Тоа е така зошто имаш некој близок што не ти дозволува да бидеш осамена. А ние осамени кутраци... Не не сака никој...
Можете да ми ја видете идејата во темата support group, можеби ќе ве интересира, за сите кои се соочуваат со болка и тешки моменти е наменета. Ќе организирам средба кај мене дома. Повелете кажете мислење на темава.
И јас се чувствувам осамено и се ме навраќа на спомените од луѓето со кои сум растела , живеела и ми фалат толку многу спомени и луѓе.
Колку повеќе можности за комуникација, толку поосамени сме. Дури и спротивен ефект има Интернетот и социјалните мрежи. Почитувам луѓе кои не седат на телефон додека пиеме кафе, а не сме се собрале после 100 години, 90% од времето дреми на телефон. Ми фали таа блискост во реално време. Имам блиски и не толку блиски, со некои се познавме години, со некои се осеќам како да се познаваме години, ама да, делумно сум осамена. Како да мора да внимаваш што и колку споделуваш. Лесно можи да е сфатено грешно, да е употребено против тебе, да се сфати како фалба или премногу жалење, да е предмет на оговарање или да ти се ситат на маката. Со различни луѓе, различни работи можам да споделам, мислам зависи од тоа колку се отворени и исполнети на конкретното поле. Се' помалку има емпатични слушатели, целосно присутни. Значи ги имам луѓето во животот ама селективно. Како да брзаме некаде цело време и како да сме фокусирани само на себе, јас...јас...јас... Имам маана и што верувам дека сè е совршено како на Инстаграм, па кога ќе видам големи друштва, постојано шетаат, се чувствувам како да го трошам животот затворена дома убедувајќи ги да пиеме кафе во двор ако ништо друго.
@Ugly Duckling мене многу време ми требаше да сфатам, додуша еве годинава се тешам (?) дека укапирав до што е. Со луѓе никогаш не треба премногу, ни премалку. Умерено, да се искажеш али и да не излезе како да тажиш оти после тешко е.