Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Силување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 31 јануари 2019.

  1. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    За сите што се чудите како постои силување во брак, може прво треба да прочитате што се спаѓа во семејно насилство, со посебен осврт на сексуално насилство:

    http://www.krizencentar.org.mk/index.php/stoenasilstvo/semejnonasilstvo

    Сексуално насилство

    • Непосакувано/несакано допирање
    • Понижувачки забелешки за телото и изгледот на партнерот
    • Минимизирање на сексуалните потреби на партнерот
    • Критикување на партнерот за неговата сексуална историја
    • Присилување на секс или сексуални активности без согласност од страна на другиот партнер
    • Употреба на сила или грубост за присилен секс
    • Силување со употреба на предмет
    • Одбивање на барањето на партнерот за секс со заштита
    • Присилување на партнерот за секс со други лица
    • Изложување на парнерот на сексуално преносливи болести
    • Третирање на партнерот како сексуален објект
    • Критикување на сексуалната перформанса
    • Несакани садистички сексуални активности
    @Nikomamin треба да излезеш од тој брак, ако еднаш те силувал, може да те силува пак или да изврши било каква друга форма на насилство.
    Ти си жртва, не си виновна за тоа и не треба да се обвинуваш себеси.
    На линкот погоре ќе најдеш броеви од СОС линија, можеш од таму да почнеш, да се јавиш и да побараш помош, сигурна сум дека ќе бидеш правилно посоветувана и упатена.
    Секогаш постои излез, од било која ситуација, само треба да бидеш храбра и одлучна да го побараш и да истраеш.

    Инаку постои силување и воопшто сексуално насилство во брак и тоа не само поради "незнаење" на мажите дека и во брак приморување на секс е насилство, туку многу често и самите жени "потпомагаат" со погрешно воспитување и уверување дека сексот е брачна должност и дека тоа едноставно мораат да го направат или истрпат.
    Мора да се работи на превенција, првенствено со едукација, за да може било каков вид на семејно насилство веднаш да се препознае и соодветно да се реагира.

    Жени, не се срамете да кажете дека ви се случило семејно насилство, од било каков вид, па и сексуално и да побарате помош. Не сте ни глупави, ниту пак треба од било што да се срамите, со ништо не сте придонеле да бидете жртва на насилство и истото може секому да се случи.
    Ако некој треба да се срами, тоа е насилникот, а не вие!
    Имате обврска и спрема себе и спрема вашите деца, да го заштитите вашиот физички и морален интегритет и никој нема право истиот да го загрозува!
     
    На PaLaVa, blackwave, Snowflake97 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Леле претпоставувам дека дечињата ти се мали чим имаш 31 година а замисли тоа на тебе ако ти го направил утре и на ќеркати да го направе насилник одма разведувај се и тужи ако не ти верува судот дека те силувал снимај како те напаѓа.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Како бе да снима жити бога...да не треба и да се нашминка???
     
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    Да снима за да има доказ дека навистина сопругот и е насилник а не да снима за забава филм да прави.

    Не дека не може да се случи ова или дека не се случило никогаш, но мислам кога се пишува на вакви осетливи теми треба да се внимава што се пишува, жената бара помош или едноствано сака да се искаже за да и олесни,не бара дополнителни стресови :!:
     
    На PaLaVa, candy.cane, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.957
    Допаѓања:
    219.279
    Пол:
    Женски
    Лесно е да и кажеме на членкава оди спаси се најди работа избегај и слично а уствари само таа знае како и е нејзе.. кога немаш подршка од најблизок а си психички падната со деца без работа омалаксана од животот и без ичија помош е навистина ТЕШКО да се соземе па бара раота па најде па спроведе све и свашта и да си оди со децава
    Да не се лажеме, женава е пред се психички исцицана од сопругот па и од нејзините што уште толку ја бутаат на земја наместо да помогнат
    Вака на збор е лесно најди работа опрај се
    Ама она знае како и е.
    Плус да трпи изживувања секој ден од маж и.
    Да не сте и во кожа.
    :x:x

    Ако немаш во таква ситуација некој да те поткрене и помогне за да продолжиш напред џабе е се.
     
    На PaLaVa, Peperutce1115, senza.parole и 14 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.164
    Допаѓања:
    125.115
    Пол:
    Женски
    Ако продолжи да молчи и да го трпи идиотот,таа повеќе ќе си наштети себеси,а и на децата.
    Тоа што тој е нејзин сопруг не му дава право да ја третира како играчка или робинка.
    На сите жртви на силување треба да им се чујат гласовите за да се придвижи нешто,за да се разбуди светот,за луѓето да сфатат дека постои голем проблем кој мора да се реши.
     
    На PaLaVa, SummerGirl, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Во право си, не и е лесно, мислам дека сите сме свесни за тоа и за положбата во која се наоѓа. Претпоставувам од помал град, невработена, без поддршка од родителите, убиена во поим. Тешко е, на секого би му било тешко.

    Ама еве она првиот чекор го направила, отишла на психијатар, но направила грешка во чекори. Не го кажала вистинскиот извор на проблемот, го премолчала фактот дека била силувана од сопствениот маж, претпоставувам од срам. А не треба да се срами, кажавме дека срамот оди кај насилникот, не кај жртвата!
    @Nikomamin треба уште еднаш да отиде кај психијатарот и да биде апсолутно искрена.
    Мора да се лекува и изворот на проблемот, не само симптомите. Тоа е како да пиеме сируп за кашлица, а не пиеме антибиотик за пневмонијата која ја предизвикала кашлицата.

    Јас и посочив да се јави на СОС линија и мислам и @WildMk и предложи исто, дури и се понуди да отиде заедно со неа или место неа да побара помош.
    Според мене, доколку жртвата не може да најде сама излез, најдобриот начин е да се обрати на тие линии за помош, таму има луѓе обучени и испраксирани за таква врста на проблеми и ќе и помогнат и насочат најсоодветно. Нормално, повторно треба да биде апсолутно искрена и да не премолчува битни факти.
    Проблемот нема да се реши со тоа што само ќе го утврдиме проблемот и ќе констатираме дека е многу тешко, туку нешто конкретно треба да се превземе, да се концентрираме сега на можното решение.
    Јас за почеток би отишла повторно на психијатар, би си ја окрепила психата и потоа би се јавила на СОС линија и би побарала совет и помош.

    @Nikomamin го има нашето разбирање, го има нашето сочувство, ја има нашата морална поддршка, ги има советите, но сега се останато зависи од неа, она самата треба да одлучи дали ќе продолжи да биде жртва или ќе биде борец, за себе, за своето здравје, за својот живот, за своите деца.
    Јас верувам дека ќе одлучи да биде борец, она веќе ги прави првите чекори, проговорува, бара помош, сигурна сум дека ќе продолжи да се бори!
     
    На PaLaVa, Sky-butterfly, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со @Желба, кај членката од која првично ја поттикнавме темата во Развод, сепак олеснителна околност беше поддршката од родителите. Таа имаше каде да отиде и да се заштити и себе и своето дете. Но, живеме во земја каде уште кај многу фактор на влијание big time е "Што ќе речат другите/комшиите/општо, луѓето" и ретко која жртва на семејно насилство успева да се спаси, бидејќи или нема финансии или нема поддршка од своите блиски, а често и двете или неретко, самата жртва трпи и не кажува, што е навистина жално, бидејќи не можам ни да замислам низ што се поминуваат :|
     
    На SummerGirl, WildMk и Желба им се допаѓа ова.
  9. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Во право си, но против ова сите заедно треба да се бориме. Животот го живееме сами за себе, стварно е сулудо да не интересира што мислат другите за нас и поради тоа да се присилуваме да живееме во некакви лоши и недостоинствени ситуации.
    Истите тие луѓе, комшии, роднини, што и да се, ќе се занимаваат со нечиј живот 2, 3 дена и потоа ќе продолжат да си уживаат во својот живот, а тој што го живее пеколот треба да остане во него само поради нивното мислење или поради нивната осуда?!

    Да не си ставаме сами на себе окови, мора да се ослободиме од грижата за туѓото мислење. Ако е некој доволно безобразен да ви поставува прашања или да го коментира вашиот живот, имате апсолутно право да бидете исто така безобразни и да му кажете да си го гледа својот живот и својата работа!
     
    На PaLaVa, SummerGirl, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Alpha010

    Alpha010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Машки
    Престани да шириш дезинформации! СРАМОТА!

    Силување во брак и тоа како постои и се квалификува како кривично дело!
     
    На Animali, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Otvori go Zakonot za Semejstvo, pa pisi.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Под кривичен спаѓа.
    Секој сексуален деликт, без разлика дали е брачен другар, пријател, непознат ....
     
    На Mrs.Styels, Animali, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Vesna24

    Vesna24 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2018
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Neka go goni Krivicno stom taka, ke I go odbijat obvinenieto. Nema vo nitu edna Zakonska odredba vo KZ takvo nesto.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.922
    Допаѓања:
    132.933
    Човекот си има трауми. Може не е лошо да гоубеди за психијатар, ќе му помогне многу. Штонема проживеано, нормално е да има последици.
    Ќе се среди полека, ќе сфати што прави и ќе се средат работите. не секој проблем е причина за развод.

    Ова не е оти е таков човекот од ќеиф, пред Авганистан не бил таков. Психијатарот ќе помогне на цело семејство и ке пребродат се.
     
    На gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Значи според тебе, треба да ја убедиме жртвата на силување да му помогне на силувачот?! Силувањето и сексуалното насилство не се причина за развод?!
    Па да почекаме да прејде во континуирано психичко и физичко насилство, жената тотално да се поремети, а може не дај Боже и да ја убие на крај, тогаш стварно нема више да има причина за развод.

    Ако мислиш на пострауматско стресно растројство, тоа да, може да се случи кога човек ќе се најде во некоја екстремна животно загрозувачка ситуација и еве ја пред да пишувам за нешто за кое не сум учела, гуглав малку:
    http://primenetapsihologija.com.mk/што-е-посттрауматско-стресно-растрој/

    И меѓу другото вели:
    Овие случувања не можат да се споредат со ниту едни други од секојдневниот живот. Може да се работи за насилство(психичко, сексуално или физичко), загуба на дом, кражба, природни катастрофи, војна итн.

    Ваквите ситуации често пати доведуваат до посттрауматско стресно растројство. Вообичаените симптоми се флешбекови, ноќни кошмари, физички сензации како што се болка, потење, тресење и чувство на мачнина. Типичен симптом е тоа што луѓето постојано се прашуваат самите себе зошто тоа им се случило токму на нив и дали можеле да сторат нешто во врска со тоа за да го спречат. Вакви и слични мисли доведуваат до чувства на вина и срам. Луѓето кои доживуваат посттрауматско растројство може да страдаат од анксиозност, депресија или да посегнат по алкохол и други психотропни супстанци.


    http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/...UTNA-STRES-REAK-I-POSTTRAUM-STRES-RASTROJ.pdf

    ПОСТТРАУМАТСКО СТРЕСНО РАСТРОЈСТВО (PTSD): СИМПТОМИ И ДИЈАГНОЗА
    Симптоми
    • Постојано повторно доживување на трауматскиот настан.
    • Повратни болни сеќавања на настанот.
    • Ноќни кошмари од настанот.
    • Дисоцијативни флешбек епизоди и чувство на повторно доживување на настанот.
    • Интензивна болка кога е изложен на потсетниците на трауматскиот настан.
    • Психолошки реакции кога е изложен на стимули кои наликуваат на некој аспект од
    трауматскиот настан.
    • Избегнување на стимули кои се асоцирани со траумата и тапост на општото реагирање.
    • Напори да се одбегнуваат мислите, чувствата, активностите, местата или луѓето,
    асоцирани со траумата.
    • Неспособност да се потсети на важните аспекти на траумата.
    4
    • Намален интерес за значајни активности, чувство на оддалечување, ограничен ранг на
    расположение, чувство на скратена иднина.
    • Постојани симптоми на емоционална сензитизација и зголемена готовност/будност.
    • Тешко заспивање или одржување на сонот.
    • Иритабилност или изливи на лутина.
    • Тешкотии во концентрацијата.
    • Прекумерна загриженост.
    • Претерано преплашен одговор.
    • Дијагнозата на PTSD се потврдува кога симптомите траат најмалку четири седмици или
    подолго (примарно потребно во DSM-IV класификацијата). Одложувањето меѓу
    травматскиот настан и почетокот на симптомите не треба да надмине 6 месеци, бидејќи
    причинската врска е потоа сомнителна.
    • Критериумот за дијагноза на PTSD одредува дека лицето треба да било изложено на
    настанот кој е веројатно дека предизвикува продорна болка кај секого. Освен тоа, DSM-IV
    критериумот понатаму нагласува дека субјективното реагирање на лицето е
    карактеризирано со интензивен страв, беспомошност или ужас.
    Диференцијални дијагнози
    • Растројства во адаптацијата и други реакции на силниот стрес.
    • Панично растројство.
    • Дисоцијативно растројство.
    • Пролонгирана депресивна реакција по траумата.
    • Специфична фобија.
    • Релапс на психијатриското растројство по изложување на стресот.
    • Генерализирано анксиозно растројство без претходен трауматски настан
    Значи, ако веќе некој има симптоми на пострауматско стресно растројство, тоа е нашата жртва, @Nikomamin , бидејќи освен присуство во воени услови, и самото насилство, во случајов сексуално, е причина за истото.
    Јас би рекла дека силувањето на сопругот на нашата жртва нема никаква врска со неговото работење во Авганистан, човекот е едноставно насилник, а стресот може само му ја потенцирало жичката што си ја има во себе.
    Дали и тоа што и забранува да работи, исто така му е предизвикано од стрес?
    Не, јас би рекла дека он е типичен насилник, типично плете мрежа околу жртвата, ја прави зависна од него, гарант и забранува и да се дружи и излегува со пријатели или пак он внимателно и ги бира.

    Немојте да ги потценувате семејните насилници, жртвите на убиства поради семејно насилство можеме да ги преброиме, ама колку вакви жени има, па веројатно и еден дел мажи, што континуирано трпат и патат со години, живеат во страв и очај, пропаѓаат и психички и телесно. Комплетно уништени животи.

    Не треба да се растураат бракови поради секоја кавга, но никако не треба да се минимализираат и релативизираат сериозните проблеми.
    Треба да се работи на семејните проблеми, таму каде што има моментални, акутни ситуации, предизвикани од стрес или болест, ама таму каде што има очигледно насилство, треба веднаш да се исече во корен.

    @Vesna24 да те прашам, ако жртвата на силување пријави силување од сопствениот маж и веднаш отиде на лекар, се констатира силување, се најде само ДНК на мажот, во тој случај мажот никако не може да одговара за кривично дело силување? Бракот го амнестира од кривично дело силување или само потешко ќе се докаже?
    Исто ќе се случи и ако ја убие? Нема да оговара за кривично дело убиство?
     
    На Mrs.Styels, PaLaVa, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.922
    Допаѓања:
    132.933
    Можеби... ама психијатар повеќе знае од тебе
     
  17. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    И од тебе.
    Ако мислиш дека направи поента у дискусијава, алал да ти е.

    Да не пишувам ново мислење, се редактирам независно од "поентава" погоре и не е одговор на истото.
    Јас ја советував жртвата повторно да оди на психијатар и да ја каже апсолутната вистина и плус да се јави на СОС линија и да побара совет и помош од професионалци, со знаење и искуство за ваков вид на проблеми.
    Значи во ниеден момент не се правев ниту психијатар, ниту давав било какви други совети.
    Реагирам и пишувам од аспект на човек и жена, со доволно години и искуство да можам да си претставам што и се случува на жртвата и каде треба да го бара излезот.
     
    Последна измена: 4 февруари 2019
    На Mrs.Styels, PaLaVa, hellocity и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.922
    Допаѓања:
    132.933

    Јас затоа пишав да одат заедно на психијатар, ти како експерт у врски и рече да се рљзведе
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    У реду е Cka, еве ќе ти кажам дека ти победи у дискусијава, пошто целава тема ја сведе на тоа докажуваш со мене и да правиш поенти на моите постови и да ми го дискредитираш мислењето.
    Ама пошто целта на дискусијава е да се се помогне на жртва, моето его у случајов апсолутно не постои, ти си победник, еве честитки и од мене.

    Немам јас ништо против да одат заедно на лекар, но мислам дека многу полесно ќе биде сама да отиде, веќе била, но згрешила што не кажала дека е силувана.
    Од искуството што го имам околу себе, мислам дека потешко ќе го убеди самата да одат заедно на психијатар, он да е свесен дека има проблем веќе самиот би отишол, плус за некој што мисли дека силувањето е нормално во брак, мислам дека ќе мисли и дека психијатар е само за психички болни, а он не верувам дека се доживува како таков.
    Ако отиде уште еднаш на психијатар, ќе биде правилно насочена како понатаму, ако психијатарот процени дека треба заедничка семејна терапија ќе ја посоветува за истото. Истото ќе го направат и профеционалците од СОС линијата.
     
    На PaLaVa, Annath, Caci55 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Да де да, жртвата на силување треба да се труди да му помогне на силувачот.

    Ако силување во брак не е доволна причина за развод, тогаш еве стварно не знам што е. Ама тоа е македонскиот менталитет веројатно, разводот е најголемата трагедија што може да се случи, се е подобро од тоа.
     
    На Alanna, Mrs.Styels, PaLaVa и 22 други им се допаѓа ова.