Некој да користи капки а не се ос авон и орифлеим? Да каже од каде ги купува,какви се колку коштаат? P.S Не сум од Ск.
@SunnyGirl2, Балеа имаат океј силиконски капки и цената им е околу 250 ден за 30 мл. Јас сепак би ти ги препорачала оние со арганово масло од Авон
Јас ги користам овие доста долго и сум задоволна. Ми ги измазнуваат врвовите, ја прават косата сјајна, траат доста долго и за цената се супер. Јас ги купив на попуст од ДМ, околу 230 ден се мислам.
@SunnyGirl2 Долго време ги користев силиконските капки на Аура, цената им беше некаде околу 200ден чинам, ама не ме држи за збор ,ги немам земено многу оддамна. Ги имаше во Зегин. Исто и течните кристали. И од нив сум задоволна. Цената нивна беше за 10мл, 150 ден.
@Elence93 @Hapburn Audrey сакам на балеа капки да земам а гледам двете различни користите, може ли да ми кажете дали имаат убав мирис капкиве и дали се осеќа?
Овие имаат незабележителен мирис, а ако црните мирисаат јако јако и убаво како и спрејот би ти ги препорачала нив.
Силиконските капки со арганово масло од АВОН ги користам и се супер. Имам бујна коса, па некако ми ја спласнуваат и мазна како свила ми ја прават
Od kade mozam da si kupam gliss silikonski kapki? Gledam devojkite nanazad vo temata postavuvale sliki ama ja do sega nemam sretnato nikade.
Denes gi zemav ovie silikonski kapki...Mi gi preporacaa kako mnogu dobri...E sega dali e podobro pred peglanje da gi stavam na kosata Ili posle peglanje na suva kosa...?
Читав дека има голема разлика дали се капките маслени или силиконски и дека силиконските не и помагаат на косата. Треба да прогуглам пак и да ви пратам линкови.
Да, силиконите воопшто не и помагаат на косата. Се обложуваат како филм на влакното и ги маскираат недостатоците само површински, а тоа не е воопшто добро. Биодевојка има зборувано за ова во повеќе наврати. Затоа подобра опција е да се користат природни масла наместо силиконски капки.
Имам сува коса и онаква разлетана, ми кажаа дека силиконските капки ја сталожувале косата е сегаа бидејки ми е сува и оштетена сакам да ми препорачате капки за овој тип коса ако ги имате користено, би благодарам однапред
Пробај го аргановото масло во спреј на Балеа, околу 200 денари е во ДМ. Мислам дека ќе ти одговара за таа намена.
Во ДМ ги има и на сите им ги препорачувам, биди само упорна, не може преку ноќ и пиши дали ти се допаѓа маслово и дали имаш ефект.