Се чувствува(м)в осамено: Додека уживам по последните минути од работното време во мојата читачка канцеларија која е високо над прометните булевари преполни со гужва од возила и луѓе кои на прекрасните пролетни временски услови весело си муабетат и шетаат по кратки ракави јас уживам, уживам во тоа што го работам и тоа во дел од работниот простор каде што сите стојат на пуш пауза а јас за кусо време медитирам и се исклучувам од се и од фактот дека се наоѓаме на вртоглава висиочна на која во друга ситуација не би се приближувала дека имам односно во животов развив страв од височина. Можеби затоа што од мали нозе брзо ги искачив некои височини кои не се очекуваше на таа возраст и видов дека сепак горе навистина си сам и не само сам туку осамен. Ај што нема никој туку од некои за мене тогаш необјасниви причини другарчињата те избегнуваат. Подоцна од една од најдобрите пријателки која по се што ми истресе престана да биде најдобра и стана неописливо драга за мене бидејќи ми ја откри вистината но таа вистина откри дека ме мрази и ме презира и ми завидува за мојот успех докажа дека таа не сака да биде во моја околина. А кога ја прашав на што конкретно таа ми завидува, дојдов до сознанието кое ми даде крилја да се ослободам од сето бреме на моиве плеќи. Таа не ми завидува конкретно на ништо посебно што сум постигнала туку завидува што мајка и не ме вадела од уста со муабети од типот: Види како RosettaStone прави се како треба, види како заврши со сите 5ки, види како успеа да добие награда, види како успеа да се запише таму каде што ти и пола ваша генерација не може.... И во тој миг добив просветление и откритие зошто ние таквите на врвот сме сами и осамени пред се и можеби во таа фаза од животот потсвесно замразив височини и се појави тој страв кој исчезнува само на ова место на кое бескрајно уживам работејќи го тоа што го сакам. Е сега не секогаш го сакам, на пример како во овие последни минути од работниот ден кога одбројувам за да се искуцам во 16часот и да ги пуштам нозете во шетња како што досега го пуштив мозоков на пашња
Луѓе вака сега, Имав другарки и ги изгубив, а имав и некој што го сакав или пак лажно ми даваше надеж и поради него ги изгубив и другарките кои што ги открив дека не се моите вистински другарки дека ми ставаат маска на лицето и рака јас си останав и без другарки и без дечко. Осаменоста ме пука внатре, седам дома, одам нашколо сите го гледаат своето на никого не му е грижа што сакам да се здружам со нив да се приклучам во некое од нивните друштва арно ама сум отфрлена,игнорирана,забаталена а во годините сум што требаше досега да ја имам таа една најверна другарка а кај мене не постои. Се борам со себе, да ги преживеам деновиве самата самостојна да сум да не зависат од никого. Да не им давам до знаење дека тие се оние кои треба да ми помогнат и да си даваат на себе важност без оглед на мојата дружељубивост и слично. Но од една страна сум задоволна што можам самата да преживеам да се одгледам себе си, да не зависам од нив. А од друга страна се јадам себе си што на 18 годишна возраст немам со кого да споделам случки, едно друго, со кого роденден да славам, на кого да се изнакажам све што ми лежи на душата , сета моја мака што ја имам. Затоа малку од малку олеснување ми претставува тоа што пишувам овде и ве замолувам некој некаков совет да ми даде ако е возможно. Во тешка состојба се наоѓам и немам никого освен моето драгоцено семејство што многу го сакам ама покрај тоа ми фали поддршка..
Сакам да ти помогнам бидејќи и јас тоа го доживеав.Знаев само за една другарка која ја имав со години , беше како моја сестра .Живееме во иста населба две ќуќи не делат.Со неа ми помина детството,најубавиот период со игри и дружба. Мислев што и да се случи таа ќе биде со мене. А и така беше , бевме како сродни души неможевме една без друга, се додека не дојдовме средно. Таа фати дечко кој не ја ценеше , а пак таа многу го сакаше се правеше за него ,а тој тоа го искористуваше.Беше лош кон неа , а таа се повеќе го бараше.Тој беше љубоморен и сакаше се да дознае не само за неа туку и за нашето друштво. Едноставно тој во нашиов град е "сељак" .Нема другари вистински па затоа можеби му беше криво за нас, затоа што ние бевме неразделни. Инаку ние бевме големо друшто женски ,но со неа бев најблиска. Кога и да одевме со друштвото дали на кафе или концерти таа не идеше. И така таа се оддалечи со нас колку што е можно а се тоа поради него.Ние не се налутивме никогаш иако ни фалеше. Да не навлегувам подлабоко.. Таа после година ,за цело тоа време нему сите наши тајни му ги кажала ..За се што сме правеле до сега ,за мои тајни ,но и тајни на целото наше друштво.Ние тоа не го знаевме. Ја молевме да раскине со него бидејќи таа тоа не го заслужуваше.Раскина но.. Што е најтрагично мислевме дека раскинала..Цели 3 месеци не лажеше дека раскинала а таа цело време одела зад грб.И уште по трагично што сето тоа го дознав лично од него.Таа немаше намера да каже зошто погрешила и дури не ми се ни извини.. После тоа и јас паднав во депресија ,но некако се извлеков бидејќи се држев цврсто со другите девојки. До ден денес иако учиме заедно,седиме блиску , сепак не дошло до судир да разговараме за таа тема,таа нема храброст а јас нема што да добијам од сето тоа. Можеби ќе се смиревме,сега заедно ќе се смеевме на овој час научилиште отколку да пишувам за ова. Еве седам и ја гледам ,пишувам и се сеќавам,но не чуствувам омраза кон неа,сепак ја сакав најмногу на светов. Помина и ова,што непоминало,но кога би можеле да го вратиме времето.,Ќе беше се поинаку.
Ќе се среди, таков ти е периодот. Сите сме се нашле во таква ситуација, бар еднаш во животот, да се осеќаме како да сме сами на овој свет. Не западнувај во депресии, туку искористи си го периодов исклучиво за себе. 18 години си, што значи веројатно за кратко и на факултет ќе се запишеш, рачунај нови познанства кои може да прераснат во добри пријателства. Во меѓу време, прави нешто друго што те исполнува, запиши се на некое хоби, курс, фитнес,можеби и тука на форумот ќе најдеш другарка, не знаеш кај се можеш да најдеш човек со кој ќе сте на иста фрекфенција
Да, најлошо е да паѓаш во депресија а мене често ми се случуваше поради тој што го сакав. Цело време ми доаѓаат лоши мисли, песимистичко се однесувам, во главно мислам дека никогаш повеќе нема да се заљубам и нема да најдам некој погоден за мене, нема да се омажам, никој нема да ме сака, никој не ќе сака ни да зборува со мене и такви слични работи. Таа другарката кај тебе фактички те изиграла, се зафркавала со тебе и не требало да ги издава тајните а и зошто тоа да го интересира него ? Да , во тоа се надевам , ќе дојдат убави денови, само треба да сум повеќе храбра и силна, да пребродам сѐ и да го живеам животот според моите правила. Така сигурно ќе успеам и ќе се терам самата да сум позитивна личност.
@_Catherine_ moram da ti kazam deka potpolno te sfakam . Iako si mlada imas potreba od najdobra drugarka ,oti ne na sekoj mozis da mu se doveris .Mozebi vo tvojot klas nemas nekoj so e na tvoja frekvencija ,no sepak so tvoeto semejstvo si vo dobri odnosi i probaj so niv da zboruvas dokolku ti e tesko . So ostanatite druzise samo kolku da ne si sama . A i onaka si 18 god ,ke se zapisis na fakultet pa verojatno ke pronajdis nekoja licnost vo koja mozis da veruvas . Od licno iskustvo ,slicno kako na @Rosie4 i jas imav najdobra drugarka od 16 do 24 god koja ja smetav za sestra ...se praevme zaedno ,mi bese poddrska ,me razbirase ,gi delevme site tajni . Veruvav deka do krajot na zivotot ke sme vo blizinata i ke ostarime smeejki se na nasite slucki od minatoto . No realnosta me osvesti .trebase da sfatam i porano no taa kako da pocna da se oddalecuva poleka ,a koga fati decko duri i pocna da se luti zaradi toa sto morav da ja slusnam koga imav problem . Mi rece deka sum sebicna ,ne sum sakala da e srekna so decko i . I mene togas mi stana jasno . Jas poveke ne i bev potrebna . Mi se srusi svetot ,depresii ...vo se so vervav potona . Dobro bese so go pronajdov decko mi ,i nekako pokraj nego ja zaboraviv bolkata vo vrska so nea . No sepak drugarki ne sum pronasla od togas novi ,nitu nekoja so mi odgovara . Iako so nego mozev da zboruvam za se ,imav potreba od zensko drustvo . Sega sum sama po dolgo vreme ,bez decko mi ,bez drugarki ,bez sonistata so sum gi ostvarila ..depresijata e se pogolema i osamenosta ,iako sum 26 god .zatoa mn dobro te razbiram ,i sum tuka za tebe dokolku sakas da zboruvame . Edino sovet koj mozam da ti go dadam za da ne ti se zgolemi depresijata ponatamu ,e da pocnis da posetuvas psiholog . I drug sovet e deka treba srekata da ja pronajdis vo samata sebe ( hobi ,milenice,semejstvo ,izlegvanje ). Znam deka te plasi pomislata nema da najdis decko ,ama vervaj mlada si i se mozi da se smeni ,nie postarite so da recime ? Deckoto plus to ne e nacin da ja najdis srekata ..oti ako eden den te napusti ,ke cuvstvuvas golema praznina kako sega ... Vo sekoj slucaj poseti drzaven psiholog ( ne e skapo i ne e strasno), i se nadevam ke ti pomogni nekako.
@_Catherine_ Сигурна сум дека ќе го пребродиш ова,мислам дека тоа е само лош период од твојот живот.Не треба да размислуваш дека нема да се заљубиш во друг дека нема да ја најдеш љубовта пак. Оди со полни чекори напред ,со позитивни мисли и се ќе биде во ред. А што е до мојата другарка,не се зафркаваше со нас ,таа едноставно имаше премногу доверба во дечко и ,иако тој не беше тип што треба да му се верува.Да знам дека е глупаво тој да се занимава со тајните наши,но тој беше таков, едноставно сакаше да има материјал како би ти се потсмевал понатака,како би ти ги знаел слабите точки.Тој ги знаеше слабите точки на мојата другарка ,и ја провоцираше, тој едноставно ја малтретираше психички,дури и некогаш знаеше да ја удри.Таа беше наивна ,ама еден ден свати што направила. Јас секогаш гледав од друг агол ,мислев дека таа од страв кон него така направи. Ама како и да е не требаше ова да се случи.Болеше без неа подолг период,но и тоа го поминав бидејќи немаше потреба да се затворам поради неа и да ги изгубев и другите другарки затворајќи се дома сама. Барав излез од тоа. @newme Потполно те сваќам.И двете сме ги изгубиле најдобрите другарки.Многу е грдо знам.Сепак ако не не чувале тие ,тогаш не е вредно да ја чуваме болката за нив.Бидејќи тие не се запрашале како ние нас.
Епа го поминав и тоа, бев на психијатар и разговарав со неа неколку пати , имав голема депресија и таков проблем што дури и ми даде апчиња да пијам , ги пиев некои 2-3 недели и после сватив дека не се потребни апчињата туку потребно ми е излегување надвор во природа, дружење со најблиските, едноставно да го правам она што најмногу го сакам и да бидам весела и среќна без оглед на тоа што било и поминало. Тоа беше после нова година во јануари. И така јас сега го правам тоа што го сакам, тоа што ме прави среќна.
Aha. Sepak to ne e psiholog ,tuku psihijatar . Rabotata na psihologot e preku razgovor i bez apcinja da te nasoci . Kako i da e sama si znaes kako e najdobro .
Не чувствувам потреба од дечко. Нити пак моментално не можам да засакам никој.Се ми е за забава и опуштеност, не сакам да бидам со личност која емотивно не ме привлекува.
Patuvaj ,najdi si vreme za sebe, omilena muzika,hobi,novi luge... Drugoto ke si dojde samo po sebe,veruvaj
И да не чуствуваш потреба ќе има на некој на кого да се потприш, да ти посака добра Ноќ... И да не те привлекува ке имаш блискост со некој на кого ке можеш да му раскажеш нешто пробај нема ништо да ти шкоди па може ке излезе нешто и да не се согласувате ќе се карате и пак ќе имаш со некој да пишуваш
Не можам така не издржувам.Последната ,,врска” ми беше пред година дена и тогаш сфатив дека не можам да бидам во врска ако не ме привлекува емотивно.Ми здосадува така
Се чуствувам многу осамено Попуштам психички веќе имам некои никакви претчуства дека ке се разболам и други никакви мисли Со сопругот исто како да не сме заедно си доага од работа и или легнува да одмори или ке излезе или на телефон ке седи, ниту прашува како ни минал денот како биле децата ништо што мене многу ме погодува бидејки во врската и на почеток од бракот не беше така Неможам да соберам сили и да се отворам пред него да му кажам дека не сум среќна повеке, дека немам никакви чуства веке кон него единствено нешто што ме држи се децата Тој веке почна да осеќа дека не сме баш исто тоа што бевме па почна да го менува однесувањето но неможам да го гледам со исти очи како што го гледав Секоја вечер заспивам плачејќи бидејки го утнав целиот мој живот бидејќи веке ништо не е исто сакам да се разведам но несакам заради околината околу мене и за децата Тие по цел ден излезени си доаѓаат стави да јадат дигни по нив измиј нареди а сите ке седнат да одморат бидејки изморени а мене никој не ми признава ми било тешко да ставам едно јадење мене не ми е ниту малку тешко ама се чуствувам како слугинка која мора се да им угоди и да им нареди Таман јас сакам за мене малку време да одам во вц или да се избањам тие ги пуштаат децата по мене не стоеле без мене а јас чекам да си дојдат некој да ги погледа за јас да завршам Мм ги гледа кога е дома но некогаш работи и прекувремено до 7-8часот си доаѓа Мислам дека и психички многу пропуштив па се наоѓам и во ситуации каде нема проблеми а јас наоѓам Сакам да се средам малку самата себе да бидам тоа што бев самоуверена и силна
Zdravo . Me trogna mnogu tvojata prikazna. Samo vervaj ima mnogu vakvi prikazni ,barem jas sum slusnala i videla so svoi oci .Mozam da te nasocam i posovetuvam ,no sepak ti treba da soberis sila i da gi ispravis rabotite . Znaci prvo i prvo te faka depresija od mn problemi , se ti e izmesano i ne znajs od kaj da pocnis . Vo vakvi momenti moras prvo i prvo da se odlucis so samata sebe ,dali sakas da se macis i da ostanis so nekoj so ne go sakas ili da se razvedis i da ne mislis na okolinata i na decata . Spored mene treba da se razvedis kako prv cekor . Potoa pobaraj pomos od roditeli ako mozi da se vratis doma . Baraj rabota ( bilo kakva ). Posetuvaj psiholog . Vervaj od licno iskustvo ,decata ne se srekni vo nesreken brak ,tuku pojke stradaat. A za okolinata ne se misli ic oti ti na krajot si nesrekna so samata sebe a ne tie . Veruvaj podobro e da si sam odkolku cel zivot so pogresna licnost . Se nadevam deka malku ti pomignav .
Одамна нема никој осамен , ако има нека ми пиши во лп. Ми треба некој/а шо ке можам да се отворам -виртуелно ИСКРЕНО другарче...се повеќе се разочарувам од "вистинските" пријатели. Или ти завидуваат или не те е**т два посто. Се е веќе измодернизирано и вештачко. Луѓето повеќе немаат време да бидат луѓе.
Да, успешно ги решивме проблемите со самотијата во светот. Сите што беа осамени си добија, им стаса, по едно мало празно четвртасто пакетче, полно со љубов, топлина, прегратки, крзнено пуфче, меурчиња за пакување и ситни благи работи за јадење. Срцата ни пораснаа минимум два до три пати, во некои случаеви дури и до седум, при што операција беше неопходна. Денес е историски ден, кога сите ние, човештвото сме едно големо семејство.