Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 31 јануари 2019.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Секако дека верувам дека постои силување во брак.
    Нема оправдување, никакво.
    Ајде да замислиме поинаква ситуација. Отидете на доктор, и не сакате операција, а тие ве стават на маса и на живо ве сечат? Пошо должност им е да ви ја направат операцијата. Звучи глупо знам....
    Ова се однесува на оној дечконо(читај еб..) што мисли дека ако жената не сака секс има друг, се плеска каде и со кој стигне, не го сака мажот и ред дрруги глупости.
    Имам у друштво такви, ако не се испразнел секој ден, ќе му се слошело, максимум 2 дена издржувал.
    Епа момче, не е се така во животото ко што си замислил. Лесно е кога тато носи мама меси. Па ти освен да гледаш кај да го брцнеш друга работа немаш.
    Ама во брак е поинаква приказна.
    Кога ќе се убиваш од работа да донесеш дома парче леб, кога ќе работиш и од дома, кога ќе немаш време ни дете ни жена да видиш, ќе немаш време ни за мочање да го извадиш ќе видиме како ќе збориш.
    Кога детето ќе ти задпива во 2, а ти во 6 треба да станеш, кога ќе гори од тт. Кога женати не е спиена со години, а ја чека работа, обврски дома итн...
    А сакаш, сакаш да имаш време да седнеш и да се изгушкаш. Ама у моментот кога си го спружил телото на кревет се јавува еден продорен плач. Кога ќе се случи да паднеш од неспиење, замор и глад. Кога има моменти од тој замор само седиш и зјапаш у ѕид.
    Па на овие проблеми ако има некој време за швалер алал да му е.
    Ооо како сакам се да ми е подредено у животот, па да ми е бракот како врската. Ама не е... обврските си го прават своето.
    Ама ние сме рекле, ако не ни штима секој по свој пат нека фати. Нема што да се иживувам над некого.
    Кои должности, кои правила човече???
    Ама не... главен приоритет на денешницата е секс, ништо друго не е битно.
    Жената мора да сака секс, мора да е спремна во секој момент.
    Не е битно, дал секој ден ти готви, те пере, те лечи кога си болен, чисти по тебе. Не е битно да е тука кога ќе дојдеш и да те праша душо како денес на работа.
    Битно неќела секс... готовооо... крај на светот.

    И за крај... да не беше пораѓајот, жените никогаш немаше да знаат како им е на мажите кога се настинати.

    Се надевам ми ја сфативте поентата.
     
    На tambelina, WarriorAngel, CrazyGirl15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.735
    Пол:
    Женски
    ...И секогаш на крај жртвата е ‘крива’....
     
    На H.VAGA, hermosa, Alisa22 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Тоа е кога мажите во нашето опшество се величат а ништо не вредат само знаат да го вадат ај порано е имало добри писатели, борци, војници сега не ми е јасно за што служат па и ке силувале смртна казна само.
     
    На hermosa и Nikomamin им се допаѓа ова.
  4. Ана на мама

    Ана на мама Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Секое непочитување на "НЕ САКАМ" е силување, во било која смисла и во било која ситуација.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.040
    Не можам да сфатам како некои од вас можете да пишувате мислења каде го барате проблемот во силуваната жена, а не во тој копукот кој фигурира како сопруг. Пак уште да оделе заедно на психијатар, да ги решеле проблемите... Сериозно?! Брак во кој партнерот ве присилува на секс (па и на било што) не е вреден за спасување. Ставете се на местото од таа жена - дали вие после таков чин ќе го гледате вашиот "драг" сопруг со исти очи како претходно и ќе си велите на себе "тоа ми е должност, морам да имам секс со него"?
    НИКОЈ нема право да ве чепне ако вие не сакате, а не пак да ве присилува на секс! На страна од такви психопати и вие и децата (ако ги имате)!

    "Немало поддршка од никој" - абе ако треба на улица ќе спиеме и јас и детето, ама ќе си заминам од таква будала.
    Не дозволувајте децата да ви растат со такви мажи. Подобро без татко, отколку цел живот со психички проблеми и трауми.
     
    На tambelina, Цвет88, hermosa и 8 други им се допаѓа ова.