Paolita - све во животот е променливо и минливо, не знаеш кога ќе сретнеш некој кој ќе ти биде интересен и занимлив, било пријателка или дечко. Да те посоветувам вака, најарно најди си некои пријателки колку да има со кого да излегуваш во град, да одиш на кафе. Па така кога шеташ ќе запознаваш и други луѓе па може и дечко. Не се преоптеретувај да најдиш вистински другарки верни и не знам што, тоа го нема. Сега времето дојде такво што секој за себе си гледа. Затоа и ти гледај си за тебе, најди некои дружи се, смеј се, уживај и потполнувај си го времето. Па може и ќе се зближиш со некоја повеќе за да имаш на кого да раскажуваш за себе. Ако почниш сега со факулет животот ќе ти се смени скрос. Ќе запознаеш многу нови колеги колешки, забави, журки ехеее, тек сега ти почнува тебе најинтересниот период од животот. Само опуштисе и уживај. Коцките сами ќе се поклопат. 4rever.unique - па ти си веќе весел оптимист
Најлошо е кога си опкружен со многу луѓе а сепак се чувствуваш осамено.. Кога на никој не му е гајле за тебе и за твои чувства.. кога секој си гледа за себе а ти исто како да не постоиш...
Епа кога знаеш дека на никого не му е гајле за тебе промени нешто. Најди си некоја занимација , спорт, хоби со самото тоа ќе запознаеш многу луѓе.Не дремете по цел ден на компјутер кукајки. И не верувам дека никому не му е гајле за тебе, ако барем некому му е гајле, тоа се твоите блиски(мама,тато,бато.дада,баба,дедо,и многуууууууууу други).Самите си ги барате проблемите каде што ги нема.
Е па немај гајле не си ти само во ваква позиција. Колку пати сите сме се чувствувале така, и мене ми се случува да добијам такво чувство и покрај премногуте пријатели што ги имам. Ама не им се лутам за тоа оти секој си ја гледа својата работа, порано им замерував сега веќе не. Ако се почуствувам така одма се пуштам во некоја активност одам вежбам, трчам, се договарам за на кафе излегувам навечер, се јавувам на пријатели кои одамна не сум ги видела и така заборавам на тоа дали некој мисли за мене или не.А како што рече Далерончето барем твоите дома ти се сигурни дека мислат на тебе. Како и да е тоа е фаза која ќе ти помине.
Настрана од темата ама морам да искоментирам. Си ми пишал во инбокс и ти вратив од чиста култура а се обложувам дека не само на мене туку и на други си и пишувал. Сакам да те прашам во која смисла се чуствуваш осамен? Неможеш девојка да фатил и мислиш дека некоја ќе ти се понуди тука? прости ако грешам ама што друго би можел да бараш на женски форум. Можам да ти кажам дека пристапот ти е погрешен, девојка не се бара на форум. Ова е форум за совети, мислења, да се каже нешто, да се прочита нешто паметно а не е форум за упознавање, уште помалку форум за барање девојка.
Да бе другарка, со мали деца правиш муабет тука. Да бидеме реални, оние кои навистина пред се бараат дружење обично си бараат машки или барем не бираат, а не пак конкретно женско да бара. Не ни врти филмови тука. Мој совет ти е дека ако веќе сакаш виртуелно, ФБ ти е подобра опција за тоа.
Имам околу 30-40 пријатели,сите ме сакаат,но,секогаш кога се враќам од школо,сум на лаптопот,слушам некоја песна,имам некакво чудно чуство во душата.Мислам дека сум осамена,еднаш-двапати ќе се видеме со некоја пријателка и кога ќе и речам да дојде после една недела,одма добивам едно ,,Не,блгодарам,јас ќе одам кај оваа денес.,,Мислам,толку бев лоша на тие денови кога се гледавме што повеќе не сакаш да се гледаме?Еве,и сега го имам истото чуство... ШТО МИ Е?ПУБЕРТЕТОТ МИ ГО РУШИ ЖИВОТОТ НА ПАРЧИЊА!!!
1: Сите сме биле барем еднаш така почуствувано. Мислиш дека си отфрлена? Мислиш дека цел живот ти е безмислен? Мислиш дека светот ти се срушил над глава? Сето тоа ќе помине само кога ти ќе го дозволиш тоа. Затварањето дома, пред компјутер нема да ти помогне да излезеш од ситуацијата, туку напротив, повеќе ја влошуваш. 2: Немој никој да молиш да се дружи со тебе. Кој сака, ќе го прави тоа и без да му побараш. Не моли за внимание од некои површни "пријателќи". Тоа да ти биде на ум. Никој, никогаш не моли. 3: Наместо да плачеш и да се затвараш би можела да се потрудиш да запознаеш нови лица, нови пријателќи од твојата околина, училиште и секако без молења. Ќе ти кажам една моја случка од тие денови. Бев слична како тебе. Можеби и ситуацијата кај мене беше полоша, ама сепак тој беше проблемот. Другарќи имав но како да ги немав. Никогаш не беа со мене, секогаш кога сакав да се собереме бараа изговори. Се додека еден ден не ставив крст на нив. Ги избришав од мојот живот, ко да не постоеја! Знаеш што се случи по месец дена? Тие дојдоа на мојата врата да ми кукаат и да ме прашуваат каде сум, што правам, зошто ги одбегнувам и слични прашања. Секако, не должев многу туку им плеснав во лице се што мислам. Од тогаш сватив дека не е вредно да се нервираш за некои што глумат другарќи а не се тоа. Ќе бидам подобро сама отколку со личности кои мислите им беа само во пиење, дружење од корист. Затоа, сето тоа што мислиш дека ти го уништува животот мораш да го отстраниш. Не дозволувај ништо да влијае на твојот живот. Претпоставувам дека си во најубавите години. Не дозволувај да ти поминат во работи кои не се вредни за плачење.
Една од моите другарки додека беше слободна често одевме на кафе. Сега фати дечко, работа нема и цело слободно време го има на располагање и се нешто нема време. А и кога ќе се видиме цело време него го спомнува, ептен му го потенцира името, иако ми има признаено дека не го сака, ниту и се допаѓа како изгледа, плус мисли дека тој нема доволно пари за самостоен живот итн. Колку и да глумат луѓето дека се ок, сепак меѓу нас има многу искомплексирани личности.
Δ Не сакам да спекулирам за туѓи чувства, или да кажувам кои ти зрачат од напишаното, ама осаменост не е едно од нив.
го знам тоа чувство многу добро, уште од мали нозе немам на кого да се искажам, со моите родители не сум воопшто блиска, а на сите други што и да имам кажено кога тогаш ме имаат повредно... иако сум мажена, пак се чувствувам осамено, не знам што ќе беше доколку го немав син ми... единствено музиката е мој придружник секогаш кога сум тажна, а немам на кого да се искажам, кога немам подршка за било која работа... и така веќе се навикнав да бидам сама во се
уште од мали нозе, сфатив што значи да си сам, што значи да имаш илјада луѓе околу тебе а сепак тажен, скршен, осамен, што знам можеби проблемот е бил во мене, сум барала трошка внимание од моите родители, внимание кое воопшто и не го добив, љубов која воопшто и не ја почуствував, утеха најдов единствено во пишаниот збор, во парче хартија која ме испразнуваше, ме одсликуваше онака како што всушност и се чувствував, за еден ден да се заљубам, за прв пат да се почуствувам жива, среќна, но и ова кратко трае сите ме напуштаат не прашувајќи ме дали всушност сакам да си одат. Веќе со месеци сум осамена, со часови слушам музика, која колку ме опушта толку ме прави депресивна, но како и да е верувам дека се е период, се е прашање на време, и ова еден ден ќе помине зар не
Еве јас ке ти бидам другарка.Море мани се таму, па се крстил Zgoden decko. Алооооооооооооооооооо ова не е сајт за секси средби другрка барал жими тролов, еве ти се нудам за другрка, ама пишувај овде ќе се дружиме , а не во лп. Имаш 26 години време ти е за женење, ај оди во оние страни осамени срца, како и да се нарекуваат, може ќе најдеш некоја другарка со вештачки колк.
Сакам да кажам дека на моменти се осеќам осамено затоа што сите ти се пријатели додека им требаш. Потоа кога ќе фатат дечко готово никој не познаваат и морам јас да иницирам кафе средба. Тоа трае додека да им се јави проблем во врска, па сакаат да споделат со некој. Луѓето се се посебични. Ако сум била коректна, сум излегувала во пресрет кога требало, што е тешко да одвои некоја другарка за мене време од 1 час? Цело време некои изговори- па гости ќе дојдат, па ај за некој ден итн.