Имам пријатели кои многу ги сакам, фамилија ама сепак дури и кога сум со нив се чувствувам осамено. Пријателите знаат дека многу не сакам и други луѓе и дека секогаш се држам до мал, затворен круг на пријатели ама стварно ни јас неможам некогаш да се разберам.
Да душо,ама човекот е социјално битие,мора и треба да контактира со други. Чувството твое ми е позната именка и често потпаѓам во таа состојба,ама и при паѓањето дојдеш до крајот,до дното и си велиш доста е.И сфаќаш дека си жива и денот надвор е прекрасен и дека околу тебе има барем една личност која не е лицемерна. Каква тага деца.Уживајте во младоста има време кога ќе бидете потиштени.
Во последно време ме фаќаат такви моменти на осаменост,се чувствувам и како да не сум сакана...Опкружена сум со другарките кои ми се многу блиски,мајка ми е тука,таткко ми,сите...а тие ако не ме сакаат кој друг ќе ме сака.Иако сум свесна дека ме сакаат и се грижат за мене,сепак тука е присутно чувството на осаменост...
А кој не се осеќал така? И дома кога немав време да се завртам од друштвото пак така се осеќав.. Но сега не се замарам, знам дека и да има некој секој си е за себе, несакам да бидам очајна и да се жалам или напињам, има многу подобри работи што можам да ги направам
И јас е осекам многу осамена.,,ДРУГАРКИТЕ,, се со мене кога им преба само нешто.Нема на кој маките да си ги кажам...А пак мајка ми со неа не се разговара.Таа не може да ме разбере.Никогаш се нема ставено на мое место.Едноставно се чувствувам празно. Имам многу да кажам ама нема кој да ме слушне..........
Јас се чувствувам осамена затоа што еве само дома седам, некако ме мрзи да искочам на ладново не се движам. А секој ден по некој или на кафе ме вика или на гости или да излеземе ја само некои изгоовори барам не ми се искача а после се чувстувам глупаво поради тоа. Еве денес требаше да одам да ја гледам другарка ми ќе има приредба таа ќе игра ама не отидов , и знам дека не сум фер затоа што не отидов а зашто? ме мрзеше, се чувствував поспано мрзоволно и така секој ден.
Периодов премногу мислам дека никој не ме разбира и се повлеков во себе ако сака некој слободно нека пише во ЛП
Не се чувствувам осамено. Иако контактирам со мал број луѓе кои ми се долгогодишни пријатели,тие дружења ми се доволни.Знам дека функционирам во еден мал и затворен круг на пријателство,но немам потреба да воспоставувам нови контакти.Денес тешко може да се развие пријателски однос,а уште потешко да ја задржите комуникацијата.Повеќе би се трудела да не ги изгубам вистинските пријатели,отколку да се пуштам во потрага на нови.
Чуството на осаменост е во нашиот мозок,може да бидеш опкружен со милион луѓе околу тебе и пак да бидеш осамен,значи се во нашата глава како ги доживуваме работите,а што се однесува до пријатели јас сум личност што е секогаш отворен за нови пријателства.
Понекогаш и постојано да си со луѓе околу себе, пак имаш чувство дека си осамен. Тоа можат да бидат и периоди, кога сме разочарани на пример од блиска особа. Сето тоа е пролазно или само се навикнуваме на реалноста.
Понекогаш се чувствувам многу осамено и често плачам поради тоа се додека не се најде мм до менее да ме гушне и утеши. Ми недостигаат моите најблиски
Најлошото чувство е осаменоста. Жално е кога имаш еден куп луѓе околу тебе а си осамен. Дојде време кога сите си ја гледаат својата работа и си се грижат само за себе. Сваќаш дека и да им се довериш и да не, исто ти се фаќа.
se cuvstvuvam mnogu osameno iako moeto semejstvo i drugarki se pokraj mene i sekoj vikend sum izlezena sepak cuvstvuvam deka nemam smisla za zivot se mi e smaceno mnogu sum osamena neznam vekje sto da pravam
Тоа што никогаш не успеав да изградам сериозна врска(а општеството ми врши притисок),тоа што горе доле сите фатиjа дечковци а jас останав на страна ме направи депресивна и имам огромен страв од осаменост.Постоjано размислувам што ако останам сама во животот и самата помисла ме вади од кожа. Незнам како дозволив да доjде до овоj степен, како и да е долго време ми требаше да признаам дека стравувам да не останам сама
Има денови кога се чувствувам многу осамено,иако моите се блиску до мене. Летото кога бев на одмор со другарките,заедно бев со нив излезена и на моменти се чувствував осамено,навистина не знам зошто. Понекогаш опкружена сум со луѓе,а сепак како да сум сама,како да не познавам никој околу мене. Навистина го мразам тоа чувство.
Јас моментално с чувствувам осамено. Имам некоја празнина во себе. Посебно сега кога завршува еден период и почнува нешто ново. Се буди природата и јас треба да заминам на факултет (почнува сместарот де) како нешто ново да е. Се плашам од тоа што доаѓа, а како да немам на кого да се потпрам ако заглавам. Како да сум оставена сама на себе.
Jас една година трпам живот во нефункционален брак и се осеќам толку исцрпена во оваа пуста осаменост,сопругот воопшто не се ни потруди да сфати дека е во брак и да ми го олесни привикнувњето на нов дом и се останато,колку пати навечер си легнував со солзи и претрупана со храна како замена за топлината и емоциите што ми недостасуваа од него а он веќе длабоко заспан гајле му е за се,и сега сум пред покренување на разводна постапка и толку сум исплашена,осамена...
Кој е единствениот излез ? кој ? 2 години осаменоста ме утепа. И ден денес, без пријатели ( само семејството шо ме дружи) и навистина ми е тешко.Не дека немав пријатели туку беа многу....како да кажам ..-прости, не ги интересираше училиштето толку се некултурни а најважното не ги интересираше за дружба, за излегување за шегување.Имав толку многу прилики но ни самата незнам да ги искористам.Ми станува жал кога ги гледам другите девојчиња насмеани разиграни ништо не ги спречува.Најубавите машки сите трчаа по нив.А не дека се некои ,,чепли'' или така нешто, сосема созреани убави беа во друштвото.И тоа ми е поентата како да им се придружам? Разговарав и со моите родители дека осаменоста не ми дозволува да живеам, ме разбраа и се потрудија да ме спасат од таа црна ,,замка'', ме запишаа во другото училиште..Се надевав ке стекнам нови другарки но пак се појавиа оние истите, како истите да ги гледам.Безчуствителни без ум. Се запрашувам можеби карактерот не ми е добар можеби сум грда но не е до тоа сепак ми рекоа дека сум и најјубавата во одделението но бидејќи велат така зошто не почнат да се дружат со мене ? Правев се. Се обидував да влегувам во нивните разговори но во училиштето имам мака и никогаш неможам да бидам весела. Си мислам како сите да избувнуваат дури живеам и без двата родитела кои се многу далеку во странство. Често мечтаам за некое добро другарство. Но имам среќа што сум 8 одделение можеби во средна школа ке запознам некои такви? само тоа ми дава надеж . Се чувствувам глупо што ни самата не знам да го напишам ова од ронење солзи .Секогаш кога ке сум со нив не ми доаѓа ништо на памет како да влезам во нивниот разговор, само избувнувам и се тргам на страна. Како да бидам по опуштена ? Како да се чувствувам заљубено во мојот карактер да ,,блеснувам''.Знам дека и ова е глупо но морам да го кажам дека дури и помислував да си го одземам животот од осаменоста. Толку имам да кажам бе молаам помогнете ми ако можете, советиииииии молам
Лелее колку е едноставно вака да читаш и речиш „запиши се на курс“, „оди на фитнес“ ... бла бла Се имам пробано, се .. ама баш се! Одев на јазици, во теретана, барав братучетки, стари пријателства ... И никогаш ништо не ми успеало. Сигурно ке речите во тебе е проблемот и да и јас мислам дека е во мене. Ама не разбирам во што? Зошто ни едно друштво неможам да си имам? Зошто? Не сум доволно интересна? Откачена? Луда? А за пријател сум! Голем пријател сум и секогаш тука сум за сите. Ни еднаш не сум повредила другарка, ни еднаш не сум ги издала или слично.