Здраво феминки. Денес прв пат се најавувам на форумот и толку поради оваа тема. Пребарував на гугл да видам дали и некој друг се чувствува осамено како мене и ми се појави темава па така и идејата да се регистрирам на сајтов. Се надевам барем вие ќе ме прифатите... Па ајде да почнам... Дали сум осамена?... Многу. И не само што се чувствувам така, туку и навистина сум. Ќе ви ја доловам мојата приказна. Имам 21 година, живеам со своите родители кои се на ратна нога цел живот и опстојуваат "заедно" само поради мене. Немам брат и сестра, што страшно многу ми го отежнува животот. Се борам сама за се. Единствено што ме држи на нозе е мојата мајка, со која сум страшно поврзана. Но таа има здравствени проблеми и цел живот живеам во страв да не ја загубам... Студент сум, но за разлика од моите врснички јас не го живеам студентскиот живот. Не учам во Скопје, а многу сакав. Се отепувам од учење за да земам стипендии, за да бидам прва во се. Сакам да успеам. Сакам да успеам за да им докажам на сите што ме газеле во животот дека можам. Понекогаш се прашувам: Што и кому ли згрешив толку ??? Навистина не сфаќам. Не сакам да зборувам за себе, но само Бог ми е сведок дека е така. За жал, почувствително створење од мене не постои. Плачам буквално за се... Не можам да се воздржам никогаш. Не знам да се карам, бидејќи веднаш почнувам да плачам. А толку сакам да им кажам на луѓето дека се злобни, дека ме повредуваат но не можам. Имам само две - три искрени другарки и тоа е се. Роднини ??? Тие ме повредиле најмногу... Тие највеќе му завидуваат на секој мој успех и се молат секојдневно да НЕ успеам. Не сфаќам зошто... Летово им подлегнав на сите тешкотии, стасав до нервно. Да, затоа што се замарав со проблеми што моите врници не ни помислиле дека постојат. Уште сега неможам да заспијам навечер бидејќи мислам како и што ќе биде утре ? А да, ќе заборавев. Ме нарекуваат дури и чудо. Бидејќи на моите години, јас не сум пробала алкохол, сум имала само една единствена врска која траеше 4 години а веќе 7 месеци е прекината. Значи освен таа врска јас не сум имала друго машко во мојот живот, бидејќи не ме исполнуваат едновечерните дружења со машки како што моите другарки прават. Се трудам да го најдам вистинскиот, се плашам што ќе одберам. Не сакам брак како на моите родители... Во моментов седам сама во соба и плачам. Од една страна си велам себе си издржи, те чека подобар живот. Но од друга, си велам за кого да издржам? Никој освен мајка ми не се радува на мене. Што имам јас во животот да се радувам? Што? ... Извинете ако бев долга, досадна со објаснувањето и жалењето... Но немам каде. Со мајка ми не разговарам за ова, бидејќи ќе ја растажам... И како грутка ми стои во градите, жалам за животот што го имам... Сакам само да бидам среќна...
Да се надеваме само дека ке дојдат подобри денови. И јас се чуствувам многу осамено по смрта на мјата најдобра другарка, но мораме да гледаме напред и да веруваме дека еден ден се ке биде во ред
Onelonelygirl Прашуваш за што да се радуваш зарем не е доволно тоа што се бориш за себе за да успееш во животот покрај цел куп проблеми што ги имаш? Грижи се за мајка ти која ти е поддршка во животот и на нивните расправии укажи им дека ти пречат или едноставно биди посебична грижи се за своето здравје и пробај да се оттргнеш од негативно опкружување. Многу верба во другарките и немај затоа што често се случува и тие да те издадат понекогаш. Тоа што те викаат чудо само поради тоа што не пиеш и не си имала друга врска освен таа една ич да не се замараш и да не те боли! затоа што е подобро така отколку да си ги имала 1001 па да те покажуваат со прст и да те нарекуваат со погрдни имиња! Тоа што не пиеш е истотака твоја работа ствар на избор и на карактер нема што да им се оправдуваш на твоите врсници имаш 21 година, немаш 15 па некој да се обидува да те наговара да пиеш,пушиш цигари и сл или да ти се потсмева зашто си таква. Не се заморувај со прашањата што ќе биде утре ако тоа ти носи неспокој и те плаши едноставно живеј го моментот.Вистинскиот ќе го препознаеш по однесувањето кон тебе, ќе дојде и тоа во вистински момент дотогаш труди се, учи и грижи се за твоето здравје затоа што тоа ти е побитно од се и секого!
Ви благодарам многу!!! Не ни очекував дека некој толку брзо би ми одговорил Fallenangel Ти благодарам за исцрпните одговори на сите мои прашања! Едноставно не сум навикната некој да одговара со трпение и разбирање на моите проблеми. Не сакам да бидам сфатена како негативец кој се жали, но само овде можев да си ја ислеснам душата... Навистина направивте да се чувствувам подобро. Ова е за мене ново искуство, се надевам дека добро ќе ми влијае и ќе можам некогаш и јас вам да ви помогнам или да споделуваме среќни моменти Имајте убава вечер.
Затоа сме тука, да си помагаме и ако не се знаеме. Мене овој форум доста ми помогна. Се надевам дека и ти ке се чуствуваш исто. Имај и ти убава вечерр и
Na tvojte godini treba da se raduvas na.zivotot.da se.smees.da.zivees.veruvam.deka ti e.mnogu tesko deka pominuvas tezok period vo.zivotot..no gledaj.da.izbegnuvas.nervozi problemi uste si.mlada pred tebe e zivotot.mn.na.drugarki poverenie nemaj nema.mn.visktinski veruvaj i edinstvenoto nesto.so ke.ostane.dokraj so.tebe e.majka.nikogas nema.da.ti.nasteti.povredi.za.rodninite voopsto da.ne.ti e gajle.sekogas ziveat drug zivot.taka.da.ni.na.pamet.da.ne.ti.pagat.i obidi se.da.se.smires.pocesto izleguvaj.druzi se.najdi si nekoja rab po doma.nekoe.xobi i stavi si vo.glavata deka ti.si najvazna od.site ..se.najubavo.
Na tvojte godini treba da se raduvas na.zivotot.da se.smees.da.zivees.veruvam.deka ti e.mnogu tesko deka pominuvas tezok period vo.zivotot..no gledaj.da.izbegnuvas.nervozi problemi uste si.mlada pred tebe e zivotot.mn.na.drugarki poverenie nemaj nema.mn.visktinski veruvaj i edinstvenoto nesto.so ke.ostane.dokraj so.tebe e.majka.nikogas nema.da.ti.nasteti.povredi.za.rodninite voopsto da.ne.ti e gajle.sekogas ziveat drug zivot.taka.da.ni.na.pamet.da.ne.ti.pagat.i obidi se.da.se.smires.pocesto izleguvaj.druzi se.najdi si nekoja rab po doma.nekoe.xobi i stavi si vo.glavata deka ti.si najvazna od.site ..se.najubavo.
Мила, најпрвин за себе ќе издржиш, а потоа и за твојата мајка. Не дозволувај да ти се мота низ глава мислата дека нема за кого да издржиш, затоа што ти си таа за која вреди да се бориш- за твоето подобро утре, а тоа секако ќе дојде. За роднините, воопшто да не се замараш дека ти завидуваат и не те сакаат. Ти учи и бори се да успееш, а кога ќе дојде ден тие самите ќе дојдат да бараат помош од тебе, ама тогаш ти си знаеш како со нив. Велиш дека имаш две-три другарки, излегувај со нив почесто, така ќе можеш колку-толку да заборавиш на проблемите и да се опуштиш, а можеби и ќе запознаеш некој кој ќе те сака и ќе ти биде поддршка. Оние кои те сметаат за чудак, како не им текнало да кажат дека си чудо што имаш успех на факултет, што успеа да земеш стипендија, па зборат дека си чудо што не пиеш. Нека не допира до тебе тоа што тие го зборуваат и најдобра во се да си тие пак ќе најдат нешто што ним не им чини.
Бескрајно сум ви благодарна на сите!!! Стварно немам зборови да опишам колку подобро се чувствувам. Никогаш не сум била научена некој да посветува толку внимание на мене. Фала ви премногу!!! Длабоко во себе знам дека треба да продолжам напред со исправена глава, но вака кога некој ќе ти пружи поддршка е многу полесно. Знам дека овде сите си помагаат едни со други и дека јас премногу лично си го сфатив ова како да сите се овде мене да ми помогнат, но не ми замерувајте не сум себична само си допуштив малку да се разгалам и јас Уште од сега знам дека ќе уживам во времето поминато овде со вас!
Остани борбена како што си. Постави си цел и не се откажувај. Ти мудро чекориш низ животот и затоа ти се љубоморни. Не покажувај слабост пред нив, никако. Терај си по твое. И моите другарки кои мислеа дека се фраерки затоа што пушат цигари и дека се многу изживеани подалеку од Скопје и Охрид не отидоа во животот. Таквите што викаат од кол на колќе се наденат и ќе се чудат што ги снашло. Во животот треба промислено да се донесуваат одлуки. Сите грешки на крај човек си ги плаќа.
Од време на време се чувтвувам осамено. И тоа е затоа што се оддалечувам од луѓето. И сметам дека тоа е во ред, понекогаш да се почувствувам осамено. Ама најлошо е кога сум опкружена со луѓе, а осамена, неколку пати ми било така и не сакам никогаш повеќе да се почувствувам така.
Си се почувствувала и ќе се почувствуваш и натаму понекогаш, без разлика со колку луѓе си опкружена. Животот врви каков таков, никаков, само верувај во себе.
Се чуствувам многу осамено посебно денеска . Се разочарав од една особа што ми значеше многу. Неверував дека постојат луге кои немаат срце но за жал постојат.
Осамено се чувствувам да...Немам ни желба, ни волја, ни визија за ништо..недостапна сум за сите..После невозможна љубов,се оттргнав од се..се затворив дома..не контактирам со никој,до ништо не ми е дојдено.. Времето,деновите брзо си поминуваат..поминаа неколку месеци така.... А иначе сум борбена,ентузијастична..но сега..во многу лоша состојба.. Откако решив да прекинам да се гледам со него( веќе пишував за тоа во друга тема,тој е од друга вера,и верен ),дојдов до оваа ситуација...Не сум ни мала ни глупава,сум имала и други машки пред него,но никогаш го немав истото што го имав со него Знаев дека ќе ме боли,но не мислев до олку..Го сакам премногу, душата ме боли.. Постојано со солзи,и мислам на него... Чаре?
лелее душичкее како јас да сум го пишувала ова..потполно се пронајдов во текстов е скрос како за мене..се надевам активна си на форумов,би сакала да пишуваме,најдобро се разбираат личности што поминале низ истото
се чуствувам толку осамена што искрено се плашам...ги имам моите дома кои што не се во најдобри односи сестра ми која и она ради сите проблемии се затвори во себе..другарки пххх таман ке најдам некоја ке речам се е ок конечно нормален човек и ете оп нешто ке ме повреди..трпам трпам во себе за се гледам да не повредам некого да не растажам а никој уво не го боли мене како ми е ..пишувам по форумов за да си ја олеснам душата и ете и овде ке се најде некоја која ке те осудува бог да чува.. го живеам животов толку механички ужасно го живеам само ради тоа што веке постојам и морам да го живеам ,живеам само ради моите..веке незнам ни како да се искажам
Имам решение за вас. Ви треба некој тип, ама да го врзете со топло-ладно. Ко демек му се пушташ, можда малце да го смуваш, иако идеално да биде асексуален односот. Не го давај целото јаболко, за да сака гриз повеќе - викаат старите. Откако ќе го смуваш, намести го да се осеќа виновен дека те искористил. Ќе му кажеш си била пијана, или дека скоро си раскинала и не знаеш што сакаш. Не сакаш да завршиш повредена. Ама он ти значи. Преќутно ја и ти знаеме дека не е така, ама оди со приказната Е сеа, откако ќе го врзеш емоционално, твој е. Можеш пр. да го викаш сабајле на кафе до кај тебе или каде сакаш, и да му збориш за се што те мачи, и да го парафразираш разговорот да звучи како да бараш совети од него и како он ти помага / ти влијае. Во реалност не мораш да го следиш неговиот совет, туку доволно е меѓу редови да те ислушува и ќе ти биде многу подобро. Секој просечна и над-просечна жена може така да си врзе бар еден послаб психолошки тип. Немој да мислиш дека правиш лошо или дека го искористуваш, бидејќи и двајцата си правите услуга. Ти се средуваш психолошки да имаш некој покрај тебе и не си осамена, а он комуницира со девојка. Обично можеш да ги препознаеш таквите машки по тоа што се прават дека многу знаат за пи**и и дека се неврзливи, сакаат пиење и дување, живот над границите, а уствари имаат мн слабо его и можете лесно да ги врзувате. Врзувањето се случува бидејќи имаат слабо его, така да многу се инвестираат во односот со жена. Заради тоа во главно луѓе се дрогираат - внимание и пристап до жени. А откако ќе се инвестира во тебе, го имаш воланот. Peace!
Ова е само мое мислење според што осекам (било кој може да е у право): -Топло-Ладно не е баш најсоодветен опис дека повекето претеруваат со ладно после топлото а тоа филтрира за неинвестираност (тие што веке се заинтересирани ако имаат правило/проблем со покажување слабост ке се напнат и ке ги снема од ситуацијата) -аха да намести да се осека виновен ако сакаш да се напне и да го снема -тоа со помагање и да ти решава проблеми машкото е мокно (пак доколку не се претера )
„Целиот пекол е содржан во овој збор - осаменост.“ - Виктор Иго Феминки со толку милијарди луге на планетава не дозволувајте да бидете осамени... Завртете се околу Вас и сигурно ќе најдете некоја сродна душа со која ќе си ги споделите размислувањата, тајните, смеата!!!