Сида

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од BlueGeorgia, 18 јули 2014.

  1. BlueGeorgia

    BlueGeorgia Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Дали знаете каде може да се провери сида?
    Во обична лабаторија?
     
  2. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    3.376
    Во обична лабараторија не може, знам кога бев на пракса со сигурност дека проверуваат на инфективна клиника. Мислам дека и испитувањето е анонимно. За најточно побарај на веб страницата хера, би требало да имаат на кои се места може да се испита.
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Машки
    Би требало да може во било кое инфективно одделение во општа болница.
     
    На BlueGeorgia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlueGeorgia

    BlueGeorgia Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3

    Да, на микробиологија испитувале. Со упат од матичен лекар. 250 денари е за хепатит б и ц, и хив. :)
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Кога веке е отворена оваа тема, дајте барем нека биде едукативна за помладите.
    Еве кога веке имаме медицинско лице тука, нека каже поопширно.
     
  6. BlueGeorgia

    BlueGeorgia Нов член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3

    не сум медицинско лице. само лице на кое на 25 години прв пат се сети да си направи тест за хив.
    на приватно ми побараа 300 денари за тестот.
    Денеска го земав.
    негативен е.
    сега полесно се дише. 8)
     
    На fighter, noname35 и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Синдром на стекнат имунолошки дефицит


    Што е СИДА?
    СИДА-та е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со ХИВ. Најчести симптоми се
    губење на телесна тежина, потење,малаксалост, габични инфекции,модринки по тело, исип,
    пролив, отечени лимфни жлезди, грозница. Често се манифестира и со појава на инфекции на
    белите дробови, појава на туберкулоза или малигни заболувања и завршува со смртен исход.


    Што е ХИВ?
    ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во
    човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност(имунитетот), поради
    што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции.
    Кога ХИВ е присутен во крвта на човекот, за него велиме дека е ХИВ позитивен (ХИВ
    +)!Може да поминат и 10-15 години, лицето да остане само хив позитивно(хив инфеција) без
    симптоми за развој на болеста сида



    Како се пренесува ХИВ вирусот?
     Преку крв и крвни продукти заразени со вирусот
    • Користење на претходно употребени игли, шприцеви и др. прибор за инјектирање
    на дрога или лекови,или употреба на нестерилни медицински инструменти
    • Трансфузија на непроверена крв или крвни продукти
    • Употреба на нестерилни инструменти за тетоважа и пирсинг на телото
    • Користење на туѓ прибор за лична хигиена (четка за заби, брич, чепкалки или конец
    за заби)
    • Медицинска интервенција без соодветна заштита (ракавици, очила)
     Сексуален контакт без заштита (кондом)
    • Анален сексуален однос
    • Вагинален сексуален однос
    • Орален сексуален однос,
     Пренесување на болеста од ХИВ позитивна мајка на дете
    • За време на бременоста
    • За време на породувањето
    • Во текот на доењето

    Со ХИВ може да се инфицира секој - без разлика на пол, возраст, сексуална ориентација,
    национална, верска припадност, ниво на образование и др.!!!
    ХИВ не може да се пренесе: со гушкање, ракување, бакнување (ако заразениот нема ранички во
    устата), кашлање и кивање; со користење на јавни говорници, јавни тоалети, базени; со дружење,
    спортување и работење со ХИВ инфицирано лице; преку облека, храна подготвена од ХИВ
    инфицирано лице; преку комарци и други инсекти.

    Како изгледа лице инфицирано со ХИВ вирус?

    Било кој маж, жена или дете, што ги сретнуваме во секојдневниот живот може бидат инфицирани
    со ХИВ, а да изгледаaат здраво!!! Гледајќи го надворешниот изглед на луѓето не може да кажеме
    дали некој е или не е инфициран со ХИВ.
    Навидум здравата личност која е ХИВ позитивна ја шири инфекцијата, а не е свесна за тоа!

    Дали ХИВ/СИДА-та се лечи?
    Не постои лек за ХИВ/СИДА. Постојат лекови кои ја успоруваат болеста, но не ја излекуваат.
    Дали постои вакцина против ХИВ/СИДА?
    Не постои вакцина против ХИВ/СИДА.

    Како да се заштитам од ХИВ/СИДА?
     Со адаптирање на сопственото однесување
    • Практикување на сигурни сексуални односи – биди верен на својот партнер и
    користи кондом
    • Користење на прибор за инјектирање за еднократна употреба
    • Користење на сопствен прибор за лична хигиена.
    Како да знам дали сум инфициран со ХИВ?
    ХИВ тестот е единствен начин да дознаете дали сте заразени со ХИВ!
    Од моментот на заразување до создавањето на антителата/маркерите кои се докажуваат во крвта,
    поминува одреден временски период (период на прозорец). Затоа се препорачува ХИВ тестот да
    се направи најмалку 3 месеци, а во некои ситуации и до 6 месеци од ризичното однесување.


    [​IMG]

    Распространетост во светот


    [​IMG]
    Црвенат лента - симбол на солидарноста за луѓето кои се ХИВ позитивни и за оние кои боледуваат од сида


    [​IMG]
    кондом
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. noname35

    noname35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    за колку дена ти кажаа резултати? сигурен ли е ? :(
     
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    Драго ми е што „полесно се дише“, но ТОА Е ПАМЕТ ЗА ДРУГ ПАТ!!!!!!!!!!
    Секс без заштита или користење туѓ прибор НИКАКО.
    Сидата односно ХИВ барем можете да го спречите односно да се заштитите.
     
  10. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Многу често прашање е дали при обична крвна слика може да се утврди присуство на ХИВ вирусот во крвта и одговорот е НЕ, не може, мора да се направи посебен вид на тест, т.е. има 2 вида на тестови кои покажуваат присуство на вирусот.
    Првиот тест се вика Елиса, се зема крв од вена за анализа и резултатите се даваат најчесто во рок од 2 недели. Ако при првиот тест вирусот покаже присуство, следен чекор е вториот тест кој се вика Вестерн Блот и се повторува 3,4 пати и за жал, на крај најчесто само се потврдува дека лицето е ХИВ позитивен.

    Општо познато е дека Сида тестот не може да се направи веднаш по ризичен сексуален однос или ако се сомневате дека сте имале контакт со вирусот, треба да поминат најмалку 12 недели т.е. 3 месеци и тој период се вика “период на прозорец“ кога му се дава време на вирусот (ако го има) да создаде доволно антитела за да покаже присуство на Елиса тестот.
    Значи, ако првиот тест е негативен, сигурно е дека нема присуство на вирусот и нема потреба од правење на вториот, а ако ве повикаат на дополнително тестирање со Вестерн Блот - тоа значи дека има некаква сомнителност на првиот тест и најверојатно сте носител на ХИВ вирусот.

    Препорачливо е да се прават редовни тестирања, а под редовни се подразбира еднаш годишно или на секои 6 месеци доколку имате потреба и сомнеж, ако често менувате сексуални партнери и практикувате незаштитен однос или се наоѓате на територија каде има голем број на заразени со ХИВ (во Македонија мислам дека бројката е сеуште под 100лица).

    Во врска со вакцината која е спомната во текстот погоре, фактички, постои вакцина за ХИВ/Сида... пред 15години се тестирани 20 вакцини од кои 2 дојдоа до третата, завшна фаза на истражување и се покажаа како успешни, е сега лошото е што една ХИВ вакцина се однесува само на еден тип (подтип) на вирус, а имаме 3 типа - ХИВ1, ХИВ2 И ХИВ0, а секој еден од овие 3типа - има по 200 подтипа.
    Проблемот е што вирусот мутира и измислување вакцина која би ги пратела сите можни варијации е еднакво на научна фантастика, барем засега.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. noname35

    noname35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    фала ти на информациите. каде можам да направам таков тест?
     
  12. Испаничена

    Испаничена Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Prasanje?vcera edna drugarka se isece?i nesakajki dodavajki i maramaici i kapna kapka krv na prstot od mojata rakata.odma otidov da se izmijam so voda i sapun.nemam nikakva rana na rakata na primer.
    dali e mozno bilo kakva infekcija na ovoj nacin?
    pozz
     
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.515
    Допаѓања:
    48.248
    Ne e mozna.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.758
    Допаѓања:
    133.734
    Пол:
    Женски
    Ако си немала било каква отворена рана, тогаш не постои можност за пренесување инфекција.
     
  15. Испаничена

    Испаничена Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ne nemam nikakva rana na prstot i na rakata.bese minimalen dopir i se ispaniciv dali postoi biko kakva sansa za biko kakva infekcija bidejki sum panicarka golema pobudalev i odma pomisliv na najlosoto.odma se izmiv so voda i sapun.znaci ako e na otvorena rana togas e rizicno.
    ufff sega dusata mi e na mesto i se smiriv.
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.296
    Пол:
    Женски
    http://hera.org.mk/ ovaja organizaija ispitva sve besplatno,i da ne si od Sk pak ti se isplaka da odis vidi ubavo sve razgledaj i zakazisi najubo da se proveris so e sigurno sigurno si e
     
  17. makia

    makia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    zdr sakam da prasam, ako nekoj znae dali se proveruva hiv vo mikrobiologija vo prilep i kolku se tocni rezultatite