Јас ги имав и ич не ми се погодија, освен што јако мирисаат, ништо посебно не ми направија на косата. Последно што купив е ова масло за коса, незнам дали поради маслото или поради маската за коса, ама преубава ми е косата периодов 300 и нешто беше ова, преубаво мириса.
Епа ете, на секого различно. Јас имам сува коса и оштетена од шатирања, и со капкиве е многу мека. Јас тоа сакам на пример Некој нареден пат ќе го пробам и маслово, фала на препорака
Фризеркава ми спомнува да земам капки за коса, да ми биде мазна. Капки не сум користела еве може 10 години па немам појма кои се ок. Препорака?
Пробај ги овие цената им е предобра коштаат 535 мкд ама долго траат. Може да ги користишш како третман пред миење или после миење само на врвовите пред сушење на косата.
Јас го користам ова масло и сум презадоволна. Многу ми се допаѓа, значи немам зборови, го ставам на полувлажна коса и после ја сушам. Не ми ја сплескува косата и помалку ми се мрси, врвовите не изгледаат суво. Мојата е непослушна, тешко скротлива и густа,а овој е баш за таа намена. Не е многу мрсен и нема баш некој мирис, идеален за сува коса. Во Дм го купив околу 300-400 денари.
Здраво @Biodevojka , би сакала твое мислење за овој серум. Барам замена за синтетичките силиконски капки ( страшно ми се електризира косата но не можам да најдам некоја природна замена). Дали овој серум на True Achemy би имал ефект (слика). Во состав има само ISOAMYL LAURATE, ISOAMYL COCOATE. Дали можеш да препорачаш било што од серуми / масла што би помогнало за ваков проблем доколку ова не е соодветно решение? Однапред благодарам.
Здраво драга, според формлата овој би требало да биде замена за силконите бидејќи има сличен ефект а сепак ги нема штетните ефекти на силиконот. Слободно земи го. Јас го имав пробано пред две години ако не се лажам и ми се допадна.