Здраво девојки, сакам да ве прашам дали може дами препорачате фризерско студио во Скопјево што стварно може да ми ја погоди бојава на косава. Еве месец дена се канам да ја офарбам косата бело-сивкаста (како подоле на сликата). Прашав во Диор во центар, девојката ми кажа дека не е ни сигурно дали би ми испаднала ваква косата, а би ме чинело околу 4 илјади. Ве молаам хееелп, секој совет/предлог добредојден.
Грлс,сива сум сеа,и се бендисав и се океј,инаку на фризер ми испадна некоја добра потемна нијанса. Вака нешо,прашање ми е поради бојата,мора да се мијам со силвер шампон или ако не морам,барем е добро за зачувување на бојата,ама дали смеам да ставам друг препарати а конкретно прашувам за масла кои ги користев вообичаено како маска пред да преминам на сива(мислам на кокосово,арганово,маслиново -особено да не ми даде зеленкаст сјај,кантарионово,рицинусово исл)? Кои препарати се најдобри за одржување и сте задоволни?
Силвер шампон обавезно, ако не користиш после 2 миење ти избледува сивата боја. Ставај само кокосово масло на врвовите друго ништо. Многу е нежна бојата.
Здр купив сега Enhoton Така се вика, сива боја како прелив и ја измив косата, ја распределив на прамени, ставив насекаде, ии ја да ја исушам, гледам нема ништоо..Дали нешто сум згрешила? Многу сакам сива а нема ни малку не се познава бојата, 150 ден беше шишето 75 мл
Светла кафена ептен, накај плаво па држев искрено 10 Мин, и одма почнав да ја сушам да видам ефект Многу ми е плава, може до шишенцето е нешто не знам, ќе земам колор шампон
Ехотон фаќа само на бланширана коса. Инаку 10минути се многу малку за ефект. Јас користев сив ехотон и го мешав со силвер шампон, го држев подолго од половина час и кога ќе ја измиев косата ми беше пепел сива.
Колор шампон одвај фаќа на природна бебешка руса, не пак на светла кафена. Ќе ти има ефект на виолетов шампон, ќе неутрализира жолти тонови ако ги имаш и евентуално да даде некоја ash примеса, ама само на дневно светло. За 2-3 миења и тоа ќе го снема. Подобро најди некоја друга опција, ехотон јас знам дека фаќа само на претходно бланширана коса.
@BrokenWings16 најтешка е сивата боја за одржување. Јас од ноември се обидувам дап остигнам некоја баш светло сива боја ама многу многу тешко. Досега имам ставано 4 пати бланш и пак не е како што треба да биде. За одржување ги избегнувам природниве масла за жал коса третирана со хемиски производи сака хемиски препрарати (шампони и маски) по можност поквалитетни (што ги користат фризерите по фризерниците). Јас на пример косата ја негувам со производите на Kerastase. За ехотон и колор шампон , единствено кога ќе ја бланширам косата па да видам некој резултат од нив.Вака ништо не прават на само фарбана или природн коса. Само бланш му е мајката за сива коса
Здр, само што ја имам избланширано и направено сива, да ми каже некој како треба да ја негувам сега ми кажаа треба прелив да ставам сама ама од флизерскиот салон, не ми рекоа такво нешто туку јас да си одам коа ќе сметам дека треба, и дали може за еден месец да ставам сива фарба? За појак изглед да не ја изгорам фалааа однапред