На влажна коса ќе ставиш...И тоа капка колку да истече и ќе си ја размачкаш низ прсти...Само на врвовите.Трае подолго затоа што се става по малку.
Да по малку ке прицнеш, како што кажа Џули, и само на врвовите, а може и на сува и на влажна коса, така мислам. Јас на сува ставам, на пример. Инаку ги користам на Авон, адвансед техникс, ама планирам да ги сменам, во последно време немам некој резултат од нив, косата ми е ептен оштетена. Порано ми беа поубави некако.
Земи си ги на Докторс ја омекнуваат косата ама не онака да лета него убаво да паѓа и не ја мрсат косата.Јас имам мало пакување како епруветка е..може ги имам повеќе од три месеци и има уште.Меѓутоа важно е да знаете не се става силиконски капки многу често.
Ги користам од Авон сините за измазнување што се, ама гледам во новите каталози ги нема веќе, откако им ја сменија амбалажата на сите производи од Advansed Tehniques.. Ама не сум нешто којзнае колку импресионирана од нив
Па мислам дека Џули мисли на тоа дека не се ставаат секој ден, така се губи ефектот. Јас ставам откако ќе ја измијам косата, а нареден пат после наредното миење и така.
Се ставаат пред пеглање за да ја заштитат косата од топлина... Инаку, ги користам на Авон зелените, веќе неколку години и ми станаа во навика, не сум размислувала да пробам некои други хехе
Јас ги користам на Subrina Professional Repair Elixir и Avon Advanced techniques зелените за суви врвови. Задоволна сум и од двете.
намената на силиконските капки не е заштита на цела коса туку заштита на врвовите бидејќи тие најмногу се подлозни на оштетување,за заштита на цела коса купи си маска и нанесувај ја на мокра коса,чувај ја некои си 15минути и после измиј ја косата.
Јас кога ја пеглам косата не ставам силиконски капки на врвовите оти за брзо време ми се извиткуваат(изгледа оти ги омекнува) ставам само кога не ја пеглам за колку толку да ги заштитам.
Ги имам капките од Авон, еве веќе долго време ги користам. Задоволна сум, ама некако сега овој пат кога ги порачав и кога си ставив, некако ми ја затупаве косата , и ми се идеше да ги фрлам. Ама испадна дека надвор од времето ми е таква , после наредниот пат ми беше супер. И ставам капки после пеглањето И ептен ми е мазна и тешка. (мислам јас во принцип и си имам тешка коса ) Така треба? Оти знам дека пред пеглањето повеќе се горела така косата
Јас ги имам зелените од Авон.И навистина се добри барем сега за сега. Ги користам секогаш после фенирање.Но ете пред малку кога си ја миев косата ја оставив така да се исуши и само си ставив силиконски капки.
се знае инаку спас ножица и тоа е.. јас порано на секој 3 недели сама си ги скратував врвчињата кои што имаа метил али ми се здосади и се откажав
Мене фризерот ми даде совет дека е добро да ги ставам и на полусува/мокра коса пред пеглање, по свиленкаста ја прави, не сум слушнала дека така повеќе се гори.
не ги ставај пред пеглање тоа не е убаво така се гори косата и се мрси побрзо и сето тоа останува на плочките на пеглата и подоцна кога ке се пеглаш косата ке ти се мрси капките се стават по пеглање и тоа во мали количини за да не ти се наелектризирува косата доволно е една мала капка размачкај со рацете и стави ја на косата така ке имас убава и немрсна коса