Ги користам од АВОН ама сакам да ги сменам ај ве молам кажете ми дали сте задоволни од капите на НИВЕА и колку пари се?
користев силиконски капки од повеке производители (косата ми се електризира, постојано изгледа како не исчешлана ) покрај децата случајно открив спреј за расчешлуванје на косата и (барем кај мене) даде подобар ефект од силиконските капки а и поефтина варијанта е
http://kozmetometer.planet-lepote.com/c ... temid=2778 Квалитетни. :up: Сега цената малце повеќе ''соленка'' (380 денари), но вреди бидејќи траат. Пишани се како силиконски концентраат и се помрсни, еве дел што пишува на самото пакување што би ве интересирало, гледав некои прашуваа: Силиконскиот концентрат е наменет за сува и коса со оштетени врвови. Го измазнува ПОВРШИНСКИОТ слој на влакното и ги затвара расцепените врвови. Неколку капки од концентратот се истиснуваат по врвовите на косата и со прсти се втриваат во мокри или суви врвови. Не се плакне. Го препорачувам дефинитивно.
ги користев едно време од avon ама во последно време ги расипаа,не ги прават квалитетни.Сега користам од Pantene супер се...малце потеско се наогаат,ги нема во секоја парфимерија барем во помалите градови.И цената им е малце поглемка ама вредат за парите
Јас користам силиконски капки од Англија се ..овде не може да се набават..тетка ми ги даде золва и ги донела од англија и ми ги даде мене...прекрасни се косата ми света има прекрасен сјај Се викаат Shiny Hair...
Black Profesional Line преубави косата ја прават мека и сјајна а и немам працветани врвови што е нај важно
Јас кога ставам од тие зелените капки од Авон (на сува коса) косата уште толку посува ми стане. А кога ставам на мокра коса, првиот ден ми е мн убава ама после пак ми стане сува. Инаку немам сува коса, нормална ми е. Се случува ли и кај вас истото?
Се согласувам со Трендафилка,во Италија неможам да најдам нешто подобро од Аура,затоа купувам во повеќе број и ако однемам ми праќаат од Македонија, и така
Сакам да си земам некои силиконски капки, до сега немам користено освен пред 3-4 години, другарка ми ги користеше на Аура па си ставив 2-3 пати . Мене некако ми ја правеа мрсна косата ако добро памтам. Ставав на сува само на врвовите ама некако ептен ми ги слепуваше, а по 1-2 капки ставав само. Па ме интересира по колку и каде се става? Само на врвовите или на цела коса, освен на коренот ок? И најмногу сакам да ги користам за да си ја пуштам косата, врвовите ми се малце подрасцветани, а не сакам да ја шишам ептен често, ќе помогнат во оваа намена или не баш?
^ Мене фризерка ми кажуваше, силиконски капки се ставаат исклучиво на водена коса и на врвовите, неколку капки е доволно. Доколку ги ставиш на сува коса ја мрсат, ако случајно заборавиш да ставиш, а си ја исушила косата, остави. Ми ги препорача капките на Revlon, малку беа поскапи, околку 700-800 ден. но траеле околу една година. Не ги зедов зошто користам други препарати за коса, но знам дека многу фризери ги користат производите на Revlon, би требало да се добри.
Уф, скапички се некако. Прееска бев до Веро имаше само од тие течните кристали поназад што ги фалат и на Докторс (кои не би ги купила баш). Исто имаше и една тубичка на Gliss ама пишуваше течен флуид за суви врвови, значи најверојатно беше нешто слично како спрејот... Или не? Сакам да ги најдам овие на Нивеа, ама изгледа кај нас ги нема Ги видел некој овде? Фала Chocoholic
И јас го купив тој флуид на gliss само незнам дали се плакни или не зошто на тубичката пишува се плакне а на налепницата на македонски пишува дека не се плакне??
Оу, не знам. Не прочитав тоа, ама поверојатно ми е точно дека е како што пишува на тубичката. А колку време го користиш, има ли резултати?
Јас пробав со силиконски капки, ставав и на сува и на влажна коса и пак ми ја мрсеше наместо да ги држи бесните врвови под контрола. Сега смејте се колку сакате ама прочитав негде дека лубрикант, знаете каков , е добар за локни правење, па си реков не ми е за локни но да пробам. На влажна коса ставам на врвовите па ја сушам и многу сум задоволна. Да почнам да се виткам со тампони ми фали
Ќе може да ми објасниш како се користат и едното и другото.. дали се става пред или после пеглање на косата ?
Пред некој ден кога се шишав ми ставија од серумов , многу убаво мириса . Го има овде по маркети или морам од салон да го нарачам ?