Тие ќе бидат среќни ако си ти среќна. За твојата иднина и што ти сакаш понатаму во која насока да се движиш треба сама да одлучиш. Што ако ги послушаш нив и завршиш тоа, би го работела во иднина? Се гледаш себе си во тоа поле? Размисли добро, сепак иднината ти е во прашање.
Драги членки, морам да споделам со некого, не знам со кој па мислам дека тука е вистинското место. Имам 27 години и една година сум во брак, имаме и 5 месечно синче. Проблемот е што цело време се чувствувам осамено, секој трет ден се караме со партнерот, мислам дека откако почнавме за живееме заедно се разочаравме еден од друг. Не знам со кого да споделам дека многу често се чувствувам осамена, не сакам да и кажам на мајка ми пошто ќе се нервира, на другарки не ми се кажува пошто не сум особа која што сака да покаже слабост. Можеби и тоа е проблемот, што цел живот морав да сум силна, моите се разведоа кога имав 13 години, живеевме со мајка ми во сиромаштија, некако си имав замислено дека кога ќе се омажам нема да има потреба толку да се борам, дека сите препреки ќе ги совладуваме заедно и дека се ќе биде полесно. Инаку со партнерот бевме 10 години во врска, значи стапувањето во брак беше логичен следен чекор, а не прибежиште. Сега имам впечаток дека пак сама ги водам сите битки, тој си продолжи со истиот начин на живот како пред да се земеме, додека мене ми се смени за 180степени. Сега се чувствувам поосамено од било кога, единствена радост и утеха ми е синот. Не знам како да го надминат тоа неубаво чувство, можеби е само периот, а можеби и не. Како и да е, неподносливо е, поголемиот дел од времето сум нерасположена, мислам дека ќе паднам во депресија, живеам во страв дека партнерот ќе најде друга и ќе се разведеме, тоа ми е најголемиот страв бидејќи не сакам моето дете да расте како што растев јас. Дали има некоја со слично искуство или совет како да го надминам овој период?
Брак и врска најчесто се два различни животи. Во Мк владее таа недоделкана историја (не секаде и секогаш морам да кажам) каде жена и работи и е домаќинка и е мајка а мажот е уморен од работа. Како да не де осеќаш осамена!? Чекај, а има некоја што живее таков живот а не се осеќа осамено!? Земи да си поразговараш со сопругот, да му кажеш кај му е местото. Мајка му и жена му се две различни особи.
Минатата година изненадно ми раскина дечкото со кој за еден месец требаше да правиме веридба. Се разочарав скроз, ослабнев многу, и по 5 месеца бев во „врска“ 1 месец. Но не одеше, чоекот беше тешка психа сум пишувала во темите. Работата е што немам ниту другарки или кога со тие стари пријателки излеземе и сте се на мобилните. Чувствувам, осаменост,неисполнетост,тага,самотија. Нема нешто што ме исполнува. Празнина. Не сум среќна. Мал град е местото во кое живеам, повеќето млади се излезени надвор од градов и Мк. Нема атмосфера. Дипломирав, но работам сосема трета работа. Jas sum 23 g. ne e ni bitno mnogu toa. Не е тоа тоа. Не знам до кога и до каде вака. На работа сме малку колеги кои се чудат како да ти најдат грешка и да те казнат. Стресно време. Идиот,лицемери насекаде. Нема спас за мене, сама не можам да најдам не друг да ми најде.Ама ете овде ми е полесно кога се искажам,на форумов :/
Поосамена нема од мене. Студирам во Софија и сум тотално разочарана, не ми се бендиса некако, неможам работа да најдам, немам колешки, стигнав дури до луге што зборат против мк. Многу сакам совет, сакам да се иселам од тука. @SunnyGirl2 од кај си? Многу ми треба совети, исто се осеќам како тебе, пробај запознавај нови луге, јас ја немам таа можност
Некако можеш ли да најдеш во ск работа? Мене ми е уште потешко, во пет пати поголем град од ск, но неможам да се снајдам
Ова ти е во моментов фаза која ја поминуваш и нажалост уште го немаш преболено тој човек. Мораш да останеш силна и да не се предаваш. Него те читам и ти пишуваш дека човекот бил тешка психа но дека тој ти раскинал а не ти него, тоа значи дека ти си го трпела таков каков што е. Треба да поработиш малку на тоа поле и да не дозволуваш да трпиш сè и сешто. На работа светот е таков, прифати го тоа, светот на работа се состои во генерала од морони и љубоморни луѓе и по некој бисер. А тоа е додуша и во реалниот живот така, ама тоа е друга тема. Мој совет би ти било да почнеш да читаш книги, да вежбаш и да го посветуваш времето на работи кои ќе ти го одвлечат вниманието од ова. Искрено и тоа нема да помогне којзнае колку но помага, донекаде.
ми раскина тој што одев 5 години, а овој од 1 месец реков крај, па почнаа закани и така некако се оддалечив и за чудо фати девојка, ќе ме газеше со авотмобил едне период. Немам коментари. Предлог книги или вежби?
Ќе си одиш во теретана (ако има теретана) и ем ќе вежбаш, ем ќе го поминуваш времето со луѓе. Можеби таму и ќе запознаеш нови луѓе односно нови пријатели. А дали ти ја започна врската со овој со кој си одела еден месец веднаш откако овој долгогодишниот дечко ти раскина или? И што беше причината, зошто ти раскина дечкото со кој си одела пет години, ако не е тајна? Ако е тајна, ќе сфатам...
При вакви периоди многу ќе ви помогне и разговор со психолог. Може не сакате да ги замарате блиските со вашите проблеми, ама затоа од психолог ќе добиете и сослушување и совет.
Ова е исто така корисно и нема тука ништо лошо или пак срамотно, иако нашето општество тендира да го прикаже тоа како срамотно зошто се виновни стереотипите. На крај крајава подобро е да се отиде на лекар и да се разговара со некое стручно лице отколку да се остави проблемот да тлее и на крајот да се прелее чашата и да резултира со работи кои никој не би ги посакал...
Сеуште не знам- само беше раскинување на фб дека не можеме да сме заедно, не сме личеле ко пар и исчезна едноставно и од фб и секаде сега има девојка т.е. која не е од Мк, и ја донесе овде кај него. Видов со другари слика. А тој другиот он почна а и морав некако - животов не застанува си реков тој ако раскинал че се обидам понатаму .. и така лош правец.
Кој слабак човече, раскинување по фацебук... Во ред ти е размислувањето, треба да се продолжи напред, но мораш и да направиш пауза, да се средиш па после тоа да продолжиш понатаму. Не одма. Сега ти препорачувам да се средиш малце, одмори, посветувај си го времето на себе повеќе и самата ќе знаеш кога е време да продолжиш понатаму. Ако не можеш сама да го совладаш ова, посети си и лекар, членката погоре убаво кажа дека тоа исто така помага, не гледај на тоа негативно.
многу пати сме разговарале, секогаш разговорот завршува со кавга и со неговото "па само твоето ли е работа и јас се трудам и јас работам", а неговата работа е да го фрли ѓубрето. На крајот секогаш сум јас таа што цело време само мрчи за се нешто, се нешто не ми е погодено, а како да ми биде кога сум со хронична главоболка, ненаспана, себеси се ставам на последно место и тоа не ми е проблем бидејќи по природа сум личност која се ќе направи за фамилијата но мислам дека заслужувам разбирање, поддршка и емотивна и секаква. Нема жена што не заслужува внимание од време на време, а не да се осеќа како слугинка и крава која треба да роди дете, да готви, да пере и да ќути. Кога бевме во врска бевме скроз различни, авантуристи, позитивни сега ништо од тоа
Периодично и јас се чувствував\м осамено ... Но ке си легнам ке преспијам и другиот ден е подобро... Не земајте си све при срце ....
Епа можеби е редно време да почнеш да го ставаш на прво место само своето дете па после мажот ти и другите работи, па ако има малку доза совест преостанато во него ќе се запраша зошто така правиш. Иако ти кажувам најискрено, јас не сум во брак и не знам како изгледа животот во брак па и со дете, но те читам вака и гледам бараш да ти се помогне со совет, па моето мислење е дека треба вака да постапиш. Сега ако некој мисли дека сум грешка нека каже слободно зошто сум грешка...
Јас да сум на твое место отворено би разговарала со мажот и би му кажала за тоа како се чуствувам,за да можеме заеднички да најдеме решение за проблемот и сестра ми на почетокот имаше проблем како твојот но како ќе расте вашето дете така ќе имате повеќе време за вас и тоа е само преодна фаза, ќе се реши, не грижи се.