Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Запиши се на некој курс онака за рекреација,нешто латино,хип хоп,зумба,фитнес,пилатес било што, нешто што нема да те оптовари со понатамошно работење (како курс по англиски или некој друг јазик кое бара да се обрне внимание и дома |( ) ,истроши ја енергијата,истовремено ќе запознаеш и нови луѓе шири познанства среќавај се со секакви луѓе ,мислам дека комуникацијата со непознати добро ќе ти дојде. ;)
     
  2. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Нема подобар пријател од мајката. Обратете се кај вашата мајка, таа секогаш Ви е најдобра другарка. И зошто тој песимизам? Па денес нормално сите се дружат од корист, и никого никој не го интересира. Живејте го животот млади сте, излегувајте и забавувајте се, и за вас има некаков план во животот, опуштете се и уживајте. Ако сепак има нешто што не е и за пред Вашата мајка, почнете да водите дневник, таму можете да напишете се, и никој да не дознае...
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не е до песимизмот принцезо.Проблемот е што некогаш не можеш да ги надвладееш емоциите па пагаш во депресија.А во денешно време ги има многу паднати.А и како не би биле?Изневерувања,насилство лаги,дружење од корист...сетои тоа не е лесно да се помине тек така.
    И највеке ме нервира реченицата:Уживајте |( Не сме од камен па тек така да занемариме на некои случки кои биле дел од нашиот живот. ;)
    Јес да не решаваш ништо ако паднеш во депресија ама и не можеш да го избегнеш тоа колку и да си силен.Сепак се чуства.
     
  4. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Мајката не е секогаш решение,нели како што кажа и самата. :)
    И да сите се дружат од корист и ние со тие сите се дружиме од корист ама има денови,моменти кога седиме,гледаме некаде напразно онака дури по некое време сваќаме што гледаме,молчиме,мислите ни летаат на сите страни,размислуваме во себе,во тишината.Понекогаш ни доаѓаат солзи од толку некажани работи заробени во себе,имаме потреба од ПРИЈАТЕЛ!
    И,секако пријател не се купува туку се стекнува,полека ги анализираме луѓето на кои би можеле да им веруваме да се довериме,кај сите наоѓаме по нешто некоја мана и на крај сваќаме дека за да имаме пријател ни треба пред се време пријател за 1 мин само на фб :D па ни таму,и таму за 1 мин ќе те избришат и ајт продужи даље! :D Полека го тргаме погледот од местото во кое гледаме со саати, го мрдаме газето и почнуваме со обврските,полека мислите ни се заменуваат со нови го продолжуваме денот и на крај легнуваме да спиеме.Другото утро се по старо. :D
     
  5. Maca.K

    Maca.K Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки! :)
    Имам еден мал проблем и мислев дека можеби ке можете да ми дадете совет.
    Значи јас сум цело време осамена,немам другарки,ниту другари.Досадно ми е,незнам што да правам,сега дојде лето сите ке уживаат,а јас немам со кој да излегувам и да се дружам.А и плус малку сум подебекка па ниедно машко не ме сака,и ме навредуваат.А и имав еден дечко,ама тој не ме сакаше,туку само од корист и да ме прави будале пред сите,а јас за него се сум направила.Значи едноставно кажано ако се дружам со некој тоа затоа што им сум од корист......
    Што да напрвам??
    Како да ги поминувам деновите???
     
  6. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Осамена

    Здраво Маца, мислам дека малку ќе ти помогнам ако престанеш да се замараш колку и да си дебела, треба да бидеш самоуверена личност, забавна, и најважно да бидеш паметна. Да не одиш по паметот на другите да те вртат како сакаат, биди своја и ќе има некој што ќе те смета за другарка.
    Мислам дека ти се срамиш од својата дебелина, па не искачаш? :^)
    Викни некоја која ја сметаш за поблиска негде да искочите.
    И кажи ми што си направила :)
     
  7. Maca.K

    Maca.K Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Осамена

    Не,не се срамам тоа што сум дебела,туку неколку пати викам некои девојчиња од школо и од маало,ама секогаш викаат:
    Со тебе ли ма ке шетам??
    Види ја ма уште ме вика?? :( :( :(
    Незнам што сум направила за да ме одбегнуваат.Сега сигурно ке кажете дека сум некоја што сака да биде се по мое.Но не е така.Секогаш им попуштам на другите,се им давам,но се лошо викаат за мене. :( :(
     
  8. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    Осамена

    маца дебелкаси и баш да те брига за тоа!!!!
    тууу јака ствар...подобро дебелка отколку костур на струја!
    што се замараш бе човеку????.....оди си на фитнес вежбај си читај си книги појди си кај роднини нека не те тажи тоа што немаш другарки...подобро да ги немаш отколку да ги имаш лажни!!!
    и јас сум осамена а имам и страшна причина за тоа...ама ќе помине!!!! се ќе помине....ќе дојдат убави денови без гајле биди ти кажав...спортувај испони си го времето макар и дома вежбај си ако не сакаш на фитнес!
    и не се замарај што си дебела...
    јас знам една ДЕБИЛКА што пази на храна, трча секој ден вежба ко кретен и џабе и е...кога нема душа....глупа е и не човечна...никој не ја сака сигурна сум дека сите со неа се само да си го пополнат времето.....без гајле биди си! те поздравувам
     
  9. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Осамена

    Ти немаш проблеми!!
    Па подобро да си дебела отколку да бидеш болна и да неможеш да се излечиш!
    А и за другарки не се секирај,сигурно има барем една која што ке се дружи со тебе,ке те сака,ке те почитува и ке ти помага!!ЗАтоа НЕ СЕ ГРИЖИ,ЖИВОТОТ Е УБАВ,ПА ЗАТОА ЖИВЕЈ ГО КАКО ТЕБЕ КЕ ТИ ОДГОВАРА!! Поздрав! :* :)
     
    На Nastjaaa4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Маца прашај ги што е проблемот, зашто те одбегнуваат..
    Ако не има друга алтернатива за да не седиш дома цело лето. Со некое девојче што не се знаеш, почни да си правиш муабет на фб и запознајте се убаво и искочете, дружете се. Мислам дека ќе прифати ;)
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Маца воопшто да не ја губиш самодовербата дека си малце пополничка од другите,и јас сум па мојот дечко ми ги сака облините :$ :lol: .Мој совет е да одиш негде на фитнес,зумба или нешто слично каде што ќе можиш да се дружиш со повеќе луѓе.Викни некоја братучетка со тебе да излезите,па ќе видиш како се че се смени. Исто така послушај го советот и на belieber запознај се со некое девојче преку fb, разговарајте,а и овде можеш да најдеш некое девојче на фемина кое што е од твојот град и сум сигурна дека нема да те одбие. Среќно ;)
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ова го пишувам за да добијам различни мислења и по некој совет, затоа што стварно ми е тешко сама да се справувам со ова.
    Значи вака...
    Можам да кажам дека се чувствувам осамено. Не паметам и кога не сум била таква. Уште како мала не сум била меѓу главните т.е. лидери во друштвото, секогаш сум стоела на страна, не сум била меѓу омилените. Се трудев со сите да бидам добра, фер, ако им треба некоја услуга да излезам во пресрет и слично. Се покажа дека тоа е за џабе. Во основно беше исто. Во средно ситуацијата малку се подобри, имав големо друштво, постојано излегував и барем мислев дека тие се вистинските, но не било така. Друштвото се распадна, скоро и да немаме веќе контакти.
    Кога почнав на факс имав надеж дека ќе се подобри се... Нова средина, нови луѓе, па и нов живот. Се здружив со повеќе луѓе, ама имам впечаток дека само им се натурам, дека тие всушност и не сакаат да се гледаат со мене. Кога ќе се најдам пред нови луѓе, ми се случува да молчам, се стегам, а толку многу мисли ми се мотаат низ глава, само тешко ми е да ги преточам во зборови. Имам впечаток дека сите полека се оддалечуваат од мене.
    Пред некој месец раскинав врска со дечко кој го сакав премногу, уште се опоравувам. И сега имам врска, но спрема него немам чувства, го изневерувам и го лажам. Се лечам со краткотрајни авантури за една ноќ, се лажам дека ќе биде подобро но станува полошо. Тешко ми е да си го признаам ова, ама станав промискуитетна.
    Имам неколку другарки, но не ни можам така да ги наречам, тие повеќе си се гледаат меѓу себе, чувствувам дека сум вишок таму. Цел живот ми е вака, се чувствувам отфрлено, несоцијализирано, а давам се од себе да бидам што подобра со луѓето. Се плашам да не западнам во депресија.
    :(
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Крејзи сонце, од една страна те сфаќам , зашто исто и ја ко тебе се осеќам низ слични раб имам и поминато у тек на основно па и средно.

    Работа е што и сега ако се осеќам така, гледам едноставно да не мислам на тоа дека така се осеќам, едноставно се борам со тоа. Мене ми е проблем што јас навечер ради ова не спијам зашто гледам колку немам луѓе околу мене. Пробувам да најдам решение и коренот на самиот проблем .
    ипак, мислам дека некои работи потекнуваат од нас самите. Така да размисли добро да не нешто во тебе не чини што ги прави луѓето да бидат по дистанца од тебе .

    Исто така кога бев тинејџер посетував и психијатар заради др работи ама и за ова исто. Ми има кажано за една вежба. На пример, размисли за тоа која ти тебе омилена глумица. И почни да гледаш филмови од неа. Почни да постапуваш ко неа, секако не да ја имитираш ами едноставно у одредени ситуации каква да бидеш. Пробај така.

    Почни да менуваш нешто на тебе, можеби е доволно само начинот на размислување.

    Од друга страна, чим си на факс, пробај јави се, исконтактирај некои колеги колешки било што.

    За ова за врскиве искрено , и извини вака отворено , али ми изгледа ко пукање у празно . Пробај тука да проработиш на емоционалната страна. Едноставно седни си дома и напиши си на лист хартија што сакаш у живот и какво машко сакаш . Сите можни карактеристики што ке ти паднат на ум. И почни од тоа да го бараш тоа у луѓе. Зашто вака , џабе ти е се кога едноставно не те исполнува тоа.

    Пробај некоја занимација преку лето или слично, или јави се на некоја братучетка.

    Се надевам барем малку помогнав :)
    Ако треба нешто тука сум :)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Мислењево е нешто постаро па се надевам дека нешто се подобрило од кога си го постирала овде. Оние кои не те почитуваат не ни заслужуваат внимание од твоја страна. Значи НЕМА ПРАВЕЊЕ УСЛУГИ за луѓе кои не заслужуваат. И тоа ќе им го кажеш во лице :!:
    Велиш дека си полна па можеш да се запишеш на фитнес или да џогираш. За тоа не ти треба друштво а и имаш шанса да запознаеш нови луѓе кои би ти биле потенцијални пријатели.
    И запамти незначи дека ако имаш + некои кило ниедно машко не те свиѓа. На сите ни се допаѓаат различен тип на луѓе. Зарем не си видел девојка со вишок кг со дечко?
    Ако стварно имаш 18 и си завршила со средно и ако се запишеш на факс ќе запознаеш нови луѓе. Или најди некоја сезонска работа па ем ќе заработиш ем времето ќе ти се исполни...
    Пиши ми ако сакаш - тука сум за разговор ;)
     
    На ViN.-2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ViN.-2

    ViN.-2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    На некоја од твоите другарки кажи и се што ти лежи на душа(во која имаш голема доверба)...исплачи се..потоа ќе се чуствуваш многу подобро :)
     
  16. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Не знам,едноставно не знам што да правам
    Имам една и единствена другарка,таа ми е најдобра.Со неа се смееме,со неа споделуваме тајни и се.Но не е се така розево.Никогаш не треба да зависиш од некој друг.Таа секогаш ме поканува да излезам со нејзиното друштво,од нејзино одд,но со нив не се чувствувам удобно.Они зборат за личности/работи од нивното училиште,маало,нивни познаници,а јас за тоа не знам ништо.Од друга страна,моето одд и соучениците.Машките и женските не се дружат,никогаш не излегуваат заедно.Женските од мое одд многу ретко излегуваат,и се на едни исти,прости места,а секако тоа го наредува некој главен,на кој не смееш да се спротиставиш.Ако се спротиставиш на неа,цело одделение те мрази.И се спротиставив баш последниот ден од училишната година,неколку девојчиња ме поддржуваа на мое изненадување.Но тие девојчиња,се на некој начин заостанати.Не,и јас мразам уште од 5то мување,диско,миско,но они никогаш не излегуваат.Сега во летото,сите демек по одмори,вака така...Сега ќе бидам 8мо,време на искачање,симпатии,дечковци,полуматури.Но со кој да го споделувам тоа?Со мојата најверна другарка и нејзиното одд или со моето одд кое никогаш не излегува?Се чувствувам осамено,многу осамено особено во летниот период.Можеби во средно ќе сретнам нови другари и другарки,со кои засекогаш ќе се дружам,но сепак..
     
  17. AgirlA

    AgirlA Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Сама :(((

    Имам 20 години од Битола сум...ако има слични теми на мојата се извинувам...се чувствувам осамено, завршивме со учење, со другарка ми нешто се налутивме, другите си имаат дечковци, јас немам дечко а ни другарки сега, немам со кој да излезам да прошетам...а за да имаш дечко да запознаваш луге треба првенствено да излегуваш, сега лето, немам обврски а да немам со кој да излезам навечер а прекрасен е градот има разни дешавања... не сум многу упиклива и прилагодлива личност што може со сите да се вклопи и тоа е тоа...ме фаќа депресија, што ќе правам вака сама, а не сум малечка, што да направам, што да променам...има ли некоја со сличен проблем како мене, по можност од бт?
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сама :(((

    Не сум од Битола но ке се потрудам да ти помогнам :)
    Која е причината што се скаравте со другарка ти?Кој е виновен за тоа?Ако ти недостига обиди се да разговараш со нејзе и да ги средиш проблемите.
    Тоа што си сингл не е страшна работа.Постепено ке си го смениш љубовниот статус.
    Немој да мислиш дека сите кои се во врска се неизмерно срекни,напротив има и врски кои се мачни и едвај чекаат да раскинат.
     
    На AgirlA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AgirlA

    AgirlA Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Сама :(((

    Токму поради ова се скаравме, бидејки јас нонстоп и помагам со учењето, ја прикривам кога не е на часовите и ги добива истите поени како мене и носам книги, а кога ќе ја замолам да излезиме ја мрзи, несака, ја менува темата и по цел ден сама седи дома со едно мало го шета, стварно не ја разбирам и последниот пат ми пукна фимот за се што направив за неа вака ми враќа, ја молев, бендисвам еден дечко само онака сакав него да го видам, ај да излезиме ај да излезиме и не и не на нејзиното остана...и други ми велат зошто ти е таква, инаку со другите се оддалечивме во други градови заминаа да студираат и тоа си го прави своето... инаку фала мн што ми пиша...поздрав
     
  20. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Сама :(((

    јас сум од битола хаха.
    не се секирај залудно, најверојатно ова е само еден период од твојот живот кој брзо ќе помине. разговарај со другарките кои имаат дечковци, излези понекогаш со нив, можеби ќе се запознаеш со некој другар на дечкото на другаркати кој ќе ти се допадне.;) запиши се на некој курс, оди на пливање, на аеробик, зумба нешто така и ќе се запознаеш со нови луѓе, ќе склопиш нови пријателства. не се разочарвај, ќе помине и овај период. а таква другарка не ти треба. повторно поврзисе до другарките со кој си се оддалечила, одете на кафе почесто на пример :)
     
    На AgirlA му/ѝ се допаѓа ова.