Валера супер се ем евтини, ем наши и ептен добри, задоволна сум но секогаш приметив ги нема во продажба.
Јас ги користам силиконските капки од Doctors и сум презадоволна ги има во сите аптеки 230 денари се но големо е шишенцето
Сакам да прашам дали е добро да користам силиконски капки за коса иако не ја сушам со фен и не ја пеглам косата?
сега за сега ги користам од авон зелените и супер се, но кога ке ги потрошам ке пробам некои други како што гледам многу ги фалите аура, докторс и др. па можеби и навистина се подбри ке ги пробам
Лина сепак зависи од влакното, ги имам пробано и на докторс , но сепак авон зелените ми се најдобри и ги користам повеќе од 2 години, а и читам дека на форумов има многу задоволни од нив.
Косата не се оштетува само од фен или од пегла, се оштетува и од сонцето и од ветерот а на тоа се најподложени врвовите, затоа најдобро е да си ставаш силиконски капки.поздравче
^ Само да кажам дека иако силиконските капки не му наштетуваат на влакното, тие создаваат зависност кај истото за нивно користење. Тоа му доаѓа како кога би почнале да пиете апчиња за притисок - нема престанување.
од avon-advance tecniques дефинитивно подобри капки не сум користела..јас ја пеглам косата да не ве лажам ама два пати на ден, а ако се извитка пак може и по три пати..и верувале или не воопшто не ми е оштетена...другарките само ми ја фалат и се чудат..им ги препорачав тие капки и сега и они ги користат..стварно се супер (ама да напоменам паралелно користам шампон за коса од авон и маска-без разлика на тоа капките се топ..нема да зажалиш
И јас исто така ги користам од Авон зелените, супер ми се, повеке шишенца имам потрошено, сега баш снемав сакав некои др ги барав Valera кај нас по аптеките ама ги немаше така да пак ке си ги порачам од Авон изгледа, или па некој ако знае некои подобри прочитав тука од Doctor's, Aura ама мене ми требаат капки кои не се многу мрсни, зашто имам мрсна коса а овие другите не сум ги користела на незнам , многу се мрсни или....?
Јас со години ги користам силиконските капки на Alfaparf, имаат повеќе различни видови, и во моментов ги употребувам лилаковите Nutrition Gold serum. Добри се и оние на Eugen Perma
како ги нанесувате силиконските капки ?? по колку капки ставате?? и за колку време трошите едно "кутиче" одприлика ? (малце да се информирам пред да земам)