Дете од 14 години е нормално да ужива во разговори со некој што со УМИСЛА и ги прави интересни! "Тој не ја вознемируваше" сакаш да кажеш дека маж на 50 години е нормално да разговара за секс со дете од 14? Тоа не е вознемирување? Тој е тој што треба да е совесен во ситуацијава, да и каже "мала си, оди играј со кукли", а не да и објаснува како се прават деца! Како можеш да кажеш дека болен педофилски ум не е виновен, а дете што подпаднало под влијание е виновно?
Не е толку виновен како девојчето.Сепак е машко,а она сама си го барала.Тој нема толку вина како неа!!!
Значи правите непотребни сценарија какви и биле семејните односи или каква била таа. Понатаму, јас никаде не реков дека типот не е манијак. Друго, типот не ја заплашувал. Таа никаде не пиша дека и се заканувал, само на почетокот и правел навидум нормални муабети за кои таа како "зрела" личност која не сака копиљаци на нејзина возраст, возвратила со иста мера, а понатаму исто кажа дека и таа му поставувала некои хорни прашања. Значи каде гледаш тука вознемирување? Вознемирување е некој да ти прави нешто против твоја волја. И искрено незнам кој е тој разум та нејзе та тој на брачеда и да разговараат и да се гледаат со 50 годишен маж. Да е 5-6 годишно дете, скраја било, би разбрала, вака не разбирам како можеш да бидеш толку наивен, кога не сме веќе доцен 20ти, ами 21ви век каде секоја можна информација ти е достапна. Добро е што пишала на форум. А, пишала веќе кога станало жустро и се зачестиле преинтимните муабети. И свесна стана веќе кога сите до една тука на форумов и рекоја дека типот нема баш добри намери што е премногу логично. Значи реков дека ја вознемирувал,а не дека не е виновен или дека не е педофил. Сега, кога на девојчето и туривме со инка дека типот уствари со левата рака прави муабет со неа додека десната му е зафатена, сега кога ја бара,а таа не сака да разговара веќе и постојано и пушта пораки, сега е вознемирување. Порано не ја вознемирувал и тоа не го оспорува фактот дека типот е педофил и што побрзо му се открие идентитетот тоа подобро за сите нејзини врснички.
ги читав и предходните муабети и потполно се согласувам, само во какви услови може да живее, чим има мобилен, чим знае дека ке ја утепаат ако каже, дека ќе ја казнат, знае како размислуваат тогаш кој ѓавол си ја бара бељата? да незнае пеким, има и такви, али чим ги знае последиците, тогаш јасен е муабетот а чим е јасен не треба да прашува, бидејки и ние сме на некој начин нејзини родители во случајов а одоворот е ист, само за разлика од тука, нема казни, нема одземање мобилен, нема тепање, држење лекции со саати, и изгубена доверба А ти зашто на никој не си кажала, зашто си се плашела од последиците така? Да потполно си во право на секој може да се случи, ама на тој што незнае и е наивен, ама тој и кажува и споделува баш од незнаење, а чим криеш тогаш знаеш дека работава е т'нка само детската љубопитност била поголема. Патем и самиот наслов на темава дава до знаење дека не се работи баш за наивно девојче, чим ја следи вина и знае дека тоа што го прави не е нормално, само незнае што да прави, иако верувам дека знае, да не знаела немало ни да му вика на дедото како се осмелува така да збори на братучеткаи и за крај мислам дека е доста да коментирам зашто мислам дека малава стварно нема попаметна работа, па си наоѓа занимација на форумов, бидејки фино знае што прави, а и не гледам некаква реакција од нејзина страна, само и да е така, она не е свесна дека истиот може да ја цека позади некоја грмушка ако си го залсужи за да си го добие, оти и тој не е на закачалка, ако му влегла чивијата на све е спремен, бидејки таквите болни умови на се се спремни, со Господ на помош, за неа и сите деца што си играат со вакви работи
Точно дека на почетокот НЕ БИЛО вознемирување,ама сега кога не му се јавува и он и прака мн пораки и и ѕвони постојано што значи тоа?? Да беше нормален човек ке сватеше и немаше да и врти. Како и да е,било што било,ја направила грешката,сега само требаше да ја исправи,а тоа само ако ИМ КАЖЕ НЕ РОДИТЕЛИТЕ. Еве гледам од вчера вечер ја нема на форумов што може да значи дека им кажала.Сигурно ке ни пише кога ке се укл.....
Леика,до некаде си во право.Ама чим викаш дека не е наивна зошто толку му верува и толку сака да збори со него??? Да не се заљубила,а?? Незнам,стварно незнам.Едно е да ни напише како е,а друго е да се знае ТОЧНО како е и што е.Јас само мислам дека тој добро СИ ПОИГРАЛ И СО НЕА И СО БРАТУЧЕТКА И,А СИГУРНО И СО ДР ДЕВОЈЧИЊА.......
Па ке му верува чим му дозволила, после лесно е да ја прелаже, видиш што убави муабети и правел, ја учел ја едуцирал, ама кога и зборел за онакви работи (ги слушала а и е срам да ги каже) е тогаш не и било малку угодно ... Море само ќутек за такво дете, али тоа е денешниот живот, дај му телефон седниго пред pc за да ќути и да не биде уназадено од другите, и после беља, па беља!
Кажи им веднаш на родителите зошто во спротивно не знаеш што те чека! Само тие можат да те спасат од ова. Подобро една казна од родителите, отколку цел живот `казна` од него да носиш. Еден ден ќе бидеш благодарна на таа казна. Ти си премногу осамена, немаш друштво, немаш со кого да зборуваш, со кого да се забавуваш, затоа си подпаднала под негово влијание. Немој, оттргни се од педофилов зошто страшно ти се пишува. Сега си премногу мала за да сфатиш колку тоа -страшно- е всушност страшно, ама еден ден се` ќе ти биде јасно колку сите ние сме биле во право. Ти посакувам тогаш да не биде прекасно, туку сето ова да ти биде само еден лош спомен. НЕМОЈ ДА СЕ ПЛАШИШ ОД РОДИТЕЛИТЕ, ТУКУ ОД НЕГО ПЛАШИ СЕ!
И јас истото ја прашав... Еве една наша комуникација, која иако беше по ЛП ќе ја споделам со вас. Мене девојчево не ми изгледа нималку наивно. Темава, како родител на малолетно дете, вистински ме вознемирува. Исчекувајќи го резултатот, по којзнае кој пат ги читам нејзините мислења... и пробувам да го дефинирам профилот на девојчево. Се надевам дека се добро ќе се заврши. Спојлер Кога би го открила идентитетот на ТОЈ , жими се јас би го пријавила. А камо среќа бројот на телефон да ни го даде, па душата да му ја извадиме. п.с. сега мм ми кажува дека и по ИП може да ја лоцираат доколку случајно некој „надлежен“ е во нашево друштво и секако е заинтеран за такво нешто
Незнам....од една страна како да знае каков е и што е,а од друга пак како да незнае ништо.Мислам дека девојчето не е доволно сигурна во себе,не верува во себе. Викаме заљубена.. Како може да го сака,а не го знае???? Јас мислам и дека се гледале,не ми се верува дека само на тел....Според нејзините мислења што ги читав мислам и дека се гледале.Братучетка и се гледала со него,а она не!??
Девојчево една недела бара савети и не презема ништо дај боже да ја сфатила ситуацијата и да кажала на нејзините. Но од нејзините коментари ја можав да сфатам дека она не знае што сака. Џабе ние колку и да и солиме памет ако она нешто си затурила во глава и по 11 страни со мислења едно исто она пак да вика абе па незнам па он е многу добар, па ова она. Што вика смајл можно е и она да се гледала со човекот ма све е можно, прво она не ни ја раскажа целата приказна ко што треба па може све да претпоставуваме, а може и се да измислила да не грешам душа. А виновни се двете страни, за све се потребни двајца ако она у сам старт ме му одговарала на повиците немало да дојде до ова, ма она и сама му се јавила. Епа и не е баш мала 14 год. и не се малце барем тв. гледа , интернет има разбира доста работи, може и му дала повод за такво нешто. Сега само ке чекаме и дај боже работата ако е вистина да се среди.
Воопшто не му верувам на девојчето незнам зошто ама мислам дека не лаже дај боже да не сум во право. Еднаш вика дека го гледала како најдобар другар блиску до умот 50год човек па го гледала како татко па и се гадело од сликата на фб ама кога ке го слушнела се било супер многу нелогичности на 1место. Зошто му го гледа профилот значи го знае и мозе да го пријави или да му се закани Дали со таткои разговара на тема секс и дали таткои би и зборувал такви перверзни работи мислам не држи вода .Страв и е на мајка и да каже а не и е страв да зборува со него .Во денешно време кога нашите деца се цел ден пред пц тие се поинформирани и од нас и не ми се верува пак ке пофторам дека не мозе да препознае педофил и дека се слушала толку време со него. И јас сум родител на малолетно девојче и не би сакала мојата керка да се најде во вакба каша која сама си ја направила дали од радозналост или од осаменост. Ај да не должам многу тоа е мое мислење мозеби грешам можеби не времето ке покаже ке се уклучи на форум и се надевам дека ке каже што направила
Јас па ќе речам дај Боже да си во право и да лаже девојчето, да не се соочува со трауми. Надежно е сепак дека ќе пише мислење во брзо време и ќе каже што сторила, веќе сметам и џабе дека е што и да пишете, ваљда после толку совети од вас и дошол паметот.
Да им кажав кога дојдоа од работа! И стварно лошо си поминав,но сепак ми олесна...Кога и кажав на мајка ми збесна,а и татко ми полуде.Не ни знаев како да кажам,но некако кажав.Мајка ми мн ми се налути,а и уште ми е лута,а и убаво ми се изнавика........ Спојлер А и стварно не се гледавме,немама потреба да лажам,но не се навредив.... Спојлер Фала ви на советите,и тоа што ме охрабривте!
Кога дојдоа од работа беа мн заморни и јас целата здрвена им викам Имам нешто да ви кажам А мајка ми и татко ми ајде кажувај,да не се скара со некој,да не направи некоја беља,и јас незнаев веке што да кажам..... И им викам зборев на телефон,а мајка ми добро де,со кој збореше,со тетка ти,баба ти,некоја другарка и јас викам незнам со кој.Мајка ми ме гледа и ми вика,како незнаеш?? И јас почнав да им кажувам,а мајка ми и татко ми ке добиеја мозочен удар и ме гледаат вака И ми викаат како си можела бе Јуле,со кој памет?? Незнаеа што да кажат веке и татко ми вика дај ми го тел кажи го бр,а јас викам дека сум го избришала (и стварно го избришамв,ама го знам на памет).Кога почна татко ми да вика,незнаев што да направам и мајка ми ми вика право во соба,да не си излегла и дај ни го телефонот.Срека што го избришав бр инаку незнам што ке беше.После 15 мин или колку беше нз точно доагаат кај мене во соба почнаа да ме распрашуваат,а јас незнаев на што попрво да одговорам и кога им кажав за некои работи дека збориме ми удри шамар.Татко ми полуде, и ми вика одма ке го пријавам,а ти ке видиш.И јас немав што да правам реков ке го кажам бр и го кажав и плус кажав за братучетка ми.Ама за моја срека беше недостапен и татко ми не збореше со него.И вечерта убаво ми се изнавикаа,хаос беше... Утредента сабајлето татко ми нервозен излага од дома и оди кај тетка ми и тетин ми и сега братучетка ми е под казна,а и не ми збори,ми се налути ! После кога си дојдов од школо дома дојде еден пријател на татко ми (полицаец е) и почна да ме распрашува,а јас кажав се неможев да кријам.После мајка ми ме казни со тоа што ми го зема тел,нема шетање,нема компјутер......Утредента татко ми виак Кој ке лажеш ти?? И јас незнаев што да кажам.Ми вика кажи како се вика и каде живее?? Јас му викам дека веке им кажав,а татко ми ми вака не ме лажи и убаво ме истепа! Е сега уште сум под казна,уште ми се лути (ама фала богу на работа е татко ми втора,а мајка ми прва смена),а јас за него ништо незнам,ни каде е ни што прави,ништо.Сега кобожемски јас сум го излажала за името и презимето,ама стварно така се вика,јас др име незнам....Па ај да видиме што ке биде,дали ке го најдат............. А мене сега ми е полесно,мн ми олесна иако имам грижа на совест... Спојлер Ете ви кажав се,мн ме охрабривте да кажам и да се спасам.И јас не лажам за ова,слободно можете да не ми верувате,јас важно си кажав и сега сум посрека.
Си можела и да им дадеш негов Фб профил, така преку адреса ќе го најдат од полиција. Се надевам дека побрзо ќе го фатат и ќе си го добие што си барал.. А ти не се секирај, ова е најдоброто што можеше да излезе од целата ситуација. :up: Се надевам ќе извлечеш поука и ќе размислуваш пред Секоја постапка што ја правиш.
Јас мислам дека не знае што сака.И понудив помош , и понудив да се слушне со мајка ми , работи со луге кои имаат проблеми значи, психички или физички малтретирани или воопшто сакаат да се доверат. Работи веќе 9 години како психолог па доколку се предомисли ... Навистина не знам во што да верувам , едно мислам еднаш, друго мислам друг пат.. едноставно.. самата си знае..
И понуди помош и не ја прифати?? Сепак браво,што си кажала и сега се што ке правиш да размислиш пред да го направиш...!
Прво, браво на храброста. Се ќе помине, и родителите ќе ти се смират и ќе им помине лутината. Ама , прочитав погоре дека си му го гледала профилот на фб, кажи им како е потпишан на фб, полесно ќе може да го најдат, а и твоите ќе се помирни. Среќно.