Шо ти е бе, јас не те цитирав, ние сведов тема на нешто... си кажав мислење, ти прва ме цитираше, ти почна да се објаснуваш... релакс, форум е. И сопруг и е тој, татко на децата, има трауми бидејќи бил на такво место, за да донесе пари за дома за сите... требало одма да почне со терапии, не да се чека да дојде до овој степен.
Цка, не е оправдување извини вака, јас имам брдо братучеди и брдо пријатели на маж ми што биле не еднаш туку 5 пати за Авганистан па се психички на место и не тепаат малтретираат жени туку напротив.. Еве нашиот кумашин одеше најмалку 5 пати Авганистан, погрижлив и подобар човек немам сретнато од него кон фамилијата.. Не е никакво оправдување. И според мене причината не е Авганистан туку сосема трета. Не е во ред. Навистина не е во ред и не е нормално. Човекот од сам не сака да си помогне и не уведел дека прави енормни грешки џабе е се. Постои таков народ. Ако он самиот себе си не увиде дека греши и не побара помош нема жива сила што може да гп убеди у спротивното. Значи треба да појде од себе си Напротив јас баш мислам дека Авганистан е причина да он се спои како никогаш до сега повеќе до фамилијата негова. Тешки се таквите месеци пројдени таму али повод за да биде и те како добар татко и сопруг ни најмалку спротивното
Ова дека едните од нас се ептен стручни за дијагнози а другите треба да молчат, јер лаици. Авганистан не може да е тригер за нешто што го немаш во себе. Од сите кои биле таму, јас познавам само неколку луѓе кои сега се борат со депресија, насилник ниту еден. Може некој ке помисли - од каде знаеш па ти кој е насилен, ама ја ке кажам дека насилна личност не може за пред луѓе да е срцка а дома да е олош.
Може. Постојат социопати што се опседнати цел надворешен свет да мисли добро за нив, а дома си го покажуваат вистинското лице. Знам неколку такви, и сама сум била жртва на таков. Ама не е траумата што го направила таков. Тој си е таков отсекогаш, само што не знае да се носи со стрес, или нешто да ме оди по негово. Кога има ограничена комуникација со луѓе надвор е срцка, и на крај сите изненадени "абе шо арен човек беше". Арен, а уствари арен за сите освен за тие дома... Ама пак, се согласувам дека таков од стрес не се станува. Тоа си го носиш во себе и го "вадиш по потреба"
Еве под претпоставка да речеме дека навистина е последица на Авганистан неговото однесување сега, тогаш самиот требало до сега милион пати да побара помош. Значи ако еднаш ти се случило да имаш таков испад сам си свесен дека мора да се лекуваш за твое добро и за доброто на твоето семејство. Доколку самиот не гледа ништо лошо во неговите постапки и не сака да се лечи, сопругата не е должна да го трпи тоа, па макар и Авганистан да е причината. Тоа што тој заработил пари на тој начин за семејството не му дава сега за право да се изживува врз сопругата, ниту пак таа треба да има грижа на совест и да го трпи.
Веројатно сите луѓе кои биле во Авганистан се исти, и на сите истотот им се случило и сите треба идентично да се однесуваат после тоа искуство. Само што мој братучед беше во Арачиново, кажа дека еднаш немал сила да убие 3 деца кои се криеле во една од куќите, и си отишол. После него влегол друг колега, и ги убил. Братучедов не спиеше, се оболе, се тресеше ко лист, имаше ноќни мори, до повраќање од паника. Другиот ништо, топ си бил. Ама можеби и вие сте у право, шо знам.
Тоа е PTSD, ама братучед ти не си ја силувал жена му. Не е должна да му помага. Патем, и да му помогне, ќе легне пак до него со мисла дека ја силувал?
@Cka, муабетов ти звучи многу погрешно и ко непочитување. Прво кон членката која пишала како жртва, а потоа и кон луѓето со ПТСД и други психички состојби - ко демек нешто вообичаено е освен симптомите со кои се справуваат, ко бонус да почнат и да тепаат и силуваат дома, а нема врска. Требал сам да побара стручна помош за траумата пред да дојде до тој степен да ја злоставува жената, ако воопшто и е поврзано навистина едното со другото. Силување е нешто неопростливо (и тоа не ни еднаш, туку двапати). Тој веќе не заслужува никаков обзир од сопругата, налет нека му се и пари и сѐ. Во тема за силување во брак ти прво посочуваш само дека немањето секс е причина за развод, а потоа бараш оправдувања и разбирање за сексуален насилник. Среди си ги приоритетите.
А може ли едно вакво размислување...Човеков бил во туѓина, на ратиште кај што животот му висел на конец секој ден, живеел во база, путка не видел со месеци...и сега доаѓа типов дома, ја гледа жената му, му се крева притисок а оваа негова дотична нешто мрси мадиња и не му "дава""...!? Зошто на дечково триста филмови му направивте не ми е јасно?? Спилберг може да ви позавиди
Сериозно си жена? Сериозно си родител? Вака ќе и кажеш на ќерка ти ако ти се пожали на истото?? Жално. Животот му висел на конец... е ова е веќе филмање. И ако полов орган не видел со месец нема да умре поради тоа, аман..
полека жено, ке се удавиш, намали тоа повраќањето...Јас дадов мое мислење, моја претпоставка, но се додека не ја чујам другата страна, многу филмови како вас не си правам во глава. И зошто не ми е јасно,не се многу во брак а сексуалната желба кај нејзе била одамна исчезната??
Што очекувате од личност што го оправдува одвратното сама си го барала? Да има сочувство за ситуацијава? Ма јок.
Леле,какви сте... Тоа што двајца луѓе се во брак,не значи дека едниот мора да му дава на другиот секогаш кога тој ќе посака или побара. Ако жената не сака,мажот не треба и не смее да ја присилува.И во обратен случај важи истото.
Превземено : Во шест земји во светот не се признава силување во брак Во неверојатни 94 отсто од случаите на силување во Индија, силувачот е некој кого жртвата многу добро го познава, а бројот на жени кои ги силувал сопругот е дури 40 отсто поголем од жените кои ги силувале непознати. - Тешко е да се ограничи силувањето во бракот ако тоа не се казнува, односно ако тоа воопшто не се смета за забрането. Факт е дека во Индија е легално – изјави обвинителката во Врховниот суд, Каруна Нунди. Најголем проблем е недостатокот на сексуална едукација. Во Индија скоро и да не постои секс од задоволство и секс чија цел е создавање потомство. Една од обврските на жената е таа секогаш да сака секс со својот сопруг. Во шест земји во светот не се признава силување во брак. Тоа се Индија, Сингапур, Палестина, Малта, Либан и Бахами. Читајќи мислења на темава, гледам дека и македонките не се во тек со своите права
Работа.. борба за опстанок.. финансии... живот.. Сите ние се справуваме со све и свашта низ животот, гледаме, слушаме, живееме све и свашта. Некои повеќе а некои помалку .. па оние што скоро и не доживеале нешто повеќе односно 300 години работат на нормални и секојдневни позиции не ни можат да ги разберат луѓето што се соочуваат со све и свашта за да опстанат односно таква им е струката и така мораат да живеат бидејки по сплет на околности влегле у гнасен барабан. Јас сваќам дека навистина зборот Авганистан ежи кожава, ама еве ќе дадам и пример дека мм работи исклучително да кажам тешка и напорна работа, напорно подразбирам психички, еве кумашинот наш е во волците тигрите што знам ама е на највисоко ниво во државава, како му е он си знае ама кумашинот е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ што сум ги запознала некад у живот. И да не му било арно, и да имал кошмари и лоша психичка ситуација бил свесен за тоа и ишол на прихијатар/психилог чисто да си помогне себе си од лошите ствари.. исто би постапил секој човек што работи исклучително тешка работа. Ама треба да е свесен за тоа. Јас не можам да оправадам психичко и физичко малтретирање на блиските и на све живо и диво ако еден човек работел лоша и тешка работа. Ако па не да го оставеме да тепа и мава све живо оти таква му е работата. Не не и не. Јас секако дека би имала разбирање ама доколку самиот човек седне и рече "слушај не сум добро" па ќе си оди да си помогне прво себе си наместо да се доуништи прво себе а после и другите. Јас разбирам дека не секој е ист и не секој трпи одредени тешки и лоши ситуации ама има чаре и решение за се ако се сака. Нит прв е нит последен. Животот таков е. Не можеме сите да бидеме у фотељи на топло и да типкаме, не можеме сите да работиме мирно и лагано мора некој да работи и малку вон нормални работи и нормално е тоа ама контрола бе!! Си се нафатил си се фатил за оро ако не можеш откажи се или побарај помош. А не да тепаш и маваш по све живо оти си бил у Авганистан. Не. Не е оправдување.
A kade pisav jas deka opravduvam siluvanje m? Citiraj kade te molam. Samo se nadovrzav na postot na Rada zosto nemala zelba za odnosi I deka moze nasla drug , a nasilstva ne opravduvam.