1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сибирска Аронија - Aronia Melanocarpa

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од La.Reina.Del.Sur, 5 јуни 2011.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас се враќам на темава со позитивни искуства од аронијата. :)
    Конзумирајќи ја неполн месец, менструалниот циклус после 4 ипол месеца ми дојде на 10-ти месецов. Секој ден јадам по 15 зрна, па во исчекување сум на наредниот месец да видам дали ќе ми се среди. :party:
     
    На Serafima и ilipili им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Добра е за крвта?
    Ми варира крвта во ваквите перодни периоди од годината, а и преку глава ми дојде од гнетење витамински апчиња, овој пат сакам нешто природно.
    Каква е на вкус - киселкаста? :?:
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    За крвта е одлична, во секој случај подобрува крвна слика.
    На вкус првите неколку пати кога ќе ја пробаш, ќе ти предизвика собирање на устата :D, ама после неколку пати се навикнуваш на вкусот. Внатре е црвена. Абе слична е на боровинката. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Има сушена по продавниците, ама немам купено. Ќе пробам деновиве...
     
  5. realistikgirl

    realistikgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Јас вчера купив пола килограм од продавничка на зелено пазарче (за лешници, бадеми и слични работи) иначе свежа за 200 денари е килограм, што значи пола килограм е 100 денари не е многу скапа со оглед на тоа што се јаде по 20 зрна дневно максумум.
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Јас ја купив во тинекс, за 150тина денари пола кило, замрзната, ја јадам, па може 10тина дена :) :)
    Мене ми е баш вкусна + Многу убав кармин ми остава на устата, оно вишна боја, такви ми стојат, па 2 у едно, ем здравје ем лепота, е сега и кучето мое јаде, а не знам дали тие смеат да јада? :^)

    Јас јадам по 15тина зрнца на ден :)
    Cе исптали, пола кило има доооста зрна, така да сигурно месец дена ќе трае

    [​IMG]
    гледам и сок се продава, низ Србија, ама е доооста скап, накај 4000 динари за шише :)
     
  7. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Многу здраво овошје ., фамилијарно сите го користиме по препорака на нашиот доктор ,
    дедо ми е дијабетичар на препорака на докторот јаде на сабајле аронија .
    Помагала за регулирањее на шекерот во крвта и спречувала дијабет дури е во таа подмолна скриена фаза.
    го препорачувам на сите .
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Мајка ми сега ми даде две зрнца да пробам и устата ми се собра не ми се допаѓа ич на вкус ама сепак ке користам нема што да изгубам.
    И да ми кажа за една жена што боледувала од рак и докторите ја пуштиле дома затоа што веќе немало надеж за неа и со ова овошје таа си го спасила животот. Дај боже да е толку лекотворно.
     
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.754
    Тоа е само на почетокот после нема тоа да го чувствуваш
     
    На SomeWhere му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slim

    slim Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    A vo koj vremenski periot moze da ja najdam sveza,ne zamrznata
     
  11. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Аронијате се бере од септември до ноември (зависно од поднебјето каде се одгледува), па свежа би се продавала отприлика тоа време.

    Инаку мене ми е многу вкусна. :)

    Аронија – храна и природен лек
    Црноплодната аронија (Chokeberry) дошла во Европа од источниот дел на Северна Америка. Како храна и лек, аронијата прво почнале да ја употребуваат северноамериканските Индијанци. Тие ги користеле свежите плодови од аронијата како храна, а сушените плодови ги користеле во зима како храна и лек против желудечните и цревните тегоби и проливот. Освен зрелите плодови, Индијанците ги употребувале и листовите и кората од аронијата за припремање на чај кој бил лековит против пролив и запирање на крварењето од раните.

    Во Европа, аронијата го привлекла вниманието, пред се, со својата убавина, бидејќи нејзините бели цветови се едни од најубавите.

    Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество на хранливи и лековити состојки. Содржат биофеноли, танин, флавонид, антоцијани, витамин А, Ц, П, Б9, Б6, Б2, Е, калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор...

    Плодовите на црната аронија се вистинска витаминска бомба, а птиците ги јадат уште кога тие имаат црвена боја. Можеби тоа е затоа што плодовите тогаш се повидливи отколку подоцна, кога ќе поцрнат.

    Лековити својства на аронијата
    Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.

    Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).

    Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот.

    Аронијата ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчата. Му помага на црниот дроб да ги неутрализира штетните материи. Таа е природен лек при воспаление и други заболувања на црниот дроб, при воспаление на жолчната кеса, жолчни каменчиња и жолтица.

    Истражувањата на руските научници покажале дека ова овошје го подобрува излачувањето на тешките метали, како и некои радиоактивни елементи од организмот. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја прогласиле аронијата за лековита билка.

    Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.

    Сокот и чајот од аронијата се многу лековити и окрепнувачки напитоци кои го зајакнуваат имунитетот и отпорноста на организмот према инфекциите. Поволно делува и при слабокрвност.
     

    Прикачени фајлови:

    • Aronia fruit.jpg
      Aronia fruit.jpg
      Големина на фајлот:
      74,8 KB
      Прегледи:
      530
  12. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Запознаена сум со лековитите својства на аронијата, ја конзумирав пред извесно време. Е сега ме интересира дали може да конзумира и во бременоста
     
  13. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Може бидејќи особено е добра за крвта, но количински не знам точно, мислам отприлика 3-6 зрцна на ден, но најдобро прашај си доктор, сигурно си е сигурно. :)
     
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Дома имам сушена Аронија, ми рекоа дека чајот е подобар отколку така да се јаде.
    Е сега ме интересира по колку зрна се става за една шоља чај?
     
  15. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    5-10 :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.013
    Пол:
    Женски
    Денеска купив сушена аронија,као демек да направам нешто добро за себе.Арно ама многу е гадна сушена.Ми ја собра устата :puke: Како да јадеш збрчкано каменче.Дали свежата е со поубав вкус?
     
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.754
    Денес и јас пробав сушена аронија,нема никаква споредба со свежата,свежата е поубава за јадење,но за здравје си ја изедов и сушената во комбинација со сушена брусница :D сакав да прашам дали е покорисно да се направи чај од сушената аронија или и така е добра и корисна??
     
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Јас ја најдов замрзната и таква и ми стои во замрзивач.
    Кога правам домашно овошно јогуртче ставам со други овошја во блендер по неколку зрна.
    А ја имам и во течна форма одамна пред да ја најдам замрзната од Тинекс земав едно Органско шишенце, но не е баш вкусна.
    Е сега колку се останати витамините и корисното во ваква замрзната или сушена форма дали некој знае?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Мислам дека аронијата ако се чува подолго време во свежа состојба се губат витамините, па најкорисна е замрзната, и тоа да не ја одмрзнувате пред да ја јадете. И јас сакам да земам, заради мојава константна анемија, ама никако да се наканам. Велите, ја има замрзната во Тинекс? Кај другото смрзнато овошје?
     
  20. ivana-k

    ivana-k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знае некој каде да најдам сок од сибирска аронија? дали ја има во некој од маркетите?