С.О.С Без другарки и дечко. Никој доволно близок за да се исплачам, ама кога ќе пробам на "најдобрата" другарка да и се отворам се праи паметна.. Со неа цело време се караме затоа шо секоаш мора да е у право. Тој шо ми се свиѓаше почнувам да го сакам, ама тој си игра игри мува други и не ме ебе 2% освен кога ќе му се присака. Од толку шо сум осамена и депресивна си смислувам луди идеи како: тој мене многу ме свиѓа, ама се мува со други пошо не му возвратив на чуствата коа требаше, али тој сиг не ги сака/свиѓа да му помине време и да ме праи љубоморна тој го праи тоа... Не бе тој е добар озб му значам. Кога ќе ми пише скокам, на сите "другари/ки" им кажувам сите ги прашувам за совети и верувам само на убавите совети.. Како да си го врежам во глава тоа дека немам другари/ки тие шо мисалм дека ми се не се тие се само д од друштво, немам доверба во нив ни тие во мене, гореспоменатата најдобра одамна неа ама уште ај викам така и пробувам да го спасам тоа шо останало малце од другарстово... Како да најдам некој на кој ќе му значам..?! А и колку и да засвиѓам некој, пак секогаш се враќам на бившиот...
Доколку има некој што ти се допаѓа, а не те е*е 2% не разбирам зошто се заљубуваш во него, едноставно крени глава и барај некој друг што ќе ти обрнува повеќе внимание, сама си се ставаш во ваква ситуација. Истото важи и за другарка ти, ако се прави паметна не и се доверувај и не ја сметај за блиска, сигурно имаш и други кои би те ислушале. Не запаѓај во тој круг, ако едноставно не наоѓаш на внимание и доверливост барај ги на друго место.
не е дека не ме ебе 2% туку сака игрички а за друагрката од мали се дружиме и многу ја сакам како сестра ми е
Застани за момент, земи здив и прегледај ги сите личности што постојат во твојот живот. Уверен сум дека меѓу нив ќе најдеш такви кои можда се’ би дале да се зближат со тебе, но не добиле прилика. Истовремено, можда и на некој момак си му западнала потајно во око, м? Истовремено, зошто да си врежуваш во глава мисли од типот на тоа дека никој/а не ти е другар/ка? Мислам, од една страна велиш дека сакаш да излезеш од ситуацијава, според тоа шо го пишуваш, а од друга, би ископала уште подлабока дупка со такви ставови. Од ова сигурно полза не видуваш.
Не дозволувај си на себе да зависиш од другите. Немој да дозволуваш твојата среќа да зависи од тоа дали тој ќе ти пише или како ќе реагира твојата другарка кога ќе посакаш да и се довериш. Ти самата го креираш сопствениот живот, самата одлучуваш кои луѓе ќе ги пуштиш во него, кои извори на среќа ќе ги посетуваш најчесто, кои грешки ќе ги направиш и на кои нешта најмногу ќе се гордееш. Ти бираш дали ќе играш игрички, или искрено и сериозно ќе постапуваш. Ти бираш како ќе се однесуваш. Ти бираш дали ќе бидеш дрска или љубезна, топла или ладна, со добри или со зли мисли. Запомни дека никој тоа не може да ги го одземе, и дека ти ги бираш личностите во твојот живот, а не тие тебе. Токму затоа имаш право да отпишеш некого кој сметаш дека ти се прави паметен, не те сфаќа, те прави будала, не те сака и слично. Токму затоа имаш право својата среќа да си ја направиш приоритетна во животот. Како делува самотијата, е индивидуално нешто, но стравот од неа е бесмислен. Понекогаш е прекрасно да си сам, да одмориш и од добрите и од лошите луѓе, да му се посветиш на некое хоби, и едноставно да не се оптоваруваш со нешта кои што навистина имаат минимална важност. Научи да се љубиш себеси, научи да се слушаш себеси, ослободи се од стравовите кои те кочат во животот и искористи го максимално.
И јас сум осамена .На моите 18години немам ни друштво ,ни другарка . Ми фали другарка со која ке можам да споделам се на душа .Осамено седам по дома и ништо не правам .Ме зафаќа депресија , а весела личност сум .Имам другарки од школо со кои не се согласувам, а други немам ...
Моментално е душо. Дај си кураж малку и не седи дома. Јас честопати сама излегувам и никој не ми треба па се чувствувам исполнето од сето опкружување.Море и по кафичи си седнувам сама ништо не е чудно во денешно време.
Со другарката сега е се во ред а за други момци ги има многу на кои што им с едопаѓам ама за мене само 1 постои...
Осаменоста станува болест на современото живеење. Пријателите на моменти ептен ги има, па после со денови и недели ги нема. ЕЕЕ не знам што да се прави.
Се чуствувам многу осамено :'( Немам ни другарки со кои можам да споделам се седам само дома и ништо не правам само на лаптоп и ништо, мене никој не ме сака глупа сум проста сите како да ме одбегнуваат сакам да се сменам но не знам како сите прв пат што ке ме видат викаат само срамежлива си многу си повлечена :'( Имам 18 годинии а уште немам дечко дури ни никој до сега не ми има речено за на кафе или слично ... незнам да се разположам многу сум срамежлива
И јас бев таква до 18 години сега сум сосема различен човек. Излегувај онаму каде што никогаш не си одела барај секогаш нешто ново нови луѓе така ќе се опуштиш нема да имаш срам. И јас постојано се движев само на исти места и само со оние што ги знаев па неможев да сменам мислење. Исто и читањето книги многу ми помогна. Не се замарај воопшто со тоа што немаш дечко вложи малку во изгледот да видиш како работите ќе се сменат кога ќе станиш послободна.
Не верувам дека си глупа или проста од едноставна причина што глупите и простите луѓе најчесто мислат дека се генијални и дека знаат све, никогаш не би се идентификувале себе си како глупи, очи ќе ископаат некому ако ги нарече така.
Не биди глупава (извини на израз), ама верувај ми подобро си сама отколку со другарките што се од корист. А за дечкото, ако си дома, па каде ќе најдеш дечко? туку ИЗЛЕГУВАЈ на кафе, да бе сама.. кога ќе си седиш, ќе пиеш кафе, ќе се смееш малце, дечкото ќе ти пројде, ќе ти прави друштво.. (имав таква ситуација, хихихи) ВЕРУВАЈ СИ ВО СЕБЕ. и нема потреба од страм. уств ако ти треба уште, пиши на лп.
Јас дури и кога чекам некого за на кафе, пред кафичот ќе дремам, ќе смрзнам ама сама да седнам срам ми е. Блазе си ти. Јас се си мислам, леле ќе ме гледаат од страна, машките посебно.
Мила нема верувај, тоа е нормално во денешно време. Никој нема да те гледа, а некој и да те гледа ќе те гледа со симпатија, верувај и на стара кокошка.
Sekogash koga ke se pocuvstvuvam osameno se prasuvam kade sum pogresila sto nemozam so nikogo da pomuabetam kako sto treba... Znaci vaka drugarka imam edna onaka za najdobra ja smetam i ne ucime zaedno,e sega vo klasot ama bash so nikogo ne se druzam samo komuniciram so nekolku koga kako.Neznam sto e problemot zosto sum odbivna neznam kade gresam voopsto,koga pravat muabet povekje deca sakam i jas da se vklopm i se trudam ama nemozam,nz kako da prijdam.Site se druzat megjusebno a jas sum kako izrod ednostavno ne mi se odi vo skolo poradi ovaa rabota,i bash mi e krivo sto e vaka a mnogu sakam da se druzam. Morav da se ispraznam malce Izvinete nemam mk podrshka...
Здраво феминки. Денес прв пат се најавувам на форумот и токму поради оваа тема. Пребарував на гугл да видам дали и некој друг се чувствува осамено како мене и ми се појави темава па така и идејата да се регистрирам на сајтов. Се надевам дека ќе одвоите малку време за мене и сакам искрено да ми помогнете оти нема со кого да споделам.. Најпрво имам 22 год и премногу сумосамена и разочарана од животот. Немам другарки , седам по цел ден пред компјутер нема со кого кафе да пијам да ми помине некако денот.. апсолутно ништо не правам, не знам што е проблемот зошто сум одбивна на сите.. Студент сум немам никаков студентски живот ништо не ми се дешава , имам дечко но во последно време сум ептен во лоши односи и не знам до каде ќе оди и до кога. Сестра имам поголема што дури и таа не сака да ме дружи. Постојано се кара со мене и ме навредува.. Не сфакам па можеби нешто ми фали затоа не можам со никој да се вклопам. Таа другарка една што ја сметав за другарка еднаш ми рече како сакаш да те дружиме кога не пиеш и пушиш цигари со нас. Како сакаш интересно да ти биде и муабетот да ти врви... не знам што да правам како да се сменам што треба да направам? Ми се иди да се исплачам на цел глас и да ме снема од овој свет....... некој совет ќе ми биде навистина добродојден, фала на сите се надевам не бев досадна со мојот пост
Па токму поради тоа и не ти оди ништо како што имаш напишано едно мислење. Зашто ти си имаш внесено во главата толку лошо мислење за себе дека ништо не ти оди и дека никој не те сака, на сите си им одбивна... и баш поради тоа ти се тргаш од луѓето, се градиш и ставаш ѕид околу тебе и не ни даваш никој да ти се доближи. Биди малку позитивна, биди весела, насмеана.... такви луѓе на секој му се потребни. Кога ке одиш на факс, седни до некоја колешка што ти изгледа симпатично, започни разговор, ете прашај ја нешто за предметот, па после развијте некоја друга тема,. Седни гледај филм со сестра ти, прашај ја да излезете на кафе, прошетајте малку. Ако не ти оди со дечкото, раскини му и започни си сама живот, Нека не ти состава нервози. Не ме сфаќај погрешно, не ти мислам ништо лошо. Но мора сама да се сакаш за да те сакаат други