците а после и од татко ми и од тогаш не и се јавил на сестра ми! Можеби продолжил да малтретира други девојчиња, кој знае...
    Најдобронамерен и сестрински совет, кажи им на твоите родители одма за телефонските разговори, нема да те караат и да ти се лутат! Ќе бидат среќни што си им кажала на време и нема да те осудат, сите сме поминале низ тие години и знаеме дека непознатите работи ти се интересни, хормоните почнуваат да ти работат, допрва почнуваш да си го истражуваш телото и слично :inlove: Тоа не е ништо срамно или чудно, сите сме го доживеале на таа возраст само внимавај некој да не го искористи тоа!
    Поздравче до тебе, биди умна и кажи барем на мама ако ти е срам од тато ;)
     
  6. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Добро,вечер и кажувам на мајка ми,па што сака нека биде,ако сака и нека ме казни!
     
    На Elennaa и Sun.shine им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    а фатиш да ја окубиш таа братучедката и од мене еден шамар да и врзиш :@ :@

    ллел девојче како бре ти се кини срцето што не зборите :|
    па имаш 14 пред тебе е животот немој да си играш и одма кажи им на твоите зошто поради тоашто ти е страв после цел живот да си имаш трауми, ќе се каеш што не сим им кажала пред време на твоите

    заштите се ти, ете си пробала да ја заштитиш и таа глупачка (братучеда ти) ама не послушала
    барем ти заштити се и бегај додека е со време

    Ајде среќно :*
     
  8. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    јуле веднаш знаш што значи веднаш да кажеш, па уште и друга вера и па и 5о-годишник умобочен старец де бре деца па не живеете во 19 век гледате што све се случува, ако глупачката се налутила можно е и веќе да навлегла во нешто што нејкам ни да помислам. Спаси ја ситуацијата додека е време.
     
  9. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Решена сум и да и кажам,ама попосле,само ако можете да ми препорачате некој психијатар каде би можела сама да одам (не ми се смеете,стварно ми треба)??
     
  10. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    зашто да ти се смееме тоа е нормална работа психијатерот не јаде луге, премногу трагично ги сфакате тоа се само обични лекари кои можат да ти помогнат, првин поразговарај со мајка ти и заедно одете, сепак мислам дека не ти е потребен доволен ти е еден добар и искрен разговор со родителите. ке видиш се ке помине дури и ке се заборави само мораш тоа го направиш што поскоро.
     
  11. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Се си мислам дека девојчево си врти некој филм на форумов со темава, :^) и мислам подобро да е така. Но доколку грешам се извинувам. :^)
    Доколку пак е вистина сето ова девојче ти навистина имаш проблем но не знам дали со човеков или со себеси. Без навреди.
    Од една страна кажуваш дека си свесна дека ти досаѓа а од друга страна ти се допаѓа неговото јавување. |(
    Како прво штом ти и братучедка ти знаете дека човекот сака да има нешто со тетка ви, а таа го одбегнува сигурно го знаете и човекот отрилика.
    Од кого дознавте дека сака нешто со тетка ви од неа или од него???

    Друго не ми е јасно, штом татко ти има 38 години сигурно и тетка ти е тука некаде со годините кога таа нема заеднички муабет со човекот не ми е јасно што бараат 14-15 годишни девојчиња со него да излегуваат( пошто нели братучедка ти излегла со него)
    И ме интересира дали ти кажа братучедка ти што правеле кога се запознале?
    Каде се запознале, сами ли биле, како реагирале другите кога ги гледале?
    Зошто ти го зема телефонот кога таа разговарала со него??
    Велиш дека си му се развикала ти а си му го дала бројот???
    А тој ти се извинувал после ??

    Зошто ти се извинувал кога ти си му се развикала?
    И која беше причината да му се развикаш и да го земеш телефонот од братучедка ти а потоа да му го дадеш твојот број?

    Навистина многу измешано и не сфаќам.
    Што е тоа што те привлекува кај еден 50 годишен маж а имаш само 14 години? :x
    Сфаќам дека си тинејџер сфаќам дека хормоните работат ама ќе сфатев можеби и да беше 25 годишен па и 30 ама овој човек е постар и од твоите родители.

    Ако навистина ти досадува многу а братучедка ти сака да си продолжи ( не сакам ни да помислам кои се причините што се гледа со него) мораш да разговараш со твоите.
    Пред се ТИ, ТРЕБА ДА сакаш да го решиш проблемот.
    Доволно совети ти дале погоре ако ги послушаш девојките правилно ќе постапиш.
    Можеш на крајот на краиштата и со тетка ти да разговараш. Можеби човекот поради нејзиното одбивање да сака да ви наштети вас, нејзините внуки доколку сте и блиски.
    Има многу причини поради кои овој човек се закачил за вас. Но и вие сте му го дозволиле тоа.
    Доколку не сакаш да разговараш со никого, смени го бројот, кажи им дома на твоите доколку прашуваат зошто, ВИП, ОНЕ, Т-мобиле, било кој имаат поефтини понуди, другарките ми се на тој оператор и смени. Барем сега за 100 -200 ден, можеш нова картичка да си купиш.

    Ти можеш да се извлечеш пред да заглавиш со човекот но помогни и и на братучедка ти да не настрада покрај таков човек. А за психијатарот има теми на форумов разгледај ги ќе најдеш.

    Поздрав и се надевам ќе ни пишеш како ќе го решиш проблемот.
    ( Иако сеуште не ми се верува дека ова е реално)
     
    На Adelcheto му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Не ти треба психијатар,тоа е нормално за твоите години.Ти требаат другарки,дружење и контакти со твои врсници.
    Тоа што велиш дека многу сакаш да му се јавиш за да зборувате е само потреба да имаш некого со кого можеш да збориш,а самото тоа што напиша дека немаш другарки и не излегуваш е сосема доволно за да сфатиме дека се работи за потреба да имаш некого кој ќе те бара и ќе ти обраќа внимание.
    Но,многу погрешен човек,да не се повторувам мислам дека веќе сфати дека се работи за педофил,и стој колку што е можно подалеку од него,таквите се многу опасни.Мислам дека како за твоја возраст не си ни свесна колку опасен може да биде.

    Послушај ги сите совети од девојките,еден ден кога ќе пораснеш ќе сфатиш многу добро каков бил и што бил овој човек,и дека девојките сосема коректно те советуваа.

    Кажи и на мајка ти,таа ќе знае како да реагира.Во ред е да и кажеш и дека братучетка ти се гледа со тој човек.Се надевам и верувам дека ќе постапиш правилно!
     
  13. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Девојче што направи? Разговараше со мајка ти? :)
     
    На cherry91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Па или е казнета, па нема на интернет. Или пак лажела.
    Трето нема. :)
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    ја мислам дека она си продужила по старо и си збори со педофилот и на неа тоа и е убаво :puke:
     
  16. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Казнета сигурно не е, па нема интернет, бидејќи во 23h ми пишала лична порака во врска со претходниот мој пост во темава.
    И јас се си мислам ова второто е. :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    За овој проблем, значи зборувам како за глобален проблем бидејќи има уште многу девојчиња и момчиња ширум Македонија кои се мета на педофили, треба да постои едукација меѓу младите.
    Нека се делат флаери, нека направат рекламни кампањи, нека ги едуцираат во училиштата(од Септември)
    За мене не е нормално ни 20 годишен да се плетка со 14-15 годишна.
    Таа можеби си е зрела за своите години,ама како за 20 не размислува сигурно. И лесно ќе поверуваат на сечии зборови,мислејќи дека со цицките и мозокот ни пораснал.
    Значи проблемов се однесува стрикно на оние во ран пубертет, па и за другите кои се растени во ограничени средини.
     
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Што испадна со девојчето? Мене не ми личи дека лаже некако, искрено кој знае уште колку такви девојчиња има, не е ништо чудно и ново.
    Се молам да и кажала на мајка и или на било кој од дома. Дека кажала и за братучедка и и дека братучедка и не западнала веќе во некакви проблеми со педофилов.
    Овде се криви родителите, што не им кажуваат на децата, што не им даваат примери. Не е доволно пази се има педофили, туку пример да им остане во глава, буквално да се исплашат за да се пазат.
    Не знам дали мајка ми ме излажала на времето, имав 7-8 години кога ми кажа никогаш да не се качам во кола освен ако не е некој од дома, таа или брат ми. Ми кажа пример за некое девојче кое се качило во кола со сопствениот чичко да ја однесе до дома, на крај ја силувал и ја убил. Ја пронашле во шахта после некој ден. Вака гледано сега, може и да е приказна ама битно јас никогаш не сум се качила во кола дури ни со роднини ако биле сами, нити сум контактирала со некој непознат. Буквално ми влеала страв во коски, родителите треба да знаат кога е потребно да се исплашат намерно децата за да размислуваат, кога не.
    Сега со фејсбуци, мирц, Вип бесплатни пораки и минури и остало е 968596856 пати полесно за педофиливе. Ама да се децата информирани нема да западнат своеволно во такви проблеми. Страшно е луѓе, зборете им на децата, информирајте ги за се, од најмала возраст колку и да ви се чинат мали подобро да знаат отколку да не знаат.
     
  19. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Да,немав интернет,па затоа тогаш ти пишав порака.Еве овие денови не зборев со него.Не и кажав на мајка ми,ама на братучетка ми (една моја прва братучетка која секогаш ми помага а и има 25 год).Не и кажав се само дека некој ми врти и ми досага и ја замолив да му се јави и да му каже дека ако продолжи ке го пријави.И вчера го укл тел со стариот бр и пак ѕвонеше и се јави братучетка ми,му кажа и од вчера поручек не ми врти.Ја замолив братучетка ми да некажува,а и да каже на мајка ми сепак не и ја кажав целата вистина.
    А за братучетка ми што се гледа со него ја и кажав на тетка ми ми само дека ја бара и и досага,а не и дека збореле и се гледаат.Се надевам направив нешто добро иако ми е лута.Сепак сигурно и помогнале.Сега ке и се јавам за да ја слушнам.


    Он мене ми кажа дека ја сака и ме замоли да не кажувам на никој,така да братучетка ми незнае.
    Ми кажа само дека збореле за интересни теми (кои нз неке да каже),биле негде да јадат и толку.
    Да сами биле,а каде се запознале и др нз.
    Јас кога бев на гости кај неа збореше со него на тел и беше на звучник и и викаше дека е убава,добра,паметна.И ја одма и го земав тел од рака и почнав да му викам како може така да и збори.После тоа ми се јави на нејзиниот тел и ми се извини и рече така нема да и збори,јас му простив и ми рече кога ке дојдам дома да му се јавам од мој бр и толку.
    Ете ти одговорив.
     
  20. cherry91

    cherry91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    33
    и ти така веднаш ај ке му де јавам а ? ова веке стварно станува филм. Ако лажеш срамота а ако е вистина со ова што си го направила всушност и не си презела нешто кој знае што, ако ситуацијата е таква како што ни ја опиша таа е навистина сериозна и треба сееееее да кажеш. На крајот имаш памет па сама одлучи си по кој пат сакаш да одиш, верувам прочита се што ти пишаа девојките па освести се!
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.