Мораш сама малце во главата да веруваш во себе и да мислисш позитивно.Сепак си млада и не треба да се разочаруваш...
Лелееее луѓее значи сите на работа на факс излезени се негде јас дома ќе жмиам несмеам да излагам на дожд ќе пукнам во 4ѕида несмеам патики да облекувам правев операција на прст кај цело лето не бев излезенљ сега пак ауууф неможааам
Кога останувате сами, вие сте тие кои одлучувате дали ќе уживате во самотијата или ќе се чувствувате осамено. Промена на мајндсетот е најважна. Лошото е што промените не ги прифаќаме и тапкаме во место, наместо да најдеме исполнетост во еден тон други нешта. @Maria9891 Проблемите и оддалеченоста со сопругот ќе се решат, не се грижи на празно, туку земи ги работите во свои раце, биди компромисна, зашто мажите изгледа се поголемите инаетчии, а жените се попаметни за да разберат дека со инает ништо не бидува. Излезете со мажот и детето, подобри го односот со него, ништо не е нерешливо. Мораш да ги промени ги видиците, ако си осамена не значи дека си сама. Твоите очекувања за брак разбирливо биле поинакви од сегашните исходи, но за тоа ти сама си виновна. Очекувањата, (било какви - позитивни или негативни) носат разочарувања. Не си требала и не треба сеуште да гледаш со розеви очила. Се борам со периодична депресија, неколку месеци сум во ред, па ќе ме погоди нешто, ќе се повлечам во себе и ете ја пак.. Од мое искуство, според последниве година-две, најважно е да го детектираш проблемот што прави да се чувствуваш така и да превземеш нешто за да го поправиш, колку што е во твоја можност. Таа пуста депресија ја избегнувам успешно, или минува поблаго така што кога ќе се освестам дека имам непродуктивни и повторувачки мисли во глава, веднаш барам мала ситница која ќе ми го промени секојдневието и ќе ме направи среќна. И да, луѓето околу нас бескрајно не исполнуваат и најсурово не повредуваат, па затоа научив дека е лошо кога се потпирам премногу на луѓето, да не ги сфаќам нивните одлуки и постапки лично или премногу сериозно, затоа што тие не се свесни дека некој збор, за нив секојдневен, за нас значи нож во грб. Гледајте да створите навика со партнерот да не се расправате пред детето, иако е уште мало, остави го малку да олади ако е избувлив, можеби има некаков проблем за кој не сака да дискутира со тебе па се обидува да го реши.. Избегнувај антидепресиви, кога еднаш ќе се навлечеш-толку е. Ти посакувам се најубаво, се надевам дека за кратко време ќе се среди се и повторно ќе си бидете среќни и авантуристични.
@SunnyGirl2 и јас кога се вратив од факс се чуствував вака осамено. Ама мислам дека ги запишав сите можни курсеви во мојот мал град. Запознав куп луѓе. Да можеби не ми останаа пријатели за долго време, но верувај моментално мозокот ти го носат на едно друго место. Во било каква организација која се бараше доброволци во градот, секаде бев. На места на кои никогаш не сум посакувала да бидам, во тој период бев дел. Сите поминуваме во некои down периоди, дали заради разделба, дали заради болка или болест, ама најважно е што помалку да останеме таму и побрзо да се издигнеме. Ти посакувам среќа и побрзо да најдеш нова инспирација и мотивација во животот
Колку и да кријам и јас сум многу осамена.Немам другарки освен една која што се вери, спрема свадба и ќе се селат.Некако ќе држиме контакт, но нема да е тоа тоа. Школските од основно и средно не ме сакаа.Им бев грда, гадна, ме навредуваа и понижуваа.Сакам да имам другарки, но не беше ова мојот избор, колку и да викаме дека не зависи од нас дали сме осамени не е баш така, неможе секогаш да е по наше. Имам дечко но и тој си има друштво, не е тоа тоа.Сакам другарка на која што можам да и се искажам, да пиеме кафе, да одиме на одмор, на шопинг, на кино, на гости, на ручек, на маникири, пијачки, и диска. Дечко ми има другари, имаше другарки што му збореа против мене кај ме нашол, пробаа да му местат друга, ама ги откачи.Некогаш знае да излезе со другарите но него му е поинаку. Сум пробала да се вклопам во школо, сум била кај психологот, но секогаш иако сум добивала совет децата ми викаа-ај не замарај, и што и да направев јас бев виновна. Сега кога тоа е минато мора напред да се гледа, не се замарајте за никого затоа што никој и за нас не се замара, бидете свои, некој па има другарки ама други работи нема во животот.
Во принцип осаменоста ми годеше. Постоеја периоди кога сите излегуваа, а јас седев дома ,најмногу од финансиски причини, а подоцна и од анксиозноста. Некаков спас и утеа најдов во книгит , многу читвав дури и премногу( го оштетив видот). Во принцип сум дружељубива личност, што секогаш гледам да угодам на некого. Кога почнав да работам се се смени и колеги и обврски...можеби звучи чудно не го сакав слободниот ден. Се се смени кога станав мајка. Сега мислам дека сум најосамената личност...Немам ама баш никого со кого да поразговарам. Имам другарка но и таа откако остана бремена, се нешто и се лоши па не можела да зборува, сега има дете пак не може да зборува.. а јас за секого ослободувам време, за мене никој. Комшивките тукакога немаат со кого , тогаш ме бараат. се чувствувам искористено, но пореди детето прифаќам да се дружиме, и тоа да не е осамено. Иако реално и таа е како мене-многу дружељубива, но децата некако сите имаат свое другарче и тоа другото кога го нема со неа си играат. Навечер е најтешко. Се мислам да се обратама на психијатар... иако знам дека го очекувам она што јас би го направила и другите да го направат, па оттука всушност е и разочарувањето и осаменоста
Јас искрено мислам дека си херој, зошто детето го ставаш и пред себе, тоа е вредно за почит. Не кажа за сопругот, он не е ли тука за тебе? Се надевам не се мешам со ова, сакам да помогнам. Детето и мажот можат да ти бидат најдобри пријатели кои ти мислат најдобро, наместо оние што ќе доаѓаат да ти ги гледаат завесите или да ти ги бројат цигарите (верувај, има такви). Пријателство мислам најмногу се стекнува дури човекот учи основно, средно и факултет, тие пријателства остануваат и траат, но сепак кога еднаш обврските ќе настапат на сцена, секој тргнува по свој пат. Имај трпение.
[QUOTE="Maria9891, post: 3597872, member: 121205" Нема жена што не заслужува внимание од време на време, а не да се осеќа како слугинка и крава која треба да роди дете, да готви, да пере и да ќути. Кога бевме во врска бевме скроз различни, авантуристи, позитивни сега ништо од тоа[/QUOTE] Како ќе се поставиш како жена така ќе т етретираат. И ние во врска бевме авантуристи во брак он си се залегна и јас со него па со тоа и по бременоста дојдоа повеќе кг. Се нервирав/се прејадував и еден ден ми текна ќекај ова е мој живот мој правила на игра. Околу 2години скоро започнав проект кој е по моја мерка(не целосно дека е тимски па има и други луѓе/карактери/расправии ама со тек на време ќе се среди се) почнав да планинарам, тоа што цел живот ми лежеше на срце. Да видиш како дома се направи ред и од фрлање ѓубре знаел и дете да гледа(сега не ко жена,татковски). Воведи промени, знај што сакаш и постигни го тоа на твој начин. Усеќисе самата. Сите жени грешиме што во брак очекуваме мм да не усреќата па испаѓа само ние мрчиме а тие си бегаат од нас надвор со другари. Смени нешто и да пишеш како си.
Со маж ми...долга приказна е. Оваа осаменост мислам дека најмногу од него и потекнува. Ако јас зборувам, ќе има конверзација, ако си молчам ,ќе си молчи и тој. Воглавно конверзацијата ни е јас прашувам, тој кратко одговара, јас пак потпрашувам тој пак одг и така во недоглед. Се трудам барем да ја одржам. А за пријателствата, таа горе спомената другарка ми е од основно, од 1 одд сме заедно. Но зборот ми беше секогаш имам време за неа, за сите го одвојувам, а за мене сите се немаат време сите имаат некои обврски,додека нешто не им затреба. А детето секогаш ми е на прво место,можебитоа понекогаш е и погрешно, но друг избор немам...како што ти реков долга приказна
Секое човечко битие преживува моменти на осаменост. Тоа е сосема нормало, посебно кога се јавува за време раскинување, развод, смрт на блиска личност, преселување во друга држава и тако далје. Јас на осаменост гледам како на најверна пријателка, секогаш е добредојдена. Уживам во нејзиното друштво, во тишината. Што порано си замине, тоа подобро. Тоа се тие моменти кога можам да се исплачам, ако ми е до плачење, да се чувствувам безнадежно, очајно, безвредно, и гордо да ја испратам до следното наше видување.
Алал да ти е како траеш таква комуникација, мене би ме втерала во ќор сокак. Машките знаат да бидат понекогаш такви, самодоволни и буквалисти. Јас научив дека ако сакам да добијам се, морам од себе да дадам се. Ова важи и за комуникација. Некогаш знаеме и да се препираме за тоа конкретно иако ретко. Многу се зафркаваме и смееме. Пробај и ти така, да си пронајдеш смисла за хумор со сопругот. Оние кои ни мислат најдобро се родителите, сопругот и децата. Сигурно е само период кај тебе и сакаш да кренеш раце од се. Немој! Ќе биде подобро, ништо не е конечно, па ни безизлезните ситуации.
сите што сте осамени уживајте додека сте сами понекогаш толку многу сакам сама да сум и да си ја одморам главата од непотребни туѓи мислења,комантари исл..ве позз ♥♥♥
@No Makeup како издржуваш во таква врска со сопругот? Случајно да не се бавите со некој посериозен проблем, мислам, да не има нешто што го мачи и му ја зема волјата за живот, разговарање? Најчесто при длабока и долготрајна тага некое луѓе се однесуваат вака према саканите. Ако не бил секогаш таков дај му малку време, биди повеќе физичка кон него, додека гледате телевизија стуткај се во него и нешто слично. Ако секогаш бил таков... Секоја чест како издржуваш. Во врска со пријатели и немам што да ти кажам, сем можеби си размислила да ги рашириш твоите погледи? И на крај за детето. Супер е да го сакаш детето, да ти биди приоритет, но родители кои немаат многу пријатели, тие кои немаат работа па се посветуваат максимално на детето (без разлика која е твојата ситуација) - логично е и да имаат кризи кога детето се обидува да се осамостои. Замисли 18-25 години е дома, и наеднаш вика чао, а ти си се навикнала да правиш се за него. Тоа е шок за секој родител, а најмногу за тој кој го наместил својот свет околу детето. Мој совет е најди си одредено хоби, летно време ако е доволно големко детето сигурно го носиш и во парк. Додека си играат децата можеш да разговараш со одредени родители. Ако и децата се засакаат ќе имате причина да се гледате, за децата да играат повеќе. Има различни едукативни настани на кои можеш да учествуваш, предавања кои зафаќаат максимум два часа од денот во кој можи сопругот да го причува детето и слично, некои предавања доаѓаат со паузи во кои можеш да разговараш со некој и да стекнеш ново пријателство. Посвети си време на себе и насочи се кон барање барем еден пријател, еден е сосема доволно, а ни еден е премногу малку. Се најдобро!
Не не од секогаш ваков, поради проблеми со свекрва ми се смени. Иако е се негова кривица, за кое знае и е свесен , не признава , и вака бега од стварноста со молчење. ВО кавга дури ми кажува дека ме мрази го пцуе денот кога се оженил итн, не е за тука за др тема е. Сила не знам од каде наоѓам, најверојатно за детето. Знам дека не е добро светот да ми се врти околу него, но немам избор, нема кој да ми го чува за да се посветам за мене. Единствен момент мој е серијата што ја гледам кога ќе заспие и тоа ми дава некава утеха...Само да порасне уште малку во градинка ќе ја пратам, па ако сака да седи таму, добро ќе е ќе најдам време и за себе..
@No Makeup Навистина ми е жал што проблемот е толку длабок. Навистина се надевам дека малото ќе сака да оди во градинка за да можиш да се посветиш за себе, и да можиш да ги решиш преостанатите проблеми. Се најдобро!
Многу пати ми се има случено навечер, кога не се чатам со никој да се осеќам празно некако и осамено. Многу сум комуникативна и сакам нон-стоп да зборам со некој.И некогаш си седам онака не зборам со никој и се чувствувам како да имам дупка во себе.Како да сум сама.