Може и да не нашла друг, па да не ѝ е до односи. Луѓе сме, не сме на копче па вклучи-исклучи по потреба.
И место да се бориш и да ги извадиш децата од таа куќа ти реши да се труеш само себе да се спасиш? Колку себично од твоја страна... Земи опрај се деца имаш. Не ли помислуваш што може нив да им се случи ако те нема!?
Јас пак се надоврзав на твојот, и како шо кажав и тројца на страна да има пак нема право да ја силува.
Точно, и со ова се согласувам. Јас претходно имав напишано пост каде што изнесов мое мислење дека не е баш така лесно женава да се опорави толку брзо, да најде работа, стан, да излезе, да спаси деца и така натаму.. Поготово кога нема ничија подршка и има маж што е посесивно љубоморен и не ја пушта никаде АМА ако женава се изидигне пред се најпрво ради себе па последователно нормално за децата дека ќе успее лека полека. Најверојатно постои некоја особа што може да и даде подршка и да појде со неа да и психички потпогне. Лека полека цигла по цигла.. кула. Не е лесно, навистина не е лесно. Ова од искуство го кажувам НО ако се сака се може. Решение МОРА да постои. Пред се ради дечињата. И да жените не се секс кукли и роботи да смкнуваат гаките секој ден и да чекаат маж од раборта да се врати за да го удоволи. Оп троп. Свашта.
Да ја тапшам ли? Децата треба да се ветер во грб за секоја одлука а не утеха на мајката. Тие ќе пораснат и ќе заминат. Како ќе пораснат и што ќе гледаат треба ли да збориме ? Да ја начнеме таа тема сакате?
Кога ќе станете мајки ќе не разберете Нејкам да ми се лутите денес сум расположена да се шалам И се шалам да знаете
Јас одговорив на членката. Општо мислење пишав претходно. Не може да се диктира на каде ќе фати темата пат. Таа има деца затоа и се спомнати децата. Сеа ти што не си сакал за тоа да читаш јбг. Игнорирај.
Дете да види такво нешто во најмала рака ќе пати од птсд. Или бетер. Да мисли дека тоа е нормално па утре истото да го прави ако е машко или да трпи дека е женско зашто мисли ок е да е така. Па да се погоди џон ќерка да има и да го запознае синот ќерка му
Кога има деца во приказната, не можам а да не се согласам со @LiliBoz . Кога си родител веќе не си ти на прво место, ами децата. Каква одлука и да донесеш, првин ке размислиш како истата ке влијае на децата. Барем јас така гледам на родителството. Можеби и си во право, кажав мое видување на нештата. Некако сум убедена дека луѓе кои се насилни, порани или подоцна со некој потег ке си го откријат лицето. Траумата не е тригер, едноставно некои луѓе го имаат тоа во себе.
Абе како не се битни децата?! Во такво ли семејство да растат? И тоа што бил во Авганистан ама баш не е оправдување.Нема оправдување за силување сфаќате? На ваша кожа кога ќе осетите ќе ве прашам дали ќе наоѓате исприки или ќе ви се крене одма косата. Татко на мој другар 6 години е во Авганистан и?Со свои раце без ничија помош знаете каква куќа направи?Има време и за синот и за се. Ако веќе на членкава не и е гајле за себеси, нека мисли бар на децата