Последно си ги земав зелените на Авон, ги порачав сините но ми стигнаа овие . Предходно ги имам користено тие на Аура и Клас што ги имате поставено погоре.
Ове денови ќе си ги купам силиконските капки кои ги објави ocila неколку страници наназад ... Имаат многу позитивни критики, а и Hair Care е прекрасен бренд..во тоа не се сомневам.
Здраво Smurffi Сакам да прашам од каде планираш да ги купиш и дали знаеш колку пари се ? Фала однапред
^^Еве јас ќе ти одговорам, јас ги земам од Премиум, најголемото пакување од 100мл е околу 460-500, така нешто беше. Ама ми траат по година и повеќе, а ги користам редовно, со секое миење на косата. Инаку имаш и помали пакувања, а цените точно како се движат незнам. Можеш да ги најдеш во сите по снабдени парфимерии, или ако има Премиум Козметика во твојот град.
Јас ги видов во Космо. Таму и ќе ги земам, а да.. имаше различни пакувања. Јас како за почеток ќе земам од најмалото, тоа е 16 мл. и мислам дека беше 150/160 денари, така нешто, но повеќе од 200 ден. не е сигурно. Ќе ви пишам кога ќе ги земам за сите цени и пакувања.
Ако не си била задоволна од авон, од орифлејм уште повеќе нема да бидеш задоволна . Квалитетот на капките е полош од оние на авон.. и ја мрсат косата многу
Сакам да прашам нешто.... Имам едни силиконски капки за расцветани врвови, ама не знам кога да ги ставам, дали пред да се исушам со фен или потоа?
^ Откако ќе ја исушиш косата рамномерно нанеси ги на врвовите. Ако ги ставиш прво силиконските капки па употребуваш топлина пегла/фен ќе ја изгориш косата.
Ги користам овие силиконски капки на Gliss и сум презадоволна.. Ми ја смируваат косата. Кога ќе ја испеглам обично ставам и стварно преубаво ми изгледа
Одлични! Јас сум фарбана плава, имам долга коса, ги користам после секое миење и косата ми е мазна и лесно се чешла, а имам приметено дека бројот на расцветани влакна е намален т.е скоро и да ги нема (пу, пу да не урочам )
Стварно се предобри. Мојата коса беше како сено, нит се води нит се тера. Со капкиве ми станува ем мека ем се расчешлува и многу полесно ми се фенира. За капкиве имам само пофални зборови.