Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    ИМАМ ПРОБЛЕМ женски ве молам помогнете ми ! Имам другарки но се чувствувам осамено, чувствувам внатрешен немир ! :(
    Бевме друштво од 4 девојчиња , функциониравме многу добро заедно околу 10 месеци.. Но сега една другарка се оддели од нашево друшство, не сака повеќе да испаѓа со нас со изговор дека не сме и се јавиле за испаѓање, или пак дека не и ги сослушуваме проблемите.Сега таа е во друштво на девојчиња кои може да се каже се големи лицемерки,а воедно и наши "непријателки :sweat:
    Ние разговаравме со неа, се обидувавме да го решиме проблемот и да ја вратиме назад, но не ! таа сака да испаѓа со нив, а порано што се не зборуваше за нив
    Па што мислите дали вреди да се трудиме и да се понижуваме за да ја вратиме? да ја молиме?
    А од друга страна пак ми е страв да не ги изгубам и овие 2 другарки што ми останаа бидејќи учиме во различни училишта. СТРАВ МИ Е ДЕКА ЌЕ ОСТАНАМ САМА !!! ;( СТРАВ МИ Е ДЕКА НЕМА ДА МОЖАМ ДА СИ ФАТАМ ДЕЧКО БИДЕЈЌИ КЕ НЕМАМ ДРУШТВО ! СТРАВ МИ Е ОД ОСАМЕНОСТА ! :sweat: ;( но и криво ми е поради тоа што ја сметав за вистинска другарка, а таа наеднаш ни го сврте грбот :worried:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Драга луничка,немој да се нервираш за некоја си таму лажна другарка.Секако дека нема да останеш сама,во училиштето има и други девојчиња со кои можеш да се спријателиш,нели :) ?А за момчиња немој воопшто да мислиш негативно,се ќе си тргне по по свој пат.
    А и велиш имаш други две другарки,иако не се во истото училиште,тие ако ти се вистински другарки ќе се дружат со тебе во слободното време.
    А што се однесува за оваа другарка што ви свртела грб,вие вашето сте си го направиле,немојте да се понижувате веќе и да ја молите-не вреди!!!Кога тогаш тркалото ќе се сврти но ќе биде доцна,ќе сфати таа дека неправедно постапила а тие нејзини нови другарки ќе ја отфрлат многу побрзо отколку што мислиш верувај ми-таа ќе се врати и ќе моли да ја примите назад.
     
  3. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Многу ти благодарам, со овие 2 реченици навистина ме утеши и ми помогна малце емотивно да се подигнам.Ти благодарам многу многу многу на овие позитивни зборови ! :inlove:
     
  4. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Се чуствувам осамено.
    Мои најдобри другарки, и двете имаат дечковци и со двете се здружив пред 4 години , многу им се имам најдено во животот , им имам помогнато во ситуации кога им треба помош и двете кога и да ме побараат секогаш наоѓам време да се видам со нив. Но тие со мене не постапуваат така , јас немам дечко но потполно ги разбирам како е да се има треба да му се посвети време и на него, но до толку да ме запостават .. излегуваме само кога тие имат време кога ним им одговара , скоро сегагаш сум јас таа која прва ги бара да излеземе па наоѓаат изговори ќе одам ваму ќе одам таму , не вечерва не излегувам јас, за јас во таа иста вечер да на ја начекам заедно со нејзиниот дечко .
    Не сум ни таква да им досадувам , да ги барам постојано , еве за летниов распуст се гледаме можеби еднаш на 2 недели , бидеќи тие се нели зафатени.

    Па можеби јас претерувам , можеби не сум во право нивното е исправно , незнам .
     
  5. Prettygirlll

    Prettygirlll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    И јас имам проблем со осаменоста... Имам само 13 години, но многу се чувствувам осамено. Имам една другарка којa е една година постара од мене, навистина е многу добра и можам баш се да и кажам, но таа си има свое друштво на нејзини години и си излегуваат, јас не припаѓам таму... Целата генерација ми е катастрофа има многу девојки кои се сметаат за повозрасни и мислат дека се она што го прават со момчињата е "кул", некои ја имаат изгубено и невиноста... Имам една најдобра другарка, односно имав уште од прво одделение, но сега таа многу се задружи со деца од нејзиното маало, па јас сум и веќе заборавена,морам да признаам дека многу пати ја имам повредено подоцна сфатив за тоа и многу и се извинував, но беше доцна. Сега се дружам со една другарка што учи со мене исто како и претходната што ја спомнав, но таа почна да станува чудна се задружи со едно девојче кое што ни е најлудо во класот мислам дека ви кажав во која смисла најлудо и почна да се менува, се однесува многу возрасно, а и така си е висока... Сега девојчето е на одмор па оваа нема со кој да се дружи и излегува и јас сум тука на располагање, се разбира како и секогаш. Сите си имаат оформено друштва, а јас буквално немам никој со кој можам да се дружам и излегувам навечер. Не сум совршена, но мислам дека заслужувам нешто подобро... Имам проблем со искреноста, на сите се им тупкам в лице.. А и повеќето деца од класот и цела генерација ме мразат од љубомора како да се 2-годишни деца и тоа за што?! За оценките и тоа што цело време ме фалат наставниците.. Дали за тоа вреди да се љубомори?!! Сакам некој совет бидејќи се чувствувам многу осаменооо :( :'(
     
  6. brokenHeartgirl

    brokenHeartgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    15
    од каде си ти pretty girl? инче и јас пнекогаш се чуствувам многу осамено. Јас сум христијанка но мојата најдобра другарка е муслиманка и секогаш кога јас сум тажна таа успева да ме развесели и јас исто :)
     
  7. Prettygirlll

    Prettygirlll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Milo mi e za tebe :) I mene drugarkata koja e edna godina postara od mene mnogu dobro znae da me razveseli i i mozam potpolno se da i kazam, a i taa mene se mi kazuva... Problemot e vo toa shto nemam drushtvo za izleguvanje...
     
  8. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Еве јас да ти дадам совет... Не грижи се , сите го имаме поминато ова ! Ќе се здружиш не се секирај, само не мисли на тоа, не се оптеретувај.. Јас порано бев сосема сама, но одеднаш ми се појави друштво.. Верувај ова не е причина за да жалиш, има поголеми проблеми како на пример мојов.. да имаш лажно друштво 1 година, ;( и сега се да пропадне во вода, а си им ги кажувала сите тајни. И што ако сум имала друштво? сега немам ништо... :?:
    Затоа не се брзај, ке оформиш друштво но биди претпазлива ! немој да дозволиш да има лицемерни луѓе околу тебе :!:
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Луничка,баш ми е мило ако ти помогнав.Само да се надоврзам да кажам на сите осамени девојки,подобро извесно време да бидете сами отколку во лошо друштво :emo:
     
  10. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    И јас се чувствувам осамено , многу осамено , имам дечко и со него разговараме , ама сакам да си имам другарки да си споделуваме секакви работи , ама за жал немам :worried:
     
  11. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Не се секирај многу си го имаш дечко ти. Некои па ни тоа немаат. Ја што ако имам другарка кога некогаш се чувствувам осамено баш поради тоа што немам дечко.
     
  12. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Постојано сум излезена негде, имам се што ке посакам скоро, не се жалам , задоволна сум од мојот изглед, и постојано сум во друштво а сепак сум осамена, имам некој душевен немир...
    Ми фали љубов , и постојано сум во потрага по некој, како да фали дел од мене...
    Осамена сум , и покрај толку луѓе околу мене ..
    Што мислите што треба да сторам ?
     
  13. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Имам доста другарки,не излегувам многу често но сепак се чувствувам многу осамено.Чувствувам како да ми фали уште нешто :/
     
  14. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како да ги одтурнувам сите од себе, или како тие сами да си заминуваат од мојот живот. Цело лето, имам излезено најмногу 3 пати, и навистина ми треба некој кој ќе ме сослуша..но секогаш, кај секого завршувам како втора опција. Опкружена сум со луѓе, и баш таа врева ме прави да се чувствувам сама.
     
  15. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    не ги оттурнуваш лужето од себе...тие не се вредни за твоето внимание.....едноставно треба самата да се погледнеш во огледало и многу јасно и убаво да размислиш што сакаш во животот...се она што го сакаш вистински се остварува, само треба да вложиш напор и да имаш трпение.... сега не се чувтвуваш добро и поради тоа се ти се собира на едено купче...денес можеби не е твој ден, утре ќе биде подобро...
     
    На The.Complicated му/ѝ се допаѓа ова.
  16. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на советот, но после толку бурно минато, незнам веќе каде да ја барам среќата..Дали во другите луѓе, надвор во светот, или во самата себеси.
     
  17. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    срцка секој си има свое минатооо....незнам јас што на тебе ти се случило, но неможеш да кажеш дека се откажуваш, тоа несмееш никако....мораш да бидеш силна...заборави на минатото, заорави на работите кои те прават несреќна...едноставно за почеток посвети се на она што те исполнува.. најди некоја занимација..секој човек поминал низ лош период во животот, но само храбрите успеваат со крената глава да продолжат напред.. полошо неможе да биде само подоброо..уживај во животот, излези надвор те чека некој на кој си му вистински потребна...
     
    На The.Complicated му/ѝ се допаѓа ова.
  18. malena87

    malena87 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Се чувствувам осамено затоа што долго време го чекав оваа лето и на крај нема со кој да одам на одмор. :(
    Овој период кога мене ми дадоа одмор од работа и кога сум во финансиска можност да заминам некаде немам со кој да одам, ниту една од другарките не е слободена или веке се има договорено за покасно што мене не ми одговара од работа...
    А што е најжално имам и дечко но и он претходно си се договорил со другари да оди на одмор и немало смисла сега да им откажува и да дојде со мене затоа што мене сите ми отажале.... се гледа колку сака да биде со мене и поради тоа планирам да му раскинам.

    Дајте ми некој совет што да правам?
    Дали сега кога сум во финасиска можност сама некаде на море да заминам и да се одморам од се и од сите... али некако и страв ме фака сама на одмор да одам :(
    Што би направиле вие сте биле ли во ваква ситуација?
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Малена,навистина сите твои блиски ти го свртеле грбот :x .
    За другарките ајде да речам некако можеби и стварно не би можеле да дојдат,но дечко ти?
    Од такви како него ми се :puke: ,не можел да откаже од другари.А ти што си му,резерва :fubar: ?
    Убаво штом планираш да го откачиш,паметно :!:
    Зависи каде сакаш да заминеш на одмор,но секако чисто сама досадно ќе ти биде и секако и страв :( .
    Јас оваа година заминав со брат ми ,тој ми правеше друштво,па ако имаш братче,сестричка,отиди со нив,или некоја братучедка ако сака прашај.
    На твое место јас така би постапила.
    Поздрав и убав помин на одморот :)
     
    На malena87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    хермоса е сосема во право...незнам колку време идеш со дечкото, но мислам дека треба да седнеш и посериозно да поразговараш со него... а сама според мене не е убаво да одиш никаде... разговарај со дечко ти..ако не се предомисли можеш да го направиш следново...една моја познаничка баш оваа година отиде во туристичка агенција незнам како се викаше и закажа 7 дена во грција некаде околу 150 евра (пат,смештај и алка за поевтино) и потроши уште многу малку пари...замина сама, во автобусот запознала некои млади луѓе кои биле дел од таа тура и си поминала супер....ама малку е поголем ризикот..сепак не ги знаеш луѓето...размисли, распрашај се ...поздрав