Се надевам дека прашањава „како може“ ви се во смисла на згрозеност од такви случаи - а не дека озбилно не сте свесни оти постои силување и во брак. Секако дека постои, штом еден од двајцата партнери не е согласен (поради психички, физички причини, умор или било што), а другиот инсистира и на крај го форсира и извршува сексуалниот чин - се работи за силување. Може да се случи и во врска, и во брак. Ако сте потпишале парче хартија, не значи дека партнерот ве поседува. Сексот не е должност, туку мора да биде со взаемна желба. И не мора да е во прашање договорен или присилен брак, многу од дисфункционалните и насилни бракови почнале како согласни, взаемни љубови во цивилизирани општества. Некои луѓе за жал се менуваат на многу полошо, или пак на почеток знаат вешто да ги манипулираат партнерите.
Ако жената или мажот не се согласи на сексуален акт,тогаш е силување. Силувањето е гадно насилство.Постои и во бракот. Бракот не е оправдување и не е дозвола за непочитување на нечија волја. Жртвата не треба да молчи,а полицијата не треба да спие.
Најчесто силувачите се лица од блиска околина, и баш таквите случаи или не се пријавуваат или се заташкуваат ради тој момент. А ти што мислиш во брак па сите се сакаат? Оди види во брачни неверства колку е полна темата со прељубници и најчесто ако имаат деца се трпат иако очи нејќат да си видат па и ете во најлош случај покрај психичко и физичко има и по некој случај на сексуално малтретирање.
Како прво не оправдувам никаков вид на насилство а како второ како може да се омажиш за некој што е манијак и силувач таквите се познаваат уште на почетокот треба да си глуп. Ова може да се деси во неразвиените места каде браковите се договорени.
Па не се познава секогаш.Некои мажи си го кријат вистинското лице и дури после 5 или 10 години брак се покажуваат со вистинското..Доволно е едно нешто да го поремети,па да почне да ја малтретира сопругата на повеќе начини.Тоа се случило и во бракови кои биле склучени поради љубов.
Ете луѓето се менуваат. И не се глупи таквите кои насилство ги задесило во бракот, пошто најчесто, насилниците не се такви на почетокот, отпосле се променуваат во друга особа. Како што е застапено физичкото и псхихичкото насилство, застапено е и сексуалното, и тоа не исклучиво во договорени бракови, како што велиш ти.
За жал силување и сексуално насилство постојат и во бракот. Секое насилно задоволување на сексуалните потребите на едниот од партнерите врз другиот е силување. Тоа што се во брак на никој не му дава слобода да оди против волјата на другиот и по секоја цена да се задоволи. Најчесто патат жените. Многу потрагично е тоа што се срамат да кажат и да побараат помош. И не, не мора некој да е силувач уште од почеток... тенка е линијата меѓу разумот и лудилото.
Епа добредојде во Македонија, една од позатуцаните, конзервативни, нискоразвиени држави во светов. Психопати и лабилни особи колку сакаш, да се познаваа од одма пола држава немажени и неженети ќе бевме. Силување во брак не само што постои туку и е премногу честа појава како кај жени така и кај мажи, за која најнормално се ќути во 99% од случаевите јер која невеста ќе признае дека маж и ја подмлатнува кога нејќе да има секс па поради страв од осуда или страв дека ќе ја онесвести од тепање ќе си преќути и ќе си рашири нозе. Ама ние сме така добро вАспитан народ, задоен традиционално со сите адети, живејќи по некои ограничени општествени норми кои мораме да ги следиме за да не се двоиме од масата, жртвувајќи си го притоа својот живот и достоинство ама битно пред народ да не се обрукаме и да сме чесни и честити, и да се гордеат со нас и комшии, роднини, и од дома, и од кај другите "тате" и "мама" пошто нели и они така се живеени. - "Еее ќерко, да знаеш што све јас имам поминато во животов со татко ти, ама се живеело некако, ќе преќутиш ќе прогураш. Деца, фамилија, мора да се почитува маж се знае тој е глава на семејството (макар и да бил некоја пијана стока што те малтретира секојдневно и психички и физички)." Ете затоа ни изгледа дека нема вакво нешто кај нас, затоа што вакви работи се "нормални" и срамни и се кријат под тепих. Еве тука е анонимен форум па жените се похрабри да се искажат, влезете на некоја од темите па видете и сами дали цветаат рози во овдешниве бракови, особено во онаа за семејно насилство.
Дека постои силување во брак, да постои . Дека го има во нормални бракови тоа малку потешко. За да дојде до силување во брак, пред се мора претходно во тој брак многу нешта да не фунционираат па ова би му дошло како капак на се. Сексот пред се е телесна потреба кај човекот што кај некој во одреден дел од животот е поизразена а во некој помалку, кај некои може и скроз да исчезне таа потреба од секс дали за одреден период или за подолг. Тоа што се конзумира повеќе во брак малку помалку кога двајца се во врска е само поради правилата кои си ги создал човекот и затоа и секој смета дека кога е во брак и врска мормално е да се има секс. Како што реков во нормалниот брак и нормалните врски секогаш едниот партнер ќе има разбирање кон другиот ако нели во одреден момент не му е до секс и нема да има сигурно насилен секс. Некогаш и кога нема да ти се сака ама од љубов за партнерот ако осетиш дека ептен има потреба ќе се помачиш и ќе завршиш работа и сигурно тоа би било оти така сакаш а не оти физички си присилен. И не се согласувам дека тоа силувањето во брак е пречесто застапен , биејќи тогаш ќе излезе дека повеќето бракови се со огромни проблеми . Дека сум во право со оваа констатација слободно на темава уфрлете гласање секако анонимно за тоа кој е силуван во брак а кој не па да ја видиме статистиката. Нека биде тоа силуван еднаш силуван до 10 пати , повеќе од 10 пати и никогаш.
Нема врска каков е бракот. Тој што е насилник е насилник. И не сите веднаш се опуштаат па да бидат сурови со луѓето околу нив. Насилниците прво ве изолираат, ве прават да се чувствувате невредни, ве чуваат ко во затвор, па после дури следи ќотек, или силување или не знам што. И 'најдобра' жена на светот да си, ако некој е насилник, ќе биде насилен. п.с. жените се многу почесто жртви од мажите. Посебно во 'традиционални', 'патријархални' општества како нашето.
Па не се криви мажите жените се криви оти не се подржуваат, мислат дека тоа е така и така треба да остане, жените што имаат ниска самопочит можат да си дозволат силување и тоа е заради нив и таквите жени не уназадуваат зошто бе да се плаши? Кој е тој?
Ама темава е силување во брак, уште еден основ за развод. Штета што ја избришаа претходната дискусија, ептен квалитетни мислења беа напишани, а посебно битни беа мислењата кои отсликуваат типичен насилник. Требаше да стојат мислењата во кои на народот не му е јасно како тоа доаѓа до силување во брак. А такви мажулиња кои некад биле одбиени од жена и сега го мразат целиот женски род се посебни случаи за набљудување. Едно е сигурно, нормален човек не размислува така. Игра на доминација се поистоветува со силување, ми се гади од умовите на некои луѓе.
Вие пак трчајте по bad boys нели мирните се бубалици.Не оправдувам насилство секако ама мислам дека сексуалниот насилник е секогаш сексуален насилник уште прв пак кога ке се видете.
Постои. Моја постара роднина кажуваше како откако се породила во болница, мажот дошол демек на посета, па ја однел позади зградата на болницата, а потоа и кажал дека ако немаат секс, нема да дојде да ја види, неа и детето. Така ја принудил д ва пати едно по друго да имаат секс. Жената е сега стара и плаче кога зборува за тоа. За мене е одвратно. Не оправдувам во никој случај. За нив сите мислеа дека имаат идеален брак.
Ама не значи дека ако е мирен, дека нема да те малтретира. Он топик, постои и во брак и во врска. Штета што ретко кој ќе признае, дали од срам дали затоа што мисли дека МОРА да има секс..
Прво да разјасниме дека силување во брак е кривично дело, ако не се лажам накај 2004та е инкриминирано и треба да се пријавува дефинитивно. Скоро секогаш е резултат на дисфункционално семејство кое е такво подолг период и во кое има психичко, физичко, економско насилство и сл кон жената и на крај се доаѓа до силувањето. СЕКОГАШ кога нема согласност од жената за стапување во сексуален чин тоа претставува СИЛУВАЊЕ. СОГЛАСНОСТА треба да биде свесно донесена и изразена, таа е елемент во одредувањето дали станува збор за кривично дело или не.