1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    Исто чувство имам и јас нема на кој да му верувам осамен сум и си мислам никогаш нема да најдам некоја како мене шо ќе ме сака и јас неа незнам шо ќе се прај вака навистина... тешко ми е и мене само за овие работи и со 10 другари да излезам пак се осеќам сам не дека некој можи да примети ама така ми е во душата ми треба женска не некоја пуфла крената ми треба девојче со разбирање не ми треба некоја ку*ва доста ми е од такви сакам да сменам малце само такви гледам, а ваква не можам да најдам
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    те сфакам како ти е бистер ворп, познато ми е тоа чуство :$ и навистина добро познато
    како што на тебе ти е доста од лесни девојки, мене така ми е доста од глумата јаки фраери, и навистина ми изгледа дека се ептен ретки исклучоците, за жал.

    Ај ко божем да му дадам шанса на едно момче, што ми велеше дека ме сака, и на глава ми се качи, па од кога му дадов шанса, типчево го снема, љубовта исчезна, т.е. од негова страна не ни постоела, се гледа, а јас пак не се заљубив во него, оти неколку пати и тоа како се испеков, и тоа добро. Како божем 2 дена заедно, ниту еднаш не ми се ни јави само на МСН 2-3 реда муабет, и толку, а се договоривме да си дадеме шанса од 2 месеци, како да не бе. Ми изгледаше ко моја сродна душичка, оти многу сме слични, ама ке видиме.

    А кога ми е тешко, си имам 2 другарки, со кои највеке се дружам, и една другарка само за разговори, па со нив ми е полесно, и кога имам некоја потешкотија/проблем, на нив им кажувам.
     
  4. Sharonn

    Sharonn Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    секогаш се чувствувам осамено.и да има 100 луѓе околу мене,се е џабе.друштво-немам.имам само две пријателки кои ми се блиски,но едната почна да се издвојува кога си фати дечко.ќе излеземе ние три,она си се наоѓа со него и неможеме да направиме муабет како што треба.и имам кажано за ова ,но џабе..
    навистина незнам како да се чувствувам поубаво.. :worried:
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Seron си размислувала некогаш до сега да обновиш некои стари пријателства?
    од градинка, забавиште, осмолетка...

    или пак запознавај нови луге, комуницирај, остварувај контакти, волонтирај во некоја организација...
    има многу начини како да обновиш стари и создадеш нови пријателства...
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    и јас често така се чувствувам мислам дека ваквата ситуација само може да ја промени една убава љубов, сродна душа која ќе те разбере. Денес малдите слабо имаат волја за дружење, забавување кога ништо арно не се случува во државава и на нас народот...

    дај боже да си ја најдеш љубовта на својот живот и ќе видиш колку ќе те промени, самото чувство на заљубеност ти дава елан а камоли среќна љубовна врска!

    ајт стрпливо и ќе даде Господ се!
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    да токму така за ваквата ситуација само е потребна вистинска љубов тоа навистина ги менвуа луѓето, денес е многу тешко да се најде таква личност но јас имам едно мото кој бара ќе најде!

    и јас истата ситуација имам како тебе и останатите на темава и чувстувам дека само тоа може да го промени љубов.
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    и вака и така ќе озорува ако и е во крвта, раобтата што најчесто тоа го злоупотребуаат односно погрешно го пренесуваат на други, ги трујат...

    јас кога ми е тешко и кажувам се на мајка ми, на другарки не, со нив зобрам на општи теми и секогаш во општа смисла бидејќи и мојата доверба била злоупотебена од нивна страна.

    чудно време дојде никој никому не верува.
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Девојки, овој проблем нема да го решите доколку седите овде и го пишувате тоа дека немате пријатели.. ДЕЈСТВУВАЈТЕ ДЕВОЈКИ! Излегувајте со братучеди или само со единствената другарка што ја имате, ама таа ќе ве запознае со други нејзини братучетки и другарки! Не седете дома, комуницирајте, нагласете им на другите дека сакате да илегувате и да шетате со нив..Нагласете им дека сакате пријатели! :)
     
    На Anggie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    И јас го имав истиот проблем, ама летото си најдов екипа 100 пати подобра од тогашните другарки.. Кога бев со нив исто како да не сум таму, колку да се каже дека сум му другарка.. Оваа нова година ми беше последен повод сонив, дојди 1часот парталите сомене и со екипата урламе по градот... И добро ти кажа BeYourself, испадни со некои братучедки така ке стекниш повеке пријатели... И искрено да ти кажам не е убаво се да им кажуваш на другарките, не знаиш на кој кажуваш и каков совет ке ти дадат па да а изгубиш самодовербата... Доста ти е еден круг на пријатели, барем тогаш се кажуваат шеги едноставно е интересно, а со другарки само љубовните маки се зборуват :) :)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Секој во некои моменти се чувствува осамено.
    Јас само сакам да ви кажам - самосожалувањето,затворањето во себе - НЕ ПОМАГА ! :)
    Пробајте да уживате во нешто што ви прави задоволство а долго време не сте го вкусиле.
    Знаете,има и полоши состојби и нерешени проблеми па се излегува на добро.
    Така да - удри бригу на весеље - излезете и забавувајте се ! :)
     
    На Anggie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Имало многу ситуации кога сум се почувствувала осамено, дури и кога имало куп луѓе покрај мене. Така било затоа што никој не можел да сфати низ што проаѓам, а во такви моменти последно нешто што ми требало било тапшање по рамо и изнудена насмевка.

    Сфатив дека друштвото не мора секогаш да го барам кај луѓе. Почнав повеќе да му се посветувам на кучето, и слободно можам да кажам дека оттогаш се немам почувствувано осамено. :)
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.056
    Пол:
    Женски
    Незнам дали моето прашање е за овде но би сакала дда се искажам. Имам 21 година и сум среќно мажена во странство , моментално сум трудна и се е тоа супер но имам некој проблем во главата..Кога сум со маж ми се чувствувам супер , но понекогаш кога ке се скараме почнувам да плачам и помислувам како немам никој во животот , како моите се далеку од мене , како немам пријатели. Понекогаш дури и му љубоморам на маж ми како секој ден ги гледа своите родители и си разговара со нив , а јас со моите само на камера и како нема да кого да се искажам на некој туку само се затворам и плачам...не би сакала да помислите дека плачам по моите родители, бидејки ги гледам дека се срекни што се омажив за добар човек кој ме сака и сите се добри со мене ( од неговата фамилија). но ете ми се случува и ова би го нарекла осаменост. неговата мајка има една пријателка со која многу се дружи и често ме викаат да пијам со нив кафе , но јас се викам дека имам некаква работа и ги откачувам. едноставно кога сум во друвштво со некој од нив немам тема за разговор , тие си прават муабет а јас ги гледам ко теле :doh: дури еднаш ми падна срам кога нејзината пријателка ми кажа , ние сите збориме ти ништо не збориш , кажи нешто! и јас одма се засрамив и одвај чекав да си одам дома :worried: ;( исто така кога сме во друштво со неговите пријатели , тие сите зборат си се шалат , си разговараат што правеле по средно , на факултет а јас ќутам и само чекам да дојде времето за дома. пред некое време мислев конечно си најдов пријателка , но секогаш кога ке се јавев или е зафатена , или неможе да излезе , или спие , или е со дечкото. највеќе ме извади од такт кога требаше да излеземе на мојот роденден во кафич да ги частам , 5 минути пред да се најдеме нејзиниот дечко се јави на тел и кажа дека пиела вино со татко и и била во лоша состојба и на крај не излегоа со нас , останавме само јас и маж ми. сите овие ситуации ме прават несигурна , да се чувствувам глупаво. за сето ова го кривам мојот татко што ниту не пушташе мене и брат ми од мали да се дружиме , да комуницираме плашејки се некој да не ни наштети нешто.. ;( незнам девојки дали има помош за мене :worried:
     
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Јас мислам дека се е до психата,има периоди кога се ми смета, со никого не сакам да разговарам,само плачам,се ми е криво.На сите тоа ни се случува.Јас немам многу пријателки,имам само неколку со кои сум од детството,но никогаш ама баш никогаш им се немам доверено,особено откако се фатив со дечкото.Со нив одам на кафе и си имаме исти теми за разговор и супер ни е.Среќа што имам една година помала од мене сестра,па со неа се си зборам,а и таа со мене.
    А за девојката над мене,колку повеќе имаш негативни мисли,така и ке се чуствуваш.Организирајте си нешто заедно со маж ти,прошетки низ градот,трговски центри,фризерски салон,некој добар ресторан доволно е да излезете некогаш кога е слободен за малку да се издуваш и да ти биде подобро,може ке запознаете некои луѓе па ке се дружите со нив.Мене ми е јасно дека и далечината си го прави своето но сама треба да преземеш нешто да ти биде подобро.Верувај.И она што го оставив за крај,Уживај во бременоста и радувај се што за некое време ке има кој да ти го разубавува денот :D :*
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.056
    Пол:
    Женски


    Имаш право , сепак се надевам дека еден ден ке се сменам и јас , да сум похрабра и посигурна во себе. Ти благодарам за одговорот :*
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Колку е тешко денес да најдеш искрена личност...не знаеш веќе на кого да му веруваш секој се радува на туѓата несреЌа ;( многу пати с имам разочарано од другарки на кој слепо сум им верувала во средно.така беше до факултет додека не се зближив со колешка која премногу ми е стана блиска ,можеби зошто делиме иста судбина-и таа и јас сме без татко ,и со исти проблеми се соочуваме во животот..итн... и многупати знаеме да си седнеме и да си се исплачеме од што ни е тешко и двете се сфаќаме како ни е....мислам дека кога ќе имаш пред кого да се исплачеш дури тогаш ќе си сигурен дека си го нашол вистинскиот другар.сепак со резерва пак,за жал животот ме направи никому да не верувам 100посто од искуство :(
     
  17. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    имав еден лош период од мојот живот кога сите ми завртеа грб и сето тоа поради еден телефонски повик јас тогаш си имав здравствени проблеми и цело време минував низ болници кога ке се приберев дома си се одмарав бидејќи цел ден бев излезена.моите сега поранешни другарки поради тоа што не им се бев јавила престанаа да комуницират со мене знаеја што ми е не излегував тогаш и ни се јавија ни дојдоа да ме видат мене ми беше толку криво сум плачела навечер кога си легнував несакав моите да ме видат.почнав да се дружам со друѓи луѓе со кои пронајдов разбирање и ми беше многу убаво и замислете кога видоа дека имам нови пријателки една од нив ми се јави демек кафе да сме пиеле на кое јас го одбив со изговор дека сум зафатена.веке не се дружам со нив имам нови другарки и искрено да ви кажам ми е многу поубаво имам и дечко веке 2 години а од нивното друштво ништо не остана сите се разијдоа на разни страни и од таква себичност која ја имат во себе се уште се сами никој не сака да биде со нив понекогаш си помислувам дека сето тоа им се враќа бидејки сакаа да ме направат будала ама не успеаа во тоа самите испаднаа такви.
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас се пронаоѓам во некои од твоите зборови.
    Ете и јас сум далеку од родениот дом, далеку од родителите, другарките, пријателите. Овде немам НИКОЈ, освен роднините на маж ми. А сите што се тука некаде со моите години се мажени и си имаат деца и немаат време за кратко кафенце низ град или пак прошетка.
    Со мајка ми се слушам често и среќа тоа ме држи во живот.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Па коритсаки ти си бремена, имај на ум дека ти си сега 2 во 1 и во тебе расте нов живот, би требало со оваа помисла никогаш повеќе да не се почувствуваш сама, нели и да си сама, тоа е со тебе и до тебе и можеш да си разговараш со него.
    Мислам дека грешиш што се чувствуваш осамено само бидејќи не ги гледаш твоите родители.
    Викаш дека свекрва ти те вика да излегуваш со неа и нејзината пријателка, па оди, забавувај се, ќе ти годи макар и подолга прошетка ќе ти биде убаво, ако ништо друго ќе запознаеш нови личности и ќе го прошитиш кругот на пријатели, не ми се верува дека нема да најдете некоја тема за разговарање, ако не ти одговара темата, сврти ја ти, почни да зборуваш за бременоста, прашај ги совет или чисто онака прашувај ги информативно на пример за некои работи во градот кај што се наоѓате.
    Нема потреба да му завидуваш на маж ти што е блиску до неговата фамилија, па уште кога викаш дека сите добро се однесуваат кон тебе.
    Баш е поубаво да имате некој поблизок до вас, одколку сите да ви бидат странци, не знам кај си, веројатно ако си во странство сите не го знаат нашиот јазик, па затоа ќе ти е полесно да комуницираш со некои што ги знаеш и што ти се блиски (макар и од страна на маж ти)
    Немој да плачеш и да се затвораш тоа ти штети и тебе и на бебето, напротив треба да бидеш активна, да одиш на прошетки, па ако седиш дома ако ти е досадно, место да плачиш земи некоја книга за идни мајки и убаво разлистај ја имаш 21 ако бидеш млада мајка ако не си искусна ќе ти послужи добро. ;)
    Како нема помош, нема зошто да нема помош, а и не ти треба помош, ти имаш свој живот, тоа што го раскажа е животот од твоја гледна точка, за да си речеш дека имаш живот каков што посакуваш, размиси убаво, види што ќе правиш понатака и како се гледаш во иднина и превземи нешто.
    Плачењето и затворањето НЕ СЕ РЕШЕНИЈА !
    Поздрав и секое добро , :*
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    епа колку и да сум дружељубива ко личност, некако не ми оди, оти имам мајка што сака да ме контролира и мене и брат ми, и се тресе буквално кога јас сум излезена (дури и сега кога ке ме повикаат на интервју) за работно место

    тоа не е само со мене, туку и со брат ми (помал е 3 години од мене) оти пред 12 години едвај преживеав, и тоа е психичка последица,(разговарав со психолог и таа ми објасни) знам ја свакам, а кога јас не сум дома а помине брза помош мајка ми може да падне во несвест или во краен случај ако ептен задоцнам може и да дојде и до најлошото ;(

    колку и да и зборувам ТАА НЕ МЕ СВАКА, истото е кога сум и со другарки, со момче сеедно, и затоа сакам едноставно па да добијам или на лото/бинго/коцка да си купам свој стан ОТИ ВАКА НЕ СЕ ЖИВЕЕ.

    тетка ми го примети истото, иако беше само неколку дена,и ја советуваше вака да не прави ама ЏАБЕ Е СЕ :puke: :sweat: