А јас и покрај што ставам маска,спреј за разчешлување.И кога ќе ја испеглам косава пак сум ко лавче. Мислите ли дека ќе има некаков ефект на ваква коса?? Инаку да,густа ми е косата.
Јас веќе подлго време ги користам капките од орифлејм повеќе од година и сум задоволна , е сега мрсењето е исто и кога не си ставам капки , косата ми се мрси на 2 дена ја мијам 2пати или 3пати неделно.. а маска не ставам .
Глисс капкиве се намалени во Тинекс на 213 ден. што е навистина многу. Пишува дека се 75мл, но мене искрено воопшто не ми гледаат за толку. Дали се убави, ги имате користено ? Претходно користев од плавите со арганово масло од Авон. Убави се, убаво мирисаат (иако ми се здосади мирисот), преубава ја прават косата, но многу ми ја мрсеа. Иначе прочитав дека внатре имало само 1% масло, што е премалку.
Silver.E, фала многу за информацијата, уште сега ќе идам да ги земам капките од Глис Инаку јас сакав да прашав дали некоја од вас го има користено серумот од Балеа и како сте задоволни? Anna-Banana, мислам дека би ти ја смириле косата, јас изгледам како пеглана откако ќе ги нанесам
Мене тие од Авон ми се стандард. Ги користам долги години уназад па се си мислам од прекумерна употреба нели се навикнува косата па и нема некој ефект како во почетокот. Па ако може некој предлог, некои од кој сте мноогу задоволни
Силвер, а во кои маркети на тинекс се намалени капкиве на Глис? Барав на официјалната страна на тинекс ама не ја најдов понудава. Многу често знаат да дадат акција на одредени производи само во некои маркети не во сите, како тогаш со маските на глис што беше.
Женски не знам дали сум во правата тема, ама не знаев кај да прашам Си го порачав овај третманот најдесно шо е, го има некој користено? Задоволни сте? Како се употребува?
Adi888, ова не е баш конкретен одговор на прашањето - јас ги имам користено шампонот и регенераторот и се покажаа како многу квалитетни, косата ми беше како свила после миење и бев супер задоволна од се, освен од мирисот, затоа и немам порачувано повеќе од таа колекција
За сите кои прашаа, Глисс силиконските капки ги има буквално во сите маркети на Тинекс, намалени на 213 ден. Се наоѓаат точно до спрејовите на Глисс (и спрејовите се намалени на 166-169ден., а еден беше на 119ден.). Во 2 од маркетите беа потрошени, но си стоеше намалената цена.
Pantene Pro-V Nature Fusion, Oil Therapy Elixir with Argan Oil Го има некој користено ова? Како сте задоволни?
јас ги имам селиконските капки од авон и ги ставам на сува коса и пред да ја пеглам но читам некои коментраи дека пред да се пегла да не се става селконски капки зошто дополнитело на гореле косата вистина е тоа ???????????
Течни кристали на Hair Care од ленено семе. Воопшто не ми ја мастат косата, а ја омекнуваат многу. Лек се за суви врвови, поготово ако се фенирате, фарбате, пеглате....ја живнува косата. Пунпицата е одлична, со едно стискање пушта сосем доволна количина. Ги земав 174 ден. за 16ml од Зегин. Ги сликав, пошто не можев да најдам слика на нет.
Го земав серумот за коса против расцветување на косата од Гарниер , не сум го пробала уште ама по нтернет прочитав многу позитивни коментари па затоа и го земав кога ќе почнам да го користам ќе пишам за разултат