Сибирска Аронија - Aronia Melanocarpa

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од La.Reina.Del.Sur, 5 јуни 2011.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Јас ставам по 6-7 зрнца од вечер во шоља со вода да откиснат и сабајле го ставам тоа да зоврие малку и го пијам како чај,е сега сакав да прашам дали треба и зрнцата да ги јадам или е доволно е што откиснале во водата и така ги испуштиле сите витамини???
     
  2. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Знае некој точно како се прави чај од сува аронија?само се прелива со жешка вода,или треба да проврие?Свежата-замрзнатата ја мискирам во блендер со друго овошје поради тешкиот вкус...
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    Леле во Куманово аронијава ја има секаде а јас во Скопје не можам да ја најдам, ја пратив мајка ми да бара била во Веро центар и во Рамстор ја немало што баш ме зачуди :?: знам ја има во Супер Тинекс ама тука во центар никаде нема колку што знам, а да ја носам од другиве населби ќе ми се одмрзне додека стигнам до дома :( кажете ми каде во центар ја има да си купам :doh:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.307
    Допаѓања:
    68.029
    Пол:
    Женски
    На Зелено пазарче има, 300 денари е кило. :)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    8.694
    Пол:
    Женски
    Ја имаш и на битпазар, во помали количини е спакувана околу 100-150 грама, ама не е замрзната оваа :)
     
    На Candice.S и anastasijaki им се допаѓа ова.
  6. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    и во обичен тинекс дисконт ја има
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.307
    Допаѓања:
    68.029
    Пол:
    Женски
    ^Смрзната? И која е цената во Тинекс? Да не се мачам да одам до таму, специјално за тоа одам.
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    185 денари е кило, пола кило 123 :) смрзната е ДемирХисарска :D ама јас ја гледав во Супер Тинекс во овие во центар маливе дали ја има кој знае :?:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.307
    Допаѓања:
    68.029
    Пол:
    Женски
    185 денари, ццц, ама била поевтина. Баш имам Тинекс во близина и ќе проверам дали ја има, а ич не ми текнало. Во СП ја има сушена само.
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.661
    Пол:
    Женски
    За оние што сакаат да купат да ви кажам дека аронијата ја има во сите Тинекси но пола кило со тоа што во обичниот Тинекс е малце поскапа :( Во пакување од кило ја има само во Супер Тинекс така ми кажа продавачката :^) Пошто ми требаше итно што се вели :D земав од пола кило, но дефинитивно не се исплати, од кило доаѓа многу поефтина :!:
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.584
    Допаѓања:
    13.049
    Пол:
    Женски
    Девојки сушена аронија колку е кг во Скопје :wasntme: , во мојот град е 700 ден, ако е поефтина од таму да си купувам, а замрзната немам поима колку е :?:
     
  12. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    купувам свежа од пазар. кило е 300 ден. јас купувам секогаш по 200-300 гр. за да не ми се расипе. инаку не ја замрзнувам.
    на ќерка ми и и цедам, 20 зрна во цедалка и ги стискам со лажичка и тиа си пуштаат сок, па и додавам сок од цеден портокал. а јас ги јадам измешани со малце малтекс.
     
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.722
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Јас ја купувам од продавницата за здрава храна во Буњаковец ( за оние кои незнаат каде е, гледа према Партизанска, помеѓу Шатци парфимерија и кафичот Венеција), 300 ден е кило, а јас купувам по 200 гр неделно, доволно ми е за мене и сестрами, бидејќи е убава ако е тазе и свежа, а отстоена во фрижидер ми е покисела, со некој мирис, и затоа секоја недела купувам по толку. Јадеме наутро по 10-12 зрнца, и сме приметиле дека не расонува, освежува, страшна концентрација добиваме. По купување ја истурам сета во голема рачна цедалка, ја мијам и во пластично ја чувам во обичен фрижидер. Препорачуваат во замрзнувач да ја чувам и да си вадам секое утро зрнца, ама толку сум кнап со врееме наутро , да ќе ја заборавам да ја извадам и чекам да се одмрзне. Секое растение е добро за здравјето, ако е во умерени количини, ама аронијава е одлична. ПС. Малку е кисела , ама можете да и истурите пола лажиче мед, јас во овошна салата најгоре ставам аронија и пола лажиче капнувам мед, и малку цимет, и не се чуствува.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.356
    Пол:
    Женски
    Самите производители на аронија ќе ви кажат дека е убаво да купите поголеми количини свежа аронија и дома да ја чувате замрзната, оти ако ја чувате во свежа состојба во фрижидер ги губи корисните својства.
    Јас ја купувам од Супер Тинекс сега, смрзната. Свежа може да се најде во есен, а за сега, добра е и оваа смрзнатава. Половина кг е 123 ден., а трае прилично долго. На малиот секое утро му давам по две-три зрна измешани со друго овошје, а јас јадам по 10-15 зрна максимум. Мене ми е пред се за анемијата, ако ова не ми ја поправи крвната слика, не знам тогаш што ќе ми помогне.
     
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mене ме интересира дали успева на нашето поднебје?
    Kако се одгледува?
    Kаде може да се најдат садници?
    Дали има повеќе видови или е само таа СИБИРСКА АРОНИЈА?
    Ако има некој садници нека пише Л.П.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    81.921
    Пол:
    Женски
    Jас си купувам сушена, од локален маркет. Сигурно најдобро е да се конзумира свежа, затоа и во план ни е да си набавиме дрвца и да си садиме кога ќе дојде време, па да си ја имаме свежа и за замрзнување.
    Од многу стресови, нервози и нередовни оброци бев доста заслабната и физички и со крвна слика, комплет. Не минуваше ден мене да не ми се сврти во глава, мислиш во секој момент ќе припаднам, ситуацијата ми беше ужасна и бев сигурна дека крвта ми е многу ослабена. :sweat:
    По месец ипол редовно грицкање аронија, мислам дека го заборавив тоа глупаво и неугодно чувство кога ти се врти сѐ околу тебе и чиниш ќе се струполиш некаде во секој момент.
    Ми се врати бојата на лицето, претходно бев бела како платно, сега веќе добив човечка боја, изгледам здраво и освежено.
    Имам голем апетит, дури несвојствен за мене - отсекогаш сум го имала, но ова веќе е во доста поголеми димензии од било кога. :D
    Сигурно и крвната слика ми е подобрена, зашто поенергична не сум била никогаш!
    И не знам дали е од витамините (типувам на тоа), дури и лицето ми се исчисти од моите верни и досадни придружнички акни, ретко ми се појавува по некоја залутана.
    Мене ми беше вкусна уште од првото пробување, јас обожавам такви киселкасти плодови.
    Чудотворно овоштие!
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.011
    Јас дома ја имам,успева кај нас да,си ја купивме од пазарче пред 2 години и многу е поубава свежа,ја обожавам.
     
  18. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа дека успева и јас веќе си нарачав. Човекот од кој ги нарачав садниците има и садници и свежа аронија. Ако сеуште немаш најдено да ти пуштам податоци за него
     
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    4.244
    мене ме интересира кога ја јадете аронијата? јас искрено ја јадев како ми текне али ми кажаа дека требало сабајле на гладно :?: па дали ради тоа али 2 месеца ја конзумирав и никаков ефект не даде кај мене :^) па си викам од тоа да не е :doh:
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Јас дури пред неколку дена дознав дека всушност дедо ми ги донел првите садници аронија во Македонија од Бугарија. Многу луѓе не ни знаат што е, ама гледам дека сé повеќе се конзумира и искрено ми е многу мило бидејќи е доста корисно овошје.
    Дедо ми уште на времето насади цела полјана, и тоа на планина кај што ни е викендичката, што значи дека не бара некои посебни услови за одгледување. Може да преживее тешки зими и мразови.

    Моите ја береа аронијата, а потоа од неа правеа сокови, мармалади и слично. Уште ми е подрумот полн со такви работи.
    И срам ми е да кажам, ама до пред некој ден ништо од тоа немав пробано :tmi:
    Бев убедена дека не се вкусни, затоа што свежата аронија некако ми ја собираше устата :lol:
    А да сум била на местото да татко ми, ќе сум си подметнела сок од аронија мислејќи дека е купечки! Сега кога бев на планина се напив една чаша (мислејќи дека е купечки од боровинка) и ако не ми кажеа дека е од аронија, никогаш немаше да погодам! Се утепав од пиење сок, чајот го заборавив :lol:
    Откако дојдов дома од подрум си извадив неколку шишиња и нон стоп пијам.
    И морам нешто да забележам - откако почнав да го пијам, чувствувам дека храната полесно ми се вари, а јас од пред неколку години си имам проблеми со желудникот (поради јаки антибиотици за третирање на инфекција). Не знам вас како ви делува, ама јас чувствувам дека ме прочистува, стомакот не ми се дуе после јадење, едноставно не чувствувам никакви тегоби.

    Читав за што сé е корисна, и стварно ми е криво што досега не сум јадела ниту свежи плодови, ниту сокови и мармалади, а сум имала можност. Будалетинка!