Јас ги користам силиконските капки на Аура. Во принцип не можам да најдам нешто поразлично кај повеќето кои сум ги користела, освен можеби мирисот.
Според мене најдобри силиконски капки се од Лореал за оштетена коса. Околу 400 ден се некаде и 450 зависи во која парфимерија. Има и за фарбана коса, тие се околу 100 денари поефтини, ама овие за оштетена за поубави. Верувајте вредат за секој денар. Сум користела разни, и не се согласувам со Трендафилка дека се разликуваат само по мирисот. Пример мене, капките од Аура ептен ми ја мрсеа косата, што не е случај со овие на Лореал. Овие ми даваат прекрасен сјај и лелеавост на косата, без да ја мрсат (се разбира доколку ставите мала количина, нели ). Ги препорачувам на сите
И јас ги користам тие на Аура и можам да кажам дека сум задоволна.Претходно ги имам користено на Alfaparf,како кристали што се,вака нешто изгледаат само малку амбалажата им е сменета Во споредба со Аура овие ми беа со послаб квалитет и ефект.
во моментов на залиха имам од и ми одговараат... доста се помрсни од оние на субрина... L'oreal ги користам секојдневно... а Субрина, само кога навистина имам време за обликување на локни ... ги сакам и двете... имам пробано и Илирија, ама некако не ми легнаа
Aura mi se najubavi iako nemaat bas nekoj ubav miris,no super se i ne se mnogu skapi.Gi imam i od Avon zelenite i ic ne mi se dopagaat ko nekoja ratvorena vodicka se
И јас ги имам од Авон зелените и исто не сум баш задоволна ,ништо посебно .. планирам други да си купам , и така ги потрошив овие .Колу чинат тие на Аура
Пак ќе кажам, ги користам од Doctor's и сум задоволна многу.Не после секое миење, правам пауза ама кога и да ставам после кога ќе ја исфенирам косата навистина е убава...а да не зборам за другиот ден итн.Значи ни се скапи, а се стварно добри.И доста време траат, не се трошат брзо.
И јас ги користам на Doctor's, 230 ден се во Зегин. Многу сум задоволна. Едно шишенце веќе 2 год го користам
јас моментално ги имам капките од Орифлејм, во жолто пакување. Мислам дека се идентични со тие зелените од Авон. Исто мирисаат, истата густина...баш исти се. Не сум нешто особено задоволна, следен пати ќе ги купам од Doctor's.
од Аура ... сега засега .... имам цврсто влакно што лесно се оштетува и мислам дека се подобри за разлика од тие од Авон