и јас ги имам, зелените за суви врвови се прекрасни иначе секао дека се нанесуваат пред пеглањето јас ги нанесувам и кога ми е косата мрсна и пред дапочнам да ја пеглам позз
Јас веќе три години ги употребувам силиконските капки на Artiste (480денари-ги купувам кај мојата фризерка), во вид на спреј се! Многу се убави, и даваат сјај на косата, не ја мрсат и преубаво мириса косата од нив. Вака нешто изгледаат (како дезодранс, црвена опаковка: Спојлер Не најдов иста, туку идентична слика од нив на интернет!
баш напротив мене пак ми рекоа после пеглање да ги ставам зашо немаат ефект да штитат од топлина па да се ставаат пред пеглање, исто и на фризер одкако ќе ме испегла ми става капки
Сум употребувала многу видови на силиконски капки за коса но никој не ми оставиле посебен впечаток за да ги кажувам,сосема малку ставав на врвовите и ми ја правеја косата мрсна или пак ми се мрсеше за еден ден.....затоа подобро ми е да ставам маска или регенератор за коса или пак некое спрејче на шаума или глис.......
Досега сум ги користела од Авон само (зелените) а сега сум во потрага по нови. Баш пред некој ден ги меркав с.капки во Тинекс, имаат некој избор-па ако замам ќе пишам.
Било какви препарати што ќе ги нанесете на косата пред пеглањето, ќе и наштетат и на косата и на пеглата. Единствено користам маска за коса пред пеглање за полесно расчешлување, а капките ги ставам отпосле. Ми даваат сјај на косата, немирните влакна ги ставаат на место, а расцветаните врвови исчезнуваат
Сум прашала милион фризерки баш за ова,и секогаш сум добивала различен одговор. Ставај ги на мокра,ставај ги на сува коса,ставај ги пред пеглање,после пеглање И така си донесов заклучок дека ќе ќе ги ставам кога сакам јас,т.е. дека ваљда нема пишано правило
И јас сум за ставање после фенирање или пеглање, зашто тоа е мрсно, а знаеме што прави мрсно+топлина Инаку ги користам тие hair care, какви што Алиса мислам има ставено слика. А мене ме интересира, капкиве ја штитат косата или го прикриваат оштетеното?Еден фризер ми кажа дека само прикриваат, а дека маските штитат
Убави се и капките за коса од Авон. Не сум ги користела подолг период, но кога ги користев бев ептен задоволна од нив!
Јас ги користам силиконските капки на Аура, како што напоменав имам премногу сува коса и ми одговараат. Ги користам веќе неколку години. Следниот пат ќе си купам од течните кристали, ме заинтересиравте да ги пробам, а и да сменам малце.
Moите се вакви Спојлер мајка ми си ги користеше, а од пред скоро почнав и јас и штознам, задоволна сум од нив, барем не ми ја мрсат косата и и` даваат сјај - не изгледа истрошено, нема суви врвови.. Добри се.
Читав низ темава ама нема нешто многу одговори за моето прашање, можеби сега ќе има Дали се подобри течните кристали? Како сте задоволни тие што сте користеле? Сакав да ги купам тие лилавите, па се двоумам
Подолго време ги користев силиконските капки на Аура и бев задоволна,али за да сменам малку ги купив овие кристали Блек и засега се покажаа одлични,некако полесни се од капките,не толку густи и мрсни,а го постигнуваат истиот ефект,здрав и сјаен изглед на врвовите.
Јас имам лилави течни кристали и подобри се од силиконските капки.Јас сум задовлна ги користам веќе 2 години . На косата и даваат голем сјај и доста време траат . А имаат и прекрасен мирис
јас ги користев на Doctors во ампули беа една ампула некаде 50,60 денари но сега не ги произведуваат повеќе