1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силва метода

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од martovsko cveke, 18 јули 2017.

  1. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Разгледував по темите и не наидов на ваква тема,па се надевам ке се најдат личности што ја практикуваат па ке споделат искуства.Основоположник на Силва методата е Хосе Силва кој бил електричар ,и почнал да истражува како електромагнетните бранови делуваат на мозокот.Во прво време барал начин на неговите деца како да им се зголеми памтењето а со тоа и да им се зголеми просекот во школо.И она што открил е дека човечкиот мозок при снижена фрекфенција(десет херци) работи со зголемен капацитет ,а тоа се постигнува во таканаречената алфа -состојба на умот,кога мозокот е доволно смирен пред да влезе во сон.
    Со правење на визуализација во оваа состојба е можно ослободување од некои здравствени проблеми,подобрување на памтењето,решавање на проблеми од разен карактер,пронаоѓање на изгубени предмети,со методата три прсти и многу други бенефити,до можност за подобрување на болеста и можност да се детектираат проблеми и кај други особи само врз основа на име, старост и од каде е особата па и лекување на далечина(јасновидност).
    Сето ова се постигнува со вежби кои многу подобро се свладувале на семинарите ,а исто така со многу вежбање можело да се постигне и со самото читање на книгата.
    Јас исчитав две книги за Силва метода пробувам со вежбите но не е така лесно,бар не за мене .Вежбите се состојат во секое утро откако ке се разбудите додека се уште ви е смирен мозокот да легнете на грб ,рацете со дланките на доле одалечени од телото десетина см,при тоа замижувате а со очите ги подигате нагоре за 20 степени,и почнувате со броење наназад,
    прво од сто -десет дена ,
    па од 50 надоле-10 дена,
    25 надоле-10 дена,
    10надоле-10 дена ,
    запотоа да едоволно да изброите од 5до 1 или од 3до 1 за да постигнете алфа ниво,а кога веке сте во алфа,замислувате пред себе видео екран каде се гледате млади, здрави и привлечни,ако имате проблем прашувате зошто се чувствувате така,и ги пуштате мислите сами да ви дојдат при што можат да ви дадат решение на проблемот,ако сте болни ,замислувате како сте болни,па сликата ја поместувате кон лево на слика каде се гледа лечењето,за да ја поместите пак на лево каде веке сте сосем здрави расположени.Потоа со броење од 1до 5 излегувате од алфа при што пред да броите си кажувате дека коаке изброите до 5 ке ги отворите ошите и ке бидете сосема будни и ке се чувствувате сосема подобро од предходно ,броите до 5 отварате очи и кажувате дека сте будни и дека одлично се чувствувате.
    Тоа е накратко за самата визуализација,Поатојат техниката со чаша вода за решавање на некој проблем,техниката со три прсти ,како човек вежба така оди сеподлабоко и открива свои нови способности.
    Мене сето ова ми има многу сличности со Хипнозата и автосугестијата и мислам е на ист принцип,и претпоставувам програмирањето на мозокот на семинарите е побрзо баш затоа што со Хипноза го програмираат мозокот(само нагаѓам)зашто нема друг начин за одма да те научат се да ти оди побрзо.
    Пред неколку години запознав особа која ми кажа дека со овој метод постигнала многу работи во животот а има пребродено и рак,а на семинарот одела пред дваесетина години и тоа во Србија,па имав подзаборавено на ова и пред некое време пак налетав на методава па почнав да читам и да пробам со вежбите.Да признаам тешко ми оди .Не знам во Мк дали има вакви семинари,ако знае некој нека пише.Ако имате искуства со Силва методата повелете поделете ги овде .
    Поздрав
     
    На Ognen4e и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  2. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    МЕТОДАТА СО ЧАША ВОДА
    Доколку ве мачи проблем и не можете да изнајдете решение,можете да пробате со следново.
    Навечер пред спиење земате чаша со вода ,замижувате со црнките нагоре и ја пиете до пола водата при тоа прашувате,, како да го решам тој и тој проблем,ја оставате чашата ја покривате и велите ,"ова е единствен начин да го решам проблемот"-Решение може да ви дојде во текот на нокта или следниот ден како идеја,замисла,...се будите ја допивате водата со замижани очи црнките нагоре истиот проблем го повторувате и завршувате со истата реченица,"ова е единствен начин да го решам проблемот".Велат дека на многумина им помогнало,и дека решение нашле во сон или следниот ден,можеби ке прочитаат или погледнат нешто,разговор со некој што ќе ги упати кон бараното решение.
     
    На ScrappysSunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    @martovsko cveke 110Hz е фреквенцијата. Истата се создава и при хорско пеење во црква, при повторување на ом при медитација. Тоа е фреквенција на потполна опуштеност на мозокот. Истата е неопходна за да се хипнотизиара личноста. Хипнозата започнува кога лицето успиено стекнува максимална доверба во зборовите на водачот на хипносеансата и по тој миг буквално хипнотизираниот верува слепо во се. Поентата на Силва и др.методи за самопомош е сами да се доведуваме во состојба на хипноза и со визуелизација со висок степен не емоција да си го ''прелажеме''мозокот да верува во она што себе си го наметнуваме,посакуваме а е во добронамерни цели и искрено со јака емоција пожелено. Финтата е мозокот да поверува во реалноста на нашите замисли и по некое време тие ќе станат реалност.
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Според Силва методот правилната формулацијата би требало да гласи: „Ова е сè што треба да направам за да го решам проблемот„.

    Силва метод за развој на умот и контрола на стресот е еден од многуте методи кои се базираат врз знаењето дека мислите исто така се еден вид енергија. На пр. постојаното негување на песимистички мисли може да ги усложни проблемите, додека негувањето позитивни мисли може да доведе до нивно решавање.

    :!: Сето тоа е додуша точно, но ваквите методи честопати не ги познаваат или можеби не ги кажуваат во целина опасностите кои можат да произлезат од работење со енергијата на мислите и не доволно или воопшто не ги вклучуваат подлабоките духовни законитости кои ги наоѓаме во Десетте заповеди и Беседа на Гората. На пр. според овие школи мислите кои афирмираат т.е. потврдуваат световни успеси, углед и моќ претставувале исто така „позитивни„ мисли кои ако доволно долго се мислат, еден ден и ќе му се остварат на тој што ги мисли.

    Од Христовите објави за денешницата дознаваме напротив дека тоа се негативни мисли кои човека и неговата душа можат да ги вплеткаат уште повеќе во сатанскиот закон на причина и последица. Исто така дознаваме дека исполнувањето на желбите произлезени од волјата на човечкото „јас„ т.е. од егото се извитоперуваат во нивната спротивност, но и дека при евентуалната реализација на себичните желби тоа не е дејство на Вишата Интелегенција или Универзумот туку на невидливи битија кои такаречи му ја дофрлаат топката на човекот, за да подоцна ја побараат вложената енергија назад по можност со камата. Долгорочно гледано тоа може да доведе до душевно и физичко страдање во текот на овој или некој од наредните животи.

    Човек додуша треба да мисли позитивно но тоа значи мислите, зборовите и постапките да се труди да ги одмерува и да ги доведе во склад со божествените закони кои се наоѓаат во Десетте заповеди и Беседа на гората и кои важат и во поглед на човековиот однос кон природата и животните. Само тоа може да дојде до трајно среќен живот и придобивка за општото добро.

    Повеќе за ова може да се прочита во книгата „Сами во бракот и партнерството? Сами во староста? - Ти не си сам, Бог е со тебе„ во издание на Универзален Живот - линк
     
    Последна измена: 22 јули 2017
    На Anacid и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    Јас долгигодини ги вежбав методите на Силва и ги имам сите три курса само што немам инспирација во последно време. Доколку одвоите повеќе време да истражите за методот и доколку ви одговараат техниките немате никакви негативни последици доколку си ги практикувате. И не се согласувам со @daylight и ке замолам да не внесува религија во темава, јер немаат врска. Да, Силва Метод се базира на хипноза и НЛП техники но и воедно го прифаќа постоењето на Енергијата, Универзумот, Бог или што и да е др... Не прави никакви проблеми во врска со религиско верување, така да може да се практикува слободно.

    Мене доста ми има помогнато овој метод и реално ми е база за многу други работи кои подоцна ги осознав, и ден денес користам техники за некои ситуации...

    Го обожавам методот!
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Да, тоа е точно. Токму затоа и ги спомнав тие работи кои патем немаат врска со религија, иако поради терминологијата така звучат. И токму поради тоа што овој но и други слични методи ги спомнуваат тие нешта, добро е да се дообјаснат. А дали тие дообјаснувања и предупредувања ќе бидат прифатени, тоа секому се остава како слободен избор.
     
    На martovsko cveke, *Amethyst* и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
  8. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Се извинувам навистина не видов дека веке има иста тема,а баш убаво прегледував.Пред се ме интересираа искуства на луге кои веќе ја применуваат оваа техника на контрола на умот.Спој на јога (медитација)и хипноза,всушност автохипноза.Среќа за оние кои знаат да си ја смират потсвеста а некои како јас иде малку потешко да се смири умот,па се надевав на искуства,можда некој си развил своја техника.
     
  9. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    martovsko cveke почни со вежбата Long relax exercisе вежбај ја нешто повеќе од 2 недели, па почни со други нивни техники.
    ТАа вежба 100% има да те научи како се опушташ за неколку секунди дури доколку ја вежбаш често. Таа е и базична вежба за други техники од Силва но и воопшто за медитација понатаму.
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.
  10. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Благодарам Аmethyst
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ај малце да ја активираме темава. Ги прочитав сите коментари иако ги нема многу, но сакам да се задржам на нлп технкиката. Мислам дека му е соодветно место овде на видеово.


    :Човеков многу добро објаснува за се, само немам време сега да ги гледам видеава. Колку што се сеќавам имаше кажувано во некое видео дека преку нлп техника можеш да ги читаш мислите на луѓето.Незнам колку сте слушнале за ова, но јас имам запознаено такви личности. Едно девојче преку хипноза техника ми ја стави паричката во ракав иако јас незнаев каде е. Интересно звучи вака. Но има и кај нас што ги знаат техникиве иако не ти ја кажуваат тебе што како е. Кога и кажав на една феминка дека една ми ги чита мислите мислеше дека сум одлепила скроз :rofl: (знаете веќе дека имам психоза), ама сега со техникава ако прочита може јасно да и стане за што станува збор. Дали вие имате запознаено таква личност што знае за техникиве, може да споделите искуство? Дали негде кај нас може да се иде на курс и да се научат техникиве?
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    @Dashing:)
    За НЛП ти го препорачувам Ричард Бандлер (Richard Bandler). Јас ја имам и книгата Big BOok of NLP со повеќе од 350 вежби. Доколку си заинтересирана за ова, топло ти ја препорачувам.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    7.900
    Пол:
    Женски
    Дечки дали знаете дали има македонска верзија од книгата, знам дека има на српски ама не знам за македонски?