Јас ги имам и се нешто најдобро што и имам дадено на косава [/quote][/spoiler] Пак ќе прашам..каде ги има да се купат и која цена држат отприлика?[/quote] Ги купив пред 1 година и за цена незнам ама ми ги донесоја од прилеп во струга ама ако најдеш ич да не се мислиш многу се убави
Точно е дека силиконските капки ја сушат косата. Силиконот се задржува во влакното и многу тешко се мие од косата и влакното почнува да пука. Многу е подобро да се користат обичните масла на галафарм на пример бадемовото или чичковото, на мокра коса мала количина ќе протриете меѓу прстите и ќе нанесете на врвовите. Тие се природни масла и не ја сушат косата.
Овие ми се први што ги користам и сум супер задоволна. Ги купив во парфимерија, 200ден. 125мл. НОБЛЕС се викаат и се за екстра оштетена коса. Спојлер лош е квалитетот, ама само оваа слика успеав да ја најдам
Да, јас и ги имам. Нови ми се, па рано е да кажувам ефекти, ама вака за почеток се многу убави. Прекрасно мирисаат, не ја мрсат косата што е чудо, и даваат преубав сјај и ја прават да изгледа здраво, средено. Мене додуша косата ми е здрава, па овие уште поубава ми ја прават. Ама во најновиов каталог се поскапи малку, околу 260ден. мислам. 30мл. За разликата меѓу Лореал и Глисс, користејќи ги нивните производи, несомнено подобри ми се покажале Лореал! Така да ако ги купувам, би купила од капките на Лореал. И не се толку скапи колку што се чини, зошто се околу 500ден.ама за 75мл. !!! А, пример, овие од Авон ги зедов 240ден., ама за 30мл. ! И траат.... А, од Лореал не се 600ден., мислам поефтини се, околу 530 да не беа во Тинекс.
Ги нарачав од Авон силиконските капки и можам да кажам дека сум задоволна.Порано користев на Аура,па ги баталив зошто немаа некој ефект кај мене.Овие имаат преубав мирис,после пеглање на косата и даваат убав изглед(влакното не делува дека е расцветано) и приметив дека од кога ги користам косата помалку ми расцветува
кога читав забележав дека една девојка рече дека купила силиконски капки на Nivea но од Грција...дали освен во Грција ги има и кај нас?? доколку некој знае нека сподели со нас
Прекрасни силиконски капки, одма ми го решија проблемот со сувите врвови, цена им е некаде 180 денари во дм маркетите
Зедов од Авон и сега за сега сум задоволна.Инаку ќе прашав дали ставате на мокра или сува коса,како има повеќе ефект?Јас за прв пат стваив на мокра коса и косата баш ми беше мека и не разлетана
Мислам дека најубаво е на полусува коса. Кога не се цеди, значи не е многу мокра, пред да ја сушиш со фен. Мене вака најдобро ми се покажало.
Девојки ми требаат добри силиконски капки, по можност да ми препорачате некои кои не ја мрсат толку косата, да не испадни секој ден да треба да ја мијам фала однапред *