Се чувствувам осамено

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija19, 28 јануари 2010.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    134
    Осаменоста е резултат на неисполнетоста на животот.
    Доколку добро си го организираш денот,почнувајќи од школо/работа,па социјален живот,роднински средби,студентски забави.Имање цел ,активности ,хобија....Е тогаш не би чувствувале осаменост,бидејќи немаш ни време да мислиш на тоа.
     
  2. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    276
    имам семејство ,деца ,сопруг но за жал немам некоја блиска со која ќе можам да прошетам да си кажам што ме мачи едноставно да поразговарам се плашам дека ќе се навикнам на ваквиот живот :worried:
     
  3. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Во последно врме многу се чувствувам осамено иако тука за мене секогаш се посебни луѓе сепак чувствувам празнина одвнатре.
     
  4. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    секогаш сум се чуствувала осамено..:/ без разлика на се..одсекогаш сум се осеќала осамено..:(
     
  5. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    1.414
    Да бидам искрена, и јас... Иако има луѓе околу мене, нешто недостасува...
     
  6. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    671
    Треба да откриеш што е тоа што ти недостасува. Е да :!: пред да го откриеш тоа што ти недостасува треба да откриеш тоа што те исполнува . А сигурно тоа што ве исполнува ви недостасува и прави да се чуствувате осамени.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Сите понекогаш се чувствуваат осамено, јас сум од оние кои многу често се осамени! НО, секогаш знам како да се изборам со тоа! (полудувам :lol: )
     
  8. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    42
    За некој да не се чувствува осамено треба да биди во заедница со Бога. Затоа што колку и да имаш пријатели и роднини и други работи за занимација стално ќе чувствуваш дека не си потполно среќен човек некоја осаменост ќе чувствуваш. Но кога човекот е со Бога тогаш е навистина среќен, тоа е посебно чувство, кој има дојдено до тој степен знае и се труди да не се врати во претходната ситуација. Јас мислам дека е така.
     
  9. olgica258

    olgica258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Ми треба еден(може да го наречам) одговор
    Ми се растури друштвото ова лето и сега немам речиси со кого да излегувам. Од септември сум 1 година и ке одам во нова средина, со нови деца, дали мислите дека таму може да се фати ново друштво, или сите се оформени( 4- 5 деца на пример излегуваат заедно) и нема да можеш да си фатиш некои другар/ки, дали на некој му се има случено ова, или може да ми даде некој совет. ( Мене до 8 оделение некако и не ми одеше со децава од одделението, не беа деца со кој можев да комуницирам, со исклучок на 7 - 8 деца и доста ретко излегував, и не сум од оние откачените, дали би влијаело ова на запознавање на нови деца/ново друштво)
     
  10. simeonasimeona

    simeonasimeona Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Не се секирај ,секако дека во новото училиште ќе најдеш ново друштво зошто и др.сакаат тогаш т.е во 1 год . да го прошират познанството :) И јас не сум мн .комуникативна но , секогаш нз како си наоѓам некого и имам 1 дајдобро др.па така ја убивам здодевноста. Но , некогаш ми е толку здодевно кога таа нешто ќе е зафатена и полудубам од здодевност ,се вртам по дома како будала ама тоа е хаха :D
     
  11. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    Немој воопшто да се секираш! Најголемите другарства се од средно. Најинтересните случки, екскурзии, бегање од испрашувања :lol: Сите се изгубени метафорично кажано на почеток во прва година. :lol: Првите денови во средно се најбитни, до кој ќе си седнеш, со кого ќе се здружиш е многу веројатно остатокот од средно да го помониш со тие фацки. За летово за дружење ке се снајдеш некако сигурно имаш некоја комшика или братучетка, роднина каде што ке имаш на 1 кафе барем да отидеш. Не се бедирај, може и летово ќе се заљубиш, вака кога најмалку очекуваш и се надеваш на друштво. Ајде развесели се за забави, секогаш се наоѓа друштво. Нели што повеке сте, побав е проводот! ;) А од септември ќе биде друга приказна. Ти посакувам да се паднеш во супер клас, каде што нема мн да се познавате од предходно. И сите ке бидете на исто рамниште за докажување и дружење. :)
     
  12. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.066
    Пол:
    Женски
    Ако се чувствувате осамено вклучете го телевизорот и ќе има некој да ви зборува :)
     
  13. olgica258

    olgica258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    simeonasimeona во право си, не сум и јас комуникативна срамежлива сум доста, ама некако верувам во себе дека ќе најдам барем уште 2 3 БЛИСКИ другар(ки) и ќе терам некако ќе пробам да се опуштам малку повеке, :D ќе успеам :D .
     
  14. olgica258

    olgica258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    SparkyAngel дај боже да е така како што велиш :D во тој клас кај што ќе бидам јас не познаам никој, така да мислам дека ќе биде нешто :)
     
  15. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Moram da si pisam nekade inaku kje pukna predlugje sto ne treba!!!
    Mnogu e tesko koga si sekogas tuka za site a koga tebe ti treba nekoj makar i za edno kafe nikoj nikade go nema ili pa nemaat vreme za tebe,site si go teraat filmot a stom zgusne ete gi na vrata!!!
    Nikoj ne me prasal kako sum jas,sto planovi imam jas dali se gldam so nekogo,dali mi e dobro pa pred skoro raskinav mnogu dolga i zaebana vrska i samo zatoa sto izgledam navidum silna neznaci deka mi e se ramno !!!
    Mnogu e loso da si osamen a uste poloso e da ima lugje okolu tebe i pak da se cuvstvuvas taka zaebano kako da si na rabot da gi nabrkas site i od tvoj dom pa i od tvojot zivot!!!
    Za kukanje se prva a koga jas treba da pokukam na nekoj e togas ili se nekade ili nemaat vreme ili se so deckovcite ...se osekjam tolku naivno,glupavo i osameno i navistina neznam od kade da pocnam da si ja razmrsuvaam ovaa i taka dovolno zamrsena situacija :(
     
  16. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Може ке ви звучи смешно но оваа моја идеа е најбрилијантна.Дали си размислувала некогаш да одиш да живееш на дрго место? Друг град? Нов град,нови луѓе,нов жовот,нови другарќки и нов дечко.Се може да биде совршено ако сакаш.
     
    На srcekrsacka и yokoono им се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    3.414
    За почеток , пушти си некоја весела песна и запеј и ако ти се плаче .
    Утре посвети го денот на разубавување.
    Другиот ден направи си го омилениот десерт.
    Па дотерај се и излези со насмевка и крената глава.
     
    На srcekrsacka и VIN.diesel им се допаѓа ова.
  18. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    418

    Извини што ке те цитирам можеби со овој мој пост ке ти помогнам на некој начин.Ке кажам општо се надевам дека ке извлечеш некоја позитивна работа од него .
    Некако сите кукаат ( не се ставам во таа група ) дека некјо некого заебува (извинете на изразот,баш ми е соодветен мене во моментов ) ,некој некого искористува ,злоупотребува ...се разбира мислам на друштвото .Прашањето е зошто е тоа така или до кога ? |(
    Не велам дека и јас не сум поминал низ таква фаза .. Беше и тоа во мојот живот кога се јадосував поради нефер игри ,се ставав во ситуации јас да одлучам за други итн оние патетични муабети .
    Дефинитивно до самите луѓе си е тоа ..Доверба само во очите иако и тие ке те излажат некогаш ( оптичка варка :D ) .. Пред извесно време пишав нешто на форумов за мене премногу искрено и реално .Во бога верувај,се друго проверувај :!: .Самите дозволуваат да дојдат до тој степен морам да обвинам .Терајте си како вас ви одговара .Бидете сурови и дрски ( не претерано ) но доволно да имате свое ЈАС .Во она што го кажувате и правите имајте факти и докази,ке забележат дека едноставно неможат така лесно да одат против вас (ке има обиди но мора да се издржи ) .Грижете се за себеси физички ,интелекутално ....Да не се лажеме убавината е 1то нешто што боде во очи .Човек колку да е идиот нема да му пишува на чело ,но ете тоа може да го користи или злоупотреби.Срамежливоста,и сите приватни лични работи нека бидат спакувани (што велам јас зипувани :lol: ) во вас ,да не се иде на карта ако ти е пријателка-другарка -братучетка дека ке ти помогне ако и кажеш .Може од што те сака и почитува да биде само во непријатна ситуација да ти ја каже вистината ...Има една убава тема кога 1пат ја видов се насмевнав , Вистина е така што гледате,одговоретеси самите на себе искрено,никој нема да ве слушне,да ви се насмее или да ве пофали непотребно .Доколку човек е искрен сам пред себеси мн работи ке ги гледа малце поинаку.Не велам дека треба да се биде суров ,и јас се лажам во одреден % но тоа е порди мотив реален :emo: .Сите оние формални работи што се прават треба да се прекинат ,глупаво здраво со небитни (нема до душа небитни сакам да кажам оние што не повредиле или пак се во постојано во некаква војна со нас поради нешто што незнаеме или нетреба )да се стави крај .Еден ке биде победник,или гордо главата горе или да се процени штетата и да се види само % на искреност дали вреди за здраво или не :swear: ...
    Самите одредуваме колку ке бидеме ценети,почитувани и како ке се чувствуваме иако некогаш животот е кучка и не пика во ситуации да се мрзиме себеси поради некој други фактори .Извини животе но ке те искористам максимално добро а за другото ти објавувам војна :devil:
     
    На SparkyAngel, yokoono, nice.girl9090 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    па и мене ми се случува така..ама тоа ееее.... :(
     
  20. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    224
    Проблемот не е секогаш во другите ако сте сами, можеби е до вас и до вашите постапки начинот на понашање што ги брка луѓето околу вас.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.