Еве, јас да ти одговорам... Ги има во Cosmo со сигурност, а за цена некаде околу 600 ден., не ми текнува точно.
Ги користите, задоволни сте? Сакам да ги порачувам па ми треба мислење. Поопширно мислење, со начин на употреба.
Јас на пример, редовно си ги користам овие силиконски капки на Авон и задоволна сум.. Преубаво мирисаат и мислам дека доста ми помагаат на косата.. Обично ги ставам на сува коса, откако ќе си ја испеглам иако знам дека се користат пред пеглање, нели и тоа им е намената, да ја заштитат косата од пукање, цветање и сл. Јас ги користам заедно со балсамот исто од оваа линија, него го ставам на влажна коса, капките на сува и косата ми е мека, нежна на допир и многу споро ми расцветува.. Ги ставам при секое миење на косата.. Нема да згрешиш ако ги нарачаш..
Колку пари се овие на гарниер, и колкава им е грамажата? Сакам да ги променам овие од Авон, некако ми исто и со нив и без нив, ми привлече внимание твојот коментар па би сакала да ги пробам ако се достапни.
Балеа серум против расцветани врвови. I likeit! Со фитокератинов комлекс за длабинска регенерација на косата. Со анти-статик комплекс кој спречува појава на електрицитет. Маслото го зајакнува влакното од внатре. Цена 180 ден. Јас го ставам на врвовите на мокра коса, а иначе може и на сува коса. Нема мирис. Ептен убава ја прави косата.
А заборАвив да прашам , колку често се користат овие капки , на пример во неделата колку пати да ставам? На кутијата пишува само колку капки да користам
Силиконските капки се користат после секое миење на косата. Ако косата ти е сува и без сјај, можеш по потреба да ставиш и на сува коса. Но, многу ја мрсат косата така.
Редовно ги користев капките на Аура, но по читање на форумот позитивни критики за лилавите течните кристали - Ликвид Кристал , се префрлив на нив, и не планирам да ги менувам, барем за сега..
Денеска и јас ги видов во еден маркет и се запрепастив кога ја видов цената за количината. Само немав време за да разгледам, дали се силиконски капки или со елементи од кристали (течни кристали, како сакате)? Бидејќи не можам да ги најдам низ интернетов, ги има некој друг користено за да пише што се?
И јас моментално ги користам овие зошто немав од каде да си ги порачам зелените капки од Авон,па овие ми се најдоа како нивна замена. Јас би ги препорачала и едните и другите,горе-доле го имаат истиот ефект.
Jas deneska gi kupiv onie od doktors i se 250 den i imam da prasam koga se koristat-dali posle sekoe susenje so fen ili pred koristenje na pegla ili koga sto sakame