незнам кај не прашав а баш глеав овде дали има таква тема па ако нема бришете ја ... се изнаглеав на youtube клипчиња како се фарбаат во сиви нијанси а овдека нашиве фризери појма ти немаат ... ај ако некоја нешо слушнала или знае нека ја каже тајната за добивање сива коса ... ќе ви бидам многу благодарна *** .... на нешо вакво мислам
Бубе Студио Ин. Бев на лице место кога ја правеа девојката, испадна преубаво. Иако јас немам храброст за вакво нешто. https://www.facebook.com/bubestudioin/
@Ivo Na овде кј нас кај Кристина карши гимназија, сега брзо видов едно нејзино ремек дело на претходно црвена коса, дојде преубава нијанса на сиво.
@Ivo Na јас имав сива коса хехех пред 2 години , но многу е тешка за одржување поради црвениот пигмент што поголемиот број жени го имаме. Јас на пример ќе добиев сива со помош на фарбите Еволушн 11.11 + хидроген 6 ка ама по неколку миења ги имав тие портокалови прамени. Треба честа посета на фризер , а еве нека ти препорачаат некој женскиве на форумов
За една блиска личност барам сива боја за коса меѓутоа да биде потемна сива. Барав насекаде и не најдов, има само некои многу светли нијанси. Ве замолувам да ми препорачате некоја доколку знаете?
Jас се фарбав со фарба на Кене 157 мислам дека беше прекрасна сива која што ја снема после неколку миења. Користев шампон за посивување на косата, навистина е неверојатен и магичен од едно миење ми посиве пак косата исто како да сум се фарбала, но ми ја изгоре косата уште по првото миење и не ставив пак, не знам како се викаше шампонот.
Ова стана ептен голем тренд. Јас сум неодлучна дали ми се свиѓа или не. На моменти ми е ептен убаво, на моменти ми изгледа ко на баба коса буквално Ама верувам дека е ептен тешко за одржување, бојата би требало после неколку миења да падне.
ќе падне 10000000% и sweet-cherry(незнам како означвите хахахах) и мене ми е негде бапчорски ама пак прејака ми е прво сакав скроз бела баш ко на бабине шо им се ко ке остарат ама ко ја видов сивава и се заљубив....инаку најдов еден шампон демек германско производство го немало кај нас сега за прв пат го донесле 900 ден.... незнам дали да го земам.....
@Ivo Na и останатите со сиви коси. Имате Siver шампони. Силвер Шампон- 250 мл ~ 350денари. го имат https://www.facebook.com/kyanamacedonia/?fref=ts Има и килски, ама моментално не знам цена. Со овој шампон ќе се миете, неделно 2-3 пати, не знам колку често се миете, и ќе се спречуват жолтите пигменти. + друга опција е Ехотон. овој баба ми + мајка ми го користат. по бајнење, го става во пумпичка за прскање, и си попрскува низ цела коса, и сите жолти пигменти/црвени се задушуваат. Позитивно: Ехотонот е поефтина варијанта, пошто со прскање се користи побавно Негативно: Малку ја здрвува косата, како лак за коса.
ехотонот го имаш во повеке нијанси,он е бабчорското. мада баба ми имаше потемна бројка, ептен на модерно сиво имаше забегано. сега се врати на некока бисерна, за да ја скроти. а шамонот ќе ти ја одржува косата иста како од првиот ден од фарбање. целта е да се спречи пожолтување/црвенеење.
имам ехотон и го ставам во фарба ама пак ми дава само сивкаст сјај....јас барам еден вид на фарба шо се става во фарбата и има лилава боја. таја лилава уствари ја прајт косата сива. им пишав на едно фризерско студио во скопје шо ми го кажа jason123 ако сакет да ми го пуштет по карго ама изглеа нејкет да ми завпшет работа а моментално во мк од све шо најдов само тие го имет то
На прелив ли мислиш ? Он има мислам лила боја. @Momichka а да ми ја кажеш фарбата на бабати ? Јас ваков ехотон имам и не ми ја здрвува косата. Кога ќе го стави на косса исушена со крпа ќе протрие со рацете и не се здрвува.
@Winter Lady највероватно тоа е проблемот. Баба ми и мајка ми ставаат додека сеуште им е мокра косата. Претпоставувам дека го прават намерно за полесно да се разнесе низ цела коса.А баба има бела дибидус коса, и става ехотон за да добие сива/сребрена нијанса, пошто си ја смета за монотона косата. + @Ivo Na Со Studio expressions: Во замешана 1001 фарба, се додава по малку 101, во зависност колку сакаш да е сиво. Боите се графитни. Онлине каталог: https://issuu.com/hermesperris/docs/studio-expressions-100ml Ехотонот и шампонот ќе ти служат за потоа да ја одржуваш сивата боја.
https://www.google.com/search?q=eho...AhXnJ5oKHVCTDpAQ_AUIBygC#imgrc=1rUfOzTzKxrXZM: ваков имам јас ама ништо ич
Јас имав сива боја на коса, ја правев кај фризер, не само мене и кај повеќе девојки забелешав ги прави постари
од Лореал има спрејови и фарби, нови се на маркетов, дали ги има во мк не знам, другарка си купи од дм во герм, има фарби трајни, и спрејови, за еден ден, за темна и светла(плава ) коса.