1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам виновна и не знам што да правам!

Дискусија во 'Психологија' започната од Jule55, 31 мај 2012.

  1. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Нема поголема казна од совеста, верувај ми..
    Ако нешто ти се случи тебе, или на братучеда ти, или на било кое друго девојче, таа лузна ќе ти стои засекогаш на душа..
     
  2. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ти повеќе си се исплашила од казната од твоите родители, кои СИГУРНА сум дека ти мислат НАЈДОБРО, отколку од тој манијакот!!
    Имаш само 14 години, нема да е крај на светот ако добиеш ЕДНА казна, ехеее сите сме добивале казни, па еве сме; нема белким цел живот да си казнета, ТИ НЕ СИ НАПРАВИЛА НИШТО ЛОШО, запамти го ова. Не си ти крива што ти се закачил некој проклетник! Твоите ќе те разберат, никој родител не сака детето да му биде повредено, а особено не на таков грозоморен начин.
    Девојченце, свести се пред да е касно, ако треба јави им се уште сега кажи им, бидејќи што повеќе одолговлекуваш тоа полошо станува...
     
  3. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Неможам на тел сега да им се јавам,ај подобро вечер кога ке дојдат ке бидат заморни и да ми викаат полесно ке поминам,а утре ке бидат посмирени.
    да им кажам вечер??
     
  4. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Кажи им кога сакаш, ако не си доаѓаат вечер касно почекај ги и собери храброст да им раскажеш СЕ!
    Не се плаши од казна, ти не си виновна што си дете!
     
  5. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    во 11 си доагаат
    епа кога морам ке кажам,па ке помине и ова нели??
    брзо ке ми простат....
    ахх само со ова се тешам кобожем брзо ке ми простеле :(

    а и од него ми е страв,ама си се тешам со тоа дека ништо не ми може :(
     
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Чекај ги и ВЕДНАШ да им кажеш кога ќе си дојдат.
    Од него да не се плашиш, штом ќе им кажеш на родителите безбедна ќе си. Тие ќе направат се за да те заштитат. Него повеќе нема да му текне да ти се јави, секташ ниеден, гнаса!

    И без премислувања!!! Ти кажав и погоре, што повеќе одолговлекуваш, тоа полошо. И тоа не само за тебе, туку и заради братучетка ти и сите останати девојчиња надвор.

    И, искрено, мислам дека штом ќе им кажеш твоите нема да имаат време да ти се лутат, бидејќи ќе бидат фокусирани на тоа дека си ТИ добро, дека си здрава, дека никој не ти направил ништо. Затоа собери сили, имаш 2 часа и кажи им.
    Среќно и пиши што направи, бидејќи читав си пишала и претходните дена дека ќе кажеш, ама си се премислила. Не се плаши, се ќе е во најдобар ред. ;)
     
  7. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Нема што да ти простуваат тебе, ти си САМО ДЕТЕ што сеуште не е свесно за своите постапки!!! Твоите родители се ДОЛЖНИ да те враќаат на правиот пат секогаш кога некој ќе проба да ти промени правец!!! Криво ми е што мене порано немаше кој да ми даде памет и храброст, но сега ти биди паметна и излези како победник од ситуацијава!
    Од друга страна, твоите родители ќе разберат дека си во опасност, ќе те заштитат, иако ти сеуште не си свесна за опасноста и последиците, низ глава ти се вртат само детски мисли дека ќе те казнат и дека нема да ти простат.. Знам, бев на тоа место!
     
  8. Jule55

    Jule55 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Ке ги чекам и ке им кажам.Па за недела-две ке им помине лутината.А мајка ми ми кажуваше каква и да е,колкава да е грешката да кажам и да се покаам,па ајде да ја послушам.
    Фала што ме охрабривте!
     
    На jasBia и Elennaa им се допаѓа ова.
  9. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    :hug: мајка ти најубаво ти кажала, ти само послушај ја и се ќе биде во ред.
     
  10. Flower20

    Flower20 Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    5
    Тоа што ке им кажеш е НАЈПАМЕТНО!
    Ништо не губиш,а се спасуваш од тој болен човек!!
    Сигурно ако си кажала вечерва сега сигурно знаат,а тоа е најдобро!
    И пиши ни....!
     
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    и јас ке те посоветувам да им кажеш на родителите ако не на татко ти барем на мајкати.
    ти кажувам од искуство јас порано ништо не сакав да им кажувам ама сватив дека ниедна мајка и ниеден татко не може лошо да мисли на своето дете, сега сум со нејзе како другарка се што ми лежи на душата се и кажувам и верувај ми многууу ми е полесно. зошто никој подобро не ме познава од нејзе.
    крај на крај те носела 9 месеци во стомак, те чувала и те пазела од се и сешто, бдеела над тебе кога си била болна и никој повеќе не може да те сака од нејзе. опушти се и кажи и ке видиш дека ке ти биде Многуу многуу полесно .. :)
     
  12. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Замисли да не прашаше што ке направеше? Деца бре ??? Барем денес има 3000 кампањи, уклучете мозок, и све што ви бега од нормала игнорирајте наместо да ти биде глупаво да игнорираш 40 години постар од тебе , друга вера, и згора на се педофил што ти збори за секс а дедо може да ти биде... не треба многу, само малку уклучи мозок и логично размислувај, фемина нема цел живот да те вади!!! страшно!
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Девојчето не е криво. Туку тој дедото...Јуле, пиши шо си напраила, те чекаме.
     
  14. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Jule, и мене ме интересира што направи :)
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ох душа мила како можи бре да има такви манијаци ццццц ајде белки се ке биде ок и девојчето ќе ни пиши дека се се завршило добро. Се надевам дек нејзините ќе ја разберат и дека ќе ја подучат за понатаму.
     
  16. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    криво е ако сама му се наметнува, ама па и кој памет е тоа да си разговараш со дедо? мала е ама доволно возрасна да знае дека ако некој дедо и збори за секс треба дома да каже дека ја вознемирува и да се штити, не да и биде жал, тие основни работи ги знае од дома, па и јас сум била 14 години некогаш, да ми свирне некој постар одма уклучував аларм, не е 3-4 години па да си игра со дедо, за некое време завршува основно, и не е ова за жалење ова е за карање, следен пат да размисли пред да направи нешто што не е нормално, и да се зближи со нејзините, бидејки во пубертет ако си навлече глупави муабети во глава и непромислени постапки кај е крајот, башка денес 14 годиншни се како 24, не се мали за секс, за перверзии за дечковци, мали се да размислуваат дека ги демне педофил.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Leika, имај во предвид дека има мнооогу повлечени деца, без никакво животно искуство, без никакво советување од дома, без свои мисли и ставови, а за тоа се виновни возрасните што требало тоа да го направат со детето, а не тоа самото.. од каде знаеш каде живее девојчето, и во какви услови? Од каде знаеш какви и се родителите?

    Животот не ни е на сите како од учебник и по правилник.. Не се мали примерите каде децата се оставени сами на себе, ни подучени, ни седнати да се разговара со нив.

    Некои деца имаат и улично образование, имаат искуства уште од помали, и јас на 15 години не дозволив да ме прелаже манијакот, ама сепак детски размислував, и на никој не кажав..
     
  18. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Така е,незнаеме ни какво е девојчето,ни какви и се родителите.Чим толку се плаши да им каже сигурно има нешто.Сега нормално ке кажете дека секој се плаши,ама ова е прмногу.Леика јас ја разбирам бидејки кога ги читав нејзините постови има кажано мн работи.Да објаснам.Вика дека нема другарки,тогаш сигурно е повлечена и срамежлива,а е и мн наивна,мисли дека на секој може да верува,но ова е вина и на родителите.Девојчето иако е мало,доволно е големо родителите да зборат со неа и да и објаснат мн работи,а сигурна сум дека родителите не збореле со неа за НИШТО.
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Де, па и вие цели сценарија сега за дома.
    Се плаши зошто има грижа на совест, зошто наметнувањето беше обострано.
    Практично тој не ја вознемируваше, бидејќи и сама кажа дека и таа уживала во разговорите.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Девојчето само си пиша. Додека ние ја советувавме тука само вториот ден веќе 8 пати ја барал. Ако тој не е манијак, не знам кој е. Таа била крива и било убаво за време на разговорите... Како да не е тој доволно искусен да и` направи муабет во којшто таа ќе ужива. Не кажала...Како да е тешко возрасен човек да заплаши 14 годишно девојче и згора да и` го испере мозокот и да направи уште таа да се чувствува крива и да го сожалува ... не го напаѓајте, греота. Свесна е дека тоа не е убаво и прекинала контакт. Зарем згреши што се исконсултира со повозрасни и поискусни девојки/жени на темава? Никој не се родил зрел, во спротивно која е поентата на растење и созревање...можеби поради нејзината повлеченост некои работи се`уште не ги знае иако не е многу мала. Ја разбирам и јас сум личност која пубертетот ја има направено и те како повлечена. За среќа, не се најдов во слични искушенија, туку една моја братучетка ми помагаше да се ослободам поскоро за да не си имам вакви проблеми во иднина.

    Малку виновна се чувствува, уште ова и` фалеше. Се надевам дека кажала дома и добро поминала...колку што може добро да се помине.