Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 31 јануари 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.024
    Пол:
    Женски
    Упорно и упорно тврдиш членката го изневерувала сопругот,а таа такво нешто не спомна.И да го изневерува и да не го изневерува,сопругот не смее да ја присилува на секс.Гадот треба да биде ставен зад решетки.
    Ако толку ти се збори за изневерување,повели најди ги соодветните теми за тоа.Оваа тема е за силувањето во брак !
    Жена те родила,засрами се !
     
    На WildMk, PaLaVa, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И тој проблем се решава со силување?:headbang: Или како?
     
    На joy1, WildMk, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Упорно и упорно, го носите муабетот, дека тврдам дека членката го изневерувала сопругот....... што вооптшто не е така, и не разговарам, на отворена тема лично од таа членка, па да тврдам за неа.. зборам на тема отворена, за разменување на информации, а членката епак најдобро си знае како и е во животот.. и никогаш нема да добие помош, од овде само тоа сум сигурен.

    А за другото можете да си верглате до сабајле, и ако така ви одговара да сватите дека ете „одобрувам силување“ така и нека ви биде..
    Пошо башка и тешко се доаѓа барем на оваа тема до разум, немам повеќе што да се разубедувам и да реплицирам... Живејте си во стилот на такви размислувања, и немојте потоа да пиштите по интернети или по телефони кај „пријатели“ ..
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    А каква врска има изневерувањето со темава?!Шо мешаш баби и жаби?
    Темава е за СИЛУВАЊЕ ВО БРАК.
    Силување-кога ќе кажеш НЕ, а партнерот продолжува.
    Не секогаш сите имаме желба за секс, и потреба.Еве вака замисли.
    Петко и Петкана се во брак 15 години и имаат 5-6 год. детенце.
    Се им се супер, се разбираат, се сакаат, почитуваат.Цело време си имаат односи, се до моментот кога Петкана одбива односи.Еднаш-два пати во ред можеби нема желба.Ако е тоа во континуитет треба да седнат и да поразговараат, можеби има нешто друго, можеби не и е до секс.А тој може колку-толку да си ја задоволи потребата не се праи на три ипол сеа.
    Во 21ви век толку работи можат и се решаваат со разговор и дискусија не па прашање за секс.
    Мушки мозок ограничен :puke:
     
    На WildMk, 1209 и violetblue им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Tan4ence, да, да, ако жената не му „дава“ (изразов леле), на мажот му следува секс, милом или силом. Ако сама рашири нозе, ок, ако не, он ќе и ги рашири. И тоа е ок, зошто се во брак и зошто жената е должна да го снабдува мажот со секс.

    И секако, тоа не е силување, туку знаеш, мажот си има потреби.
     
    На KateKane, joy1, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Со среќа на твојата идна партнерка...
     
    На KateKane, candy.cane, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @MkdBoy во едно од мислењата сам кажа дека добро е што постоеле силувања зошто ние немало да постоиме така:drunk::headbang:(*смајлиштосесамоубива) А сега збориш демек не оправдуваш....демек.
    И патем, може да се случи и партнерката да е влажна, а да не е опуштена или возбудена, да не и е до секс. Влажнењето може и од друга причина да настане, некогаш од некаков стрес.
     
    На WildMk, Mrs.Styels, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.024
    Пол:
    Женски
    Тоа што го пишуваш е напад кон членката и тврдење без докази.
    Дали би ѝ се допаднало на мајка ти ова што го пишуваш?
    Сигурно нема.
    Да разбере какво дете родила... :|
    Имаш ли сестра или братучетка ?
    Што ќе направиш ако утре некоја од нив ти се пожали дека дечко ѝ или маж ѝ ја присилил на секс,а таа не сакала,и таа очекува рамо за плачење и совет од тебе?
    Ќе ѝ речеш дека тоа го заслужила затоа што долго време не му дала?
    Така испаѓа според она што го пишуваш.
    Засрами се !
     
    На PaLaVa, Ygritte, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.036
    Допаѓања:
    55.354
    Пол:
    Женски
    Абе, бидете благодарни бидејќи ако не ги силувале 90% од вашите баби немаше да се води дискусијава. (facepalm) (facepalm) (facepalm)

    Мислењата на членот се се' што не е во ред со балканскиот менталитет. Што да се каже наместо како човек да седне да разговара со сопругата зошто "не му давала" подобар избор е да ја силува, сакала не сакала маж е си бара си има потреби. Да се знае кој е главен тука. |(

    Ми се гади за што мора да се дискутира во 21ви век. :puke:
     
    На KateKane, joy1, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.447
    Пол:
    Женски
    Затоа бе момче постои разговор, имаш психолог и психијатар, седи разговарај со партнерот, затоа си во брак. Не со таквиот напред и ура, јас да сум ќе му го пресечам па да мочка низ цевче од лижавче. Имаш сестра? Ако ти дојде еден ден и ти каже за ова, што ќе и кажеш, абе сестро психа машка :envy:.... Или пострашно ќерка ти?

    Силување во брак постои треба да се казни со доживотен затвор и за сите силувачи и педофили јавна егзекуција на плоштад, голи од мајка родени. И не е страшно ако одбиеш и те одбијат не сме машини, туку сме живи суштества....

    @Nikomamin ти си храбра мајка и прекрасна жена, која во моментот на слабост посегнала по најлошото, но нема да се случи пак, сигурна сум. Имаш прекрасни дечиња, немој да ги оставиш сами... Разговарај со психијатарот пак и не плаши се да му/ѝ кажиш што се случува нема да те осуди ќе ти помогне .. Гледам членки пишале броеви од Шелтер центар и СОС.... Ќе помине ќе видиш... Ја имаш нашата поддршка :inlove: :inlove:

    Тоа што сме во брак не дава за право некој/а да те принуди на нешто што не сакаш....дали краткорочно или долгорочно
     
    На KateKane, violetblue, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ти стварно не знаеш кај тераш, за греота.

    Не знам кој дел од моментот дека било која личност, небитно дали е во брак, врска, отворен брак или сингл, може да одбие секс ако не сака да има секс у моментот, не ти е јасен?

    Ако еден маж не добие секс од жена си, не смее на сила да го добие, а ако има толку многу сексуална енергија и потреба од секс, може да си побара развод и да бара секс на друго место.

    Тешко ми е да дефинирам дали ти не ги разбираш работите јер толку ти е капацитетот или така ти одговара.
     
    На NarCis@, KateKane, joy1 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Не, туку мама и тато го научиле да добива се што ќе посака.И тоа си го врзал во крпче.
     
    На WildMk и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Ај реков да не пишувам повеќе, ама ај уште едно ке пишам...
    Уживајте со паметот кој го имате! и не ме реплицирајте, пошо џабе ви е.. модерните ставови немаат толкав капацитет, да ги сватат и прифатат реалните принципи на секојдневието..
     
  14. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.447
    Пол:
    Женски
    @MkdBoy вметни си го : - НЕ САКАМ СЕКС, Не СУМ СПРЕМЕН/НА ЗА СЕКС во твоите реални принципи на секојдневието, и во ред сме ;).... Се надевам дека ќе имаш во ред врска и синови и ќерки со поинакви РЕАЛНИ ПРИНЦИПИ НА СЕКОЈДНЕВИЕТО од тебе (fingers) ... Убав ден :hai:
     
    На Harper, Milobebence, smooch и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    "Реален принцип на секојдневието": Треба да сум болна за да само тогаш и исклучиво тогаш мојот напален партнер до мене ќе се смилува и нема да ме силува. Во секој друг случај: No? Rape it!

    Се најдоа "реалните" личности во темата, нема што!
     
    На KateKane, Harper, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  16. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Прво, никогаш не сум бил опседнат со секс.. па ни зависен за секс, п.с секогаш ми е во врската тоа на 2ро место да не речам на трето место...........
    Тоа е така, и така ке остане, бидејќи секогаш предиспозиција ми е, да направиш некој да се чуствува, топло до тебе, да вметниш еуфорија, да вметниш светло, да покажеш дека е во сигурни раце, заштитена.. и затоа и сум немал такви проблеми :)
     
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.892
    Пол:
    Женски
    !!!Почитувани членови

    Ве замолувам дискусијата да ја водете без навреди едни кон други. Нормално е да не можеме да се сложиме со сечии ставови, но но е дозволиво навредување.

    Ви благодарам на разбирањето
     
    На cresa-jagoda, zalosna, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.024
    Пол:
    Женски
    Нашите ставови се нормални,а твоите...
    Жената не е должна да му дава на мажот ако таа не сака.И во обратен случај важи истото.
    Тоа ти го збориме цело време.
    Да те чуе мајка ти...Што ќе помисли?
    Ти ко да си заглавен во старо Турско време...
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ти не си маж.
    Вистински маж нема ни да му текне на вакво нешто:

    А не пак да се осуди и да го каже.



    И после си пишал ова:

    Демек, тоа сакал да го кажеш од @violetblue , арно ама, СИЛУВА ти е во наводници.

    Кога ќе лажиш, кај гледаш?


    Баш ме интересира, што е за тебе силување?

    Зошто тој не си олесни и не се разведе?
    Демек, една година ако нема секс, треба да ја силува сопругата?
    Не бе пижлак еден, треба да си го фати патот и да не биди манијак.

    Кои се тие 'реални принципи на секојдневието'?

    Какви деца да има, и тој дете е.

    Какви ставови се овие бе Сесил?
    Промовира силување.

    Треба да го избришите, ако не и пријавите, а не под закрила на 'став' и 'слобода на говор' да се прошверцуваат дискриминација, шовинизам, мисогинија, насилство итн
     
    Последна измена: 5 февруари 2019
    На NarCis@, cresa-jagoda, Martka и 10 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да кажеш дека силување е во ред не е став, туку поддржување на кривично дело.
     
    На hermosa, NarCis@, Animali и 8 други им се допаѓа ова.