Колку и да е тешко секогаш има начин како да се спасиш.Смисли нешто ,прави нешто ,обиди се на секакви начини.Само немој да седиш така,да трпиш и да мислиш дека ќе биде поарно.Не си должна да трпиш никакво насилство.Биди храдбра и извлечи се.
Sto zboruvate, siluvanje vo brak? Sto ne go goni Krivicno ako e siluvana? Od kogo, od vencaniot soprug. Koga ke go kaznat, neka mi pise clenkata, t.e. ostetenata.
Kako be sedat vo brak zeni sto se siluvani. Ke odam kaj moite I ke sedam tamu, pa neka me nabrkaat ako imaat srce, a toa zivotnoto ke go prijavam odma.
Ama nemoze da se okvalifikuva kako delo, nema osnov. Zakonski soprug I e. Edinstveno ako go goni so privatna tuzba za Semejno nasilstvo.
СЕКСУАЛЕН КРИМИНАЛИТЕТ Но во последните години во светот постои тренд кон простирање на кривично правната заштита и на случаи на т.н. брачно силување ( сите скандинавски земји со исклучок на Финска, некои држави во САД и Англија). Сексуалното насилство секогаш треба да се осуди, а бракот не смее да биде алиби за насилство. И во нашиот КЗ одредува ваква одредба (чл.186 КЗ). КРИВИЧЕН ЗАКОНИК Силување Член 186 (1)Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од една до десет години. (2)Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. (3)Тој што друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дска за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата чест и углед или дека ќе предизвика друго тешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (4)Тој што во случаите од ставовите 1, 2 и 3 ќе изврши само друго полово дејствие, ќе се казни за делото од став 1 со затвор од шест месеци до пет години, за делото од став 2 со затвор од една до десет години, а за делото од став 3 со затвор од три месеци до три години.
Otvori go zakonot za Semejstvo. Kaj nas ne e praksa dosega nekoj da bide obvinet za siluvanje vo brak.
И ако и е сопруг нека се изживува како што ке му текне на идотот. И силувањето спаѓа во семејно насилство!
Заради вакви мислења патат и трпат жениве секакви гадости ко ќе се во брак, врска итн итн... Жал ми е и се срамам шо читам. Силување е силување, безразлика дали си во брак или не то не смејт да поминит неказнето, морат да се пријавит и виновникот да бидит казнат. Иначе за тие што биле силувани сигурно откако ќе пријават не би останале во брак, барем јас лично не би, со некој што физички, сексуално и психички ја злоупотребил. Сакам да кажам дека и тоа како ќе бидит казнет, секако пак ќе нагласам доколку случајот е пријавен. Не, аку е жена НЕ ѝ е работа и не ѝ е обврска секуално да го задоволит мажот доколку таа истовремено не осеќат потреба за истото. Си имат сексуални работнички за таја примена, а јас колку шо знам ако се во брак таа него му е сопруга, а не сексуален роб.
Ако е навистина силување се ова мојт да се решит со најобична пријава во полиција и посета на гинеколог. Немат потреба од снимање, местење и други слични работи. Среќа во несреќа е што се во брак, па најверојатно имет незаштитен однос и уште полесно е да се надат докази од него во неа.
Прво никој не те осуди, тоа што ти се случило не е по твоја вина, срамот не е твој, нема зошто да се срамиш да пишеш. Сакав да те прашам кога било тоа, ама убаво си напишала пред 1година, 2пати се случило. И за време на тие 365дена што направи, покрај тоа што си направила корекција на нос и вчера шеќерна депилација на интима? Кога веќе нема да прочитам од тебе можеби не сум во право, можеби....а ќе прочитам знам дека сум во право, сигурна сум....ќе знам да оваа жена е решена да смени нешто, да си го подобри својот живот пред се за сама себе а после и за децата, да биде се подобро во иднина. А за законската регулатива дали се казнува и како по кој законик еве нека посочи поточно @Vesna24 по кој закон, колку му следи казна ако женава поднесе тужба. И пред се @Nikomamin дали сакаш да го пријавиш споругот, тужиш? Ако да побарај совети од правници и еве на форумов кој се разбира од право од оваа проблематка нека и објасни поточно. Инаку се што објаснила е многу тешко, дека без поддршка од нејзини блиски и без пари и работа тешко е, но не невозможно. Но да е полесно возможно треба социјалните служби и ресурси со кои располагаат да помогнат да не бидат толку лимитирани што ме доведува до мислење дека кога тој дел би бил поефикасен одма ќе знае личност со вакви проблеми каде да се обрати и да се здобие со правилна грижа. Во обратен случај ќе читаме вакви потресни брачни приказни.
Не ми се верува што прочитав.. Ало абе 21ви век сме.Како можете да дозвољавате да се иживљава некој со вас?!Па подобро сама ќе сум и разведена него да ме силува некој и да си ги лечи хировите на мене бе. Пријави го за насилство и поднеси барање за развод.Извади потврда од лекар дека станува збор за силување.Нема да ве види ни тебе ни децата веќе. Како може да дозволувате да гази некој преку вас?Не ни се мажите криви, сами сме криви што не дигаме глас и побуна.Што не си ги бараме правата. Не сме во праисторија па да ќутите.Има судови има закони има социјални служби.Има начин како да се РЕШИ ПРОБЛЕМОТ.Не се решава ако ќутите и се сотерате во ќош.Не знам како не ти е гадно да го гледаш секој ден гадот па уште да му дозволуваш и децата да ти ги допира. Ја тој или ќе го пријавам одма и ќе му го уништам животот или ќе му ја искршам главата во самоодбрана. Ќе ти кажам најискрено.Да жртва си, ама можеш да се извлечеш ама не сакаш.И зашто?Ради малограѓански муабети овој ќе рекол ова оној она.Епа се дур живеете за другите и ве заболе за тоа другите што ќе кажат ќе си го уништувате животот. Ако не ради себе мисли на децата, како можеш да дозволиш да живеат со таков гад?Денес на тебе се иживљава утре-ден може и на нив, не дај Боже. А твоите чим не те поддржале не те разбираат.На крај краева возрасна жена си, чим си догурала до брак и деца да раѓаш не знам зашто уште очекуваш поддршка од родителит?Не ме напаѓајте за ова.Да нормално е да очекуваме поддршка,но веќе кога сме се оствариле ко брачен партнер/родител.Би требало сами да се бориме со некои ситуации. Го зборам ова од личен аспект.Јас сум таква. Еве се ставам во твоја позиција.Јас да имам пример 2 деца и маж ми да ме силува.Го пријавувам во полиција и социјално.Се разведувам, го пикам во затвор и ги заборава децата до крајот на животот. Ќе им кажам на моите секако што се случува.Но нема да се ослањам на нив и да чекам они да ми кажат дали да се разведам или не и дали ќе ме поддржат или не.Бидејќи се работи за мене и мојот живот.Ќе стиснам заби, за мене и за моите деца ќе се борам до крај.Сама ќе ги растам ако треба, ќе црнчам ко идиот, ама ќе им обезбедам сигурна иднина и среќен живот и нема да дозволам ништо да им фали. Многу сум против насилство врз жената, поготово во врска/брак и искрено вакво мислење кога ќе прочитам ми се плаче.Не од жалење према другиот, туку ми е жал што уште живееме во општество каде жената трпи неправда од страна на мажот и се плаши да направи нешто, да не не биде поддржана од околината или родителите.Се додека очекувате поддршка од другите ќе си патите..ослањајте се сами на себе.На крајот на денот останувате само вие.
Не се гледет многу филмој туку ова се работи шо секој човек кој имат секс или планират да имат секс требит да ги знајт Не е ист чинот на имање секс по своја желба или на сила, зато и се викат силување. После таквиот чин настанват промени внатре во половиот орган, ко шо имат во поќе наврати спомнато @WildMk дека аку болит за време на секс значит дека нешто не е во ред, е баш ова. Гинеколог лесно ќе мојт да заприметит доколку имат некои повреди внатре во вагината, кои би се јавиле како резултат на недоволна "влажност" и присилна пенетрација, а предсемената течност и спермата се полни со ДНК на сторителот така да безразлика дали ѝ е маж или шо сакат нека ѝ е, ќе си го добиет. И наместо да се обесхрабруват жртвата и да ѝ се насочвит: е и шо аку ова го напрајш пак ништо, требит баш обратно да се прајт зошто со вакви коментари само поттиквиме жртвите да си молчат и ништо да не превземет...
Се' што напишав поќе го пишев општо на темава само се надоврзав на случката на членката, што ете била пред 2 години. Не ми беше поентата со ова таја сега да заминит и да напрајт се' што напишав туку слично ко тебе сакав да насочам да не се прает "шпански серии" туку да се барат разумно решение на проблемот. Не сакав да дојт до недоразбирање ама ете можда и не се изјаснав баш најјасно. п.с. Нормално дека во вакви случаеви најдобро и најефикасно е да се реагират што е можно побрзо.
Траумите што ги доживеал не се дозвола за она што ти го направил и прави. Неговата љубомора и опсесија треба да ти се доволна причина да се тргнеш од него,па уште и силувањето...Не оставај деца на таков тип. Ти не мора да им се тупнеш на роднините,но побарај барем некаква поддршка од нив,некој да те придружува во моментот кога ќе го пријавиш во полиција или тужиш,ако се одлучиш на тоа.И моралната поддршка значи нешто. Ти велам,одлучи се.Бегај од него!
Еј без зборови сум, читам и не ми се верува што читам Не не ме чуди тоа што жени се силувани од сопрузите туку ме чуди како некои жени не веруваат дека тоа во брак може да се случи. Фала му на Бога што вакви жени се родиле како жени, во спротивно сигурно би биле нај тешки силувачи на земјинава топка