^ Јас исто имам ваква недоумица, значи покрај шампон за сува и оштетена коса, ставам шампон против жолтило неколку минути да отстои, па маска - неколку минути и после прскам Глис и и викам на фризерката - уште силиконски капки фалат, па таа коса арно може да дише... Ама сепак го отфрлам спрејот, трето пакување глис ми е ова, и освен за полесно расчешлување, за ништо друго барем мене не ми помага. Маската за коса ми е премногу добра, а по сугестија на Сеси, ако не најдам соодветни кристали за косата, си купувам на Лореал... 200 ден, а биле, а не биле, а косата ми е важна, па ќе напишам импресии од нив.
Тренди, има повеќе видови, јас го имав третото за сува и оштетена коса се движеше од 430-480 ден, второто за фарбана коса е поефтино околу 100денари од третото, а првото е мислам за сјајна коса, ама не знам колку точно чинеше.
Јас моиве никако да ги најдам на нет, се утепав од барање, незнам шо марка се, не пишува ништо, па затоа ги сликнав. Не дека е многу битно да видите ама сакам да ги препорачам зашто се стварно многу добри и многу убаво мисрисаат. Јас порно на авон зелените ги користев и мислев дека се добри тие, се додека не ги пробав случајно кај една другарка овие и си ги купив. Не се скапи, 400-450денари се, ама знаете капки многу бавно се трошат. Јас овие од 60ml цела година ги користам. Не ги користам секојдневно, туку кога ја мијам косата
Алиса, и јас ги барав, за нив велев течни кристали Многу ми се убави, сега нив ги користам и задоволна сум ептен
За овие кристали имам слушнато дека се многу подобри од силиконски капки и не ја мрсат косата Ама нема шанси овие кај нас да ги најдам , тешко..Ај кога ќе сум во Ск ќе ги побарам, Сеси од кај ги зема ?
Карина, ги има во сите поголеми и помали парфимерии а мислам дека ги имам видено и во Зегин, ама не сум сигурна
Задоволна сум од капките на авон... 150 ден ги начекав пред неколку месеци и си купив 4 ете уште ги користам
и јас исто од авон зелените а синиве ги немам пробано.........сестрами вели дека биле добри и тие..ама јас сум задоволна од зелените ми одговарат за мојата коса
и јас ги користам зелените, напоредно со сините на влажна коса ставам од сините за исправување, ја обликувам и на крај ставам многу малку на врвовите и многу сум задоволна, купив еднаш од аура и не ме бендисаа ич!
Јас денес во Веро ги видов, ама чудно не беа лилакови туку жолти. Баш прочитав на кутивчето, го пишува истото што и на овие дома што ги имам лилаковите. Имаат нешто ново пакување или....? јас моиве пре 4-5 месеци ги зедов и не видов за имаше други бои. А и намената е таа, неможе да има разични за различна намена, за испукани врвови