Сибирска Аронија - Aronia Melanocarpa

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од La.Reina.Del.Sur, 5 јуни 2011.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сибирската аронија (Aronia Melanocarpa) потекнува од Северна Америка, а покасно е пренесена во Сибир и во северните делови на источна Европа. Индијанците први ги препознале нејзините лековити својства и ја употребувале во исхраната.
    Во почетокот на 90-те години на минатиот век, науката се заинтересирала за ова растение и од тогаш почнуваат голем број студии во САД, Русија и Полска за нејзините лековити својства, па така набргу добива статус на лековито растение. Зрелите продови на сибирската аронија содржат големи количини: биофенол, танин, катехин, флавонид, антоцијанин, фолна киселина, витамин А и Ц, Б2, Б6, Б9, Е и многу реткиот витамин П, како и бетакаротин, калиум, калциум, железо, манган молибден, јод и фосфор, огромна количина на танин и флавонид, каде главна улога има антоцијанинот, и ја прави Сибирската аронија најјак досега познат антиоксиданс.

    Лековити својства и примена

    - Антиканцерогено дејство - ги убива малигните клетки во голем процент, кај туморите на мозок, бели дробови, дебело црево и црн дроб (антоцијанин и проантоцијанидин) .

    - Антиоксиданс - го спречува создавањетона слободни радикали и дегенерацијата на здравите клетки во човечкото ткиво и крвната плазма, а со тоа го успорува стареењето на орга
    низмот (танини, флавониди, витамин Ц и Е).

    - Глава - ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови на главата и помага кај главоболка и мигрена, го спречува развиваето на атеросклероза и создава силна заштита од појава на деменција и Алцхајмерова болест (антоцијанин, витамин Р).

    - Срце - го намалува крвниот притисок, го враќа лошиот холестерол во нормала и го поттикнува зголемувањето на добриот, овозможува брзо опоравување после срцев и мозочен удар, го регенерира артериското мускулно ткиво и ја зголемува еластичноста на артериите, ја подобрува прокрвеноста на миокардот и создава потполна заштита од зачепување(антоцијанин , биофеноли, витамин Р).

    -Уринарен тракт - лечи уринарни инфекции и воспаление на простата (5-10 пати поефикасно од канадска брусница).

    -Јакнење на имунитетот - спречува бактериски и вирусни инфекции(настинка грип)...(биофеноли, витамин С).

    -Ендокрини жлезди - го подобрува лачењето на хормони и ја регулира работата на тироидеата, го го мрегулира нивото на шеќер и хемоглобин во крвта, работата на панкреасот и лечи дијабет. Соржи многу редок овошен шеќер СОРБИТОЛ со што ја помага диететската исхрана.(сорбитол, антоцијанин)

    -Крв и крвни садови - ја чисти крвта, ја подобрува крвната слика, го намалува притисокот, го намалува холестеролот и го регулира шеќерот, ја зголемува еластичноста на крвните садови и спречува стварање на емболија, атеросклероза и ги намалува тегобите кај проширени вени. (флавониди, витамин Р, проантоцијанидин, биофеноли)

    -Желудник - ги смирува грчевите и болките во желудникот, го смирува воспалението на слузницата и помага кај чир на желудник.(антоцијанин)

    -Црева - ги смирува грчевите и болките во цревата, воспалението на слузницата и спречува проливи.

    -Црн дроб и жолчка - ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката, го чисти црниот дроб од маснотии ,го лечи ирегенерира воспалението на жолчната кеса и жолчните патишта, жолтица, песок и камења во жолчката. (феноли, флавониди)

    -Очи - го подобрува видот, ги лечи дегенеративните промени на макулата, ги штити очите од UV зрачење, спречува катаракта. (антоцијанин, витамин Р, бетакаротин)

    -Кожа - ја зголемува еластичноста и го намалува присуството на брчки и стрии, ги отклонува темните флеки од сонцето и пукнатите капилари, ја освежува кожата и го забавува стареењето. (витамин Е, бетакаротин, флавониди)

    -Чистење на организмот - се врзува за тешките метали и радиоактивните елементи и го овозможува нивното излачување, што е од најголема корист после изложувањето на зрачење и радиотерпија.(масовно користење после несреќата во Чернобил за намалување на тегобите на најизложените службени лица)

    -Го намалува времето на зарастување на рани и врши дезинфекција вo во постоперативниот период. (биофеноли, витамин Р, С, Е)


    Освен ова, истражувањето на руските научници покажува дека тоа овошје го активира излачувањето на тешките метали и некои радиоактивни елементи од телото. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници аронијата ја вбројуваат меѓу лековитите билки. Познато е дека после нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тешкотии на озрачените. Секако сокот, односно чајот од аронијата е многу лековит и закрепнувачки напиток, што се препорачува на старите, исто така и на младите. Нема негативни ефекти, во секој случај поволно делува на имунолошкиот систем, на отпорноста на организмот и подобрување на крвната слика.
    Освен сокот и чајот, од овие скапоцени плодови се подготвуваат и вкусни мармалади, компоти, овошни каши,желе, сирупи и разни овошни слатки работи, а кај мешењето со друго овошје добиваме богата арома и убава темна боја. Зрелите, слаткасто киселкасти плодови на аронијата можат да се јадат свежи без ограничувања,а можат да се замрзнат. Плодовите се многу вкусни и кога ќе се вмешаат со јогурт, свежо сирење и други млечни продукти. Поради големото количество на пектин кој што лесно желира, плодовите на аронијата посебно се вкусни подготвени како мешана мармалада со круши, рибизли и кајсии. Плодовите можат да се исушат и да се сомелат и како брашно да се додадат за леб, печива и колачи. Од плодовите на аронијата можат да се подготвуваат овошни напитоци, ракија, ликер, вино и оцет, а може да се употреби и како прехрамбена боја за жиговите на месо.

    Важност на ОРАК-антиоксидантниот капацитет.

    ОРАК (антиоксидантен капацитет е единица за мерење на вредностите на антиоксидантите во храната). Секоја секунда, во човечкиот организам, секоја келија е нападната со илјадници слободни радикали. Оштетувањата кои што настануваат со текот на времето поттикнуваат и создаваат подлога за развој на многу хронични болести, како што се невродегенеративни и канцерогени заболувања. Слободните радикали се создаваат како резултат на процесот на оксидација на клетките. Поточно антиоксидансите се тие што ја спречуваат оксидацијата на клетките во организмот и создавање на слободни радикали, а оние што веќе постојат ги неутрализираат.
    УСДА-министерството за земјоделство на САД објавило дека 100 гр.плод од аронијата содржи 16100 ОРАК единици, а препорачаната дневна доза е 3000-5000 ОРАК единици за да се обезбеди оптимална антиоксидативна заштита на човековото ткиво и плазмата, што одговара на 0,1-0,2 дл концентрата на сибирската аронија.
    Во научните студии е објавено дека вкупниот антоцијанин (најважниот антиоксиданс) што го содржи аронијата изнесува 1480 мг.на 100 гр.свеж плод и 664 мг.проантоцијанидин на 100 гр. што е многу висока концентрација. Докажано е дека проантоцијанидинот што го содржи аронијата помогнал во спречувањето на развитокот на малигни клетки при тумор на белите дробови, на дебелото црево и кај леукемијата, без да ги оштети здравите клетки.
    Пилкингтон, Ропаи и другите соработници на Универзитетот во Мериленд, во својата студија покажале дека кога се користи екстракт на плодот на аронијата во лекувањето при високо развиен тумор на мозокот, за 24 часа биле неутрализирани 60% малигни клетки.

    ЛИЧНО ИСКУСТВО

    Џон Сејлор, стар 50 години, земал лекови против многу висок крвен притисок,дијабетес,а исто така имал и хепатитис С. Најлошо било кога му рекле дека има малигни тумор на црниот дроб, поради што му е отстранет дел на дробот.После операцијата,дробот не функционирал нормално.Му сугерирале да изврши трансплантација, како единствено можно решение. Изгубил 32 кг. во болницата.Се вратил дома со тежина од 44 кг. Имал асцит, состојба кога во стомачната празнина се собира течност, па поради тоа морал редовно да оди на дренажа.Бил многу слаб, со чувство дека при секое вдишување воздух тоа му е последно. Немал веќе ни енергија и бил сигурен дека нема да може да ја преживее трансплантацијата на црниот дроб.Поради слабата здравствена состојба, се чинело дека му гасне животот, со што се согласувале сите луѓе околу него.
    Тогаш се појавил некој пријател и му раскажал за лековитоста на аронијата меланокапа. Му препорачал да зема аронија, бидејќи може да му помогне.Тој мислел дека пријателот го загубил разумот бидејќи сметал дека за него нема лек.
    Немал што да изгуби,па почнал да зема по 28 гр.свежи плодови аронија секој ден.Полека почнала да му се враќа снагата и тежината. Се чувствувал се подобро. Кога го видел докторот бил многу изненаден и само му рекол: - „Што и да си земал, продолжи понатаму. Изгледа тоа функционира.“
    Црниот дроб започнал да функционира, а асвитесот сосема исчезнал.Крвниот притисок се нормализирал без терапија со лекови, а дијабетесот го снемало. Продолжил со земање на ова моќно зрнесто овошје и се уште зема по 28 гр. секој ден. Сега тежината му е 80 кг.и се чувствува одлично. Негова сугестија е да не се потценува моќта на ова овошје. Таа е вистината. Тој додава дека неговото искуство е доказ за тоа.Исто така тој гарантира дека секој што ќе зема по 28 гр. плодови од аронија секој ден во период од 6 месеци, ќе види каква разлика ќе направи во неговиот живот.
    Ова искуство оставило силен впечаток кај него, така што тој продолжил да ги иследува лековитите својства на ова растение. Денес тој е најголемиот одгледувач на сибирска аронија во САД и нејзин преработувач.
     
    На Meckicja, Nigredo Odor и Serafima им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Јас имам засадено во дворот. Многу е лековито тоа овошје а и убаво е за јадење. Нешто како брусница-боровинка такво е бобасто овошје и расте како грмушка не е дрво. Се сади во доцна есен - Октомври и веднаш наредната пролет почнува да раѓа плодови.
    Знам дека е многу добар антиоксидант....да не повторувам се убаво е објаснето погоре
     
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    4.442
    Пол:
    Женски
    Tе молам да ми одговориш од каде ја најде, дали ја купи, дали може да се најде во продажба, на пазар? Имам место во дворот за да си посадам.
    Однапред благодарам.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    На зелено пазарче во Ск. Има еден чичко што продава такви садници, кого и да прашаш секој ќе ти го каже кој е тој
     
  5. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    ама дали вистина е таа сибирска аронија..... оти има повеќе типови на аронија.....
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Ваква е http://doktori.mk/element/view/4e569484 ... -borovnica
    Др видови јас незнам
     
  7. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    аронијата поцнав да ја конзумирам од пред две години .бев на гости кај едни пријатели во сандански (бугарија).од првин ми беше неубава со многу остар вкус ,но со текот на времето се навикнав.оваа пролет од благоев град си купив една садница и ја засадив во двор па се надевам наредната есен да ги вкусам и првите плодови.ова овошје е многу здраво и се препорачува на луге заболени од тешки болести,слабокрвни ,кај мази постари од 45 год.заради простатата.и за сите жени сто водат рацун за својата убавина.
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.267
    Пронајдов смрзната аронија и започнав да јадам. Продавачот нагласи дека дневно биле доволни по 20 зрна.
    Моето искуство од неа додека ја конзумирам е навистина добро.
    По цел ден сум со работа, а искрено не се чувствувам изморена.
    Засега немам добиено напад на мигрена, иако се очекуваше во секој миг. Успеав да го поминам.
    Исто ми го зајакна имунитетот, а особено забележав на херпесите. Од грип секогаш ми се појавуваат херпеси околу носот, што и сега ми се појавија. Кога започнав да јадам аронија, полека полека за 2 - 3 денови целосно ми се повлекоа и заздравија, иако ги направив лом од чепкање од што ми пречеа :lol: .

    Се на се, навистина е делотворна :) .
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.110
    Пол:
    Женски
    И јас јадам аронија. Ама по десет зрна. Има читано не е добро да се јаде премногу. Серафима кој ти кажа по 20 зрна да јадеш? Мене тоа ми зигледа некако прменогу.
    Инаку мене баш ми е вкусна, а и дава енергија некако. 400 ден. е кило.
     
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.267
    Можеби се многу не знам, ама така ми кажаа, така правам :?: .
    И твојата ја купуваш смрзната, така?
    А за информација, јас ја купувам по 200 денари за килограм. Некако многу скапа ја купуваш?
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.110
    Пол:
    Женски
    Па јас од едно место знам само и од таму ја купувам. АЈ лп ќе ти пишам.
    А за ова другово што знам, и по нетов исто читав, дека не треба да се јаде толку. Пак, види, распрашај се. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    152.862
    Ние си имаме дрвце,еве сега почна да ни цвета,во план ни е повеќе да си купиме.
    Прв пат татко ми купи од зелен пазар пред некоја година,на почетокот не ми беше најубавиот вкус од бобичасто овошје,но се навикнав и ми е убава. Конзумираме и џем од аронија,има интересен,киселкаст вкус и остава чудно чувство во истата потоа.
    Супер билка! Мислам дека нема лошо дури и повеќе да се конзумир со оглед на тоа што сешто јадеме, лошо живееме,во загадена околина,па не би можело ова да шкоди.
     
    На Annath и RainBow им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    Ај пиши ако сакаш (може и преку ЛП) каде најде (во Скопје претпоставувам). И јас си имам мака со мигрени и со имунитетот.

    Однапред благодарам! :)
     
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Серафима по 20 јадеш??? :o Мене ми рекоа 5-6 највеќе, после и на братучедка ми од некаде и донесоа и на неа и рекле исто по неколку само, затоа што ако се претера е штетна.
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Денеска земав пола кило аронија од продавничката за здрава храна во Ѓорче на пазарот, 400 денари е кило. И што знам, мене ми нема некој толку неподнослив вкус. Изедов 12, и дојдов на темава да ве прашам, колку зрнца на ден е препорачливо да се зема? Гледам сите различно. Некои по десет, некои дупло повеќе, па незнам што да правам.. Се плашам да не претерам, гледам некој имаше спомнато дека ако се конзумира во поголеми количини, може да биде и штетна. М?
     
  16. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.257
    Пол:
    Женски
    Анабел-а, штетните страни ако претераш со конзумирање, не ги знам, но на мајка ми и‘ рекле дека најдобро е дневно да се конзумира до кај 10тина зрнца накаде. Таа некогаш зема и по 15-16, па досега, фала Богу, ништо не и било. Мислам дека до кај 15тина, ништо нема да ти биде.
    :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.316
    Допаѓања:
    125.362
    и јас знам дека по 5-6 зрна се јадат ништо повеќе незнам зошто,инаку и јас го имам во двор...
     
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали помага за главоболка и синуси?
     
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.316
    Допаѓања:
    125.362
    Da :!: :D
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Помага за синуси,за главоболка,во периодот на алергии помага да не се затнуваат каналите,едноставно е за се многу убава и здрава да се јади.Ете што најдов за нејзе и нејзината лековитост:
    Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.
    Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).

    Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот.

    Аронијата ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката. Му помага на црниот дроб да ги неутрализира штетните материи. Таа е природен лек при воспаление и други заболувања на црниот дроб, при воспаление на жолчната кеса, жолчни каменчиња и жолтица.

    Истражувањата на руските научници покажале дека ова овошје го подобрува излачувањето на тешките метали, како и некои радиоактивни елементи од организмот. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја прогласиле аронијата за лековита билка.

    Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.

    Сокот и чајот од аронијата се многу лековити и окрепнувачки напитоци кои го зајакнуваат имунитетот и отпорноста на организмот према инфекциите. Поволно делува и при слабокрвност.
    Ние ја земаме замрзната по еден килограм и секој ден јадам од 10 до 15 зрна аронија,а како што напомена и Серафима како што јаде таа и 20 мислам дека не се многу и дека не се штетни за организмот покрај сите благодети што ги има во неа.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.