^^ Душице, истиве ги имам забележано и кај мојата фризерка, мислам дека се професионална линија, па би требало да можат да се нарачаат преку фризерката. Обично имаат малце посолени цени, ама квалитетни се пред се`.
Ја има и во маалскиве продавници ама ова мислам и јас дека е некоја професионална колекција . Ќе побарам по Космо , ако не трк кај фризерката
или од двата типа сум задоволна исто и од Клас но тие ми се скапи, овие ми се некоја пристапна цена а прилично добри и убаво мирисаат, во овие од Аура додадов малку рицинусово масло неколку капки како што напрвила Мерлинка и сум презадоволна врвовите се ептен меки и здрави, секојдневно го користам.
Ги користам уште одамна и досега не сум ги сменила. Задоволна сум, ставам само на врвовите каде што косата од самото фенирање, пеглање и бланширање нормално ми е посува. И одма на косата и дава сјај и ја скротува, а истовремено не ја мрси.
Victoria силиконски капки... Сакам да ве прашам дали чинат овие капките од JUMBO ги купив, ама незнам дали чинат за да ги употребувам xD Victoria Hair style shine се викаат Паковката им е виолетово-плава, со цветчиња и една девојка на неа
До скоро ги користев капките од Авон ,ама ми се потрошија и не си порачав нови. Сега ми излезе прилика да земам од тој серумот на Орифлејм ,два дена ставам од нив ама помрсни ми изгледаат краевите ,барем саат време откако ќе ги ставам. Рано е да се каже ,ќе видам од кои ќе бидам позадоволна . (не дека нешто особено верувам во исцелителните моќи на капкиве ,ама нека ги има на коса ,покрај останатите хемикалии )
Искрено, до пред 5 месеци нон стоп користев капки, ама откако ми се потрошија тие што ги имав ич не ми се даваа пари за квалитетни силиконски капки И ете, мене косата ми е супер и без нив, сосема се навикна само на шампон и регенератор и немам гајле
Доколку зборуваш за истите и јас ги користам ама замене се многу убави. Ги ставам на влажна коса па потоа ја сушам и три дена да не ја измиам косата пак не ми е мрсна. Додуша мојата коса не е многу оштетена затоа што ја пеглам многу ретко ама се осека разликата колку е нежна
Јас ги користам од Doctor's и сум задоволна инаку за користење..едноставно е...мојот фризер ми рече послем миење на косата да не ја чешлам туку да ставам две капки на прстите и надолу низ врвивите да ги нанесам убаво низ косата. И потоа ја оставаш природно да се исуши.Исто така оние кои имаат коса со слаби влакна како мене, не им ја прави толку разлетана се надевам дека помогнав малку од малку
Девојки, да ми препорачате силиконски капки, косата ми е долга брановидна, густа ама влакното ми е потенко. Плус и врвовите ми се посуви пошто ми е доста долга. Да бидат добри ама цената да не е мн. висока. Гледав од последниот каталог од авон ама не успеав да ги најдам. Некои предлози? Фалаа
јас имам користено на валера беа убави капките сега неможам никако да ги најдам имам на докторс и тие се убави мислам дека некој ги фалесе капките клас јас ги немам пробано тие ако можеш да ги најдеш на валера или докторс нема да згрешиш(мислам дека докторс имаат повеке врсти за сјај,за фарбана коса и уште некоја врста види во зегин ги има на докторс,а клас капките во секој поголем маркет ) позз
Капките на АВОН и капките на ОРИФЛЕИМ не се исти! Јас ги користам капките на ОРИФЛЕИМ и сум задоволна.. Сите капки освен сто моментално ги измазнуваат расветаните врвови немаат никаков друг ефект
тука потполно се сложувам со тебе дека само се за мазнење на расцветани врвови и дека немаат некој посебен ефект јас немам расцветани врвови а ставам од навика и после 3 месеца пак игра ножичката али такви сме ние жените да се шљапка нешто на коса
До пред некое време користев едни италијански со масло од ленено семе за сува и оштетена коса, случајно ги начекав во парфимерија, не се скапи, 120 денари ама многу се добри, ниту ми ја мрсеа косата, а врвовите со месеци не ми расцветуваа, постојано ја пеглав косата а во одлична состојба ми беше . И сега престанав да ги користам, одма ми испукаа врвовите. Не можам да постирам слика, шишенцата се фрлени, не можам ни да најдам на нет, можам да кажам само дека беа виолетови и на налепницата пишуваше само CRISTALI LIQUIDI HAIR CARE with linseed oil. Сега користам восок наместо капки, ама влакното ми е значително ослабено, па планирам пак да земам од тие
Еее супер ќе побарам баш во парфимериите (ако најдам), ама штом велиш има... Само би било добро ако најдеш од нет како изгледа шишенцето да ставиш слика (сигурно мора да има) Фалаа