1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сигнали дека сте среќни :)

Дискусија во 'Насмевка' започната од sunshine93, 30 септември 2010.

  1. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Го читав ова на една страна па решив да го споделам со вас. Што мислите, дали ги имате овие нешта или ги применувате..? или поточно дали сте среќни ? :)


    Имате сестра
    Луѓето со најмалку една сестра имаат подобра социјална поддршка, повеќе оптимизам и подобро се справуваат со загубите.

    Не сте залепени за телевизорот
    Најсреќните луѓе поминуваат 30% помалку време паркирани пред телевизорот поради тоа што го поминуваат времето во социализирање, читање и слични активности кои ја зголемуваат менталната активност.

    Чувате сувенири на видливи места
    Луѓето кои ги чуваат спомени на видно место се потсетуваат себеси за убавите времиња кои поминале. Убавите спомени пак ги потсетуваат на потенцијалот за среќа во иднина.

    Вежбањето ви е приоритет
    Луѓето кои вежбаат се помалку под стрес и се позадоволни од својот живот. Веројатноста дека оние кои не спортуваат да бидат под стрес е 70% поголема од оние кои активно спортуваат.

    Имате здрав љубовен живот
    Физичката интимност е главниот придонесувач за среќа. Луѓето во брак покажуваат 30% повеќе секс од самците, која што е уште една причина зошто луѓето во брак се посреќни.

    Се дружите со среќни луѓе
    Дружењето со весели луѓе дефинитивно ќе ја зголеми веројатноста и вие да бидете среќни. Колку почесто сте во друштво на такви луѓе толку и вие ќе бидете посреќни.

    Имате двајца најдобри пријатели
    Според направено истражување помеѓу луѓе во брак, оние кои што одговориле дека имаат најмалку двајца најдобри пријатели, биле посреќни од оние се помалку пријатели.
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Тогаш јас до пола сум среќна :D
     
    На musicgirl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    А ако имаш брат ништо тогаш,а? Еееее јбг :(
     
    На cresa-jagoda и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    :D :D Јас од ова се овде во 2 се губам зошто без телевизор не ме бидува и во вежбањето.. сакам но никако време да најдам :D другото е океј сега за сега..
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сестра - немам :(
    Вежбам - по потреба.
    Телевизор - не сум седнала веќе со месеци пред тв. Се смета дремење на нет? :D
    Сувенири - на видни места ;)
    Здрав љубовен живот - ехееее!!! Фуче! Пари немам, ама Љубов еден тон :D
    Дали се дружам со среќни луѓе? Па не знам баш колку се среќни или несреќни. Пред мене си се кезат. Си трачариме и пукаме сеир. Дома можно е да рикаат зариени во перничето кога им е тешко. Така правам јас.
    Имам повеќе од двајца најдобри пријатели. 8)

    Се' на Се' јас сум среќно мече! :hug: :makeup:
     
    На blosson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Освен сестра,здрав љубовен живот другото го имам...И што, јас сепак не сум среќна во права смисла на зборот и не знам што значи веќе тоа да си среќен :?: ...Нема врска ова.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Немам сестра, па ко за беља ниту брат. Ама имам мајка, за каква сум можела само да сонувам. И телевизор палам само кога сакам да пуштам ВХ1 да ми свири во позадина. Вежбам чат пат, према потреба, здрав љубовен живот моментално не знам баш дали имам, ама мене ми е убаво и вака :) Пријатели еден куп а и едно минимум 5 најблиски кои ми се најдраги, и тоа ме прави среќна повеќе од билошто.
    Дома плачам во перница кога ми се плаче, надвор се смеам затоа што ми се смее. Јинг јанг.

    Не знам навистина што е среќа, имам поминато низ тешки периоди и загуби ама во споредба со тие кои ги снашла навистина голема несреќа, сум веројатно најсреќното суштество на планетата. Така да овие статистики не ми држат вода некако :) се е релативно и тешко е да се генерализира. Некој може да е несреќен заради тоа што му се скршил ноктот, некој заради тоа што му изгорела куќата...секој по свое.
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Сестри - се наоѓаат неколку. :wasntme:
    Тв - немам време заради нетов. :wasntme:
    Сувенири - на видни места, тие што преостанале, другите ги шитнав во кризниот период. :wasntme:
    Вежбање - ма јок. :shake:
    Љубов - ... а аааа слабо љубов аааа... |(
    Среќни луѓе - ол араунд ми... оу јеаааааа 8)
    Најдобри пријатели - цели 2! Признавам! :l: :l:

    Накратко :!: па јас сум ти била среќница бе брааааат!!! Ууууујееееееееееааааааааа!!! 8)
     
  9. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Сестра-имам :D
    Телевизор-ретко :D
    Сувенири-пааа не знам :^)
    Вежбање-3 пати неделно :D
    Љубовен живот-никаков.. :)
    Би можело да се каже :)
    2 пријателки..па да.. :D
    Значи среќна сум била..во просек добро се држам...хехех е ова не сум го знаела :rofl:
     
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    сестра-имам
    залепена на тв не сум-повеке на компа би рекла
    чување сувенири-нормално
    вежбам-ретко
    имам здрав љубовен живот
    се дружам со срекни и нормални луге
    имам тројца најдобри пријатели


    значи се водам како срекна особа па и сум ;)
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Сестра-имам брат..се важи тоа?? :D
    Телевизор-прилично ретко, но затоа нетот надоместува :D
    Сувенири-на видно место :)
    Вежбање-пааа доста пешачам дневно :)
    Љубовен живот-и не баш нај нај :?:
    Се дружите со среќни луѓе-од кај да знам дали имаат сeстра, колку гледаат телевизор, дали имаат сувенири на видно место, дали вежбаат, дали имаат добар љубовен живот и 2 најдобри пријатели? :D :D
    - би требало..
    Имате двајца најдобри пријатели-па не најдобри, али добри ;)

    иако има лоши моменти, во целина среќна сум :)
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Навистина убаво напишано...во тоа се состои среќата а не во материјалното...се сложувам со се..имам најдобра пријателка,имам сестра која ја обожаваам,со партнерот сум среќна ,сувенири имам еден куп и сите си ги сакам,тв-насабајле и навечер, :P , откако почнав да вежбам се осеќам поубаво,ги откачив негативците во мојот живот и сега околу мене се само тие кои ме смеат,кои не шират трачеви и муабети,туку со кои се смееме по цел ден на наши глупости и ред други работи....може да се каже дека речиси сум среќна,бидејќи среќата не трае цел живот,има и среќни и несреќни моменти и тоа е животот кој треба да се прифати,сакале нејќеле
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Добро е , имам 5 потврдни :lol: И сега , демек , среќна сум? |-)
     
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Имам две сестри, ама сепак сама ги решам проблемите, едната е омажена, така да, речиси како да немам сестри.
    Ретко гледам телевизор. :)
    Хмм... моите секогаш ставаат слики насекаде, ама ретко кога ќе ми фати око некоја. :^)
    Не вежбам...
    Љубовниот живот-на боледување сега за сега.
    Хмм... ме нервираат луѓе кои секогаш се незадоволни, ама тоа не влијае во мене. :?:
    Имам 2 најдобри другарки, ама не живеат блиску до мене, едната студира на друг факултет, и другата исто така, не сум толку приврзана за другарки...
    Значи не сум среќна... :o
    But... I feel fine... :^)
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имам брат
    гледам телевизија ама не толку често
    чувам сувенири на видливи места
    кога-како везбам
    со љубовта сме скарани од кога знам за мене
    кога мозам одам на разговори , презентации каде има ведри и позитивни луге
    има две другарки ама не се друзиме често од кои едната е повесела и секогаш успева да ме насмее
     
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Уште да додадам имам и прекрсен брат и незнам што би правела да ги немам, едноставно тука се за се кога ми требаат... Душички ги сакам најмногу :*
     
  17. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Излегува дека сум најсреќна, ама не е баш така. :)
     
  18. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Според ова сум најсреќна :lol:
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    кај мене само две од тоа :^)
     
  20. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па добра сум јас :) . Скоро сите сигнали се присутни кај мене.