Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.094
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за одговорите девојки , еве денес пак од сабајле сум му лута на маж ми. Му се налутив зашто сака секој ден по работата да одиме јас и тој да јадеме кај нив , да вечераме.А колку пати ке отидам таму мајка му ке ни направи тост и ке заспие на каучот после а мажми сам јаде.Потоа ке направам колачи ке однесам и на неговите они ке си каснат а и маж ми со нив а потоа дома остануваат и ги фрлам.Нема кој да јаде :( Јас несакам толку касно да јадам ( ние одиме таму во 11 ипол саат ) , потоа тој ги остава клучевите кај нив дома за да отворат продавницата сабајлето и дремеме до 1 саат. Исто така кога ке дојдеме ние татко му оди да спие а мајка му дреме на каучот понекогаш а он си збори со брат му а јас ништо не правам. Пред 2 месеца му кажав дека би сакала и јас да му правам јадење навечер , па може и нешто романтично и тогаш ми кажа ее ти не ги сакаш моите они нас за колку работи ни помогнаа ни купија мебел , телевизор итн..јас сакам да јадам со нив сакам сите заедно да јадеме па нели сме семејство. Му викам па добро бе еве ке имаме за два месеца и бебе па јас детето во 1 саат навечер да го влечам по улиците , тоа ке треба да спие јас ке го тегнам ваму таму :@ завчера не дојдов со него кај неговите и ми вика зашто не дојде ке мислат моите дека се расправаме. А јас уморна бев а и плус бремена сум сакам и да си прилегнам. Значи сум тотално изнервирана што и да му кажам не разбира мисли не ги сакам неговите , а луѓето си се супер , ама па глупо ми е секој ден да клечам до 1 саат таму може изморени се сакаат да спијат ама овој маж ми не разбира. Еве и денес му го спомнав истово дека сакам јас да му правам јадење ама ништо ми вика сакам да јадам и со моите.Му викам и моите родители се далеку некој пат може сакам и јас да јадам со нив но нема и он ништо - ќути. ;( И му се налутив и сега не му зборам. Дајте ми некој совет ве молам што да правам мислам може е глупо бидејки се караме за ова но ете кога не разбира не разбира...
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сфатив од ова што го имаш напишано, сопругот твој чувствува должност спрема неговите родители, затоа што финансиски ве помагаат и материјално и според мене, се додека вие на тој план зависите од нив,постојано таа нивна помош ќе ти се удира по нос.Едноставно купи си го мирот.Не дозволувај за се нешто што ќе ви го подарат, да мора вие да го оправдувате со вашето внимание кон нив.Не го прашувај дали да му зготвиш нешто,едноставно направи го тоа со многу љубов, сигурно од наместена софра нема да побегне.И најнакрај,ако свекрвата ти е разбрана жена,разговарај со неа,таа ќе му каже најубаво на синчето, да се откачи од нејзината сукња :hai:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.094
    Пол:
    Женски
    Да ама работата е што неможам да направам некое изненадување кога ке се најаде таму кај нив.. :worried:
    така еднаш многу се изнервирав и пак се закаравме , направив палачинки а мајка му направила дома лепчиња и ги ставила во фурна потпечени. И тој јадеше тоа а јас за џабе ги направив и другиот ден проба 1-2 а останатите ги фрлив бидејки се исушија. Се нервирам што неможе да ме свати , а и уште ми вика што ти направија толку моите да ги мразиш. И сега бидејки нејкам секој ден таму да јадеме тоа значи дека ги мразам?! Вика добро ке им кажам дека не ги сакаш :o :( Немам коментар
    Ама на крај краева ме охрабрува тоа што не сум сама , уште малку ке си ја имам и керка ми и он ако сака нека оди таму и нека спие ако сака! :@ :@
     
  4. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Едно е да си сам, а друго е да бидеш потполно опкружен со луѓе а сепак да се чувствуваш осамено. Но на крај се се сведува на довербата која ние ја имаме во луѓето. А ти девојко очигледно немаш доволно доверба во другарките кои ги имаш.
    Затоа мој совет е да си земеш дневниче, и да си пишуваш, извади го тоа што ти тежи, зошто со време ќе ти станува само потешко. Но сепак води грижа за дневникот да не падне во погрешни раце. Дневник како дневник е многу интимна и персонална работа, и додека се остручаваш пред некој/некоја да кажеш нешто за кое ти е непријатно, во дневникот можеш да изнапишеш ама апсолутно се што ти лежи и што те притиска. Е сега од друга страна, дневникот нема уста па да може да ти дава совети, но верувам дека секој проблем, го содржи својот одговор, прашање на време е кога ќе го најдеме. Бидејќи ако се беше толку лесно и брзо, проблемите немаше да бидат проблеми ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    А да а за коритсаки, немам коментар прво за маж ти.... Како може така да ти вика дека не си ги сакала неговите?!?! Ти ако не ги сакаш нема ни да сакаш да чуеш за нив па не да им седиш до 1 саатот навечер. Али, мислам дека чувствува некоја одговорност бидејќи ете ве помогнале со некои неопходни работи за по дома но тоа не мора да значи дека треба да киснете таму. Па боже мили многу јасно дека треба да си имате некоја приватност кадешто ќе бидете сами и ќе можеш да му го кажеш она што ти тежи.
    Не можам да разберам како може така ладно да ти кажува некои работи што не се ни малку лесни, а очигледно дека тебе тешко ти паѓа, и те тера да плачеш.
    Со плачење ништо не се решава, а и полошо правиш за бебето.
    Седни го некој ден и кажи му ама буквално се што ти тежи на душа.
    Се надевам дека ќе те разбере.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Охх незнам од каде да почнам значи се ми е хаос.. цел мој живот е хаос едноставно неможам повече, немам сили да се борам... се предавам... ситуацијата е хаос..премногу се чувствувам осамено почнувајчи од дома мајка ми цело време лежи наутро ќе стане ќе позачисти малце од малце и па у кревет, сестра ми е 8 години и премногу е разгалена ако нешто не е по нејзино вреска фрла со играчки... брат ми он пред школо е на работа и после школо оди значи не е прибран дома си иде си легнува и тоа е.. татко ми е надвор од Македонија.. се јавува 1 месечно само за да вика преку телефон за да се дере само за да ме нервира. затоа што сум најстара тој и мајка ми сите проблеми мене ми ги кажуваат тој од таму мама од тука и цело време се караат преку мене... се нервирав зашто немам работа, немам дечко.. здравје па ич морам да пијам лекови за да можам да се одржувам во живот... волонтирам во црвен крст, одам на курс се само да не бидам дома подолго време.... Ај најдов работа се е супер... девојки ми треба љубов нај искрено сакам да бидам сакана мислам на љубов која може да ја прижи машко ми фали дечко другарки имам 2 едната замина во србија а другата сега во декември ќе заминува... сама сум се чувствувам многу осамено незнам какода си помогнам... ;( ;(
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Прво, нрвозите со твоите дома се измеѓу мајка ти и татко ти, а мајка ти лежи и е во некоја блага депресија дека и неа и е тешко бидејќи татко ти не е тука и сама е со вас. Многу е тешко кога си раздвоен и на место поддршка избиваат само кавги. Знам дека е пеколно тешко сум видела случаеви. Затоа пробај сфати ја и ти неа малку и научете како да си бидете поддршка едни на други. Разговарај со неа, теши ја дека ја сфаќаш, дека се ќе се среди иако е многу тешко. Што инаку би можеле да направите вие? Сварете си кафе, помуабете си, со убаво само зафати ја и ќе видиш како подобро ќе ти е. А за дечковци, ехеее ќе си се најде некој. Ете си одела на Црвен Крст, курс, нема некој занимлив таму? Оди на кафе , створи си нови познанства немој да се препушташ на очај дека само подлабоко ќе тониш. Лекови? НЕмој девојко немој. Млада си а тие не се никаков излез. Тао е само знак на слабост. Верувај колку и да е тешко, некогаш може ќе земе повеќе време, ама дедо Боже си има некој чуден начин да доведе се во ред се само ако се сака и со добрина. Помогни си сама, поскај позитивна промена, Помогни си сама пак ќе кажам за навистина да се случи промена. Слушај позитивна музика, излегувај со позитивни луѓе, потруди се околу домот, тешко можеби на почеток и ќе наидеш отпор ама ќе биде. И не нервирајте го татко ти со наубави работи. Убаво кажувајте му дури и да не е така за да не се нервира и тој. ете заминал да печали и ако му кажете за секојдневни мали кавги кои поминуваат и заминуваат само ќе го насекирате уште повеќе а тој е далеку од дома и не може да направи ништо. Се надевам дека бев од помош
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Најчесто кога некој е со проблеми до глава, тажен, депресивен, прво за што помислува како спас е некој принц од бајките кој ќе се појави од некаде, и после него се ќе биде поинаку...Некогаш вистина е така, не негирам дека понекогаш е доволна една личност за да сите проблеми ти изгледаат многу помали отколку што се...
    Но сепак, дечко не се бара очајно, поработи на себе, пробај учи како можеш сама да ги решаваш или барем одбегнуваш колку можеш проблемите околу тебе...Затоа што од брзање да избегаш од нив, и желба за дечко, можеш лесно да ствараш илузии за некого па да упаднеш во поголеми проблеми...
    Си нашла работа, гледаш не е science fiction, па исто и со дечко, не брзај, ангажирај се но не форсирај, ќе си дојде свое време, да не испадне работава-подобро во лошо друштво отколку никакво...
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Депресијата се јавува поради еден вид на симптом што се вика серотинин и со самата депресија доаѓа осаменоста, проблеми во комуникацијата, затварање во себе, размислувања за самоубиство, а тоа што го подразбираат луѓево сега тоа се комплекси нешто као broken heart. Читам приказни на фб, осамена била немало кој да ја прегрне ќе се убиела еј те молаам, нема почуствуано ни о од осаменост, па слушаат депре песни за да се соочат со ситуацијата, празни моабети! Ама добро нема врска.
     
  10. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Да се надоврзам, права другарка не можеш да најдеш лесно не дека се сменило времето демек не е како порано, времето не се менува туку луѓето, е затоа нема прави другарки секој бара корист и секој мисли само на себе, затоа тука ти е семејството во нив можеш да бидеш 100% сигурно...А за Elenuskaa стварно ми е жал сигурно е многу тешко ама не губи надеж зошто се ќе си дојде во свое време само глава горе и живот иде даље, а дечко ќе си најдеш еее голем е светот кога тогаш ќе имаш некој до себе.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    Има денови посебно во последниов период кога претерано се чувствувам осамено...Имам пријатели, одам на работа ама не е тоа тоа што ми треба :doh: Пред еден месец се скарав со најдобрата другарка...т.е немаше карање едноставно се тргнав(затоа што она почна да се дружи и да испаѓа со други со еден збор почна да ме избегнува и да не ме вика кога е со нив)...Бевме заедно постојано,и кажував буквално се(од тоа што чувствувам до детали за тоа како сум си поминала со симпатијата, како се лапал, што рекол итн) не делеше само едно спиење...На почетокот коа се тргнав ми беше онака, нека се дружи со кој и одговара...Ама сега ми е премногу тешко ;( а и мн ми е криво затоа што кога и беше најтешко бев со неа од повлечена и мирна стана како мене, зш почна да ме копира....И да се смириме ( а знам дека тоа нема да биде) никогаш нема да биде тоа што е било :worried: веќе немам ни доверба во неа :( и не верувам дека некогаш ке имам во некој друг :( како капак на се, работам во друг град и со моите не сум блиска :( имам брат го сакам ама понекогаш посакувам да имав и сестра, некој што ќе сака да ме ислуша и да ме гушне ;( ;( ;(
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ако не се чувствуваш добро кажувајќи го тоа на девојче можеби треба да го кажеш на момче, на пример на некој добар другар, ако имаш на дечко... ако си поврзана со домашните пробај нив кажи му тие најдобро ќе те разберат :) :)
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Осаменоста е нешто од кое се плашам најмногу. :x
    Помислата на осаменост предизвикува да ме полазат морници, мислам дека нема нешто полошо од тоа...
    А за жал последниов период се чувствувам осамено, се почесто. Моите пријатели се со мене, но неможам да им се доверам. Со нив сум, ама исто како да не сум. Тоа е тоа што најмногу ме боли и ме загрижува. Мислам дека нема кој да ме ислуша, а имам толку многу за кажување.
    Пишувам дневник и тоа е еден начин за да ја исфрлам негативната енергија, и тоа што ми лежи на душа. Но сепак не е тоа тоа. :worried:
     
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Навикната сум на осаменоста. Во градинка сакав само да цртам (уште ги имам цртежите). Основно-пријателки од корист, средно-со мене се дружеше една што сите ја мразеа, сега се трудам да не губам многу време со излегување, а и не чувствувам потреба да се искажам кога нешто ме мачи, ако ме прашат, ќе кажам само-ќе ми помине. По тешката разделба со саканиот, се до последно време се чувствував сама, чувствував празнина и се... ама помина и тоа. Кога ми е најтешко, осаменоста ми е најдобар другар... И музиката. :!:
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не го рачунам за осаменост времето кое го минувам сама со себе и своите мисли. Отсекогаш сум поминувала дел од времето на овој начин и си го сметам за квалитетно потрошено време скоро секогаш.

    Нека звучи како клише ама факт е дека сами доаѓаме и си одиме од овој свет и не сакам никому да му вршам притисок од блиските за тоа колку време треба да поминуваме заедно и опсесивно да се социјализирам само за да не бидам сама или кога сум да не знам што со себе.

    Човек може да е осамен и на стадионот Маракана, како и во толпата на било кој милионски град, нема врска чувството со физичката или телесна изолација од др.луѓе. Јас лично за најлош вид осаменост го сметам кога во присуство на премногу блиска личност дури и кога ве дели педа растојание постои невидлив ѕид кој не дава можност за приближување, здрава комуникација или едноставно ја стопил топлината на потребната утеха и припадност. Не му ја посакувам никому.
     
    На Tenna и julie77 им се допаѓа ова.
  16. freakonaleash

    freakonaleash Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Ова ми се случува веќе со месеци, се чувствувам осамено, депресивно. Имам некое мислење како никој да не му е грижа за мене. Имам другарки за излегување но со нив не сум многу блиска. Дечкото работи во странство ќе биде таму 7 месеци тоа уште толку ме уништува. Не знам што да правам ова ме уништува тотално. Правам се што е можно да бидам среќна но не ми оди. Понекогаш мислам дека нешто не е во ред со мене. Никогаш порано не сум имала вакви проблеми секогаш сум имала другарки на моја стана стварно не знам зошто ми се случува ова. Не е период луѓе ова не минува веќе пола година е вака.
    ;(
     
  17. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ммора почесто да излегуваш,и да не сакаш почни да излегуваш,ке ти се сменат мислите,те има депресија фатено,ако седис дома нисто не правиш,ако не работиш најди работа,занимавајсе исплачи се ,збори со некој за се што ти лежи на срце :)
     
  18. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Само да се надоврзам на претходниот коментар,пробај да се зближуваш со други луѓе,чим другарките веќе не ти се толку блиску.Нормално е да се чувствуваш осамено,тоа е заради празнината што ја осеќаш во душата.Искажи се на некој близок ,ќе видиш дека ќе ти биде подобро ;)
     
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ги читав вашите постови и можам да дадам една генерална оценка дека темата и не сте ја сфатиле баш сите.
    Ќе почнам од она што го прочитав во повеќето постови ,,депресија,,. Сакам да седнете сите и да прочитате што всушност е депресија, не може некое девојче од 16 години да ми каже се чувствува депресивно, не тоа не е точно, се чувствуваш осамено. Како што погоре прочитав, можеш да бидеш опколен од 100 луѓе а пак да се чувствуваш осамен. Затоа седни и анализирај се себе си. Каде грешиш, зошто не излегуваш а се наоѓаш во години кога треба најмногу да се дружиш? Тоа се прашања кои треба сите да си ги постават. Верувај во себе и не чекај некој да те викне за излегување и дружење, викни ти некој. Најди си хоби каде ќе запознаеш нови луѓе, тимски ќе работите на некој проект, спортувај.
    Погледни околу себе и шири позитивна енергија и љубов, коцките сами ќе си се наредат.
    Ако те откачила најддобрата другарка и не те вика за искачање со новото друштво, тогаш никогаш и не ти била најдобра другарка
     
  20. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    и јас .. се чувствувам премногу осаменоооооооооо ... i need a hug ;(