^Овие од Авон не се типични силиконски капки,ова е третман за обнова. Мене ми е многу привлечна колекцијава,мислам да ја порачам сега после одмор,таман обнова 360 со арганово масло. Го донеле од Глис во Македонија ваквиот третман,само богами многу скапо,за 75 мл 480 денари. А,пусто многу ми е привлечно. Инаку,кога сме кај силиконски капки,јас ги имам оние на Аура,не сум задоволна. Ефект нема,освен премека коса која неможеш да ја испеглаш ко што треба.
Јас ги користам зелените силиконски капки на адванс од авон и сум премногу задоволн,. не се скапи.. а и не се трошат брзо.
незз дал ја погодив темава ана горе доле најсоодветна ми се гледа. Ова серумов му доаѓа како капки за коса така? го има кај нас? цена?
исто, ги манијачам цел месец ама никако не ми се фрла 500ка чекам барем некој искуство да сподели дали вреди
Jaс ставав од аптека имаше како на точење, ти ставаат колку што сакаш, порано ги ставав за да ја расчешлам косата секој ден, сега по потреба.
Па има масло за коса од авон од ароган. Според тоа што силиконските капки им се добри би требало и тоа да биде, т.е. цела колекција. Само се мислам дали сега да го порачам или некогаш подоцна кога ќе го намалат...
Мене ми е мнг убав серумот(капките за коса) за оштетени врвови само си го нарачав сега тој новиот серум 5 во 1 да го пробам каков е ... Иначе малку офф топик ама морам да прашам Да не знаете некое средство кај нас за да не се оштети косата при користење на пегла,фигаро се нанесува?
Мислам дека има таков спреј во Авон, провери си од тие на Advance Technique розевата колекција (само не сум 100% сигурна бидејќи не користам такви работи па не ни обрнував многу внимание)
Многу слични на третманот од Глис, има сега и на Лореал, ги видов во Рамстор, два видови третмани, мислам дека шишенцето е малку поголемо, ама цената е околу 600 ден.
Пишав за овие во темата масла за коса, затоа што така и пишува на нив. Во Космо тоа од Лореал е 540 денари мислам, ама е 100 мл, а ова Глис е 75мл. Ја прочитав декларацијата на маслото од Глис, пишува дека е за екстремно сува и оштетена коса и може да се користи на 3 начини: 1. Како третман пред миење на косата- со нанесување на цела коса, како секое друго масло што сме го нанесувале 2. Како третман за суви врвови 3. И третиот начин мислам дека беше демек онака да поминеш низ косата од половина должина до врвовите, за да биде мека и лелеава. Јас планирам да го купам тоа од Лореал, поубаво ми изгледа. Го има и во Тинекс
http://www.google.com/imgres?um=1&h...nw=87&start=0&ndsp=21&ved=1t:429,r:0,s:0,i:75 Девојки од овие поубави нема. Италијански се и чинат 290 денари. пробајте уверете се!
Мајка ми зема од Авон , и незнам како да ги нанесам . Имам многу испукаи врвови , сакам да се шишам па да ги ставам или нема врска ако не се шишам . Ве молам кажете ми како после бањање ли ??? Ништо незнам
Може некој да ми објасни за што се користат капките?За сјајна коса Јас имам долга коса,но не сум употребувала силиконски капки
Цаци, за заштита на врвовите од пукање после пеглање. Јас лично ги користам и за да ги смирам разлетаните влакна и електрицитетот. Обично после пеглање или фенирање косата многу ми се електризира, па ставам една до две капки, тријам раце за да не се испоизмрсам и поминувам дел по дел од косата. Станува многу мека, лелеава и стои мирна, не се витка.